MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Начинот е очигледен; власта, преку образовниот систем, на луѓето, во случајов, на децата, им наметнува само една безалтернативна вистина, а таа е Дарвиново-Марксовата, според која Светот и животот е само „пука„ материја, која битисува „онака„, сама од себе.Мики, на кој начин власта ги индоктринира децата да бидат атеисти ?
Иако власта глуми демократичност, што значи и можност за постоење на повеќе различни мислења и можности, а со тоа и можност за избор, самиот образовен систем не нуди можност за избор, туку ја нуди само неговата еднострана вистина.
Ако на ова го додадеме и влијанието од медиумите, кои се најчесто сопсвеност на реалните властодржци, кои (медиуми) се поставени на веќе посочената двојна основа, работава станува дотолку поопасна-по децата, разбира се.[DOUBLEPOST=1515429104][/DOUBLEPOST]
PIRATIC,@MIKI1
Што ме прашуваш работи кои и самиот мислам дека имаш капацитет да си ги само-одговориш !
Еве вака значи мнозинството фамилии во нашава држава сеуште се религиозни/традиционални и нормално дека на децата уште од мали нозе им сипуваат во главите национализам, традиционализам и религиска пропаганда, токму поради тоа образовниот процес гледа колку-толку да ги избалансира работите и децата да ги однесе да се движат по еден неутрален и цивилизиран хуманистички пат ... пат без национализми, расизми и религиски фундаментализми !
Што очекуваш ти децата во училиште(основно и средно) наместо реализам и наука да ги трујат со национализам, расизам и религиски пропаганди ... па во секуларна Европа живееме, не сме Саудиска Арабија или Иран каде што самите државни уредувања им се теократски !
јас го знам одговорот кој ти не го знаеш-тоа ми е целта, да увидиме колку не знаеш, а се напрегаш, глумејќи знаење, кое во себе нема ништо „знајно„, туку е само твој прост став, заснован на самиот себе, а не на реалните состојби „на терен„.