Кога сме веќе кај религиите ... јас како Атеист сум религиски неутрална личност т.е. не гледам своја припадност кон ниту една религија и не сум адвокат на никого, ниту на Христијаните, ниту на Муслиманите, но приметувам некои работи кои не ми се допаѓаат и мислам дека медиумите, а и самиот систем намерно прави омраза и поделба кај населението !
Значи религиски фундаментализам си е религиски фундаментализам сеедно дали е Христијански или Муслимански ... ако некој Муслиман е религиозен и оди редовно по џамии се моли/клања, носи брада, жена му носи бурка, имаат цела чета деца по дома кои исто така ги воспитуваат според изворните учења на Исламот и таквото семејство или поединци од него ќе бидат окарактеризирани како терористи и џихадисти, а тоа што децата родени во Христијански семејства и средини исто така уште од најмали нозе им се сипува во главата традиционализам и христијанство тоа е нормално и многу прогресивно, зарем не е религиска индоктринација и пропаганда уште од најмали децата да се носат по цркви, да се учат како да се крстат, молат, постат, носат крстови и.т.н.