Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Добро,сакаш само еден стих,еве ти.Јован 20:22"И кога им го рече ова,дувна и им рече:Примете Дух Свети".
Ето еден и од мене, ама посодржаен и неспоредливо попрецизен:

„...А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе Го испратам Јас од (!!!) Отецот, Духот на Вистината. Кој излегува (!!!) од Отецот, Тој ќе сведочи за Мене...„

Евангелие по Јован, 15.26.

Од стихот кој го посочуваш, никаде не пишува дека Духот исходи/излегува и од Синот. Дувањето не е чин и не е доказ дека Духот излегува и од Синот, а стихов кој ти го посочувам, јасно и недвосмислено вели дека Духот излегува само од Отецот.

Стихот никаде не вели дека Духот излегува и од Синот, ниту Црквата исповеда такво нешто па Симболот од верата е јасен; „...И во Светиот Дух, Господ, Кој дава живот и Кој исходи од (!!!) Отецот....„.

Обиди се пак...
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

Така,колку и да се обидуваме да се надмудрување,секој се држи до своето.Каде се резултатите,кога ќе ги евангелизирате сите пет континенти,тогаш јави се дека сте во право.Инаку овој стих што си го посочил Јован 15:26,го користат и муслиманите за да докажат дека Исус Христос го најавил Мухамед.Незнам како да го наречам тоа,со еден стих се и сешто да се докажува.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Така,колку и да се обидуваме да се надмудрување,секој се држи до своето.Каде се резултатите,кога ќе ги евангелизирате сите пет континенти,тогаш јави се дека сте во право.Инаку овој стих што си го посочил Јован 15:26,го користат и муслиманите за да докажат дека Исус Христос го најавил Мухамед.Незнам како да го наречам тоа,со еден стих се и сешто да се докажува.
Frater Barrabbas,

петте континенти веќе се евангелизирани, ама ти не си у тек со рабоќето...

Ај да ти помогнам.

Во евангелизацијата предничат руската и грчката Црква, така што руската ги евангелзиира азијатите а грчката африканците, па имаме правоверни и меѓу јапонците и меѓу кинезите, како што имаме правоверни и меѓу конгоанците и меѓу естонците и меѓу американците. Тука се и активностите од сите помесни православни Цркви, кои делуваат во своите дијаспори, кои ги има на сите пет континенти.

Дека Христос го најавил Мухамеда, тоа е уште една од многуте мухамедански заблуди, кои на секој можен начин, а пред се‘ со бујна фантазија, сакаат да воспостават непостоечки континуитет меѓу Писмото и Куранот, што е чист утописки зафат и обид. Христос не најави никаков друг пророк после Себе, оти, ако Христос, бидејќи Бог, дојде да ни ја пренесе добрата вест директно од Небесата, тогаш ш‘о ќе ни е уште еден смртен пророк, кој, попут старозаветните, ќе не‘ опоменува, за на крај пак да биде убиен?...
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
@MIKI1
Вие само сметате дека сте го евангелизирале Стариот свет и трите континенти.Таа слава на Римското Царство бесправно ја присвојувате.Протестантите направија бум за два века,тоа што вие со католиците не сте биле способни за илјада и петсто години.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
@MIKI1
Вие само сметате дека сте го евангелизирале Стариот свет и трите континенти.Таа слава на Римското Царство бесправно ја присвојувате.Протестантите направија бум за два века,тоа што вие со католиците не сте биле способни за илјада и петсто години.
Frater Barrabbas,

откако ти објаснив дека непрекидно си у криво, почнуваш да „шлајфуваш„ со бесконечно извртување и пренасочување на муабетов во правец кој „као„ ти одговара.

Сите пет континенти се веќе евангелизирани, а дали народите на кои евангелието им е предочено ќе го прифатат или не, тоа е нивен проблем. Очигледно е дека некои го знаат, ама нејќат да го прифатат, оти имаат свои тековни заблуди, кои се по мерак од нивните уши.

И да, навистина, протестаните непрекидно чинат „бум„, така што непрекидно фрлаат бомби по сите народи, кои не им се по кеифот.

Веројатно така пишуе у нивната верзија од Светото Писмо...
 
Последно уредено:

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Frater Barrabbas,

откако ти објаснив дека непрекидно си у криво, почнуваш да „шлајфуваш„ со бесконечно извртување и пренасочување на муабетов во правец кој „као„ ти одговара.

Сите пет континенти се веќе евангелизирани, а дали народите на кои евангелието им е предочено ќе го прифатат или не, тоа е нивен проблем. Очигледно е дека некои го знаат, ама нејќат да ги прифатат, оти имаат свои тековни заблуди, кои се по мерак од нивните уши.

И да, навистина, протестаните непрекидно чинат „бум„, така што непрекидно фрлаат бомби по сите народи, кои не им се по кеифот.

Веројатно така пишуе у нивната верзија од Светото Писмо...
Е,па,не се евангелизирани до крај штом не се баш свесни за тоа,ете дека не го прифатиле тоа сите.Ти велиш дека тоа е нивен проблем.Ама и Црквата треба да вложи поголеми напори за да може Божјиот збор да допре до повеќемина кои така ќе бидат оттргнати од тие заблуди кои ги имаат.
Какви се тие „бомби“ кои ги фрлаат протестантите ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Е,па,не се евангелизирани до крај штом не се баш свесни за тоа,ете дека не го прифатиле тоа сите.Ти велиш дека тоа е нивен проблем.Ама и Црквата треба да вложи поголеми напори за да може Божјиот збор да допре до повеќемина кои така ќе бидат оттргнати од тие заблуди кои ги имаат.
Какви се тие „бомби“ кои ги фрлаат протестантите ?
redfogv,

евангелизацијата е процес кој трае, а не инстант настан сторен „од прва„, по кој сите ќе станат рисјани.

Црквата има своја задача која сам Бог и‘ ја одреди, а дали учењето од Црквата ќе стигне до нечие уво и ќе биде прифатено, тоа останува како чин на слободна волја; можам да прифатам исто како што не морам да прифатам што вели Црквата.

На пример, муслиманите знаат за Писмото, но не го прифаќаат, оти си имаат своја доктрина, која ја сметаат за „последно објавена„. Слично е и со азијатите, кои појќе им веруваат на своите незнабожечи заблуди, отколку на зборот Божји.

Бомбите кои протестатните ги фрлаат се буквално бомби; воено оружје, со кое САД, која е изразито протестантска земја, им утеруе „демократија„ и „човекови права„ на сите помали и послаби народи, кои имаат свој начин на битисување. Така, ако американците се сметаат за рисјани, треба да помагаат во духот од Писмото, во кое се колнат, а не да бомбардираат цели држави и народи, кои нејќат до го прифатат „американскиот сон„.

Можеш лесно да најдеш податок кој точно вели во колку војни се вклучени САД и колку миљони имаат убиено по Земјава, откако таа држава е формирана во 1776-та година до денес. Напросто, САД се во непрекидна војна со цел Свет, а глумат рисјани.
 
Точно !
Се согласувам со тебе за ова ! ;)
 
Да бе,Русите нѐ бомбардираат, само Американците.Не мешај ја евангелизацијата со НАТО интервенција.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Да бе,Русите нѐ бомбардираат, само Американците.Не мешај ја евангелизацијата со НАТО интервенција.
И покрај тоа што меша НАТО со евангелизација уште ги вреѓа азијатите дека имале незнабожечки заблуди. А пред некое време Хепта и јас зборевме и за христијаните и за муслиманите и останатите, да се докажуваат кој е во право наместо да зборуваат дека другите биле во заблуда и наместо да војуваат. Ама тој упорно вели дека баш неговото било точното, а другото било заблуда. И после се чудиме зошто светот ни е ваков каков што е.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.313
Поени од реакции
12.314
Кога ви велам јас да се запознаете со Законот на Телема даден во „Книгата на Законот“, да ги прочитате Коментарите за истиот тој Закон, даден за вас во „Законот е за Сите“ - и ќе може да разберете подобро каде се грешело, зошто иницијација, зошто искуство, зошто Нов Еон, каде сега се греши и и како да се решаваат некои проблеми кога се поврзани со мноштвото и стариот еон и да се разграничи чудната потреба да е доволно да се верува и ништо друго и да се бара авторитет во нешто што ќе го сметаме „над нас“ во однос на искуствата од она што значи директно искуство преку разбирање и мудрост кое го нарекуваат сите знаење!

Бесцелно зборувате тука.
За стариот еон сите сте грешници, сите ништо не знаете и само Црква или не знам што со голема буква е авторитет за работи кои се внатрешен пат на еден човек. Сеуште стариот еон се обидува да го распнува човештвото, а со тоа и секоја индивидуа по некаков си калап на правилно или неправилно верување и „исповедување на вера“! Ете, пак верувањето на преден план!
Не зборувајте глупости, не паѓајте во бесцелни дискусии. Кажете што имате да им кажете, нормално, да знаете што зборувате и имајте искуства, за некои се тоа духовни искуства, за некои се психолошки искуства кои им го пеглаат внатрешниот свет и го решаваат секој комплекс создаден од искуство со универзумот надвор кој јас го нарекуваме Нуит, за некои тоа е Божица итн итн...
Не дозволувајте симболите да ви ги матат водите, научете ги убаво што значат и ќе немате проблеми ниту со крстови, ниту со пентаграми, ниту со ружи ниту со мечеви ниту пак со еднопотезниот хексаграм кој што го има во Телема! :)

Ping @Ipsissimus , @redfogv , @Атеист , @Frater Barrabbas и останати кои дискутирате тука :)
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да бе,Русите нѐ бомбардираат, само Американците.Не мешај ја евангелизацијата со НАТО интервенција.
Русите бомбардираат затоа што домицилната власт ги повикала на помош. Американците бомбардираат кого сакат, иако никој не ги повикал да им ја избомбардира земјата.

Разликата е очигледна, ама не и за тебе.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.313
Поени од реакции
12.314
Кажано е секому... тебе те цитирав бидејќи беше последен на темава, а ги пингав оние кои сметам дека ќе имаат фајде од она што го реков... овде сум јас 6-7 години, блогот е 7 години и нешто, О.Т.О. е од крајот на 90-те... зборувам :)
Сите се повикани, секому му е дадено, не секој ќе прифати не секој ќе се препознае во новиот еон...

Некои ќе седнат, ќе ја соберат информацијата, ќе видат дали тоа има некаков ефект во нивните животи, да почуствуваат дека може да најдат нешто многу повеќе од она што на прво читање или размислување добиле, а други ќе одминат.
Тие што одминале или го одбиле Законот на Телема не се ниту грешници ниту пак некаков бог ќе ги казнува сега или откако ќе умрат... како што не заморуваат оние од стариот еон, грешниците и бедните по дух.

Но секако би пострадале ако застане некој таков на патот на оној што одлучил да ја извршува својата чиста волја во животот за кој што постои сега и тука на Земјата.
Барем искуството тоа го покажува... Не може да се плеткате во нозете на оној што го знае својот пат врз основа на изминатиот пат под неговите нозе... ќе те изгази како змија што се гази.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ова кажи му на Мики да се запознае со телемата. Пошо он вели дека неговото само е божји збор, а другото било заблуда

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
Мики веќе е запознаен со Телема и Мики веќе има став за Телема, оти ја препознава како исконска и историски веќе видена лага, препакувана со модерна амбалажа, за да „звучи„ свежо и модерно, за разлика од самите Телимити, кои ја рекламираат како тазе...ја ли философија, ја ли идеологија, ја ли религија, не знаат ниту самите.

Просто кажано, не ја препознаваат, оти немаат референцијален систем-систем за споредување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom