Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.359
Поени од реакции
4.712
Младиќу,
за да постои духовност во одредена средина/амбиент, во неа (со средината) мора да постои и дух.

Таќе?...

Е, ако е така, а така е, едиствено „место„ на Земјава во кое обитува (се наоѓа) некој дух, тоа е Црквата Христова, во која Духот Свет делува секојдневно, делејќи ја нестворената бпагодатна енергија Божја, преку Светите Тајни и преку молитвите кои верните го упатуваат „до горе„ секој Божји ден.

Без Духот Свет, не постои духовност, односно не постои битисување, кое е Богоугодно, придружено од благодатта Божја.

Надвор од Црквата постои само световност, сведена на: рационалност, душевност, утилитарност, суетност, похотност, остарстеност, демоопседнатост...и томе слично.
...духот а со него и духовноста не живеат во ниедна црква,џамија или сл.
...тоа е во единката како неодвоиво ткиво,и како таква е во функција на единката. Религиските објекти и нивните службеници се само и само таму за дополнителен инпут на верба, сила и насока на оние кои константно треба да им се напоменува колку е важно духовно да сме активни
...ако не одиш во црква и не се молиш секој ден со поклонение на бога не значи дека не си верник
...патот по кој одиме, делата кои ги чиниме и љубовта која сме спремни безкомпромисно да ја даваме и негуваме ја чинат верата и верникот
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.767
Поени од реакции
11.832

Но ако не одиш, не си дел од Црквата (го пишуваат со голема буква бидејќи не мислат на верски објект, туку на целото учење христијанско).
Ако не си православен, отпадник си, небитен, омразен и се што постои идеја во човечкиот ум за зло - тебе ти го препишуваат. Немој да си се осудил да критикуваш што се има во таа Христова заедница наречена Црква - тоа е само поединци кои не може да ги земеш за лош пример и да генерализираш...
Но тие, христијаните, посебно обичните верници - може да сатанизираат и генерализираат секое друго учење кое не е оди со проповедите на свештениците!

Така да, исто што како и за исламот учиме да не бидеме попустливи кон него бидејќи цели кон шеријат и ќе ви го расплачат мајчиното млеко ако дојдат на власт, ткаа и за христијаните не толку им глумете понизност и слични глупости - на прва шанса ќе ви заријат нож во плешки, а потоа ќе го очистат месото кое виси од вашите коски како ништо.. вековна пракса не е заебанција, тие што ја нарекуваат црковна вистина! :coffee:

П.С. Или си христијанин и си дел од црквата и слушаш што вели свештеникот односно духовникот кој што си го избрал да те исповеда и да те поучува или не си дел од тоа... нема две столчиња, нема шетање и бркање жени за викенд, а потоа во недела на црква и литургија!
Нема тепање на жената бидејќи не носи шамија или бидејќи е шеф и мора да патува по светот, а потоа да се собирате за празници, прочки и да се глуми „семество“ според христијанските класични доктрини...

Дојде време да си го бирате животот... или џа или бу ;)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.997
Поени од реакции
4.174

Оф мореееее...

Јас не пишувам за „црква„ како објект во кој треба да се наоѓа некаков дух (ваљда не затворен во шише...), туку за „Црква„ како „жива Црква„, составена од конкретни поединци/човечки битија, кои се дел од овој Свет, и кои заедничарат со Бога, со Ангелите и со сите Богоугодници на Небесата.

Јасно е дека имаш погрешна претстава за Црквата.

Дотолку попогршена и за верата и за духовноста.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.359
Поени од реакции
4.712
Оф мореееее...

Јас не пишувам за „црква„ како објект во кој треба да се наоѓа некаков дух (ваљда не затворен во шише...), туку за „Црква„ како „жива Црква„, составена од конкретни поединци/човечки битија, кои се дел од овој Свет, и кои заедничарат со Бога, со Ангелите и со сите Богоугодници на Небесата.

Јасно е дека имаш погрешна претстава за Црквата.

Дотолку попогршена и за верата и за духовноста.
...а значи неможе човек да биде Богоугоден ако не оди во црква?
...а оној што оди редовно во црква, а надвор од неа гази по лешеви и не ферма ништо?
...која претстава треба да ја имам, за да бидам добар верник и Богоугодник(овој збор првпат го среќавам)?
Автоматски споено мислење:

Но ако не одиш, не си дел од Црквата (го пишуваат со голема буква бидејќи не мислат на верски објект, туку на целото учење христијанско).
Ако не си православен, отпадник си, небитен, омразен и се што постои идеја во човечкиот ум за зло - тебе ти го препишуваат. Немој да си се осудил да критикуваш што се има во таа Христова заедница наречена Црква - тоа е само поединци кои не може да ги земеш за лош пример и да генерализираш...
Но тие, христијаните, посебно обичните верници - може да сатанизираат и генерализираат секое друго учење кое не е оди со проповедите на свештениците!

Така да, исто што како и за исламот учиме да не бидеме попустливи кон него бидејќи цели кон шеријат и ќе ви го расплачат мајчиното млеко ако дојдат на власт, ткаа и за христијаните не толку им глумете понизност и слични глупости - на прва шанса ќе ви заријат нож во плешки, а потоа ќе го очистат месото кое виси од вашите коски како ништо.. вековна пракса не е заебанција, тие што ја нарекуваат црковна вистина! :coffee:

П.С. Или си христијанин и си дел од црквата и слушаш што вели свештеникот односно духовникот кој што си го избрал да те исповеда и да те поучува или не си дел од тоа... нема две столчиња, нема шетање и бркање жени за викенд, а потоа во недела на црква и литургија!
Нема тепање на жената бидејќи не носи шамија или бидејќи е шеф и мора да патува по светот, а потоа да се собирате за празници, прочки и да се глуми „семество“ според христијанските класични доктрини...

Дојде време да си го бирате животот... или џа или бу ;)
...немам што да одбирам кога станува збор за мојата духовност.Таа е дел од мене и јас не чувствувам потреба било што да морам да одбирам.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.767
Поени од реакции
11.832
...немам што да одбирам кога станува збор за мојата духовност.Таа е дел од мене и јас не чувствувам потреба било што да морам да одбирам.
Одиш во црква? На литургија?
Имаш духовен отец, се причевстуваш?
НЕ?
Си избрал веќе... :coffee: Ти не си дел од Црквата, ти не си христијанин иако ти се допаѓаат делови од христијанската света книга.
Многумина тука сте избрале веќе и тоа е добро... се е сведено на адети, разводенување на религијата!

Јас не велам дали лошо и добро си избрал, сепак си избрал, не глумиш лудило како 93% од луѓето :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.997
Поени од реакции
4.174
...а значи неможе човек да биде Богоугоден ако не оди во црква?
...а оној што оди редовно во црква, а надвор од неа гази по лешеви и не ферма ништо?
...која претстава треба да ја имам, за да бидам добар верник и Богоугодник(овој збор првпат го среќавам)?
- Не може. Не постојат верници „за по дома„.
- Таквиот не е верник. Ако некој редовоно посетува црковни служби и се држи до верските одредби, тој не гази по туѓи лешеви, а ближните ги третира како самиот себе.
- Треба да ја имаш вистинската претстава за живиот Бог и за Неговото учење (немај гаЉе, секогаш постои „прв пат„).
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.359
Поени од реакции
4.712
- Не може. Не постојат верници „за по дома„.
- Таквиот не е верник. Ако некој редовоно посетува црковни служби и се држи до верските одредби, тој не гази по туѓи лешеви, а ближните ги третира како самиот себе.
- Треба да ја имаш вистинската претстава за живиот Бог и за Неговото учење (немај гаЉе, секогаш постои „прв пат„).
...значи и оние верници што низ историјата биле осудувани и прогонувани без црква и свештенство не се верници,или тоа било друго време?
...или сакаш да ме убедиш дека секој човек што оди во црква е верник?
...тоа црно-бело поларизирање е најголемото зло што го чинат религиите
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.997
Поени од реакции
4.174
...значи и оние верници што низ историјата биле осудувани и прогонувани без црква и свештенство не се верници,или тоа било друго време?
...или сакаш да ме убедиш дека секој човек што оди во црква е верник?
...тоа црно-бело поларизирање е најголемото зло што го чинат религиите
- Какви и кои се тие верници без „црква„ и без свештенство?
- Веќе напишав-не.
- Во верата Христова постојат само две состојби: „да„ и „не„. Не постои состојба „помеѓу„.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.840
Поени од реакции
23.427
Афро @puno, ни газдите ваши не се веќе тоа што беа. Ќе останете вие и пакистанстанците последни на браникот на мухамеднците.

Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.359
Поени од реакции
4.712
...едноставно човек останува без зборови за вакви ѕверства
...видеото го постирам во оваа тема за да проба некој од верските гласноговорници на форумов да ми даде објаснување до кога народов ќе се убива меѓу себе во име на бога?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.997
Поени од реакции
4.174
...едноставно човек останува без зборови за вакви ѕверства
...видеото го постирам во оваа тема за да проба некој од верските гласноговорници на форумов да ми даде објаснување до кога народов ќе се убива меѓу себе во име на бога?
Можи....ама најнапоред да одредиме во името од кој бог луѓето се таманат едни со други.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.767
Поени од реакции
11.832
...едноставно човек останува без зборови за вакви ѕверства
...видеото го постирам во оваа тема за да проба некој од верските гласноговорници на форумов да ми даде објаснување до кога народов ќе се убива меѓу себе во име на бога?
Шеријатски закон. Исламот „никој не смее да го критикува“....
Западот сам е виновен што нивната демократија е како ѓубриво за да вирее на големо исламот кој што бара шеријат, исламско уредување на државите (тоа не е религија, уредување е) - и не се спремни за вакви нешта, сеуште...
И ете го пак западот... овој излегол да убива во името на Аллах за да сите видат и бидат заплашени дека толку или ислам или ќе те убиеме, но кога му пукаат во глава и го убиваат исламистот, тоа е замачкано, со цветче задскриено за да немој да види некој како е убиен!

Како мислат да го заплашат исламистот? СО цвеќе? Не може да важи демократија за луѓе кои не ја прифаќаат демократијата во светот!

Не може да постои религиска толеранција кон религии кои не нудат религиска толеранција!
Депортираш или затвораш заради поткопуивување на уставниот поредок на држвата!

Што не е јасно? :)
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.359
Поени од реакции
4.712
Можи....ама најнапоред да одредиме во името од кој бог луѓето се таманат едни со други.
...зарем е важно @PROROKOT , големата слика е во фокусот а не поединостите.До кога ќе се убиваме меѓусебно во име на некој(без разлика на име) бог?
...ти знаеш многу добро во која насока е поставено прашањето :)
Автоматски споено мислење:

...сите религии имаат крвави раце, поентата ми е насочена во она што долго го коментираме на форумот. Да се гази и убива само затоа што не е од иста вера не доаѓа така од небо. Инструментализацијата која ја практикуваат сите религиски водачи е за секоја осуда
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.767
Поени од реакции
11.832
...зарем е важно @PROROKOT , големата слика е во фокусот а не поединостите.До кога ќе се убиваме меѓусебно во име на некој(без разлика на име) бог?
...ти знаеш многу добро во која насока е поставено прашањето :)
Автоматски споено мислење:

...сите религии имаат крвави раце, поентата ми е насочена во она што долго го коментираме на форумот. Да се гази и убива само затоа што не е од иста вера не доаѓа така од небо. Инструментализацијата која ја практикуваат сите религиски водачи е за секоја осуда
@PROROKOT имаше зборувано во минатото дека ако господ му се јави и му вели убивај - ќе убива. Побарај под MIKI1 и ќе најдеш многу работи што содржи христијанството и какви луѓе има... затоа е паметно човек да е сокриен, бидејќи фанатици купишта, нема ни да насетиш и му текнало некому да те избоди или измава од ќотек бидејќи не си по традицијата, семејство и останато :)
Знаеш... религијата има долги пипки низ општеството...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.102
Да се гази и убива само затоа што не е од иста вера не доаѓа така од небо.
Во откровение пишува ....
Оти Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се договорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо.

Сепак од небото доаѓа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom