Секогаш е ретко било што да види мноштвото, не знам зошто во ова денешно време секој мисли дека заслужува да види се и сешто и да има искуство какво што има другиот до него... секој има право да има искуство, да го оди својот пат - но тоа не значи дека тоа мора да е како на оној што е до тебе, без разлика дали ти го одминуваш или тој тебе те претекнува со искуствата на Земјата.
Тоа е тоа што многу не го разбираат.Не значи дека ако нешто не си искусил дека не е вистина.
Така не се размислува филозофски , логиката си има свои правила.Тоа е тоа што ја спојува рационалноста со верата.
Ја врска немав за Христијанството , ниту ја имав отворено Библијата , додека не изглеав едно Јутуб видео и си реков , чекај бе шо збори чоеков - здрав ли е, ја појма немав кој е Исус.
Знаев нешо од црква шо идевме и толку,син на некој си Господ..
Си викам , дај да видам кој е човеков.
Отварам Google и пишувам : "Who is Jesus?" Се изначитав Историја...
И све укажува на настани во Библијата од Стар и Нов завет на луѓе кои тврделе дека сите сме креација на некоја си натприродна моќ.
И почнувам на англиски да ја читам од "Genesis".
Прва реченица "In the beggining God created the heavens and the earth"
И мене првпат ми доаѓа помисла за задгробен живот.
Ок,почнувам да ја читам Библијата парарелно со мислења од историски критичари и си обидувам да сконтам колку е ова валидно.Си викам ова шанси нема , се истрипале луѓево дека се вратил некој мртов.И си викам дај да видам дали се саглам луѓево шо зборат,чоеков не ми е за верување дека постоел , а не па да се вратил од мртвите.И после одреден период на читање ја сваќаш сериозноста на настаните од тоа време и сведоштвата на луѓето што ги пишувале тие работи.И сеа си викам , добро ај да видиме шо вика овој Исус сега.Чоеков се претставува како некој власт што има.. Добро ај си викам јас , ете ти уште еден газда шо се праел меѓу народот.Одбивност сум имал секогаш кон такви работи..
И одеднаш стигам до дел од настаните и глеам чоеков го заковале на крст и го убиле.И си викам као зашо , не убил никој чоеков , не е злонамерен , пробува нешто да ги научи.И не ми е јасно сеа,овој им го кажува тоа унапред и овие сепак го ставаат на крст. Зашо , шо ви згрешил чоеков?
Тие се тие прашања што се ептен "прости" на нашки кажано ама те тераат да го запознаеш карактерот на Исус.
После истражуваш и сваќаш колку е тоа силно поткрепено од сите страни.
Христијанството е најсилното верување во светот.
А православието е темел и наследство од Апостолите.
Римски католицизам и Протестанство не се ни блиску до Православието кога ке ја прочиташ историјата и доказите која таа ги пружа.Ја тогаш сватив дека ние сме Библиска земја.
Православната и Римската Католичка Црква водат директно до првите движења.Тука веќе се увидува разликата , која Црква со какви учења е од почетокот.Очигледно е дека Католицизмот го менува учењето со една единствена цел,да се создаде структура во која зборот на еден човек ке владее над другите - зборот на Папата.Надмоќ над сите други цркви.Тоа не е Христијанско учење.
Свети Петар има своја улога , ама он учењето не го предал на следните генерации сам , на што тој укажува со своите дела и зборови.И тоа функционирало 10 века се додека некој не се решил да прогласи власт.
Јас сум гледал огромен број на дебати, има праводлавни Христијани од други држави што имаат неверојатна интелегенција и сваќање.
И не сум сретнал некој да им се спротивстави со добри аргументи.
Еден од нив е Јаy dyer , Православен Американец , воедно метафизичар..
Чоекот разира со кој и да дебатира му нема рамен..
Научив све и свашта од тогаш за закони на природа, за филозофија , наука и религија.Едноставно,се пуниш со информации кои ти помагаат во животот на некој чуден начин.
Многу се вели дека Христијанството е "просто сваќање", ама ако малце се расчита човек и да не завзема страна сваќа како стојат работите.
Не е Христијанството примитивно , туку Македончето има примитивно сваќање за Христијaнството.Не е се секти како што многу тврделе..
Не сите веруваат дека змии шетале по градини и си праеле муабет со жени , има и симболика во настаните од Стариот завет.
Ја лично верувам дека постоеле и дионасаурси , има премногу докази за тоа.Не е така лесно да се отфрлат некои научни докази.
Телема учи токму тоа: секој има право, но не и нужност да биде како другиот. И заради тоа не смее да му стои на патот на другиот заради неговиот видокруг и искуство и спознавање на своето постоење.
Не ми е тоа мене некако добро скоцкано.Значи не постои објективна моралност и све е релативно и насочено кон субјективна моралност.
Мора да има нешто што има некоја апсолутна морална вредност.Природата сама си остава докази.
Да, знам што сум напишал, тебе не сакам да ти објаснувам, те читам и тука и на други теми во други подфоруми, посебно во мистерии каде што ти не прифаќаш нешто ако ти кажат дека е така од научна гледна точка, но креваш вреви за догма бидејќи е поврзана со твоето христијанство и која е „докажана“ преку светците и црквата. Немој со вакви муабети сега да ми велиш де кажи ми за Телема и наука...
Те прашав што знаеш за наука и Телема, за да знам од каде да ти зборувам... затоа реков испукај тоа што ти е на врв прсти/јазик за овие работи и мислам дека ќе бидеш мирен.
Од научна гледна точка све укажува на тоа дека во некој дел од времето и просторот све ова од негде започнало , значи имало почеток.
Има една дефиниција:
"Everything in this Universe has a Cause.
For Cause to come into existence it has to be uncaused otherwise we have infinite regression"
Науката не ги создала законите , Науката ги открива законите кои секогаш биле тука.Сите тие јазици на природата се еден вид на показател кој укажува дека сето ова - го создала надворешна сила од Универзумов.