Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.909
Поени од реакции
5.041
Догмата е и исламска работа, немате многу екслузивни нешта што не ги делите со другите религии.
Да, навистина, баш и нема многу нешта што не се слични со другите религии, но кај рисјаните постојат пар нешта кои другите религии ги немаат, па иако нештата се мали на број, суштински се битни за религиската различност.

Не ми е познато дека во некоја друга религија, некој од нивните богови го пратил својот син од Небесата, за да го спаси Светот од ѓаволот, од злото и од смртта...или, не ми е познато дека некој од боговите своеволно се согласил да биде измачуван и убиен, примајќи ги сите човечки гревови на својот грб...или, не ми е познато дека верниците во другите религии се нешто многу блиски со своите богови, како што се верните во Христа Бога, кои смеат да јадат и пијат од својот Бог и Спасител...или, не ми е познато дека некој од мноштвото богови се решил на вечен живот со своите одбрани праведници...

Сосема доволни разлики...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147

Ги заборави грчките богови, и тие синови и ќерки имаат, Египет исто, со човечки особини... Се лутат, љубат, љубоморни...
Или тоа се митови нема врска со обложувања и ритуали?

Тоа што не знаеш не значи дека твоето е ексклузивно
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Уште полошо е што некој што не е верник предлага христијанство за ЛГБТ :)

Сакаш да загине некој? :cautious: Забораваш на плоштад како напнаа христијани да тепаат ЛГБТ заедница бидејќи „богот нив ги овластил“ засилени со острите јазици на свештениците и нивните „проповеди за љубов“! Се се заборава од луѓето, освен оние што биле искршени од ќотек или насилно турнати во ропство од верници фанатици...

Јас реков дека се сложувам дека ги претеруваат нештата преку филмови и тв наназад. Дека не мора во секој филм да има геј или црнец или не знам што ако тоа не го бара самата тема на еден филм...
Јас ти замерив за тоа што ти бараш тоа да се реши со христијанство - и сеуште сметам дека тоа е апсурд! Подобро со хиндуизам да одиме, со будизам...
Знаеш зошто христијанството не решава ништо туку само го менуваш таборот, а играта е иста?

Проблемот со ширењето на ЛГБТ на сите страни е во форма на стариот еон, на старите игри и правила бидејќи на тие столчиња сеуште седат или во позадина ги управуваат овие нешта ликови кои се држат до старите правила: или ова како што јас велам и верувам или ништо. Тоа се потковани луѓе кои исклучуваат избор - нема избор! МОРА!
Нема слобода. А за тоа се бориме: слобода на секое поле!

Не можеш со христијанство кое исто така вели: или вака по мое или ќе гориш или си со црквата или си сатанист и против најдоброто на Земјата! :)
Истото е ова со ЛГБТ, исфорсирано и нападно (те приморуваат иако си против, да ги гледаш, да мора да прифатиш да е тоа ок за тебе)!
Може да прифатиш дека не е ок за тебе, но да имаш разбирање - нели тоа е тоа што е потребно на светот? Не треба таква религија да имаме или учење?

Те закачав претходно намерно бидејќи почна да пишуваш како и многу други поврзувајќи со геј луѓето сешто што не беше во ред и ме изнервира малку... :love:

Јас и ти се сложуваме дека човек може да биде геј после неколку постови „расправање“ (иако ти велиш дека тоа е настранетост и тоа е твоја работа) и се сложуваме дека форсираат тоа да го има на тв и да мора човек да прифати позитивно дека геј е ок....

Телема убаво учи дека секој може да биде што сака, како сака и што му е најдлабоко всадено во срцето - но не може со тоа да стои на патот на некој друг што исто така ја извршува својата суштина, својата чиста волја на Земјата! Исто така учи и дека не треба ние да осудуваме некој што е и каков е ако е човек и ги разбира должностите кон себе си и другите!
Не може тебе ако во твојот универзум не постојат геј луѓе или не сакаш контакт со нив, некој да те форсира да го гледаш тоа или да мора да прифатиш ДА БИДЕШ со такви луѓе!

Дека треба да се знае дека има такви луѓе, дека и тие имаат свој живот и волја на Земјата, дека тоа е во ред - за тоа сум, инаку Телема ќе нема смисла ниту за мене ниту за било кој друг, ќе биде уште едно учење во кошот на стариот еон!

Кога на тие столчиња што денес седат луѓе кои се научени на чудна хиерархија, ќе седнат луѓе од новото време, ќе биде дозволено се, но ништо против волјата на другиот и никој нема да биде бомрбаридан со нешта кои нема потреба да биде бомбардиран.

А сега за сега, сеуште е хаос бидејќи и старото и новото се испреплетуваат и тешко се наоѓа крај со крај... но, ќе биде подобро :)

П.С. Добро ли го адаптирав „Духовниот шовинизам“? :)
Велиш „Телема убаво учи дека секој може да биде што сака“ ама не ти смета тоа „кој што сака“ да биде со инка убацувано во глава, со сеприсутна пропаганда, наместо да дојде преку самостално себеоткривање и духовно развивање?

Веќе ти посочив колку ти е тоа лицемерен став, но ти упорно продолжуваш со истото без воопшто и да се обидеш да ја демантираш лицемерноста во ставот.
Тоа ми кажува дека си свесен за неможноста да оспориш и наместо тоа свесно одбираш да продолжиш со наративата едноставно игнорирајќи го фактот за лицемерноста. Тажно, особено како за некој што претендира на духовен развој.

Поназад те замолив да го прочиташ критичниот пасос неколку пати, така ќе те замолам и следново да го прочиташ барем три пати пред да продолжиш: Никој не повикува геј луѓето да бидат „тепани на плоштад“. Геј луѓето нека си живеат слободно живи и здрави, ние од мнозинството само сакаме против наша волја да не бидеме 24/7 бомбардирани со милион пропаганди за про-лгбтПедо, нашите деца да одат во училиште за едукација а не за перење на мозок со лгбтпедо пропаганда. Тоа нема да се случи со добри желби и тапшање по рамо, мора активно да се работи - ете и со религија, со христијанство. Со активен отпор.

И да очигледно е дека само малку го адаптираш шовинизмот но не го отстрануваш. :unsure:
Сеуште не нѐ гледаш како злоуптребувано мнозинство. Целосно игнорирање на проблемот, некако типично за сите со кои го делиш ставот дека мнозинството мора на сила да се промени (според потребите на интересни странки). После чудење зошто мнозинството ќе се заврти и кон религијата ако мораат, само за некако да се обидат да се одбранат од нападите. Епа не е чудно, логично е.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.909
Поени од реакции
5.041
Ги заборави грчките богови, и тие синови и ќерки имаат, Египет исто, со човечки особини... Се лутат, љубат, љубоморни...
Или тоа се митови нема врска со обложувања и ритуали?

Тоа што не знаеш не значи дека твоето е ексклузивно
Кој вели дека се работи за мое не знаење, туку за мое не мешање на „митологии„ со „религии„.

Митологиите се чисто човечки обид за толкување на Светот и животот па ништо чудно што митолошките богови ги имаат сите/истите (!) човечки особини, вклучувајќи ги и најзабеганите...

Кај религиите, состојбата е поинаква па тие не се повикуваат на овосветовното, туку на оносветовното и посмртното.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Нечиј став за мене (кој го изградил некој член на форумот) како форумски лик не мислам да демантирам :) Фантазии не се демантираат, ги засилуваш и гледаш сеир... за битни работи поврзани со религија и Телема, тука сум - колку дозволува нештото да биде разглобувано, ќе биде ... имам граници што можам, што смеам и што не да зборувам на форумов за некои теми... :)
Автоматски споено мислење:

Велиш „Телема убаво учи дека секој може да биде што сака“ ама не ти смета тоа „кој што сака“ да биде со инка убацувано во глава, со сеприсутна пропаганда, наместо да дојде преку самостално себеоткривање и духовно развивање?
Јас веќе ти напишав дека се сложувам со тебе за тоа дека нападно заморуваат со лгбт но тоа е заради старите идеи што ги држат сеуште оние кои одлучуваат за нештата. Дајте да ги смениме, да ставиме на тие места нови луѓе кои знаат што е слобода и ја разбираат разновидноста... инаку вака ништо не правиме...

Тоа е само залажување и пропаганда на стариот еон... слобода, но немаш слобода!

Дека треба да се знае дека светот е разнолик и полн со сешто и тоа е во ред - е друга работа... секој треба да го разбира тоа и да знае дека е така. Не може поинаку.
Зошто имаме сеуште куп религии и верувања? Иако сите се удираат во гради со некаква си вистина во која треба да се верува? Зошто? :)
Не сме спремни како човештво или... ?

П.С. И го спомна мнозинството! Не постои насилно менување на мнозинството - тоа е лага. Но една индивидуа во даден момент да излезе од матрицата и да разбере каде е во мноштвото со сите должности кон себе и другите - ќе се промени и мноштвото!
Забораваме на индивидуалноста и постојано гледаме мноштво...
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Јас веќе ти напишав дека се сложувам со тебе за тоа дека нападно заморуваат со лгбт но тоа е заради старите идеи што ги држат сеуште оние кои одлучуваат за нештата. Дајте да ги смениме, да ставиме на тие места нови луѓе кои знаат што е слобода и ја разбираат разновидноста... инаку вака ништо не правиме...
Ама гледај сега што правиш. Во ист здив велиш дека се согласуваш со мене за штетноста на лгбтпедо пропагандата, но и во истиот здив ја оправдуваш пропагадната - тоа било заради „старите идеи кои требало да се сменат“.

Уште на почеток ти посочив дека си исклучително контрадикторен во изјавите. Не можеш да седиш на две столчиња, истовремено да бидеш ЗА лгбтпедо перењето мозок, и да бидеш против пропагандата. Според твоите ставови извесно е дек дека си ЗА лгбтпедо, иако декларитвно велиш дека не си.

Другото, се согласивме веќе дека „светот е разнолик и полн со сешто“. Проблемот е едната страна, лгбт страната, што сака го наметне својот светоглед на сите други. Тогаш светот повеќе нема да биде разнолик, и ти баш тоа сценарио го поддржуваш со твоите ставови.

Нечиј став за мене (кој го изградил некој член на форумот) како форумски лик не мислам да демантирам :) Фантазии не се демантираат, ги засилуваш и гледаш сеир... :)
Фантазии? Па нагласив дека нема да зборувам за релгиски догми. :LOL:
Зборувам за општествено корисни намени на религиите, христијанството во случајов. Пошто само тоа може да биде искористено овде и во ова време, за корисна намена.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.909
Поени од реакции
5.041
Тешко може да биде искористено за корисна намена. Освен за насилство. Повели пробај...
Како изгледа насилството во рисјанството, каде е тоа запишано како препорака, кој и каде го практикува...
Само немој да се повикуваш на негативни примери и од нив да вадиш афирмативни заклучоци.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Како изгледа насилството во рисјанството, каде е тоа запишано како препорака, кој и каде го практикува...
Само немој да се повикуваш на негативни примери и од нив да вадиш афирмативни заклучоци.
Реков пробајте... не јас да пробувам. :) Вака само зборување и храбрење на секој дека се е зло освен христијанство. А колку геј луѓе може да бидат добри христијани да не се губат свештениците и обичниот верник... ама, догмата си го прави своето.

Повелете со христијанска „љубов“ застанете на патот на новото време и променете ја промената ... тоа проповеда членот.
Тој бара од христијанинот да ја сопре промената... да немало пропаганда за ЛГБТ, а како тоа ќе се направи преку религијата, не знам... со пропаганда но за христијанството (Бирајте која црква) ....

Бидејќи тоа е муабетот што го започна @Vanlok - православното христијанство во општеството и градење на здрав правен систем кој ќе дава слобода за сите, но и казна за сите бидејќи „љубов“ и „разбирање“ :)
Далеку од догми, нормално бидејќи не мора да веруваш, доволно е да слушаш.

Реков тоа можеби ако се врати Византија... до тогаш, може вака ние да си муабетиме и да расправаме за нештата.
Но нема назад... дури и едно македонско оро иде 6 напред 3 назад... за потсетување само.

Секоја религија која гради негативен став кон другите и ја негира нејзината суштина дека е една со другите религии и дека имаат ист корен и ништо подобри од другите, не е религија за слобода и љубов.
Таква религија ќе создаде раздор и војна, омраза... религија која не го разбира човештвото и која е закопана во некое дамнешно минато и простор.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Ова сега што се случува е полошо од било што, што денес би можело да направи православието. Ама ти никако да се соочиш со реалноста. :unsure:
Притоа пази дека зборуваме за најлошто можно сценарио, не што реално би се случило. Ова денес е многу полошо, и најстрашно е што не запира, оди на сѐ полошо и полошо.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Ама гледај сега што правиш. Во ист здив велиш дека се согласуваш со мене за штетноста на лгбтпедо пропагандата, но и во истиот здив ја оправдуваш пропагадната - тоа било заради „старите идеи кои требало да се сменат“.

Уште на почеток ти посочив дека си исклучително контрадикторен во изјавите. Не можеш да седиш на две столчиња, истовремено да бидеш ЗА лгбтпедо перењето мозок, и да бидеш против пропагандата. Според твоите ставови извесно е дек дека си ЗА лгбтпедо, иако декларитвно велиш дека не си.

Другото, се согласивме веќе дека „светот е разнолик и полн со сешто“. Проблемот е едната страна, лгбт страната, што сака го наметне својот светоглед на сите други. Тогаш светот повеќе нема да биде разнолик, и ти баш тоа сценарио го поддржуваш со твоите ставови.
Можам да седам на колку сакам столчиња. Можам да го обожувам кој бог сакам, кое учење сакам, кога сакам :)

Не ме разбираш затоа сум ти контрадикторен... не можеш да прифатиш на тв да се гукне за ЛГБТ, тоа е настраност за тебе, затоа христијанство... па и ислам ако не може христијанството само против таа „про-западна“ идеја за слобода и човек да биде како му е волја!
Каква волја - само црквата, Госпот но без догми. Чиста општествена работа на црквата со едукација на младите дека девица може да зачне, сексуално образование нула - нема што да се знае. Пробуваш 2-3 пати кога се прават деца и толку! Каков секс, каква љубов, мажи жени... :)
Абеее...

Проблемот сте вие кои мразите ЛГБТ и ги нарекувате настраност! Дури и на теми религија ти твојата омраза ја переш преку едно христијанство. Мислиш не те намирисав?
Одамна, само интересно ми е вака да видам до кај ќе одиме... сигурно до бесконечност.

Не можете да живеете во свет каде жена сака жена или маж сака маж или некој што си сменил полот... НЕ МОЖЕШ ти да живееш во таков свет. Едноставно не можеш и тоа е во ред... никој не ти вели да можеш.

ЛГБТ ти вели само да прифатиш дека се тука и дека не постои религија или философија која ќе направи да исчезнат. Не постојат од денес, туку денес премногу сме поврзани преку нет и ти сакаш не сакаш, гледаш дека има ЛГБТ и тоа ти е пропаганда во негативна смисла.
Што мене не ми излегуваат вакви пропаганди?

Туку на сите страни денес славиме ова, утре славиме она, утре ќе фрламе крстот, денес е св. Атанасиј нема на работа јер Св. Марија не знам која... може мене тоа ми смета, но некој ме прашува? Може мене ми сметаат жени замотани во шамии и застанати простум до мажот како да е мртва?
Велам јас ТЕЛЕМА да се позанимава со овие пропагандни христијански работи?

Не бре момче, не може религија и духовни учења да се заморува со земски нешта... христијанството ќе се обидуваш да биде како исламот, да најдеме начин да тупнеме христијански шеријат :)
Со сите лудости и ова не би ме чудело од страна на страиот еон кој се обидува од петни жили да опстои денес во ова време - не бирајќи луѓе и начини, колку и да се против човештвото.
Автоматски споено мислење:

Ова сега што се случува е полошо од било што, што денес би можело да направи православието. Ама ти никако да се соочиш со реалноста. :unsure:
Замени „православие“ со ислам и ете те како муслиманите. Само треба да се договорите кој ќе прави подобро, христијанството или исламот, во реалноста.

Ги повика религиите ти, таму ти е спасот - нека се зафатат за работа :)

П.С. Какво запирање?
Реков нема назад, тој бара запирање... ха :)
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.909
Поени од реакции
5.041
Реков пробајте... не јас да пробувам. :) Вака само зборување и храбрење на секој дека се е зло освен христијанство. А колку геј луѓе може да бидат добри христијани да не се губат свештениците и обичниот верник... ама, догмата си го прави своето.
Рисјанството велиТ дека вистината Божја и‘ е објавена сам на Црквата Христова, додека другите религии поседуваат чат-пат по некоја вистина, комбинирана со мноштво полувистини и лаги.

„Гејовите„ можат да бидат арни ријсани само ако покажат достојно покајание. Во меѓувреме, нека и седат по дома, нека си пра‘ат ш‘о сакаат и нека не аздисуваат по „прајдови„.
Автоматски споено мислење:

Повелете со христијанска „љубов“ застанете на патот на новото време и променете ја промената ... тоа проповеда членот.
Тој бара од христијанинот да ја сопре промената... да немало пропаганда за ЛГБТ, а како тоа ќе се направи преку религијата, не знам... со пропаганда но за христијанството (Бирајте која црква) ....
Промената почнува и завршува со личната промена во умот, а така преумениот (лик), уопште не се замара со промената на светот, кој (свет) ионака „...лежи во зло...„ и кој ита кон својот крај.
Автоматски споено мислење:

Не можете да живеете во свет каде жена сака жена или маж сака маж или некој што си сменил полот... НЕ МОЖЕШ ти да живееш во таков свет. Едноставно не можеш и тоа е во ред... никој не ти вели да можеш.
Живееме во таков Свет, кој од ден во ден се дозаглавува и дозабраздува во злото. Лек за таквиот Свет е само покајанието и преумувањето.

А Бог Е долготрпелив и многумилостив и чека сите да Му се обратат со покајание...
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
...ги читав постовите од последните 4 страници и сите до еден ми се допаднаа
...тоа е убавината на слободната мисла и чувствата на поединци
...тоа што дава горчлив "надвкус" е човечката исконска желба да го покаже својот пат како најдобар и најправилен
...мотивите можеме да ги коментираме една цела вечност и сите ќе бидат подеднакво конструктивни и добро смислени,и утре веќе ќе е се по старо :)
...утре "ќе си го облечиме истиот костум" од вчера
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
...мотивите можеме да ги коментираме една цела вечност и сите ќе бидат подеднакво конструктивни и добро смислени,и утре веќе ќе е се по старо :)
And there came a Voice from the Abyss, saying:
"Thou seest the Current of Destiny! Canst thou change one atom in its path? I am Destiny. Dost thou think to control me? for who can move my course?"
And there falleth a thunderbolt therein: a catastrophe of explosion: and all is shattered. And I saw above me a Vast Arm reach down, dark and terrible, and a voice cried:
I AM ETERNITY
.
And a great mingled cry arose: "No! no! no! All is changed; all is confounded; naught is ordered: the white is stained with blood: the black is kissed of the Christ! Return! Return! It is a new chaos that thou findest here: chaos for thee: for us it is the skeleton of a New Truth!"
- The Vision & Voice, Liber 418 :love:

P.S. Ништо не е по старо. Само мириса на старото...

Автоматски споено мислење:

Знаеме... тоа го зборувам цело време. Старите религии се затворени, отфрлаат се и само тие ја имаат вистината (другото е лага и зло, така?). А не зборуваат дека се од евреите сите овие религии и учења.
Дури и самите евреи се нападнати од нивните деца.

Уживај... никој не ти вели да не си христијанин, покајувај се, верувај дека си грешен.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Можам да седам на колку сакам столчиња. Можам да го обожувам кој бог сакам, кое учење сакам, кога сакам :)

Не ме разбираш затоа сум ти контрадикторен... не можеш да прифатиш на тв да се гукне за ЛГБТ, тоа е настраност за тебе, затоа христијанство... па и ислам ако не може христијанството само против таа „про-западна“ идеја за слобода и човек да биде како му е волја!
Каква волја - само црквата, Госпот но без догми. Чиста општествена работа на црквата со едукација на младите дека девица може да зачне, сексуално образование нула - нема што да се знае. Пробуваш 2-3 пати кога се прават деца и толку! Каков секс, каква љубов, мажи жени... :)
Абеее...

Проблемот сте вие кои мразите ЛГБТ и ги нарекувате настраност! Дури и на теми религија ти твојата омраза ја переш преку едно христијанство. Мислиш не те намирисав?
Одамна, само интересно ми е вака да видам до кај ќе одиме... сигурно до бесконечност.

Не можете да живеете во свет каде жена сака жена или маж сака маж или некој што си сменил полот... НЕ МОЖЕШ ти да живееш во таков свет. Едноставно не можеш и тоа е во ред... никој не ти вели да можеш.

ЛГБТ ти вели само да прифатиш дека се тука и дека не постои религија или философија која ќе направи да исчезнат. Не постојат од денес, туку денес премногу сме поврзани преку нет и ти сакаш не сакаш, гледаш дека има ЛГБТ и тоа ти е пропаганда во негативна смисла.
Што мене не ми излегуваат вакви пропаганди?

Туку на сите страни денес славиме ова, утре славиме она, утре ќе фрламе крстот, денес е св. Атанасиј нема на работа јер Св. Марија не знам која... може мене тоа ми смета, но некој ме прашува? Може мене ми сметаат жени замотани во шамии и застанати простум до мажот како да е мртва?
Велам јас ТЕЛЕМА да се позанимава со овие пропагандни христијански работи?

Не бре момче, не може религија и духовни учења да се заморува со земски нешта... христијанството ќе се обидуваш да биде како исламот, да најдеме начин да тупнеме христијански шеријат :)
Со сите лудости и ова не би ме чудело од страна на страиот еон кој се обидува од петни жили да опстои денес во ова време - не бирајќи луѓе и начини, колку и да се против човештвото.
Автоматски споено мислење:

Замени „православие“ со ислам и ете те како муслиманите. Само треба да се договорите кој ќе прави подобро, христијанството или исламот, во реалноста.

Ги повика религиите ти, таму ти е спасот - нека се зафатат за работа :)

П.С. Какво запирање?
Реков нема назад, тој бара запирање... ха :)
Напишаново личи ко мед, а кога ќе го пробаш, отров.

Сме мразеле лгбт :pos:. Исти тактики применуваш ко овие од "старите" религии. :neetaka:
Ти нели мразеше луѓе кои слободно шетаа низ чаршија, носејќи некакви си "реликвии", нели мразеше луѓе што не ги почитуваа ковид мерките и ред други омрази од твоја страна. Проѕирен си, но слаткоречивоста ти е добра мамка.

И како тоа нема назад... Мора бар 1 чекор назад, за нови 2, а во нашава сегашност, правиме 3 назад, а колку напред ќе бидат, ќе видиме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom