Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.138
- Поени од реакции
- 12.120
Штом Христос ти е љубов - да го распнеме! Немам проблем со тоа.
Но за мене Христос нема симбол на љубов - извини. И тоа од многу причини... сигурно некаде низ форумов имам за тоа зборувано наназад низ годините...
Ова толкување твое за Христос и љубовта може да го прифатат само христијани... никој друг.
Се што зборуваш за духовноста е надвор од библијата и христијанството. Не знам зошто ја врзуваш работата со христијанството и христос!
Тоа доаѓа од други места дека нештата што влијаат во човекот исто така на поголема скала ги има во универзумот...
Тоа не е од библијата. Мавни се од неа и не ги заробувај старите учења во една библија!
П.С. Христос е закован во историјата и дел од историјата на човештвото - нема повеќе догми за Христос и спасување. Никој не е спасен, не бил ниту ќе биде спасен од она што е... може да философираме колку сакаме и да зборуваме ама оној ова кажал оној она кажал... залудно е кој што кажал.
Видете го човештвото... напредува но споро заради... глупости!
Дали е надвор внатре, дали Христос е грчка кованица, Исус еврејско име итн итн ... тоа се новоеонски толкувања на стари учења. Ниту си прв, ниту последен - таквите се нужност денес во ова време во однос на старите религии. Мора да се одработи и таа последна работа.
Колку повеќе луѓе како тебе кои се крстат на Христос но не сакаат да се христијани и дел од црквата - толку подобро. Те охрабрувам да најдеш луѓе кои ќе ги охрабриш да бидат како тебе!
Навивам за тебе. И љубовта која ја шириш кон човештвото!
П.С. Не се распнуваат пророци. Не се плаши - слободно си зборувај со Христос и биди му пророк!
Последно уредено: