Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Штом Христос ти е љубов - да го распнеме! Немам проблем со тоа.
Но за мене Христос нема симбол на љубов - извини. И тоа од многу причини... сигурно некаде низ форумов имам за тоа зборувано наназад низ годините...

Ова толкување твое за Христос и љубовта може да го прифатат само христијани... никој друг.

Се што зборуваш за духовноста е надвор од библијата и христијанството. Не знам зошто ја врзуваш работата со христијанството и христос!
Тоа доаѓа од други места дека нештата што влијаат во човекот исто така на поголема скала ги има во универзумот...

Тоа не е од библијата. Мавни се од неа и не ги заробувај старите учења во една библија!


П.С. Христос е закован во историјата и дел од историјата на човештвото - нема повеќе догми за Христос и спасување. Никој не е спасен, не бил ниту ќе биде спасен од она што е... може да философираме колку сакаме и да зборуваме ама оној ова кажал оној она кажал... залудно е кој што кажал.
Видете го човештвото... напредува но споро заради... глупости!

Дали е надвор внатре, дали Христос е грчка кованица, Исус еврејско име итн итн ... тоа се новоеонски толкувања на стари учења. Ниту си прв, ниту последен - таквите се нужност денес во ова време во однос на старите религии. Мора да се одработи и таа последна работа. :coffee:

Колку повеќе луѓе како тебе кои се крстат на Христос но не сакаат да се христијани и дел од црквата - толку подобро. Те охрабрувам да најдеш луѓе кои ќе ги охрабриш да бидат како тебе!
Навивам за тебе. И љубовта која ја шириш кон човештвото!

П.С. Не се распнуваат пророци. Не се плаши - слободно си зборувај со Христос и биди му пророк! :coffee:
 
Последно уредено:
  • Вау
Reactions: alf

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
П.С. Не се распнуваат пророци. Не се плаши - слободно си зборувај со Христос и биди му пророк! :coffee:
Превод.....,не плаши се, слободно зборувај си со љубовта и биди и пророк!:X3:
А бре Хепта,какви кованици,каквки бакрачи.Кажав ,се додека си во вртлокот на времето ќе судиш и расудуваш, по она што си го прочитал од книги.
Бидејќи временскиот интервал ти е во умот,минатото , сегашност и иднина ,па според неа ти се редат мислите.
Прочитај си го постот ,редоследно види како се движиш со мислите од минатото,сегашноста кон иднината со заклучоци!Не така,сонце!
Сите промени од своето постоење стави ги во една точка,сите луѓе во еден лик,спротивностите соедини ги,па види ја сликатаа на универзумот т.с. човекот(себе).

Со читање книги не се постигнува тоа!
Затоа ќе те трпам ваков-каков што си ,неук за духовноста,слаб на искушенијата, уфилман дека си апостол на новиот еон.:D
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Ова ми е познато и други слично зборувале од православните христијани. Затоа религијата е далеку од магика!

Но има христијани кои ја следат библијата и посебно новиот завет на христијаните и кои не сакаат да признаат дека се христијани бидејќи тоа ги потсетува на црква, хиерархија итн итн , кои пак зборуваат малку задскриено како тие зборуваат или имаат комуникација со богот Исус Христос tete-a-tete, со звук, слика итн итн...

Затоа прашав дали добро сум разбрал и ако некој е НОВ пророк од Македонија за Христос - да знаеме кој да распнеме. :)
Тие што ја следат Библијата како прирачник за влез во Рајот, веќе се во прелест и не се свесни за својата духовно погубна состојба. Исто толку е погубно и мислењето дека може да се биде рисјанин и „по дома„, без учество во Црквата и без послушност кон Црковните одредби.

Тие кои имаат „комуникација„ со живиот Бог а се недостојни за таков чин, или се шарлатани, или се наоѓаат во силна демонска прелест. Бог не Е лик со Кого може да се комуницира туку-така, во облик од лична желба за муабет, туку сам Бог им се јавува само на поединци, за кои Он смета дека се достојни за да Го видат и слушнат...

Лажни Христоси имало, има и ќе има, дури и во „нашата земја„.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Тие кои имаат „комуникација„ со живиот Бог а се недостојни за таков чин, или се шарлатани, или се наоѓаат во силна демонска прелест. Бог не Е лик со Кого може да се комуницира туку-така, во облик од лична желба за муабет, туку сам Бог им се јавува само на поединци, за кои Он смета дека се достојни за да Го видат и слушнат...
А како ќе бидете сигурни дека на поединец бог му се јавил?
Само ако ја величи црквата и христијанството?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.000
Поени од реакции
83.379
Сакате да кажете дека зборувате со Исус Христос/Еврејскиот бог кога се молите дали на икона, дали во умот дали на глас во дневна... или јас лошо разбрав од дискусијава која потона во мрак одеднаш?
Само вие зборувате или „праќате мисли со молитва“ или и слушате повратна информација?
Јас добивам повратна информација.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Јас добивам повратна информација.
Хепта, отиде на одмор,џабе го цитираш,пие кафе во сенка и чита.

И? Што ти рече.Раскажи ни го твоето искуство.:)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.109
Поени од реакции
10.138
Тие што ја следат Библијата како прирачник за влез во Рајот, веќе се во прелест и не се свесни за својата духовно погубна состојба. Исто толку е погубно и мислењето дека може да се биде рисјанин и „по дома„, без учество во Црквата и без послушност кон Црковните одредби.

Тие кои имаат „комуникација„ со живиот Бог а се недостојни за таков чин, или се шарлатани, или се наоѓаат во силна демонска прелест. Бог не Е лик со Кого може да се комуницира туку-така, во облик од лична желба за муабет, туку сам Бог им се јавува само на поединци, за кои Он смета дека се достојни за да Го видат и слушнат...

Лажни Христоси имало, има и ќе има, дури и во „нашата земја„.
Зарем Бог ги дели своите чеда на достојни и недостојни...:(
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ти личи ли дека тоа ќе го правам?
Излета со таква информација.Со просто-проширени реченици во дискусија не ми личиш на зборлеста.Но, можеш да изненадиш, кој знае.
Мудро молчи си, подобро.:angel:
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Зарем Бог ги дели своите чеда на достојни и недостојни...:(
Не ги дели Бог луѓето, туку тие (луѓето) се делат на луѓе кои се „со„ и се „против„ Бога.
Улогата Божја кон луѓето е да ги собира, не да ги дели. Види што вели Бог во евангелијата...
Автоматски споено мислење:

А како ќе бидете сигурни дека на поединец бог му се јавил?
Само ако ја величи црквата и христијанството?
Бог им се јавува на достојните (очистените, просветлените, обожените), пренесувајќи им дел од своето учење.
Бог им се јавува само на достојните кои веќе се дел од Црквата Божја, а не дел од некое световно здружение.
Верните се должни да Го слават и проповедаат Бога, а самите се дел од Црквата Христова.

Надвор од Црквата се наоѓаат оние кои нејќат да Го примат Бога во своите животи и со тоа самите веќе се осудиле на пропаст...
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
Не ги дели Бог луѓето, туку тие (луѓето) се делат на луѓе кои се „со„ и се „против„ Бога.
Улогата Божја кон луѓето е да ги собира, не да ги дели. Види што вели Бог во евангелијата...
Автоматски споено мислење:



Бог им се јавува на достојните (очистените, просветлените, обожените), пренесувајќи им дел од своето учење.
Бог им се јавува само на достојните кои веќе се дел од Црквата Божја, а не дел од некое световно здружение.
Верните се должни да Го слават и проповедаат Бога, а самите се дел од Црквата Христова.

Надвор од Црквата се наоѓаат оние кои нејќат да Го примат Бога во своите животи и со тоа самите веќе се осудиле на пропаст...
...зошто мора да има некое проклетство или казна за неверните?
...ако е бог Љубов,тогаш е само Љубов
...зошто достојни и недостојни?
...зарем не беше Исус тој што не правеше такви поделби?
...нели беа тоа само совети а не закони за луѓето?
...само на мозокот му требаат противтежи за да може да разликува на пр. црно од бело,или грешам?
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Не ги дели Бог луѓето, туку тие (луѓето) се делат на луѓе кои се „со„ и се „против„ Бога.
Автоматски споено мислење:

Бог им се јавува само на достојните кои веќе се дел од Црквата Божја, а не дел од некое световно здружение.

Надвор од Црквата се наоѓаат оние кои нејќат да Го примат Бога во своите животи и со тоа самите веќе се осудиле на пропаст...
Како успеа во еден пост сам на себе да си противречиш?:facepalm:

Бог не е тој што ги дели луѓето, туку луѓето се делат кој се со или против бога.
Пу пу не важи...
Бог им се јавува само на достојните кои веќе се дел од Црквата Божја, а не дел од некое световно здружение.


Се си кажа сам. Не треба многу ум да се види од која страна сте во црквата.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Како успеа во еден пост сам на себе да си противречиш?:facepalm:

Бог не е тој што ги дели луѓето, туку луѓето се делат кој се со или против бога.
Пу пу не важи...
Бог им се јавува само на достојните кои веќе се дел од Црквата Божја, а не дел од некое световно здружение.


Се си кажа сам. Не треба многу ум да се види од која страна сте во црквата.
Пошто не си дел од Црквата и абер немаш од православната вера, можеш да напишеш било што и да бидеш убеден дека си во право...

Не си противречам, туку ти не разбираш...разликата меѓу тие две нешта е очигледна.
Автоматски споено мислење:

...зошто мора да има некое проклетство или казна за неверните?
...ако е бог Љубов,тогаш е само Љубов
...зошто достојни и недостојни?
...зарем не беше Исус тој што не правеше такви поделби?
...нели беа тоа само совети а не закони за луѓето?
...само на мозокот му требаат противтежи за да може да разликува на пр. црно од бело,или грешам?
- Не мора. Казната е последица од личниот избор да се биде Богоборец.
- Бог Е љубов, но не Е само љубов, особено не љубов разбрана на проста сентиентална основа.
- достојни и недостојни затоа што тоа е личен избор од секого од нас, како поединци.
- токму спротивното; Исус дојде да ги „подели„ луѓето на „за„ и „против„ Христа Бога, но само како нивен личен однос кон Христа, оти улогата Христова е да „собира„.
- во верата има и совети, а заканите се последно нешто кое се практикува и последица од личната тврдоглавост и доживотно останување во неверие и неприфаќање на жртвата Христова.
- на мозокот му треба метаноја (преумувања, покајание) и рабојќето ќе си дојдат „на место„.
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Пошто не си дел од Црквата и абер немаш од православната вера, можеш да напишеш било што и да бидеш убеден дека си во право...
Џабе ги имате и читате писанијата!
Не сум дел од црквата,таа е дел од мене!
Исто како што времето мене ми служи,а не јас на него!
Човекот е содаден и му е дадено да владее со создаденото,а не обратно.

Дали ја согледуваш разликата од, човек(ум) создаден по божји лик и човек (ум) создаден од плунката на Адам?А вие сте произлезени од Адам-телесни,не духовни!

Види ,таму ти пишува во писмата.
Човекот е господар на саботата(времето) ,а не саботата да господари над човекот!
Првин е времето ,па дури после се верувања,догми, цркви, групи и сите тие се помали од времето,а човекот е господар на времето.

Не знаете од каков дух сте. :(
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Џабе ги имате и читате писанијата!
Не сум дел од црквата,таа е дел од мене!
Исто како што времето мене ми служи,а не јас на него!
Човекот е содаден и му е дадено да владее со создаденото,а не обратно.

Дали ја согледуваш разликата од, човек(ум) создаден по божји лик и човек (ум) создаден од плунката на Адам?А вие сте произлезени од Адам-телесни,не духовни!

Види ,таму ти пишува во писмата.
Човекот е господар на саботата(времето) ,а не саботата да господари над човекот!
Првин е времето ,па дури после се верувања,догми, цркви, групи и сите тие се помали од времето,а човекот е господар на времето.

Не знаете од каков дух сте. :(
Очечувам некој твој скорешен нареден допис во кој сам за себе ќе речеш дека си бог. Намали од тоа суетноста...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom