Правилата и законите во духовноста, го држат човекот/верникот надвор од влијанието на злото и таткото на злото, а воедно, го увежбуваат во доброто, облкувајќи го човекот во Боголико битие.
Надвор од законите, било кои, не мора да се тоа духовни, нека бидат и физички, постои само безредието, кое не води кон никаква конечна и реална цел, туку само кон уште поголемо безредие.
Нема(м) друг живот, освен овој, сега, веднаш и овде. За другиот, ќе видиме...по милоста Божја.
Јасно ми е дека поинаку и не можеш да расудуваш.Законите станаа дел од човековото постоење исто како што е мерење и користење на времето.
Има една приказна во библијата за Самсон, сигурно си ја прочитал.
Во неа е сокриена темата за временскиот интервал.Знам дека е тешка за разбирање кога си внатре во времето сепак ќе ја објасна со прости и едноставни зборови.Можеби ќе промени нешто во разбирањето за законите и времето.
Самсон го преставува човечкиот род опфатен од повеќе генерации.
Филистејците се временскиот интервал или едноставно време.
Самсон во почетокот има живот вечен и доаѓа во конфликт со филистејците поради нивната сестра.Вечноста го победува времето и ништо не му можат филистејците.Но, една жена им открива од каде му доаѓа силата на Самсон, му ја сече косата и тој станал како нив обичен човек(времен).Тие го фатиле го ослепеле , му ставиле синџири и вртел мелница во круг.
И кога ќе се соберат филистејците да го исмејуваат Самсон, иако слеп ќе ги напипа двата столба на кој се потпира целиот објект и ќе ги бутне.Убивајќи ги филистејците и самиот себе.
Сонцето и месечината се два симболи според кој се мери времето, објектот каде се собрани филистејците е еден општествен систем изгаден на двата столба, систем во кој луѓето се држат слепи, оковани со закони и ја вртат во круг мелницата( ги ситнат годините во месеци, месеците во недели, неделите во денови, деновите во саати, саатите во минути, минутите во секунди)
Раскажав во скратена форма, само за нејзината основа.
Многу длабока духовна приказна за растот и падот на една цивилизација.
Слични се и другите приказни од библијата, само се користат други термини.
Еден човек кој користи време и е во времето може да има сликата за својот живот, но целосна слика за една цивилизација може човек кој не е во времето,како што Исус кажа " јас постоев уште пред Аврам".
Зборуваш како законите ве држат настрана од зло, а не знаете од каков дух сте.
Тој дух нема потреба од закони и временски интервали врз кој ќе гради општество.
Или како што пишува во откровение,
23. И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлила, а светлината му е Агнецот
Ново небо и нова земја во кој ги нема столбовите на сонцето и месечината, нема календар.
Те прашав предходно.....
Пробај да расудуваш во умот без временски интервал.
Духовно кажано...би било,
Излези од градот (календарот) зошто ќе се сруши и влези во новиот Ерусалим.