Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.708
Нема бог, а има пророк на кој му шепкал некој ајваз.:confused:
Така е кога се користат туѓи цитати ,а истите не се живеат.
ееее нема веќе оргиналност ,се е копи-паст.

Каде со тој памет.:(
Ти бараш оригиналност а од петни жили прво се обидуваш библијата да ја отргнеш од христијанството и да прикажеш како тоа е едно многу оригинално дело, директно од боговите (а пишувана поточно уредувана со векови), а потоа да ја толкуваш истата како ќе ти дојде, зависи од денот... и нормално: Алф или кој и да си во реалниот живот си пророк кој што најдобро ги разбира библиските пророци и богот на евреите...
Немој...
Гледај си гревот и туркај си маката... гледаш јас како си туркам искушенијата? Кроце, полека...

Треба да те учам за Телема? :)
Мислам дека еднаш кажа дека нема никогаш да седнеш да се запознаеш со сето тоа учење - така да мислам дека е залудно јас насила да ти туркам идеи во умот, а и залудно е ти да критикуваш било што врзано со Телема бидејќи освен форумов и мојот блог и српски преводи од О.Т.О. поставени на нет кои не ги разбра добро со прво читање - се немаш запознаено со идеите и новото време кое доаѓа со Телема.

Ако вака разбираш како што зборуваш - нека ти биде :coffee:

„Во стариот еон, врвот на постигнување беше во Тифарет – или Убавина, средиштето на Дрвото на Животот. Таму беше „гробот“ на мистичниот Розенкројцер кој ги пренесе големите тајни да бидат предавани до денешно време, скриени во христијанскиот мистицизам. Тифарет беше Синот, најголемото постигнуавње кое што можеше да се добие од највисоките три сефироти кои христијанските мистици ги препознаа како Татко, Син и Светиот дух.
Нема ништо погрешно во ова. Иницијацијата се менува во однос на човештвото. Сега е ново време, нови искушенија, нова иницијација – која еден ден ќе мора исто така да помине, друг бог да седне на тронот на Истокот!

Од Тифарет секој поглед упатен нагоре дозволувал(за некои и сеуште погледот завршува тука) да се види само последната патека пред големата Бездна, патеката која ги поврзува сефиротите Милост и Строгост (Гебура и Чесед). Таа патека создаваше илузија дека над сето тоа или позади нејзе не постои ништо освен хаос. Не постои можност да се има директно искуство со божественото. Змијата на Иницијацијата чудно завршуваше до прагот на Бездната.
...
Внимавајте на Патот на Змијата, о вие, Иницирани! Клучот е секогаш пред Вашите очи!
Барајте вие кои не сте иницирани и сте слушнале за Патот на Змијата, бидејќи кој тропне, ќе му се отвори.

Мора да се надминува, така вели и нашата света книга Liber AL vel Legis!“
- За Змијата, Хептаграм XI
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.072
P.S. Се додека гледаш погрешно на ритуалите - ништо од тебе во однос на новиот еон и разбирање на учењата кои се пренесуваат низ еоните :coffee:
Ауу незнаев дека си ми чувал место во новиот еон.
Не фала... седиси таму каде што нема бог,а има пророк.

А alf ќе го барам одговорот на прашањето "кој сум јас".
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.708
Ауу незнаев дека си ми чувал место во новиот еон.
Не фала... седиси таму каде што нема бог,а има пророк.

А alf ќе го барам одговорот прашањето "кој сум јас".
Пак старо-еонски и библиски толкуваш нешта што не може да се решаваат преку тие равенки.
Никој не ти чува ништо, никој не ти ветува ништо... сосема погрешно или намерно ми толкуваш погрешно заради твои некои цели...

Да бараш кој си ти и да не престанеш да бараш додека не најдеш кој си и кога ќе се пронајдеш да исчезнеш, да разбереш дека има луѓе со поголемо искуство и знаење од твоето и да заборавиш дека некој ти е непријател бидејќи не го дели твојот библиски пат каков и да е :love:
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.663
Поени од реакции
3.784
Ауу незнаев дека си ми чувал место во новиот еон.
Не фала... седиси таму каде што нема бог,а има пророк.

А alf ќе го барам одговорот прашањето "кој сум јас".
Кон болдот; штом се сретнеш со живиот Бог, штом се покаеш и се преумиш, одговорот сам ќе ти се открие...

А до тогаш, барај за да најдеш, побарај за да си те даде...тропни и ќе ти отворат.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.072
Кон болдот; штом се сретнеш со живиот Бог, штом се покаеш и се преумиш, одговорот сам ќе ти се открие...

А до тогаш, барај за да најдеш, побарај за да си те даде...тропни и ќе ти отворат.
Ти благодарам за убавите зборови.
Дали ти си се сретнал со живиот бог што ми го нудиш како решение или тоа се зборови како на Хепта, копи-паст од книга?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.708
Ти благодарам за убавите зборови.
Дали ти си се сретнал со живиот бог што ми го нудиш како решение или тоа се зборови како на Хепта, копи-паст од книга?
Само ти си се сретнал со боговите, претежно од библијата - ние другите само копи пасте, саде ти ориџиналс , мислам како инаку? :coffee:

Oh mon dieu, сешто крепи и php и html и Земјата - реално.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.663
Поени од реакции
3.784
Ти благодарам за убавите зборови.
Дали ти си се сретнал со живиот бог што ми го нудиш како решение или тоа се зборови како на Хепта, копи-паст од книга?
Молам...

Вистинска и „прагматска„ вера е само онаа која е произлезена од личното трагање по вистината, не (само) од просто читање на нечии теолошки записи, а тоа трагање редовно резулира со лична и личносна средба со Бога. Во таквиот случај, Бог Е „огледалото„ во кое Боготрагачот ќе се огледа при средбата со Бога. И тогаш, кога „огледалото„ ќе се појави во сета Негова совршеност, а ти како Боготрагач ќе се „огледаш„ во Него, ќе ја увидиш сета своја битска отпаднатост, која е сушта спротивност од Божествената совршеност. Од таа средба, произлегува личното преумување/покајание/метаноја, како појдовна точна за почеток на твоето Богоуподобување и стремење кон Бога и кон Неговото Царство Небесно.. .
 
А што стана со посредникот помеѓу бог и човек?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.663
Поени од реакции
3.784
А што стана со посредникот помеѓу бог и човек?
Како што веќе напишав; средбата со Бога е лична (јас) и личносна (Бог и јас), без „сројници„.

Посредникот меѓу Бога Отецот и човекот Е Синот Божји Единороден, пратен од Отецот на Земјава, така да родот човечки се враќа во заедница со Бога (Отецот) само преку Синот, Исус Христос.

Просто кажано, кој ја бара вистината и кој Го бара Бога, се среќава со Христа...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.072
Како што веќе напишав; средбата со Бога е лична (јас) и личносна (Бог и јас), без „сројници„.
Како нема стројници?
Ти нели со твојте зборови посредуваш помеѓу alf и бог?
Затоа поставив прашање...дали, зборовите кој ги понуди за средба со бог си ги доживеал и истото го нудиш од лично искуство?
Има три одговори...
1.Да, лично си искусил и си се сретнал со бог.
2.Не, си прочитал во книги нешто и го нудиш без да го знаеш исходот од такво нешто.
3.Веруваш дека е така, ширејќи догма и верување.

Посредникот меѓу Бога Отецот и човекот Е Синот Божји Единороден, пратен од Отецот на Земјава, така да родот човечки се враќа во заедница со Бога (Отецот) само преку Синот, Исус Христос.

Просто кажано, кој ја бара вистината и кој Го бара Бога, се среќава со Христа...
Во библијата бог вели...им се открив на оние кој не ме бараа.
Исаија 65
1. Јас им се открив на оние, кои не прашуваа за Мене, кои не Ме бараа: „еве Ме, еве Ме!” – му велев на народ, кој не го повикуваше името Мое.

Што да правам , да го барам како што велиш ти или да не го барам како што пишува во библијата?
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.708
Исаија или Isaiah е еврејски пророк, дел од еврејското учење, нема врска со Христос.
Тоа е „нов завет“, и христијаните упорно се обидуваат евреите да им се авторитет во врска со божественото, а Исаија е чиста еврејска теологија... ако се повикувате на евреите, баталете Исус и доаѓање месија „втор“ пат бидејќи според еврејското учење - не е дојден ниту првиот пат и сеуште се подготвуваат за нивниот спасител, цар, свештеник и спасител да дојде...

Премногу им верувате на еврејските пророци и еврејските свети книги, а многу малку на идните пророци... дали тоа што се далечни и заборавени од нас луѓе (а лесно може да се најде историјата за овие пророци низ вековите) па ви даваат некоја форма на романтизам и по дифолт така јет како што е напишано и нема сомнеж...

Isaiah leans most heavily on Israelite tradition and shows an acquaintance with the thoughts of Amos. Isaiah shared with him and with the people the long-standing tradition that a special bond united Israel and its God.
- краток вовед во еврејската мисла

Богот на Евреите што денес го имаме како модификации еден куп, се отркива само на Евреите - никому друг. А на што се поклонуваат и имаат виденија другите што велат дека ги имаат - треба да се запрашаат за да не бидат излажани од секакви ентитети што крстосуваат низ човештвото :coffee:

П.С. Да, знам има сега цитати како богот рекол ширете го писмото, зборот, јас сум за сите - но тоа е новиот завет, уште еден обид да се узурпира еврејската мисла за божественото.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.663
Поени од реакции
3.784
Како нема стројници?
Ти нели со твојте зборови посредуваш помеѓу alf и бог?
Затоа поставив прашање...дали, зборовите кој ги понуди за средба со бог си ги доживеал и истото го нудиш од лично искуство?
Има три одговори...
1.Да, лично си искусил и си се сретнал со бог.
2.Не, си прочитал во книги нешто и го нудиш без да го знаеш исходот од такво нешто.
3.Веруваш дека е така, ширејќи догма и верување.
- Моето сведочење за Бог не е исто што и мое посреднишвто. Не сум посредник.
- Само личното искуство и личната средба со Бога е уверлив настан и прична за преумување, а се‘ друго е просто читање записи од верска литература.
- Да, лично се имам сретнато со Бог. Секако, не физички, туку преку дихот. Личното преумување е доказ и последица од средбата со Бога, кога духот човекот се среќава со Бога.
- Да, сум прочитал и по книги. Најпрактичниот начин за личен увид и средба со Бога е читањето на Новиот Завет.
- Да, верувам и исповедам дека е така како што пишувам.
Автоматски споено мислење:

Во библијата бог вели...им се открив на оние кој не ме бараа.
Исаија 65
1. Јас им се открив на оние, кои не прашуваа за Мене, кои не Ме бараа: „еве Ме, еве Ме!” – му велев на народ, кој не го повикуваше името Мое.

Што да правам , да го барам како што велиш ти или да не го барам како што пишува во библијата?
Бог, како Творец на се‘ видливо и невидливо, навистина ни се објавува на сите. Евангелистите ни исведочат дека само мал број од луѓето Го прифаќаат Бога, а поголемиот дел од луѓето продолжуваат да си „тераат„ по свое.

Твое е да трагаш по Бога, но не по бог кој е по твојот мерак, туку по Бог Кој Е онаков како што Е‘ и каков што ни се објави...
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.072
- Да, лично се имам сретнато со Бог. Секако, не физички, туку преку дихот. Личното преумување е доказ и последица од средбата со Бога, кога духот човекот се среќава со Бога.
Да биде појасно тоа што пишуваш..
Преумувањето е всушност да го умртвиш стариот човек во себе и да се преумиш христообразно во име на љубовта како нов човек.
Извор
Како доказ го нудиш тоа преумување.
Интересно..ок

Бог, како Творец на се‘ видливо и невидливо, навистина ни се објавува на сите. Евангелистите ни исведочат дека само мал број од луѓето Го прифаќаат Бога, а поголемиот дел од луѓето продолжуваат да си „тераат„ по свое.

Твое е да трагаш по Бога, но не по бог кој е по твојот мерак, туку по Бог Кој Е онаков како што Е‘ и каков што ни се објави...
Трагам по одговорот на прашањето "кој сум јас".

Дали имаш одговор на тоа прашање?

Ако ме упатиш да го барам бог и него да го прашам, да знаеш дека токму тоа и го правам.
Потсети се на кажаното "јас реков вие сте богови"

Кое е твоето мислење, зошто Исус често им го поставуваше прашањето на своите ученици..кој сум јас?
Автоматски споено мислење:

Исаија или Isaiah е еврејски пророк, дел од еврејското учење, нема врска со Христос.
Тоа е „нов завет“, и христијаните упорно се обидуваат евреите да им се авторитет во врска со божественото, а Исаија е чиста еврејска теологија... ако се повикувате на евреите, баталете Исус и доаѓање месија „втор“ пат бидејќи според еврејското учење - не е дојден ниту првиот пат и сеуште се подготвуваат за нивниот спасител, цар, свештеник и спасител да дојде...

Премногу им верувате на еврејските пророци и еврејските свети книги, а многу малку на идните пророци... дали тоа што се далечни и заборавени од нас луѓе (а лесно може да се најде историјата за овие пророци низ вековите) па ви даваат некоја форма на романтизам и по дифолт така јет како што е напишано и нема сомнеж...

Isaiah leans most heavily on Israelite tradition and shows an acquaintance with the thoughts of Amos. Isaiah shared with him and with the people the long-standing tradition that a special bond united Israel and its God.
- краток вовед во еврејската мисла

Богот на Евреите што денес го имаме како модификации еден куп, се отркива само на Евреите - никому друг. А на што се поклонуваат и имаат виденија другите што велат дека ги имаат - треба да се запрашаат за да не бидат излажани од секакви ентитети што крстосуваат низ човештвото :coffee:

П.С. Да, знам има сега цитати како богот рекол ширете го писмото, зборот, јас сум за сите - но тоа е новиот завет, уште еден обид да се узурпира еврејската мисла за божественото.
Вие телемитите исто како масоните сте биле.
Тоа што не ви е во прилог од библијата го отфралете демек тој пророк зборел за некоја друга група луѓе , односно му се јавил богот на евреите, а тој бог не е истиот со таткото на Исус.

Се разбира дека тоа што го кажал Исаија е спротивно на вашата група која фунционира со иницијација на поединци кој треба да го бараат својот ангел и да си помуабетат.

Имате и масони во групата, прашај некој зошто не го признаваат Павле.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.708
Колку што знаеш за Телемитите изгледа толку знаеш и за масоните :) Седни прочитај книги за нештата, не да зборуваш сешто во негативна смисла заради омраза...

Ништо не отфрлам јас... каде виде отфрлање? Толку разбираш...

Јас само ја потенцирам твојата одбивност кон пророци/посредници кон божественото (оние кои не ти чинат или не ги разбираш), но немаш проблем што вадиш цитати од старите еврејски пророци (па и се обидуваш да ги толкуваш, а има еврејска литература со толкувања што ти нема да знаеш од каде да почнеш со еврејската мисла, ритуали и теологија) и тоа го сметаш за вистина и дури сметаш дека богот на евреите, е и твој бог, па и Исус Христос кој што доаѓа од новиот завет е реалност заедно со тие пророци...

И ти бараш богови? Кој бог го бараш и каде? Еврејскиот концепт, христијанскиот, Аллах од куранот?

Или Мухамед не е пророк бидјеќи во христијанската света книга се вели, парафраза: ќе дојдат лажни пророци... но не вели никаде дека сите ќе бидат лажни или јас лошо толкувам? :coffee:

Кој? Мора да е од библијата тој бог? Друг концепт, друго искуство и божественост никако не може?
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.072
Ти фали уште стар и нов еон.Не пропуштај такви битни поделби.

Историјата не е дел од духовниот свет, туку од телесниот.Само телесен човек бара книги да ја исполни празнината која му недостасува од немање духовност.

Неможеш да дадеш од тоа што го немаш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom