Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Потполно се слагам, естетското искуство е едно од силните транседентални моменти, токму ваквото доживување на природата по мене е всушност решението на сите наши проблеми, кога вистински ќе ја видиш рајската градина.
Човечката природа создадена од Бог од земјен прав, всушност е предадена на култивриање, одговорност, креирање..., од Создателот на човекот како носител, олицетвореник и свештеник на сета создадена природа, космосот, животинскиот и растителниот свет.
Свештената функција произлегува токму од оваа благородна одговорност на човекот благодарно да ја „принесе“ на Создателот“, она што го правиме на секоаја Литургија со Приносот, Просфората и Виното како конкретен Свештен чин, Настан, дијалошки остварувајќи го и се со Бог како личности. Тоа е рајската состојба и динамис во времето која треба да напрви пас овер во Вечноста.

Точно така.....посебно кога ке прочитаме дека француските свештеници 70 години сексуално злоставувале илјадници деца, се запрашувам, дали тоа ние глумиме дека сме луѓе или се правиме глуви, слепи и неми пред неправдите?
Болдот е клучна дијагноза за состојбите во општеството, на пример во Црквата, со остуство од храмовите на народот Божји дозволува секакви ликови да станат свештенство, кои по својот квалитет се слика на истиот народ, бидејќи сме ги дозволиле, или сами да се постават или власта за свои идеолошки, лични интереси..., и имаме разни Качавенди, Пахомијевци ..., кои ги има има во Православието, а кои особено се изразени како примерот што го наведе во Римокатиличката Црква каде со комбинација на целибатот е многу изразен и секако во „сплетот на причини“ на Западниот свет.

Ова се случува и на сите нивоа во општеството, еве и со Ковид кризава сведочиме како цените пред нос се дуплираат на сметка на платите, а ние како народ буквално ништо и никаква реакција не изразуваме во демократско организирана смисла, освен што си “плачеме“ во муабет, а се спроведува невиден тоталитаризам преку нашите одговорни политички, марионетстки структури кои изгубија секаков суверенистички капацитет, што за разлика во една Англија прво медиумски ќе ги расчеречат да се случи вакво нешто....
Исус, многу конкретно и одговорно нè подучува Евангелски, „ Дајте го Божјото на Бога, царевото на царот...“, во првата порака е призивот на човекот како свештеник со одговорност, во втората, како политичко битие со одговорност кон општеството, државата за нејзиниот квалитет како сервис служба на човекот.
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.155
Поени од реакции
30.281
Не го гледам како цврст пресек кој се десил кај нас, повеќе како градиент кој оди од мрежна кон локална свест со развој на мозокот како апарат за процесирање, мравките, пчелите итекако имаат жртвување но мислам дека го добиваат како информација како да реагираат во целината за целината. Самосвест имаат и кучињата до одредено ниво но имаат и позачувана врска со клаудот. Постојат два начина на гледање, дали е се случаен процес кој довел до постоење на шимпанзо со појака локална свест кое за да преживее подобро постепено развило јазик и сме настапиле ние како последица на тоа или пак тоа е целта, иницирање на живот кој би одел кон се појака локална свест која би можела да го разбере кодот и себеси. Предноста на локалната е очигледна но на наредно ниво не е доволна бидејќи те отргнува од целината, сега сме сами без чувството на припадност кон се околу нас. Мислам дека обновувањето на тоа чувство е наредниот чекор, кога шимпанзото ќе го перцепираш како дел од себе никогаш не би го убил, чувство дека се така морало да биде но и дека не завршува со нас.
Nisto ne e slucajno.
Najbliskiot sosed na simpanzoto e bonoboto. Pred milioni godini, zaednickiot predok na simpanzoto i bonoboto, a najverojatno i na genusot homo se prosiril niz srednozapadna afrika. No, poradi splet na okolnosti, del od ovoj predok, najverojatno Sahalontropus, ostanuva zagraden so rekata Congo koj ima resursi vo izobilie, a del prodolzuva da gi bara na severozapad. Tuka pocnuva podelbata megu bonobo i shimpanzo, i toa e ocigledno vo nivnite odnosi. Interesno e shto momentalno se otslikuva ova i kaj lugeto.
Shimpanzoto, steknuva agresivni i voinstveni karakteristiki, patriajhalno opstestvo koe e vo potraga po resursi i teritorija, a bonoboto ziveejki vo izobilie od hrana, prolemite gi resava so seksualni odnosi i zivee vo matrijarhart.
Predokot na covekot pak, spored teoreticarite, mislam deka trgnal nakaj istocna afrika, a tamu ima poveke savani koi go teraat da stane celosno bipedalno sustestvo, a soocen so megafauna kako predatori, mora komplekna organizacija i koordinacija, pa i prenos na znaenje na generacii za koe pred se mu treba kompleksen jazik, i sekako covekot razviva karakteristicna semejna osobina za da se izbori so surovite uslovi, celosno prisustvo na tatkoto vo griza za mladite koja go pravi homo genusot najuspesen od site primati.
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Не се придружувај на ниту една група.
Овие кутри будали вложуваат толку напор во сè, само не во она што е битно.“
Болд: Интересно и чудно, а си претставник на група?! :)

Мислам дека обновувањето на тоа чувство е наредниот чекор, кога шимпанзото ќе го перцепираш како дел од себе никогаш не би го убил, чувство дека се така морало да биде но и дека не завршува со нас.
Одлична поента, со еколошки, домостроителен карактер и свест, во контекст и на она што кажав за свештениот призив на човекот...(y)
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Болд: Интересно и чудно, а си претставник на група?! :)
Одлична поента, со еколошки, домостроителен карактер и свест, во контекст и на она што кажав за свештениот призив на човекот...(y)
Тешко да сум преставник на група :)

Телема не е група... ок има бенд таков, ама јас не сум од тој бенд.

Се однесуваше на @alf тоа - се знаеме од одамна и му ги знам ставовите. Тој постојано потенцира како не е од ниедна црква дел, не може да го дефинираш, ставиш на страна со другите... а се убива од толкување христијански книги...
Не ги разбирам нештата добро, ама па сега - тоа е тоа :)
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Би било занимливо да се прочита кој како гледа на смислата на постењето?
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
Би било занимливо да се прочита кој како гледа на смислата на постењето?
...уште едно големо прашање со сугестија
...постојам,оти некој друг сакал да бидам сега и овде
...кога веќе не била моја воља да постојам,тогаш барем од тоа постоење да направам нешто убаво од себе
...убаво од себе прво за себе :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
...уште едно големо прашање со сугестија
...постојам,оти некој друг сакал да бидам сега и овде
...кога веќе не била моја воља да постојам,тогаш барем од тоа постоење да направам нешто убаво од себе
...убаво од себе прво за себе :)
Постојано е наша волја која го исполнува до максимум дадениот наш универзум. Тоа што не се сеќаваме на секоја смрт што сме ја искусиле и волја за живот повторно да се родиме - е наша кривица! Носачите на душата се постојано тие, истите...

Интересена перспектива (спротивна на ова „постојам бидејќи други сакале“) може да најдеш во Frabato, the Magician од Франц Бардон :)
Има и кај други автори како Елифас Леви, Кроули, Форчн, ама оваа е роман, лесно четиво.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
...уште едно големо прашање со сугестија
...постојам,оти некој друг сакал да бидам сега и овде
...кога веќе не била моја воља да постојам,тогаш барем од тоа постоење да направам нешто убаво од себе
...убаво од себе прво за себе :)
Навистина беше без сугестија, некако ми е тоа најголемата мистерија но во исто време и чудо, што воопшто постоиме.
Автоматски споено мислење:

Тоа што не се сеќаваме на секоја смрт што сме ја искусиле и волја за живот повторно да се родиме - е наша кривица!
Од каде знаеме дека сме се родиле повторно?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Какви прашања :)
Како мислиш од каде знаеш дека си се родил повторно? Не знам реално дали знаеш, ниту од каде знаеш, ниту што знаеш и какви искуства имаш...
Тоа сам треба да си одговориш „од каде знам“... за мене е небитно тоа твое раѓање и умирање.

Едноставен одговор е: „Преку делата!“.
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
Какви прашања :)
Како мислиш од каде знаеш дека си се родил повторно? Не знам реално дали знаеш, ниту од каде знаеш, ниту што знаеш и какви искуства имаш...
Тоа сам треба да си одговориш „од каде знам“... за мене е небитно тоа твое раѓање и умирање.

Едноставен одговор е: „Преку делата!“.
... во овој дел имаме слични мислења
...незнам дали си ја читал книгата од Р.Д.Бенедикт "Прича о Карми",јас буквално ја "голтав" на моите 19 години :)
...нашите афинитети(надарености) се доказ дека нашата душа патува,нашиот начин на размислување исто така
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Би било занимливо да се прочита кој како гледа на смислата на постењето?
Вечниот живот во заедница со Бог и сите ние, во слобода и љубов. Тоа ми има смисла (y)
Тоа што не се сеќаваме на секоја смрт што сме ја искусиле и волја за живот повторно да се родиме - е наша кривица!
Не ми се свиѓа да чувстувам кривица за нешто што незнам, едноставно непамтам, дури и мајка ми ми вели дека ме родила, едноставно и верувам(не го снимиле моето раѓање:)), исто и верувам на Црквата т.е Исус дека не создал и Му благодарам:love:
Автоматски споено мислење:

Какви прашања :)
Како мислиш од каде знаеш дека си се родил повторно? Не знам реално дали знаеш, ниту од каде знаеш, ниту што знаеш и какви искуства имаш...
Тоа сам треба да си одговориш „од каде знам“... за мене е небитно тоа твое раѓање и умирање.

Едноставен одговор е: „Преку делата!“.
Убаво е прашањето, поинтересен треба да е одговорот...
Зошто такво оттуѓување не си ми битен, не сум ти битен...?
Имаш ли свој почеток на постоење, или отсекогаш постоиш а појма да немаме дека сме постоеле, условно речено?
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Боговите имаат почеток на постоење или отсекогаш постојат?
Зошто човекот го ставате само да е смртен и многу помалку од божественото и вечното? :)
Месото, крвта и коските ви се препрека? Тоа е минливо...

За боговите сешто зборувате (иако не знаете, туку зборувате бидјеќи така ви одговара да верувате дека се нештата поставени), а луѓето се неспособни за било што заради смртниот дел... сметате/верувате дека човекот е само смртен? Не е вечен? Неуништлив?
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
Боговите имаат почеток на постоење или отсекогаш постојат?
Зошто човекот го ставате само да е смртен и многу помалку од божественото и вечното? :)
Месото, крвта и коските ви се препрека? Тоа е минливо...

За боговите сешто зборувате (иако не знаете, туку зборувате бидјеќи така ви одговара да верувате дека се нештата поставени), а луѓето се неспособни за било што заради смртниот дел... сметате/верувате дека човекот е само смртен? Не е вечен? Неуништлив?
...многу прашања а малку одговори,нели?
...не знаеме за нас да пишуваме,а камоли за Боговите :)
...појмувањето дека сме вечни излегува надвор од сите наши мисловни процеси и дефиниции
...човечката душа,или како било да ја нарекуваме,можеме само да ја осетиме во нас
...секоја проба да ја допреме или дефинираме завршува со заблуда или неуспех
...едно внатрешно енергетско поле кое има способност да регистрира и чува податоци,искуства,и животни патувања
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
...многу прашања а малку одговори,нели?
...не знаеме за нас да пишуваме,а камоли за Боговите :)
...појмувањето дека сме вечни излегува надвор од сите наши мисловни процеси и дефиниции
...човечката душа,или како било да ја нарекуваме,можеме само да ја осетиме во нас
...секоја проба да ја допреме или дефинираме завршува со заблуда или неуспех
...едно внатрешно енергетско поле кое има способност да регистрира и чува податоци,искуства,и животни патувања
1. Кој прашува и тропа, ќе му се отвори. Подобро многу прашања и малку одговори, отколку воопшто да нема прашања ами само верување дека нештата се такви какви што ни ги кажува некој.
2. Не сакаме за нас да пишуваме, а за боговите секогаш во „негативна“ смисла бидејќи „тие се она другото по кое копнееме“. Кабалистите најдобро тоа го објаснуваат без да заталка мислата за нештата, да не полуди умот од амбисот кој што треба да го помине.
3. Разумот е алатка и препрека. Појмувањето е глупост и лага. Зауздајте си ги мислите и умот. За тоа треба јога.
4. Огнот што гори во јадрото на секоја Ѕвезда е Хадит. Тоа е суштината на секоја индивидуа. И тој центар не може да се открие пред другите, бидејќи Ку го прекрива Кабс постојано. Технички кажано...
Од таму доаѓа волјата, од тој центар од тој „магнет“. Без познавање на тој центар - ништо. Има пракси за тоа и откривање на суштината зошто секој е токму она во даден момент и како понатаму низ вечноста.
5. Секоја пракса е работа врз себе си и разоткривање на превезите низ бесконечното, неуспехот е повратна врска кон подобрување на знаењето стекнато со искуство. Види ја оваа мисла за карма јога (барем мене ме потсетува многу на карма јога):

"Let not the failure and the pain turn aside the worshippers. The foundations of the pyramid were hewn in the living rock ere sunset; did the king weep at dawn that the crown of the pyramid was yet unquarried in the distant land?
There was also an humming-bird that spake unto the horned cerastes, and prayed him for poison. And the great snake of Khem the Holy One, the royal Uræus serpent, answered him and said:
I sailed over the sky of Nu in the car called Millions-of-Years, and I saw not any creature upon Seb that was equal to me. The venom of my fang is the inheritance of my father, and of my father’s father; and how shall I give it unto thee? Live thou and thy children as I and my fathers have lived, even unto an hundred millions of generations, and it may be that the mercy of the Mighty Ones may bestow upon thy children a drop of the poison of eld.
Then the humming-bird was afflicted in his spirit, and he flew unto the flowers, and it was as if naught had been spoken between them. Yet in a little while a serpent struck him that he died.
But an Ibis that meditated upon the bank of Nile the beautiful god listened and heard. And he laid aside his Ibis ways, and became as a serpent, saying Peradventure in an hundred millions of millions of generations of my children, they shall attain to a drop of the poison of the fang of the Exalted One.
And behold! ere the moon waxed thrice he became an Uræus serpent, and the poison of the fang was established in him and his seed even for ever and for ever."
- Liber Cordis Cincti Serpente sub figûra אדני A∴A∴ Publication in Class A

Дали го разбираш ова? Богот Тахути не е лесен симбол... затоа и книгата на Кроули за Египетскиот тарот го има тој наслов: Книгата на Тахути или Тот :)

Последното не го коментирам. Го спомнав под 4. :)
 

ovs

Член од
4 јануари 2021
Мислења
349
Поени од реакции
506
Според теориска физика во мултиверзум има алтернативни сценарија што значи дека можно е да постои варијанта каде Јешуа не е распнат на крст туку станува наследник на Соломон/ Седекија и ја исполнува неговата замисла да е крунисан крал на Израел следствено на тоа не се појавува еврејска секта во првиот век која прераснува во христијанство.
Дали некој знае кој е ставот на црквата за теорија на мултиверзум или дали црквата воопшто има некаков став околу теорија на мултиверзум?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom