Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Медот во пелин се промени?
Такава и верата им е на верниците, еднаш блага ,другпат горчлива.
33. Змии и породи аспидини, како ќе побегнете од пресудата за во пеколот? (Матеј 23)

Гледаш, Исус кога треба е горчлив, не е просто аморфна маса. Така и ние(“малите Христоси“-богови) со неразбрани, некултурни..., педагошки. :)

Според Алф теологија, која е целта на човекот?
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Зошто мислиш дека треба да најдам мир? За каков мир зборуваш и како знаеш дека немам мир? Не ми смета да живеам во хармонија со никој.
Денес „хармонија“ што ти го зборуваш е всушност присилно игнорирање на нештата за да има човек вештачки мир :)
Тоа не е мир, тоа е патека кон болест на духот и разни болести на умот!
Во ред, можеби во гласот на овој човек ќе осетиш што е мир, иако црквата не го сака бидејќи е пола католик пола православец кој медитира со Исус молитва сепак он не им го зема за зло, не ги хејта, не критикува, од понуденото си нашол што работи за него, си оди и во црква да си медитира и со тек на време го прифатиле. Можам да го замислам во дијалог за транседенталното со будист, хиндуист, либериј, џошуа, поглавица од моето племе и сигурен сум дека би имале позитивна пријатна атмосфера без никој никого да потурчува, дали ти би можел да им се придружиш?
 

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
353
Поени од реакции
641
? :)


Не дозволувам секој да се престваува пред мене за духовен авторитет па дури и богот да се симне ќе мора да го даде знакот на постигнување за да може да се разбереме кој за кај е...
:)
О Боже..прости му...не знае што зборува.

Еве само за тебе ќе се симнам и ќе ти кажам кои закони треба да ги поштуваш

1. 10те Божји заповести

2. Законот за 3

3.. Законот за 7

4. Законот за октавите

Ајде учи...имам друга работа...не можам се со тебе да се расправам..
...универзумот е голем..

Со љубов....
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Јас го знам моето име во вечноста, за тебе не знам... ако се сретнеме по патеките на вечноста неминовнмо е да се познаеме! :)
Амин! :)
Многу подобро, иако недоволно јасна есхатологија, но ветува, задоволен сум.(y)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Амин! :)
Многу подобро, иако недоволно јасна есхатологија, но ветува, задоволен сум.(y)
Битно ми е да си задоволен :) Бидејќи ако не си, пак ќе влетам во кошот на сатанисти луѓе чиј живот е чиста празнотија, без личносен бог... :)
Автоматски споено мислење:

Во ред, можеби во гласот на овој човек ќе осетиш што е мир, иако црквата не го сака бидејќи е пола католик пола православец кој медитира со Исус молитва сепак он не им го зема за зло, не ги хејта, не критикува, од понуденото си нашол што работи за него, си оди и во црква да си медитира и со тек на време го прифатиле. Можам да го замислам во дијалог за транседенталното со будист, хиндуист, либериј, џошуа, поглавица од моето племе и сигурен сум дека би имале позитивна пријатна атмосфера без никој никого да потурчува, дали ти би можел да им се придружиш?
Секогаш такви луѓе сметаат на догмата... јас немам ништо против луѓе кои наоѓаат свои патишта.
Го знам човеков, го имам слушано... не знам зошто бараш од луѓето да бидеме вакви или онакви... и ако не сме такви какви што си намислил не е добро и мора да бараме? :)

Читај го Вивекананда - ќе ти се допадне за овие работи... сите овие други се бледа сенка на тој ум... нема видео бидејќи одамна е мртов, пред да излезат камерите воопшто :)
Автоматски споено мислење:

О Боже..прости му...не знае што зборува.
Еве само за тебе ќе се симнам и ќе ти кажам кои закони треба да ги поштуваш
1. 10те Божји заповести
И ете го @Ne-misli aka Bog aka Gurdjieff - несудениот просветлен човек кој што разбирајќи се отфрлил се и сега е „качен“ лево или десно од Богот ужива во насладите на бесконечноста :)
Извини што пред многу години ти ја уништивме улогата што си ја презеде на форумов... но многу простачки зборуваше, не се трпеше :)

Ајде симни се уште малку поблиску за да прочиташ подобро и знаеш подобро...

Зошто ги изостави 42-те Негативни Исповеди од „Книгата на Мртвите“ или „Излегување преку Ден“? Запознаен си со нив или толку наназад низ историјата не одиш?
Таму многу подетално е дадено што НЕ треба човек да прави во однос на себе, другите и боговите :)
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
"За мнозинството среќата ја прави философијата,
за малкумина философијата ја прави среќата.
Свечовекот живеел според среќата на мнозинството и философијата на малкумината, и ја знае вредноста на двете.
Така, Свечовекот дојде до цврст заклучок, дека најсреќна е онаа среќа која не копнее по философија, и најмудра е таа философија која не копнее за среќата."
 
Член од
8 октомври 2021
Мислења
27
Поени од реакции
53
Mislam deka ateistitie se poprosti lugje. I onie so veruvaat SAMO na nauka, i tie se prosti. Ne prshtat so golem IQ.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Во ред, можеби во гласот на овој човек ќе осетиш што е мир, иако црквата не го сака бидејќи е пола католик пола православец кој медитира со Исус молитва сепак он не им го зема за зло, не ги хејта, не критикува, од понуденото си нашол што работи за него, си оди и во црква да си медитира и со тек на време го прифатиле. Можам да го замислам во дијалог за транседенталното со будист, хиндуист, либериј, џошуа, поглавица од моето племе и сигурен сум дека би имале позитивна пријатна атмосфера без никој никого да потурчува, дали ти би можел да им се придружиш?
Бистро езеро, гледаш, белеитили од ветар синотемнеит:поле погледниш, или планина-сегде Божева је хубавина.
Ме потсети :)
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Според Алф теологија, која е целта на човекот?
Немаше да ти одговоран , но ќе се смилувам на тебе бидејќи следиш слепци.

А одговорот е многу едноставен, целта на човекот е да биде човек.

Со пример ќе дообјаснам.

Која е целта на лавот? Да биде лав, нели, он е тоа што е.
Но, ако лавот е роден во кафез, ранет на не својствен начин , тој е само бледа слика на лав, духот му е убиен.
Тој веќе не е лав, друго освен кафезот не ни знае дека постои.

Така е и со човекот, го изгубил поимањето за тоа што е човек и сега лута.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Така е и со човекот, го изгубил поимањето за тоа што е човек и сега лута.
Го изгубил или се повеќе го развива?
Автоматски споено мислење:

Бистро езеро, гледаш, белеитили од ветар синотемнеит:поле погледниш, или планина-сегде Божева је хубавина.
Ме потсети :)
Способноста за доживување естетика во природата е за мене чекор понатаму во согледувањето на кодот.
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Немаше да ти одговоран , но ќе се смилувам на тебе бидејќи следиш слепци.

А одговорот е многу едноставен, целта на човекот е да биде човек.

Со пример ќе дообјаснам.

Која е целта на лавот? Да биде лав, нели, он е тоа што е.
Но, ако лавот е роден во кафез, ранет на не својствен начин , тој е само бледа слика на лав, духот му е убиен.
Тој веќе не е лав, друго освен кафезот не ни знае дека постои.

Така е и со човекот, го изгубил поимањето за тоа што е човек и сега лута.
Патријархот Павле (еден од “слепците“), исто така викаше, „ Будимо људи.“ Во динамична смисла, како основа за реализација како Христијани.

Според твоето учење да се биде човек што подразбира и како би се реализирал?

Да ли тој призив е природен, спонтан феномен на природна еволуција или Божји?

Го изгубил или се повеќе го развива?
Автоматски споено мислење:


Способноста за доживување естетика во природата е за мене чекор понатаму во согледувањето на кодот.
Во Христијанството ова го доживуваме како природно откровение, односно Бог како Уметник, оттаму и називот Космос, Бог креира естетски, хармонично, козметички..., така и се открива токму преку созданието, слично како што од клипот Џон Батлер прекрасно го опишува своето доживување или нашиот Констанин Миладинов во својата поезија.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Го изгубил.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Во моето поимање, животните имаат нелокална свест, интелигенција со која имаат врска најочигледно кај инсектите, ние сме самосвесни со локална со изгубена врска, тој момент не дефинира како врста, ко да има процес кој водел кон локална и тоа води кон егоизам, следното ниво би било обновување на таа врска, паралелно и локално и мрежно процесирање што води кон транседенталното, не си сам туку дел од целина, чувство на припадност и губење на страв. На еден начин се согласувам, дете ја има па ја губи, некој успева да ја оформи пак, некој не ја губи потполно а мислам дека наредното ниво на развој би било да никогаш не ја изгуби.

Во Христијанството ова го доживуваме како природно откровение, односно Бог како Уметник, оттаму и називот Космос, Бог креира естетски, хармонично, козметички..., така и се открива токму преку созданието, слично како што од клипот Џон Батлер прекрасно го опишува своето доживување или нашиот Констанин Миладинов во својата поезија.
Потполно се слагам, естетското искуство е едно од силните транседентални моменти, токму ваквото доживување на природата по мене е всушност решението на сите наши проблеми, кога вистински ќе ја видиш рајската градина.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.138
Поени од реакции
10.150
Го изгубил.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Точно така.....посебно кога ке прочитаме дека француските свештеници 70 години сексуално злоставувале илјадници деца, се запрашувам, дали тоа ние глумиме дека сме луѓе или се правиме глуви, слепи и неми пред неправдите?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom