Диети и слабеење

Член од
17 јануари 2011
Мислења
6
Поени од реакции
0
ajde da se organizirame za Revita samponot i da mi kaze nekoj dali ima efekt i kolku cini....

--- надополнето ---

kade moze da e najde Rogaine i efekt pls odgovor...
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Медиумите се преполни со совети за тоа што е здраво, а што не, колку килограми треба да се внесуваат, кои диети се најдобри, како слабеат холивудските убавици и слично.
Сепак, во таа огромна понуда на информации, луѓето често влегуваат во заблуди, со што го постигнуваат сосема спротивниот ефект, отколку оној што го очекуваат, како и делумно или целосно си го нарушуваат здравјето.
Затоа треба да прочитаме малку повеќе, пред да примениме некој совет, којшто ќе го слушнеме и ќе ни изгледа волшебно.


1.) Едно од најраспространетите тврдења е дека ако сакате да го загубите вишокот на килограми со голема брзина, се што треба да направите е да не ги мешате јагленохидратите и протеините. На тој начин, навистина ќе ослабете, но само за кратко време. Штом ќе дојдете до соодветната килажа и ќе се вратите на старите прехранбени навики, ќе се вратат и килограмите, бидејќи системот за варење не бил навикнат на таков начин на исхрана и ќе сака да ја надокнади загубата.

2.) Мастите се дефинираат како најголем непријател на витата линија. Но, нутриционистите велат дека не е здраво од исхраната сосема да се исфрлат мастите. Имено, тие се составен дел од клетките и од клеточните органели, и со нивно целосно исфрлање од исхраната, можеме да си го загрозиме здравјето.

3.) Некои популарни диети тврдат дека за појадок е доволен само еден овошен плод. Но не се препорачува да се консумира овошје на празен стомак, наутро, бидејќи неговата киселост ќе ја наруши работата на желудникот. Кога појадуваме, не би требало да се ограничуваме, бидејќи сето она што ќе го изедеме наутро, со сигурност ќе го потрошиме до крајот на денот, додека пак, тоа не е така со другите оброци.
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
92
Поени од реакции
6
Другарка ми ми рече дека од денеска ќе почне да вежба во некое финтес студио во Кисела Вода и таму инструкторот им давал и диета. Има денови во месецот кога треба да спиеш само 6 часа. Се оди на вежбање секој ден. И секој ден се губи по пола килограм. Е сега јас идам на фитнес во Тетово и губам одприлика 2 кг на месец, па некако ова ми се виде многу попривлечно. Ама некако сумливо ми е, многу е по пола кило секој ден. А другарка ми вика дека она има тетка што била крупна и ослабела 15 кила за еден месец. Е сега мене ми треба да ослабам некои 7-8 кг па појше ќе ми се исплати да одам две недели во фитнес во Скопје отколку во мојов.
Знае некој нешто повеќе околу ова? Можно е?
Инструкторот кај што ќе оди другарка ти Љубо да не се вика ?
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
Колку калории дневно треба да се внесуваат? ( децата колку треба )
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Pijam HERBALIFE i vezbam po tri pati vo nedelata i se sekam kako Himen :)
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
Сакам да прашам дали е здраво да се јаде по 5 парчиња разновидно овошје и 5 парчиња разновиден зеленчук на ден?
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Сакам да прашам дали е здраво да се јаде по 5 парчиња разновидно овошје и 5 парчиња разновиден зеленчук на ден?
Има одредена количин на витамини и ред други работи кои се потребни за нормално функционирање, се што се внесе во поголема количина во денот ќе се исфрли преку мокрачата или изметот, се треба да биде колку што треба доколку пробуваш да водиш точна пресметка со витамините.

Знам пример за протеините дека за да внесуваш онолку колку што треба рачунаш ако имаш 80 кг тоа значи дека треба да внесеш 160грами протеини дневно.
Во внесувањето на храна ( за оние кои сакаат да држат диети) голема улога игра крвната група, за диета најдобро е да се консултирате со Нутриционист.
 

Sipy

Dr.Sheldon Cooper
Член од
9 јануари 2011
Мислења
170
Поени од реакции
31
Pijam HERBALIFE i vezbam po tri pati vo nedelata i se sekam kako Himen :)
Тоа беше она храната на природна база шо се заменува со вечера? Мислам дека имаше околу 30 сервирања не сум сигурен...ако е таа, стварно е ефикасна знам еден другар зема и беше презадоволен.Можеш да ми кажеш само колку пари е и од кај се зима?
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
А јас сакам да ги прашам диеталциве што и прават на кожата после ригорозната диета?
И онака не сум била на некоја диета со која може да се намали 10-15 кг, па после да имам овисната кожа....:toe:
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
А јас сакам да ги прашам диеталциве што и прават на кожата после ригорозната диета?
И онака не сум била на некоја диета со која може да се намали 10-15 кг, па после да имам овисната кожа....:toe:
Јас така ослабнав повеќе од 15 кг. и имав ептен растеглива кожа а сега кога се поправив 3-4 кг. се подобри кожата.
~
Инаку, онака неможам да најдам точно за стекот - колку калории (приближно) има во 1 парче (пр. ајде парчето нека биде околу 250-300 грама)?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.731
~
Инаку, онака неможам да најдам точно за стекот - колку калории (приближно) има во 1 парче (пр. ајде парчето нека биде околу 250-300 грама)?
Chicken Breast 100g
Calories = 202
Protein = 22-25g
Fats = ~5g

што значи во 250 грама имаш ~500 калории
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
20
Поени од реакции
2
Колку калории дневно треба да се внесуваат? ( децата колку треба )
Имам теорија, само не сум ја пробал. Ама од математичка гледна точка многу ми има смисла.

Разбрав дека кило сало е 7000 калории.

Исто така, според висина и тежина секој има основен број калории што ги троши дневно дури и само да лежи (basal metabolic rate), кој изнесува околу 1800 повеќе или помалку калории - кај машки повеќе, кај женски помалце. Ако се додаде и некоја активност во денот, а се намали внесот на калории, со собирање и одземање секој може да пресмета колку може во месецот да симне сало.

Инаку стварно сум приметил, кога јадам благо или било што од жито или овошје, после повеќе ми се јаде. Уствари ова ми е за сите овошја освен за грејпфрут, сега и помело - го има во Веро, Тинекс. Сит сум долго време само со месо или јајца или кисело млеко. Уствари немам проблеми со тежина, ама имам денови кога ми треба долго да сум сит пошто не сакам да јадам глупости од опаковка или од сендвичара.
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
262
Поени од реакции
97
Многу глупости прочитав во темава,значи да појаснам : "Диета е правилен и здрав начин на исхрана,а не гладување како што некои тука од вас мислат".:toe:
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
Ваши мислење за диетава, ми кажаа демек 5 до 6 кила се слабеело, ама незнам јас баш. :toe:

Вака оди:

1 ден: Макарони со сирење/јогурт
2 ден: Ориз со сирење/јогурт
3 ден: Пилешко со салатa
4 ден: ~ || ~ || ~
5 ден: ~ || ~ || ~
6 ден: Телешко со салата
7 ден: ~ || ~ || ~
8 ден: ~ || ~ || ~
9 ден: ~ || ~ || ~
10 ден: Риба со салата
11 ден: ~ || ~ || ~
12 ден: Овошје без банана
13 ден: ~ || ~ || ~
14 ден: Варен или свеж зеленчук
15 ден: ~ || ~ || ~
16 ден: Компир варен или печен
17 ден: ~ || ~ || ~
18 ден: Макарони со сирење или јогурт
19 ден: Ориз со сирење или јогурт
20 ден: Благо

Можело да се јадит колку душа ви сака, само стриктно да се останит за денот то шо имаш. Мислења? :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom