Медиумите се преполни со совети за тоа што е здраво, а што не, колку килограми треба да се внесуваат, кои диети се најдобри, како слабеат холивудските убавици и слично.
Сепак, во таа огромна понуда на информации, луѓето често влегуваат во заблуди, со што го постигнуваат сосема спротивниот ефект, отколку оној што го очекуваат, како и делумно или целосно си го нарушуваат здравјето.
Затоа треба да прочитаме малку повеќе, пред да примениме некој совет, којшто ќе го слушнеме и ќе ни изгледа волшебно.
1.) Едно од најраспространетите тврдења е дека ако сакате да го загубите вишокот на килограми со голема брзина, се што треба да направите е да не ги мешате јагленохидратите и протеините. На тој начин, навистина ќе ослабете, но само за кратко време. Штом ќе дојдете до соодветната килажа и ќе се вратите на старите прехранбени навики, ќе се вратат и килограмите, бидејќи системот за варење не бил навикнат на таков начин на исхрана и ќе сака да ја надокнади загубата.
2.) Мастите се дефинираат како најголем непријател на витата линија. Но, нутриционистите велат дека не е здраво од исхраната сосема да се исфрлат мастите. Имено, тие се составен дел од клетките и од клеточните органели, и со нивно целосно исфрлање од исхраната, можеме да си го загрозиме здравјето.
3.) Некои популарни диети тврдат дека за појадок е доволен само еден овошен плод. Но не се препорачува да се консумира овошје на празен стомак, наутро, бидејќи неговата киселост ќе ја наруши работата на желудникот. Кога појадуваме, не би требало да се ограничуваме, бидејќи сето она што ќе го изедеме наутро, со сигурност ќе го потрошиме до крајот на денот, додека пак, тоа не е така со другите оброци.