Еве ја диетата од Devilish Angel,па на кој му треба нека си ја има.
ДИЕТА ЗА 15 ДЕНА(од болница-Кардиологија) ГАРАНЦИЈА 100%
Доручекот е ист во текот на 15 дена,а се состои од 1 овошје (портокал,круша,праска,диња,лубеница,не смее банана и грозје) двопек,шоља кафе или чај без шеќер.
1 ден
Ручек
1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко
Вечера
2 домати или 2 дл.варени домати
2 варени јајца
1/2 главица зелена салата или краставица
2 двопек
2ден
Ручек
1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко
Вечера
125 гр.варено телешко месо
1 домат
1 портокал
1 двопек
1 шоља чај или кафе без шеќер
3 ден
Ручек
1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко
1 главица зелена салата или краставица
Вечера
125 гр.варено телешко месо
1 портокал
1 двопек
1 шоља чај или кафе без шеќер
4 ден
Ручек
125 гр.кравјо сирење
1 домат
1 двопек
Вечера
125 гр. варено телешко месо
2 домати
1 јаболко
1 двопек
5 ден
Ручек
200гр.варено месо или риба
1 домат
1 двопек
Вечера
1/2 кг.варен зеленчук(морков,грашок,компир)
1 варено јајце
1 двопек
НАПОМЕНА:Месото и варениот зеленчуксе зачинуваат со вегета,6 и 7 ден се без диета.За време на диетата не се пие алкохол.
После 5 ден се губат 2,5 до 5 кг,а по два дена се повторува 3 пати по 5 дена и за 15 дена се губат без последици по здравјето 15 кг.,и нема да се вратат во колку по диетата јадете нормално освен секој понеделник:
Доручек: 1 чаша сок од лимон без шеќер
Ручек : 1 јаболко,1 двопек
Вечера : 1 варено јајце,1 домат,1 двопек
Фала за диетата, но имам неколку прашања:
1). Дали за доручек може да се јадат цитрони или само наведените овошја (портокал, круша, праска, диња, лубеница)? И дали е битно какви јаболки - зелени, по кисели, или црвени, по благи?
2). Колку е “едно канче“ кисело млеко, колку е тоа во грамажа? Јас сум у странство и ваљда кисело млеко западњациве го викаат “кефир“ или па “јогурт“?
3). Ич немам претстава колку е 1/2 главица зелена салата, ако може грамажа отприлика меѓу Х и У?
4). Дали под двопек се мисли печено лепче, “тост“? Ако да, каков леб да се користи?
5). Што да се јаде тие два дена одмор после петтиот ден???
6). Дали после првите 5 дена, и после 2 дена пауза од диетата, дали во следната фаза 3 х 5 дена има 2 дена одмор меѓу нив?
7). Ако не јадам варено телешко месо, дали може риба наместо телешко (петиот ден вика варено месо ИЛИ риба?
8). Колку вода да се пие и кога во текот на диетата. Дали е дозволено кисела вода?
9). После диетата, секој понеделник се пие сок до лимон. Колку лимон да се исцеди?
Многу ми е важно да добијам појаснувања на време зашто морам одма да почнам со диетата.