Диети и слабеење

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Мрснотии и месо и пак слабееш? Хмм, и мене ме интересира муабетов :pos:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Сериозно! Ќе чекаме другарчето да ја напише диетата - па ќе се увериш.
Сигурен сум дека и по интернетов има работи за таа диета, пробај да гуглаш па ќе видиш.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Абе не ми треба па да се разбарам, општо ме интересира ... ќе почекам тука :pos: :wink:
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Абе колку што се сеќавам на муабетот, тоа не е диета - тоа е цел стил на живот.

Работата беше што ја делиш храната на некои категории, па една со друга не идела, па така нешто, и зема доста време (месеци).

Ако грешам...нека изгорам.
 
OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Acid напиша:
другарче напиша:
пред летната сезона месец дена држев аткинс диета (уз вежбање) и се изненадив од резултати. догодина пред летната сезона пак :)
Баш гледав пред некој месец емисија за Аткинсоновата диета! Колку што знам - дозволено беше да јадеш колку сакаш мрснотии и место, а пак слабееш! Најчудната и најефикасната диета доста, така ја окарактеризиираа во емисијата. Мене ми е чудно како всушност функционира....

Ќе ти биде ли тешко тука да ја напишеш?
Funkcionira, funkcionira i toa Long term dieta bila demek, velea ovde, odrzuvash kilaza ako se pridrzuvash na dietata non stop. A treba da se pridrzuvash na slednoto:

Ni pod razno ne e dozvoleno ovosje i mlecki proizvodi.

MInimalno vnesuvanjen a kabrohidrati vo organizmot po moznost ic (kompiri, pcenkarni proizvodi, pasta, piti, oriz i sl.).

Minimalno vnesuvanje na zelencuk. so pomalku demek toa bolje.

Strogo preporaclivo: meso, sirenje, jajca, i fats shto bi rekle amerite (margarin, ulje, dzimirinki :) )

I sea, nekoj saglaam, koj fatil neshto procital, ma nemora ni da procita se shto treba e da ima jadeno i da znae kako se osekja posle pastramajlija a kako se osekja posle cinija ovosje - i ke mi rece deka e ova zdrava dieta?
Da se gubi kilaza posto organizmot se lisuva od lesna hrana, metabolizmot i te kako se ubrzuva so mesistata -- ama posledici?
Atkins jas kolku shto znam samiot umre od srcev udar - - pa sea videte vie.

Najlosa dieta za koja ikad sum slusnala, so limitirani kratkorocni rezultati i dolgorocni posledici.
Acid ubo rece, kej pod noze i sprint, zaedno so preporakata od gerard za zdrava iskrana - i se ke si bide tamam.

p.s. Ima nekoj od atkins videno slika? E viedte go i skontajte za kakvi e taa dieta? Za lugje koi i taka i taka ripaat so srceto.. za zal.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
Acid напиша:
Баш гледав пред некој месец емисија за Аткинсоновата диета! Колку што знам - дозволено беше да јадеш колку сакаш мрснотии и место, а пак слабееш! Најчудната и најефикасната диета доста, така ја окарактеризиираа во емисијата. Мене ми е чудно како всушност функционира....

Ќе ти биде ли тешко тука да ја напишеш?
па ти веќе скоро се кажа :) диетата се сведува на тоа да не внесуваш карбохидрати со исхраната, т.е. тоа внесување да биде минимално.

значи да не се јаде
  • се што има шеќер
  • овошје (содржи овошни шеќери)
  • леб (содржи скроб)
  • пресно млеко (содржи лактоза) (читај подолу кое млеко може)
  • алкохол (не знам зашто али наводно треба да е прв на листата)
  • тестенини
  • пченкарни производи (се од жито, ориз, пченка, хмељ :) ) фала ODBN за подсетувањето
не ми текнува повеќе сега што не смее у меѓувреме ако ми текне ќе додадам.

Е сега за тие работи што може да се јадат. Тоа што се јаде може да го јадеш во неограничени количини, макар да со тек на време почнуваш да губиш апетит. Се препорачува да не се прејадуваш, односно да јадеш до дека не се заситиш. Пример да не се мрцвариш, еј види колку малце ми остана штета е да не се дојадам. е сеа што се јаде
  • Месо (пржено, варено, печено било какво само да се внимава ако му се додават сосови дали содржат некакви карбохидрати)
  • Месни производи (салами, шунки, такви работи али ипак да се внимава, ќе читаш подолу)
  • Јајца (пржени, варени, вапцани :))
  • Зеленчук (се освен морков/компири и тоа со зеленчукот не треба да се претерува, има во него по малку карбохидрати)
  • Мајонез, сенф (ова како безбедни додатоци за со месо)
  • Кашкавал, павлака ( за сирење не сум сигурен )
  • вода (се препорачува да се пие 2-3 литри дневно)
  • лешници, ореви, бадеми
Има некои производи кои се изменети (посебни вкусовим, бои, ароми) па така да секогаш треба да се гледа на пакувањата колку карбохидрати(анг. carbohydrates, гер. kohlenhydrate) содржат. На почеток на диетата(2-3 недели) е дозволено да се внесуват 20 грама карбохидрати. Тие обично ќе ги внесете преку зеленчуци. После тие 2-3 недели дозволено е да се внесува околу 40 грама. Сеа од вас зависи како ќе ги распределите. У таа втора фаза може да почне да се додава во исхраната и по малце овошје и тоа малини или капини али по малце (една рака :)) Има и трета и четврта фаза и Др. Аткинс препорачува така да си се продолжи цел живот со таа 4та фаза и ќе се има секогаш идеална тежина. Луѓе кои имаат некакви болести мора да се консултираат прво со доктор дали смејат да ја држат диетата. Ја не би препорачал да се држи повеке од два месеца. Некако не ми е нормално не знам. али тежина се губи и тоа уште повеке ако спортуваш нешто. Првите 3-4 дена немаат никаков ефект а после телото се вклучува во мод на кетолиза т.е. нема енергија од карбохидрати па почнува да ги разлага мастите. ако само еден ден „претерате“ со јагленохидрати ќе треба повторно нови 3-4 дена за да започне процесот. имајте го тоа на ум ако почнете со диетата. ќе знаеш дека телото ти е во мод на кетолиза по тоа што ќе осеќаш чуден вкус во устата (слично нешто кога нема да си миеш заби :)) али ако пиеш доста вода не би требало да ти смета тоа. (мислам и да не пиеш вода ќе се привикнеш, само што ќе си мислиш дека устата ти смрди а не е така). Со тоа што ќе внесуваш вода, ќе мочаш повеќе па така да полесно ќе можеш да ги исфрлаш нус продуктите од разградувањето на масното ткиво. Мочката ќе има јака арома.

инаку ако некој стварно се нафати да ја држи диетата строго препорачувам да се ископаат што повеќе информации пред да се почне. Можно е многу работи да сум заборавил. На интернет се наоѓаат многу работи а ако имате прашања до мене слободно ;) мислам дека уште ја чувам книгата за диетата у пдф формат па ако има заинтересирани кажете

епа среќно
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Нема смисла. Да не се јаде се што е здраво, а да се јаде тоа што е нездраво - мислејќи на холестеролот!
Имаше и во емисијата критики од некои испитувања. Можеби слабеете, но диетата е неверојатно лоша за срцето!
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
Acid напиша:
Нема смисла. Да не се јаде се што е здраво, а да се јаде тоа што е нездраво - мислејќи на холестеролот!
Имаше и во емисијата критики од некои испитувања. Можеби слабеете, но диетата е неверојатно лоша за срцето!
како шо читав у книгата со диетата го КОНТРОЛИРАШ холестеролот, а не го зголемуваш. да да чудно ама наводно вистинито. точно е дека Аткинс сам умрел од срцев удар али типот сам не си ја држел диетата како што препорачува а и плус тоа умира од срцев после некои 20 години секојдневно јадење на ултра мрсни работи. многу интересен лик е, а умира неверојатно богат од таа негова диета. У Америка има безброј прехрамбени продукти што се др. аткинс сертифицирани, т.е. имаат помали количини карбохидрати.

Не ја фалам диетата (ниту било која диета), најдобро е со спорт да си се одржуваш у форма али ако сакаш резултати побрзо диетата како краткорочно решение не е лоша.
 
Ko shto rekov, dietata e za faci koi se po 400 kila i na koi i taka i taka dokolku ne pocnat da slabeat ke im prsne srceto.
Bese popularna u Amerika dodeka ne pocnaa ispituvanja da izleguvaat na povrsina... ne ke da e vekje tolku popularna, i ziva srekja shto umre, posto nemashe uste dolgo da si go gleda bogatsvoto.
Ne e tocno deka odrzuva holesterol, eden milion ispituvanja pokazuvaat tesko opteretuvanje na srceto. Nemoze ishrana koja e dokazano deka go opteretuva i mu steti na srceto i koja prva se isfrla od ishranata na srcevo bolni da bide dobra dieta.
Neshto mnogu slicno primenuva Zan Mitrev vo Makedonija, megjutoa zelencuk e #1 vo ishranta, a meso i se slicno mora da e vareno, vo nikoj slucaj przeno, i vo nikoj slucaj svinjetina so dzimirinki od strana. Atkinsovata dieta e cist biznis, daj im ti na slonovite da mi prostish da mavaat stake i leb cel den a uz toa da gubat kilogrami, mislis deka ke mislat oni na sopstvenoto srce? Ne mislele in the first place ko stanale 400 kila zashto sea da mislat... zatoa atkins naprai pari kako shto naprai.
Mene licno me fakja strav koga slusam deka lugje ja primenuvaat negovata dieta.

p.s. Umrel zatoa shto ne se pridrzuval - am ako tolku mu e stalo za zdravjeto na lugjeto (cija cel e dietata neli) koj kredibilitet go ima toj, i kako jas da mu veruvam koga samiot ne ja primenuval?
Ne umre samo on od srcev udar, mnogu zavrsija u bolnica, za shto ima indikacii deka e od nacinot na ishrana sleden od atkins.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
OBDN напиша:

нешто си многу многу против диетата немам појма зошто. ова што стално ме цитираш у твоите негативни коментари за диетата го сфаќам како да кажуваш дека јас не сум у право со тоа што го кажувам за диетата. не заборавај дека и јас сам реков дека е добра само како краткорочно решениеи ниеднаш не реков да се јаде само свинско со џмирки. и диетата не е за слонови од 400 кила. мислам барем јас не бев кога ја држев. бев 95 кога почнав завршив со 85 после месец. само со вежбање мислам дека е многу тешко нешто такво да се постигне. тоа што викаш дека милион испитувања покажале дека е штетна не значи ништо пошто има уште милион кои велат дека не е. кои се во право не знам и никогаш нема да знам. само за сега барем ништо не ми е (да чукнам). можда е бизнис диетата али ја кога ја држев не ја осеќав како таква. не знам дали ради фактот што аткинс&цо не добија ни цент од мене или кој знае зошто.
 
OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
другарче напиша:
нешто си многу многу против диетата немам појма зошто. о.
Te citirav tebe posto odgovarav na raboti koi ti gi postavi, a koi ne se samo tvoi ii samo od tebe, tuku ti nekade si gi cital i samo ti ovde gi iznese. Taka da nishto licno protiv tebe i ne go svakjaj licno, ako tvoeto pisanie e citirano, odgovaram na iskazanite idei, bez razlika od kogo doagjaat.
A zoshto imam protiv dietata (mnogu protiv imam dietata) treba da ti e mnogu povekje od jasno, zemajki gi rabotite koi gi iskazav.
Koga se generalizira za neshto nemoze da se pojduva samo od eden licen primer (vo slucajot tvojot) od koj ti miluvash da trgnesh samo zatoa shto ti si ja drzel. Da ti obrazlozam, ako ti si 95 kila neznaci deka toa e univerzalnata brojka koja ja drzat sledbenicite na Atkins.
Atkins e dizajnirana za mnogu krupni lugje, i celta na dietata na pocetok e kinenje na ogromen broj kolicini na kilogrami, za shto e najefikasna, i otamu zaprepastuvanjeto so istata. Atkins ponatamu veli deka prodolzuvanje so istata ishrana ke ja odrzi taa kilaza. Ti si drzel dieta, odreden period i pretpostavuvam deka si se vratil na tvojot sekojdneven nacin na ishrana. E sea, imash lugje koi prodolzuvaat so istata zatoa shto im se dopagja toa da mozat da jadat stake i dzimirinki sekoj den :)
Fakt.
Protiv sum zatoa shto imam citano, i nemam samo citano, imam gledano, imam istrazeno (rabotna zadaca ako te interesira od kade tolku interes, nikad neam drzano nikakva dieta sem sportska) i imam videno so svoi oci, kakvi nagli shokovi kaj nekoi lugje dietata predizvikala. Nemora da citash i znaesh za da skontash deka toa nemoze da bide zdravo, od ednash ti go stavash organizmot samo na edna ishrana koja e polna masnotii... pa toa e bomba.
Edno e ti toa da go napraish ednash za mesec dena, drugo e ti da se izlozish na edna takva dieta podolgorocno, koe groto od lugjeto go pravat. Ako ne podolgorcno togash ednash na nekolku meseci. Mozesh ti kako sakash da se osekjas, i mozebi ne se osekjash u momentot loso i mozda ne vlijae loso, mojata poenta e deka se plasam deka vo idnina moze da bide mngou loso. Koe za mnogu se pokazalo, gugl mavni ke procitash.
Atkins od tebe ne zemal ni dinar, ne si mu ni bil cel da zeme od tebe.
Pazarot na Atkins e od prilika 400 milioni ziteli na severna amerika, dodaj use nekoj evropeec. Ne se parite individualno direktni kolku se edna cela industrija - it's called the meet industry in friendship w/ the fast food and grocery store business. Od Whole Foods, Boston market, safe way, piggly wiglly, publix, windixie, etc. (prodavnici za hrana vo US of A), dodaj gi kanagjanite, i dodaj , Subway, McDonnalds, Wendy's (i site ostanati food chains) i nivnite Atkins odobreni salati, sendvici, pakovani mesa, pijaloci, napolitanki ... etc. etc. Pojasno? Koj lanec, koj biznis - stravotii. Pa ni FDA ne zaostana koja morashe toa da go odobri seto neli... mozes samo da razmislish so se se razmenilo i vo Congress. rabotite funkcioniraat mnogu interesno vo zemji ko ovaa, i toa koj e vo pravo a koj ne e zavisi od mnogu raboti, koi se vodeni pred i se od PARI. Koj Atkins a i mnogu so nego gi napravija, pa od tuka i edna mnogu dobra "pozitivna" marketinska kampanja.
Velish samo so sport ne se namaluva seto toa... i toa kako si vo pravo, ama so taa recenica i toa kako ja podrzuvash mojata poenta a toa e deka Atkins e dizajniran za onie amerikanskite slonovi, 30% od niv t.e. (30 procent obesity rate coece) koi se poise od srekjni da sedat pred televizor cel den, buvaat stake i salati, i po nekoja atkins odobrena napolitanka, i najgolemiot sportski natprevar im e mienje zabi. Give them what they want. Toa e perenje mozok, toa e ekonomijata na ovaa zemja.
Vo makedonija dietata dojde, ko i mnogu shto drugo trulo od ovoj zapad, bez mnogu objasnuvanja. Toa mene mi smeta. Mene me zgrozi toa shto od mene od MKD seuste nekoj naraca Efedra sredstvo za slabeenje, koe ovde FDA so dekret go zabrani zatoa shto imalo smrtni slucai od istata.... vo mkd uste se prodava.
Loso, mnogu loso.
I da go sumiram ovoj ogromen post - po nekoja slucajnost znam mnogu povekje za ovoj slucaj od sto sakam da znam, i imam potreba da go spodelam toa, bidejki iako ne te znam, jas tebe koj i da si, radije bi te videla 95 kila nego li 85 sega na pretpostavuvam mladi godini za da podocna na 50 nemozesh da dises --
Mladi, silni, slabi i snazni bea site onie 160 efedra korisnici koi ja koristea dodeka "ne bea sigurni koj e vo pravo." Ne zaboravaj ovie raboti doagjaat od najdebelata nacija vo svet, cii farmacevstki i prehrambeni kompanii ciljaat samo na pari i ne im cue za zdravjeto na lugjeto... ne smees da goltash se, slikata e mnogu pogolema od edna individua i edno licno iskustvo tamu nekade dolu Makedonija.
baba mi i dedo mi nikogash ne bile debeli, makedonija nikogash ne bila debela, nikogash srcevo obolena previse, nikogash ne zavisela od pseudo doktori na tv za da znaat shto cini a shto ne cini... daj da pocneme da gi prifakjame zdravite raboti koi zapad gi nasol, a ne onie koi od nas stvaraat parameciumi koi zavisat od piluli and fix it quick metodi.
Ne mislam na tebe, i ova ne e licno za tebe, ti si mnogu daleku od potrebata da se stavash na atkins dieta ako jas se prasam. 95 kila.. pa to je bre slang po nekoi drugi standardi.
Pozdrav

p.s. Atkins kompanijava e pred bankrot...farmacevtite i prehrambrenata industrija zaedno so FDA daleku od toa... koj samo kogo spizdel e edno interesno prasanje ;)
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
OBDN напиша:
...Taka da nishto licno protiv tebe i ne go svakjaj licno, ako tvoeto pisanie e citirano, odgovaram na iskazanite idei, bez razlika od kogo doagjaat....
не го ни сфатив лично него го сфатив како да велиш дека не сум у право, никој у никој случај да не пробува да слабее со аткинс. ти тоа шо го викаш држи вода и така али за у Америка. Тука корисниците се (претежно) македонци кои (се надевам) не се у таа група на луѓе од кој аткинс би сакал да профитира. не ме сфакај сега ти мене погрешно, не викам дека не требало да искажуваш мислење или слично него само некако според мене не држеше вода такви агресивни коментари у подфорум здравје, мода и убавина :)
 
Aj ne kontriram vekje... vo podforum zdravje... agresivno ami kako drugacije za neshto za koe sum ubedena deka e NE ZDRAVO za koe znam deka lugjeto ne se dovolno informirani, posto za vakvi rabotime site nie imame tendencija da veruvame vo ona shto sakame da veruvame. Moze gresam, ama ne znaci deka agresivno ne treba da go iznesam mislenjeto, cisto ete lugjeto da go procitaat pa sami neka odlucat shto ke izberat za sebe.
Ne te razbiram jas tebe ic pogresno, si se razbirame nie.
Od zdravje kurtul da ne bidite!
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Иако е женско, за чудо, OBDN е во право.
Аткинсовата диете се базира врз консумирање на протеини, не толку маснотии колку што пишувавте претходно иако одреден минимум е нужен за да се оствари циклусот на чистење на другите маснотии. Значи ти требаат маснотии за да извадиш маснотии. Друга работа, со избегнувањето на јаглехидрати влегуваш во кетонски режим, каде телото во недостаток на јаглехидрати, кои се основни за енергија, ги разградува протеините и маснотиите и со помош на нив ја обезбедуваат енергијата. Од искуства од пријатели, првата недела, 10 дена, човек се чувствува даун, нема сила за за ништо, но после тоа организмот се навикнува и слабеењето започнува.
Лошото во целиов систем е тоа што страда многу црниот дроб, бидејќи му е тешко разлагањето на протеините до аминокиселини и филтрирање на нуспродуктите кои произлегуват од тоа. Така да аткинсовата диета е добар начин да ослабнеш и да заебеш еден од најважните органи.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Во емисијата што ја гледав, наменета за Аткинсоновата диета, имаше испитувања и беше докажано дека воопшто не се случува никаков „кетонски режим“ - односно кетонско „празнење“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom