Па нормално дека имал лошење во желудник, кога на празен желудник пиел кафе и цеден лимон. Нормално е што се осеќал без енергија и сето тоа. Опасно е одеднаш така да се гладува и воопшто, да се гладува толку време, едноставно нема поента да се гладува повеќе од еден ден, секако цревата ќе се исчистат сигурно за толку време. Храната од дебелото црево се чисти за максимум 24 часа. Иначе се согласувам дека не требало одма тоа да го јаде после гладувањето.
Не треба да му се прават шокови на организмот, ако организмот е научен на повеќе од една чаша кафе во денот, или на повеќе шеќери, не може одеднаш да се прекине со тие две работи, затоа што организмот се навикнува и на кафето, и на шеќерите.
Нема зошто да се доведува човек во таква позиција да му паѓа шеќер, да нема енергија, да се опседнува со храна итн. ако сака да си го живее животот, да не мора да мисли цело време на храната. Човек мора во денот да изврши и други активности, сакал или нејќел, освен да мисли само на храна. Најдобро е да не се доведува во екстремни ситуации на гладување или избегнување на некои видови храна, освен ако е (пред)дијабетичар, па сака да проба да не употребува леб, пецива, компири итн, во тој случај е во ред.
Инаку, кај другите луѓе, нема зошто да се доведувате во таква ситуација. Не за друго, него не е одржливо да се биде на одреден режим во текот на повеќе месеци - времето кое е потребно за да ослабе. Vardarecc ко што приметив од други теми е студент кој сака и да ослабе, но истовремено е и хипохондрик и следи некои популарни видеа на интернет кои имаат тенденција да продаваат одредени производи. Нема зошто да го плашите дека ако му било лошо ДОДЕКА 5 ДЕНА ГЛАДУВАЛ сега треба глукоза и железо во крв да си проверува. Да, треба да проверува али еднаш годишно.
Меѓу вегетаријанскиот и кето начинот на исхрана...
Јас сум и против вегетаријанскиот (затоа што така не се добиваат доволни количини на железо, витамин B12, витамин А, витамин Д, омега 3...) и против кето (затоа што така не може лесно да се добие онаа инстантна храна за клетките кога им е најпотребна при поголема физичка/ментална активност-од јаглехидратите. Подолго време му треба на организмот да ја искористи енергијата од мастите, отколку што му треба да ја искористи енергијата од јаглехидратите. Прв извор на храна за клетките се јаглехидратите, потоа се мастите. Освен тоа, кога е човекот цело време на маснотии во храната, тој голем концентрат на енергија, ако не се искористи, почнува да се депонира во масно ткиво, под кожа (дебелина) и во црн дроб (замастен црн дроб). Ако е некој на ваква кето храна затоа мора да прави некое гладување и да не јаде меѓу оброци, за да организмот ги искористи тие залихи од маснотии).
Во врска со додатоците на исхрана, мислам дека до одредена возраст, барем до 40 години, нема потреба да се внесуваат, ако исхраната е умерена од се по нешто. После тоа може да се внесуваат евентуално некои антиоксиданти, меѓу кои се и витамините А, Ц и Е, кои би неутрализирале повеќе слободни радикали. Може да внесуваат и колаген/глукозамин заради трошливоста на рскавицата на зглобови. Ако не внесуваат 2 пати морска риба неделно, би требало да земаат и омега 3.
Пред тоа годиште, не гледам причина зошто би се внесувале додатоци на исхрана, освен ако не се појави некој проблем.