Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.512
Змеј, да не ја тупиме темава, кој сака само да ослаби има милион опции, ако ти е целта само да скиниш килажа (особено колку за здравје) тогаш јас би играл и со вегетаријанска диета од @Psyside.Ако ти кажам дека до пред две недели не вежбав воопшто, а јадев количински по кило и повеќе храна на ден и пак слабеев. Ем лежам, ем не гладувам, ем слабеам. Битна е дигестија, не само да трошиш, не дека е лошо да трошиш.
Ќе го средиш метаболизмот, ќе направиш целосна детоксификација на телото и имунитетот ќе ти биде подобар од што си бил пред тоа, а ќе бидеш полесен од претходно.
Ако сакаш да не изгубиш мускул и да изградиш уште неколку пати повеќе од тоа што си го имал има различни варијации, која е најдобра завииси од повеќе фактори: култура на живеење, обврски, болести, физичка способност и тн, кетото е одлична за да задржиш мускулатура, енергија и да скинеш килограми, али голем дел од луѓето немаат услов да ја држат (прва работа е поскапа отколку само обично намалување на количина на храна, второ е замарање за тие што не готват, трето не секогаш имаш време да зготвиш).
Затоа и пишав погоре, држете диета што ви одговара за подолг период, не држете диета само да скините килажа или диета што ќе ви скурчи уште пред да започните.