Како што кажав претходно , не ми е проблем вежбањето , напротив физички сум многу активен , затоа и скоро сите диети имаа ефект кај мене. И немам исклучено никаква исхрана само ми е распределена , еден вид на храна , во еден ден. Колку што имам читано најмногу треба да не се мешаат компири, месо и леб. Лебот ми е ограничен на минимум, т.е. понекогаш пица во Понеделник , незнам колку има смисла ова , но јас така си го сватив. И шеќер конзумирам преку овошје и мед , а веќе кога мора , кафеав шеќер , не дека е многу подиетален , туку е по здрав. И во право си за начинот на разбирање. Сепак диетата си има и крај , а јас ова си го наметнав како режим, и не ми тешко. Како што кажав кај мене не беа проблем резултатите , бидеќи слабеам скоро со сите диети , само неможам повеќето да си ги дозволам. Говедско , риба... А и кога ќе му кажев на мајка ми , за доручек ова , за ручек она , за вечера нешто трето , и често не добивав тоа што ми треба во прав момент , па има изговори од типот јади сега што има (најчесто мајонез, некои никакви паштети , ајвар...) па за понатаму ќе видиме. Вака се знае денес има тоа. Сабајле готви , и цел ден има. Инаку пак ке повторам , апсолутна секоја храна е опфатена и сите состојки , само се правилно распределени.
И во право си за калориите , нема голема филозофија тука , ама ете голем гурман сум , и јадам многу пати дневно , по многу, па затоа и си ја составив оваа диета , сепак е за мои потреби , ама мислам дека можи и други да се пронајдат тука
Позитивни страни
евтина е
едноставна
нема точно време за оброците
нема количина конкретна
и лесна за припремање
здрава е (внесувате се потребно , нема забранети храни)
Наегативни страни
малку е монотона (цел ден едно исто )
без леб е , и тешко дека ќе се почуствувате сити наеднаш
не е инстант диета , значи видливи резултати по повеќе од месец дена
поздрав Стеф и сите кои читате