Дигитален архив: Компилација на историски извори за Македонците!

Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Второ издание на Светото Писмо : “Пред царот тогаш се беше издигнал Аман, син Амадатов, ВУГЕЕЦ; тој гледаше да му напакости на Мардохеја и на народот негов поради двајцата царски евнуси.“
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Евсевиј Кесариски (263-339) бил епископ на Мавританија и од страна на христијаните често е нарекуван татко на црковната историја.Неговото најважно дело,Црковна историја претставува збир од тематики кои го опишуваат раното христијанство, неговото создавање до 324 година.

Ги споменува исто така Mакедонците. Книга 7, раздел 32, подраздел 14.

Цитат:
There is then in the first year the new moon of the first month, which is the beginning of every cycle of nineteen years, on the twenty-sixth day of the Egyptian Phamenoth; but according to the months of the Macedonians, the twenty-second day of Dystrus, or, as the Romans would say, the eleventh before the Kalends of April.

Превод:
Постои потоа во првата година на новата месечина од првиот месец, што е на почетокот на секој циклус од деветнаесет години, на дваесет и шестиот ден од египетскиот Птоломеј, но според месеците на Македонците, дваесет и вториот ден на Дистер, или, како што Римјаните би рекле, единаесеттиот пред април.

Извор: http://www.newadvent.org/fathers/250107.htm
.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Јосиф Флавиј(39-100 год) е антички еврејски историчар и писател. Автор е на повеќе дела. Во делото ’’против Апион’’напишано околу 93-97 год. На многу места ги спомнува Македонците. Во прилог постирам два дела.

Цитат

For while they were the Grecians and Macedonians who were in possession of this city, there was no sedition raised against us: and we were permitted to observe our ancient solemnities. But when the number of the Egyptians therein came to be considerable, the times grew confused; and then these seditions brake out still more and more: while our people continued uncorrupted. These Egyptians therefore were the authors of these troubles: who having not the constancy of Macedonians, nor the prudence of Grecians, indulged all of them the evil manners of the Egyptians: and continued their ancient hatred against us.

Превод

Кога Грците и Македонците го поседуваа овој град, немаше буни против нас, и не им беше нив дозволено да ги гледаат нашите древни празници. Но кога бројот на Еѓипјаните значително се зголеми, времињата станаа збунувчки, и потоа немири избувнуваа се повеќе и повеќе, додека нашите луѓе останаа некорумпирани. Затоа Еѓипјаните се авторите на овие проблеми, тие не ја имаа константноста на Македонците, ниту внимателноста на Грците,се предадоја на задовоството и сите лоши манири на Еѓипјаните, и продожи нивната древна омраза кон нас.

Цитат

Now we will not brag of our Kings, David, and Solomon: though they conquered many nations. Accordingly we will let them alone. However, Apion is ignorant of what every body knows; that the Egyptians were servants to the Persians; and afterwards to the Macedonians, when they were lords of Asia: and were no better than slaves. While we have enjoyed liberty formerly; nay more than that, have had the dominion of the cities that lie round about us; and this nearly for an hundred and twenty years 20 together, until Pompeius Magnus.

Превод

Сега нема да се фалам со нашите цареви Давид и Соломон, иако тие завладеаа многу народи. Заклучок сами ќе си направиме. Сепак Апион не го знае тоа што секој го знае, дека Еѓипјаните биле слуги на Персијците, и потоа на Македонците кога беа господари на Азија, и не беа тогаш повеќе од робови. Додека ние уживаме слобода како порано, дури повеќе од тоа, имаме власт над градови кои се наоѓаат околу нас, и тоа речиси 120 години додека Помпеј Магнс..

Извори

http://penelope.uchicago.edu/josephus/apion-2.html

http://books.google.de/books/about/Against_Apion.html?id=vtaTmmRT9X0C&redir_esc=y
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Полскиот писател Бартоломеј Папроцки во неговата книга Кралска Градина (Ogród królewski), објавена во 1599 година, за Александар и неговиот татко Филип Македонски запишал:

" Ние, Александар, син на Филип крал на Македонија, назначен монарх, од Натабан најавен како дете на големиот Јупитер(Зевс), владетел на Брахманите, од изгрев до зајдисонце, од исток до запад, од север до југ владетел. Поздрав и благосостојба до истакнатата лоза и јазик на Словените.

Бидејќи ни бевте доследни во вербата, храбри во борбата и наши водачи и јуначки борци, ви доделуваме и слободно ви го даруваме вечно, целиот овој дел од земјата, кој се простира од Север се до јужните граници со Италија, со право, никој да не се осмели да престојува или се спогоди за вашето земјиште, освен вас, а секој странец кој ќе го најдете може да остане ваш роб и роб на вашите поколенија.

Испратено од големата Александрија, нова и основана од нас, основана во Египет каде тече големиот Нил, под заштита на големиот бог Јупитер(Зевс), Плутон(Хад), Марс(Арес) и големата божицата Минерва(Атина). Сведоци за ова дело се Анстелиус Трикотека, нашиот благајник, заедно со другите единаесет кнезови, кои ги назначивме по нашата смрт, како наши сеопшти наследници по светот, со оглед на тоа што ние немаме деца. Година единаесета од нашето владеење. "


Ова е романтизираната верзија на тестаментот на Александар, кој прв го објавил хрватскиот панславист и историчар Винко Прибоевиќ во 1532 година, а покасно се сретнува кај повеќето слависти од Полска и Русија, меѓу кои и Бартоломеј Папроцки.




Во последниот параграф пишува:

" Од овој дамнешен и славен народ произлегле Полскиот и Чешкиот народ, чии што Кнезови и Кралеви во оваа Кралска Градина според овој ред основаа славно кралство (за кое) на кратко ќе спомнам. "


Цел текст:
http://www.dbc.wroc.pl/dlibra/docmetadata?id=2267&from=publication
.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.288
Поени од реакции
15.432
Ова го имаше објавено и Нова Македонија пред 2-3 години


НОВА ЗОРА ОБЈАВУВА СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА

За Ватикан во Македонија живееле Македонци уште во 17 век

Според документите од архивата на Ватикан во Македонија никогаш не живееле Бугари или Срби, туку Македонци. Од документот се гледа дека Ватикан во 1619 година давал стипендии на Македонците кои сакале да студираат.



Голем број на документи во архивите на Ватикан претставуваат впечатливи и интересни сведоштва за Македонија и Македонците во периодот од 1622 до 1644 година, пишува весникот на Македонците во Грција „Нова зора"

Светата столица во 1619 година доделувала стипендии на Македонците за да студираат на колеџот во Лорето (College of Loreto), основан во 1580 година. Во 1619 година епископ од Далмација бил задолжен од Папата Пол V да додели места на колеџот за Срби, Бугари и за Македонци.

Во документите на тој колеџ до денес постојат пријавите во кои студентите од Македонија се запишувале како Македонци. Во 1620 година во Лорето студирале тројца Македонци кои добиле стипендија од Ватикан.


Овие документи денеска се отворени за истражување.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/za-vatikan-vo-makedonija-zhiveele-makedonci-ushte-vo-17-vek
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.288
Поени од реакции
15.432
Граѓанската војна во Грција во австралискиот печат 1946-1948

На 14 август 1947 САД ја спроведува резолуцијата донесена во Советот за безбедност на ОН дека ќе ѝ помогне на грчката влада од претстојната опасност. Првите американски бродови полни со оружје и друга воена помош за грчката војска веќе пристигнале во Солун.



Се проценува дека во денешна Австралија живеат повеќе од 100.000 Австралијци од македонско етничко потекло. Постојат и други податоци во македонската заедница, според кои бројката е поголема од 200 илјади.

Голем дел од овие жители пристигнаа во еден масовен егзодус, по Граѓанската војна во Грција 1946-1949, кога илјадници етнички Македонци беа прислени да ги напуштат своите родни огништа и да ја бараат својата судбина во прекуокеанските земји.

Што тогаш читаа и што знаеја Австралијците за грчката Граѓанска војна, претставуваше предизвик за мене. Одговорот го побарав во државната библиотека во Перт, една од најстарите и најубавите во Западна Австралија.

Со само влегување во библиотеката нестрпливо влегував во просторија со микрофилмуван материјал и со таков ентузијазам ги поминав сите снимени страници, сè додека не дојдов до броевите од 1946 година, кога почна една од најголемите и најтрагичните епизоди од поновата историја на македонскиот народ.

Познато е дека Граѓанската војна во Грција имаше голем одглас во јавноста во Европа и Америка, но и одгласот во Австралија бил мошне голем. З тоа свој придонес имаа бројните специјални дописници на европските весници од самото воено боиште во Беломорскиот дел на Македонија. Сите овие вести во Австралија ги пренесувала новинската агенција Ројтерс.



Првите вести за почетокот на Граѓанската војна

Во 1945 и 1946 речиси сите австралиски весници објавуваат главно кратки вести за немирите во Грција. Еден од најинтересните написи што го објави весникот The New West Australian го појаснува целото македонско прашање, е позајмен од британските весници на 22 септември, под наслов Федерален систем. Во него пишува дека „во изминатите 30 години Македонија секогаш била главно место за борба за превласт помеѓу српските и бугарските националисти, но сега Македонија има статус на држава и сопствениот народ се признава како посебна нација".

„Оваа нова политика е доказ за конструктивниот обид за решавање на македонското прашање кое досега донело три војни на Балканот и продолжено угнетување на македонскиот народ", пишува весникот The New West Australian. Во истиот напис се подвлекува дека во новата југословенска федерација, Словенија и Македонија се посебни нации со свои различни јазици и дека Македонците, по 30 години угнетување од страна на Белград и Софија, се премногу чувствителни на какво било мешање однадвор против нивниот етнос и дека развојот на македонската нација на Балканот е во полн ек.

Еден од водечките австралиски весници Тhе Sydney Morning Herald кој се печати во Сиднеј, во најавата за ситуацијата во Грција пишува дека во ноември 1946, грчката војска се мобилизира поради постојните битки во Македонија и дека гувернерот за Северна Грција (читај: Македонија), со министерот за одбрана, М. Драгоумис допатувале во Северна Грција за од прва рака да ја разгледале ситуацијата со започнатите партизански активности, бидеќи телеграфската комуникација со Македонија била саботирана од страна на партизаните.

Во истиот весник се јавува и за грчкиот меморандум испратен до Обединетите Нации во Нјујорк, во кој грчката Влада ги обвинува Југославија, Албанија и Бугарија за 33 инциденти што се случиле на грчката граница помеѓу 9 и 19 септември 1946. Од сите страни ситуацијата заслужува сериозно разгледување, бидејќи вооружени чети на автономистите со помош на Е.Л.А.С (Народно-ослободителна Армија на Грција) се со цел да ја зацврстат цела грчка Македонија, вклучително и Солун како независна и самостојна македонска држава.

Весникот The New West Australian на 21 ноември 1946 известува дека герилците /партизаните по тешки борби со грчката војска, ослободиле повеќе од 100 села во областа Гревана и прогласиле „слободна зона". „Фактот дека востанички весници се печатат во оваа зона и дека се собирале даноци од населението е доволен доказ со каква намера биле овие востаници", пишува весникот.

Изгледа токму тоа ја плашеше тогашната грчка влада и во Солун допатува што поскоро грчкиот премиер М. Цалдарис и пред илјадници народ изјавил дека дошол на македонското население да му ги пренесе поздравите од Кралот, кој иако бил надовор од земјата, никогаш не си ја заборавил саканата Македонија. „Ние мора интензивно да работиме против оние анархисти, бидеќи токму тие сакаат да ја искористат приликата за да се добилижат на Егејското море", рекол премиерот Цалдарис.

Во истиот весник, на 7 јануари 1947, се наведува податок позајмен од британските весници од незнаен новинар, дека во Грција, како и во другите балкански држави, политичкиот живот е ограничен со меѓународни прописи и дека во последните 9 месеци во Македонија и Тракија, движењето на Македонците се засилува, бидеќи, како што вели самиот автор, претходно тој лично ги прошетал Македонија и Тракија и бил убеден дека силите на движењето биле 4.000 партизани. Во јануари 1947 силите броеле повеќе од 7.000 партизани и причините за ова значајно зголемување на бројноста на партизаните на ЕЛАС, била во негативната реакција на народот против репресивните мерки што ги презела Владата, затоа што се сомневала дека населението во Македонија им помагало на едниците на ЕЛАС и дека во селото Вапсори, блиску до Костур, како што пишува весникот, „во почетокот на ноември минатата година се ооформил комитет во состав од три членови на СНОФ (Словенски Народно ослободителен Фронт) и три членови на грчката Комунистичка партија".

Во своите партизански акции СНОФ е со барање за автономна Македонија, што предизвика и големи внатрешни расправии и проблеми во самата грчка Комунистичка партија во која има и противници за какво било македонско автономно движење, пишува незнаениот британски автор.

Област Слободна Македонија

На 25 јули 1947 во сите австралиски весници се пишува за областа "Слободна Македонија". Единиците на ЕЛАС се подготвуваат за ослободување на територија од Коница до Мецово и северно до Гревена, Костур и Лерин. Комунистичкиот весник Ризоспастис, според весникот The New West Australian, јавува дека седиштето на новата влада во оваа област требало да биде во близина на Скопје, од каде т.н слободна влада би можела да избега ако се појави потреба. Во тој момент се користела и новата радио станица наречена „Слободно македонско движење", пишува истиот весник.

Како една од од најударните надворешно-политички вести, грчката Граѓанска војна се појавува и во весникот The Daily News кој објавува напис под наслов „Востаничка Влада“. Во текстот пишува дека комисијата на ОН заминала од Солун за Коница за да ја разгледа ситуацијата и се поставува прашањето за признавање на новата револуционерна влада на генералот Маркос. По патувањето на самите боишта, комисијата на ОН на чело со полковникот Константинос Влахос им препорачува на ОН дека не треба да се признае владата на Маркос, бидејќи тоа било движење насочено против една демократска влада на земја која е членка на ОН и признавањето би претставувало опасност за меѓународниот мир и поредок.

Американска помош

Весникот The West Australian пишува дека на 14 август 1947, САД ја спровела резолуцијата донесена во Советот за Безбедност на ОН дека ќе ѝ помогне на грчката влада од претстојна опасност. Првите американски бродови полни со оружје и друга воена помош за грчката војска веќе пристигнале во Солун. Истиот ден, веднаш по прес-конференцијата на директорот на американската мисија за распоредување на оваа помош, се собрале дури осуммина уредници на тогашните весници кои се издавале во Солун во тоа време, и сите биле едногласни дека мешањето од, како што велат тие, „словенските држави на север", била главната причина за тогашната состојба во Грција. Како и дека истите тие држави им давале помош и засолништво преку границата на повеќе од 15.000 востаници и дека со новата американска помош, истите ќе биле имобилизирани во наредните три месеци, заклучува весникот.

Весникот се повикува на изјавите на тогашните грчки весници што се издаваа во Солун, кои заклучувале дека ако не било ова востание, тие ќе ја направеле Македонија – „Мала Калифорнија" без англо-американска помош и дека тоа се покажало во дело, кога по доселувањето на 1,5 милиони грчки бегалци од Мала Азија во 1922, тие за само три месеци живееле многу добро во Македонија. На 5 јануари 1948 сиднејскиот весник The Sydney Morning Herald јавува дека американската морнарица испратила незнаен број маринци и воeни бродови на Медитеранот како доказ за американската помош на грчката влада, против тогашните востаници кој беа наречени комунистички.



Каде сте Македончиња

Во пролетта 1948 австралиските весници почнуваат да јавуваат за децата-бегалци и на 4 март 1948 весникот The Sydney Morning Herald, под наслов „Востаниците ги земаат децата“ пишува дека грчката влада протестирала до балканската комисија при ОН, поради насилното грабнување на 7.000 деца од 59 села на возраст од 3 до 14 години кои биле испратени во социјалистичките земји. Истиот весник на 12 март 1948 пишува: „Грчкото востаничко радио јавува дека многу грчки родители си ги предале своите деца затоа што сакале да ги спасат од очекуваната смрт и повеќе да се концентрираат на напорите во војната".

Со силни обвинувања дека насилно биле грабнати малите деца, грчката влада оди дури и во ОН, тврдејќи дека Романија, Бугарија, Чехословачка, Полска, Унгарија и Албанија биле виновни за вакво грабнување, пишува австралискиот печат во март 1948. ОН одговорија со испраќање на своја комисија за да ги разгледа овие сериозни обвинувања од грчката влада, пишува весникот. Според The Sydney Morning Herald комисијата на ОН била составена од британски, француски и бразилски делегати и во еден друг напис се подвлекува дека го посетила селото Лефки (Костурско) веднаш до албанската граница и дека ова село, како и многубројните други села во околината, е населено од припадници на (словенско) жители од македонско говорно подрачје, чија лојалност кон грчката држава била доведена во прашање.

Македонскиот народ во својата долговековна историја поминал низ многу тешки и сурови времиња и ги надживеал безбројните царства и окупатори, но покрај Балканските војни од 1912-1913, Граѓанската војна во Грција претставува една од најтрагичните епохи во поновата историја за нас Македонците.

Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија во Австралија
http://www.mkd.mk/kolumni/grchkata-gragjanska-vojna-vo-avstraliskiot-pechat-1946-1948-0[DOUBLEPOST=1409523014][/DOUBLEPOST]БУГАРСКИТЕ РАДИКАЛИ ВО СТРАВ
Вартоломеј ја признал македонската нација и црква
31 август 2014 - 18:37
Бугарските историчари и националисти се кренаа на нозе откако цариградскиот патријарх се согласил на снимање филм за светите Кирил и Методиј во кои се зборува за македонска нација, а не се споменува дека тие имаат врска во Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми


Според бугарските медиуми, Вселенскиот патријарх одобрил продукција на филмови за светите браќа Кирил и Методиј кои во сценаријата се водат како Македонци, а не Бугари на што се жалат дел од бугарските историчари.
Првиот човек во православието, Вартоломеј, ставил свој потпис на проектот на чешката национална телевизија и студиото Барандов од Прага коишто го продуцираат филмот „Кирил и Методиј Славјански апостоли" којшто е правен по примерот на документарните филмови на Би Би Си, а се снима во чест на 1.150 години од Моравската мисија, оваа информација вознемирила дел од бугарската научна јавност.
Бугарските историчари се лути затоа што во филмот воопшто не се споменува бугарската нација при што се зборува за заговор и таканаречена „Чешка врска" која што е насочена против Бугарија. Во неа се става и еврокомесарот Штефан Филе којшто постојано ги одбивал бугарските наводи за кражба на бугарска историја и ја поддржувал Македонија на патот до членство до ЕУ.
Во сценариото за филмот на којшто ставил параф патријархот Вартоломеј стои дека чешкиот проект е замислен како паневропски и претставува историски факти и настани коишто ги засегаат неколку нации како Полјаците, Русите, Македонците, Србите и Грците при што се изоставуваат Бугарите. Вака поднесеното барање за благослов било без проблем поддржано од архиепископот на Константинопол, новиот Рим и вселенски патријарх, што според дел од бугарските извори е драстична промена и може да се смета дека Вартоломеј на овој начин кој претходно не ја признавал македонската нација и црква сега го менува ставот за постоењето на засебна од грчката македонска нација.
http://vecer.mk/makedonija/vartolomej-ja-priznal-makedonskata-nacija-i-crkva
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.288
Поени од реакции
15.432
Според Стратфор во северниот дел на Грција се зборува на македонски јазик

Влијателниот американски тинк-тенк институт за геополитика Стратфор објави мапа на јазиците во Европа. На оваа мапа јасно е означено дека во голем дел од северниот дел на Грција се зборува македонскиот јазик.



Во Македонија е обележано дека во мал дел од земјата, во северозападниот дел, се зборува албанскиот јазик.


Се разбира, ова веднаш предизвика вистинска војна од коментари на Фејсбук страницата на Стратфор, каде, кој друг,ако не Грците се најжестоки незадоволни од ваквото јазично обележување на северниот дел на нивната земја.
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/spored-stratfor-vo-severniot-del-na-grcija-se-zboruva-na-makedonski-jazik
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Ова е обид да не задоволат со коска, море со ковче... Демек “еве овој дел е ваш, тука се зборува македонски, и не барајте повеќе...“
А македонските етнички граници се многу поголеми од ова парченце територија.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.288
Поени од реакции
15.432
Самоиловото царство не било бугарско, велат византолозите
Царот Самоил и неговите браќа се одметнале од Бугарската држава и подоцна, откако Бугарите останале без своите водачи кои завршиле во Цариград, се приклониле кон Самоил во спротиставувањето на Византиската империја.
24.09.2014 17:46:06
Share on facebookShare on twitterShare on emailShare on printMore Sharing Services1

Царот Самоил и неговите браќа се одметнале од Бугарската држава и подоцна, откако Бугарите останале без своите водачи кои завршиле во Цариград, се приклониле кон Самоил во спротиставувањето на Византиската империја. Затоа, не може Самоиловото царство да се смета за бугарско, рекоа македонските византолози на денешната научна трибина што се одржа во Ресен, посветена на илјада годишнината од смртта на царот Самоил и на Битката кај Беласица.

-Изворите велат дека Самоил и неговите браќа замислиле одметништво после смртта на бугарскиот цар Петар.Тој умрел на 30 јануари 969 година. Значи, тие се одметнале од Бугарската држава и создале посебна држава. Тоа што бугарските историчари во овој дел на изворите сметаат дека е уфрлен, не е точно. Самоиловата држава не настанала како резултат на отцепување од Византија, туку како резултат на отцепување од Бугарската држава. Тоа е вистината, а тоа што некој сака да ја исполитизира, тоа е друга работа- вели византологт професор д-р Александар Атанасовски.

Учесниците на научната трибина добија силна поддршка од организаторите, локалната самоуправа на Ресен, за оваа иницијатива со која се прават обиди, научно да се расфетлат повеќе историски факти, дилеми и контроверзи што лебдат околу Самуиловото царство.

-Земаат учество бројни експерти од областа на историските науки во Република Македонија, врвни стручњаци од оваа област. Ќе бидат презентирани голем број на научни трудови со кои ќе се обидат да одговорат на дилемите што ги поставува историјата- рече ресенскиот градоначлник м-р Ѓоко Стрезовски.

По повод милениумското одбележување на смртта на Цар Самоил во Ресен, вечерва ќе се одржи и свечена академија, а во текот на идниот месец, со научен симпозиум во Струмица, историчарите и византолозите ќе ја продолжат дискусијата за историските настани од тој период.


Петар Стефановски

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=82685#.VCMb-8WSwrU
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.252
Поени од реакции
30.519
Знае некој да ја преведе сликава?

Не можам да најдам точно која година е, сигурно е периодот крај на 19 век и почеток на 20 век. Но интересно е што јасно се гледа MACEDOINE. Можеби сликава алудира на Илинден?
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Лево ќоше е "Неговиот сон" ,десно ќоше "Неговиот кошмар".
Чичето е Абдул Хамид.Најверојатно Абдул Хамид II.
 
Последно уредено од модератор:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Знае некој да ја преведе сликава?

Не можам да најдам точно која година е, сигурно е периодот крај на 19 век и почеток на 20 век. Но интересно е што јасно се гледа MACEDOINE. Можеби сликава алудира на Илинден?
This is an antique colour propaganda postcard of Turkey. It shows a beautiful caricature of Sultan Abdul Hamid Khan II (1848-1918), Emperor of the Ottomans who is dreaming. This postcard was published by P.L., Paris in about 1906.

Лево ќоше е "Неговиот сон" ,десно ќоше "Неговиот кошмар". Чичето е Абдул Хамид.Најверојатно Абдул Хамид II.

Се работи за младотурската револуција која започнала од Македонија предводена од третиот солунски корпус кому се приклучиле сите народи од Македонија и пошироко, создавајќи муслиманско-христијански одреди кои го опколиле Истанбул.
Абдул 2 се обидувал да ја загуши револуцијата во Македонија (неговиот сон) но никако не успевал, поради пропаднатите реформи и младотурската револуција тој хронично се плашел дека ќе заврши наденат на колец како во неговиот кошмар.

..
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Некои од Македонците од Мала Преспа во современа Албанија кои емигрирале во Австралија во 1920тите и 1930тите години.

1). Иљо Коли
Сопруга: Мина
Ќерка: Викторија
Син: Цветко
Село: Шулин
Пристигнал во Перт во 1938 година.
Националност: Македонец (Macedonian)

http://www.naa.gov.au/






2). Нестор Коле
Роден во 1888 година во село Глобочани.
Пристигнал во Австралија во 1928 година и станал државјанин на Австралиа во 1937 година.
Починал во 1971 година.

I, NESTOR KOLE, of Macedonian Nationality, born at Glombohana, Albania, resident in Australia 8 and a half years, now residing at Miling, W.A., intend to apply for naturalisation under the Commonwealth Nationality Act, 1920-30.

(The West Australian newspaper, (Perth, WA), Wednesday 16 June 1937)

(The Western Mail newspaper (WA), Thursday 17 June 1937))


upload_2015-11-11_23-11-27.png [DOUBLEPOST=1447303778][/DOUBLEPOST]

3). Димитар Кочов, роден во егејскиот дел на Македонија, отпатувал за Австралија во 1927 година со грчки пасош. На австралиските погранични власти во Фримантл (во западниот дел на Австралија) им рекол дека неговото родно место е Македонија, а не Грција.

Грчките власти во пасошот го запишале како Димитриус Антониу Константину (Dimitrios Antoniou Konstantinou), но кога пристигнал во Австралија, тој си го ползувал македонското име и така официјално се регистрирал.

Конкурирал за австралијанско државјанство и јавно декларирал во весникот The West Australian (Perth, WA) во вторника, 14 јуни, 1932 година дека по националност е Македонец, роден во Кономоплати, Македонија:

http://trove.nla.gov.au/ndp/del/article/32663050?searchTerm=kochoff&searchLimits








 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Некои од Македонците од Мала Преспа во современа Албанија кои емигрирале во Австралија во 1920тите и 1930тите години.
...
Трејлер за новиот филм „Македонец“ ...

https://youtu.be/Xt4tDCYAULI

"Makedonec" e dokumentaren film za Mito Aleksowski i Deca Begalci od Egejskata Makedonija vo Polska. Film bese napraven vo 2013 g. vo Polska.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom