Јас мислам дека твојата другарка постапува исправно со оглед на тоа да не се побркаат имињата кои се исти(идентични)на нејзиниот дечко. Тука во Германија секогаш се употребува изразот: "Меin Mann" или "Mein Freund" а при тоа се мисли-„Мажми„ или „Мојот дечко„. Така да нема забуна дали се работи за некој пријател, другар или колега, туку конкретно се однесува за нејзинот маж или дечко.Кога разговарате во друштво и притоа го споменувате вашиот дечко или девојка, дали го кажувате неговото/нејзиното име или пак едноставно кажувате - дечко ми/девојка ми?
Имам една другарка која секогаш кажува "дечко ми" иако сите добро го знаеме кој е и како се вика и практично е во наше друштво откако се заедно, а таа пак си продолжува дечко ми, дечко ми... или да се плаши да и го украде некој или пак се фали дека има дечко
Нормално е на почетокот од врската кога никој не го познава или пак никој од друштвото не слушнал за него да се кажува дечко ми, се додека не го запаметат, ама нон стоп да се вика дечко ми, тоа е веќе смешно.
Кој е вашиот став?
Кој е вашиот став?[/quote]