Сум барал и на нет,сум видел и луге кои пробуват со бакарни прачки со некаков висок али без успех Поз и секое добро
Тие се викаат "магични прачки" и се голема глупост,шансата да најдеш подземна вода со нив е 10% или ич,единствено може на среќа да ти се погоди да најдеш.
Подземна вода најсигурно тие да најдеш со хидрогеолошки испитувања,но прво треба да најдеш некој белег дека на тој терен можно е да има подземна вода,за да не испитуваш за џабе.
Некој од тие белези се:
1.Рано на утро со доближување на увото до земјата можеш да го слушнеш шумолењето на подземната вода која тече,во денешно време се користат посебни апарати како стетоскопи, акустели или други разни детектори за звук.
2.Кај шо има подземна вода снегот на теренот се топи побрзо одколку на другите места,бидејќи подземната водата има повисока температура од воздухот.Ова се јавува на пролет.
3.Кај што има подземна вода се наоѓаат разни животни(жаби,црви..итн) и растенија кои успеваат на влажни места.Најчесто овие подземни води се доста блиску до површината на земјата.
4.Кај што има подземна вода при изгрејсонце и зајдисонце се забележува испарување од почвата.
Доколку констатираш дека има подземна вода на некое место, потоа треба да извршиш дополнителни испитувања.Да видиш колкаво количество на вода има,на колкава длабочина се наоѓа водонепропусниот слој од почвата,колку е дебел водопропусниот слој,дали е добар квалитетот на водата ...итн.Тие испитувања се вршат со пробни бунари.
Со цени не сум запознаен,воа го знам оти пред 3 недели полагав колоквиум по Водовод, па ми останало нешто во сеќавање.