- Член од
- 23 јануари 2012
- Мислења
- 885
- Поени од реакции
- 912
Затворите се создадени за криминалците и се симбол кој треба да ги потсетува луѓето дека ако направат нешто лошо – ќе бидат дел од него. Ова се најлошите затвори во светот, рангирани според условите за живот и човековите права кои се прекршуваат.
10. Флоренс Супермакс Фасилити (Колорадо, САД)
ADX Florence Supermax Facility е федерален затвор лоциран во Колорадо, САД. Во него се затворени најлошите меѓу најлошите криминалци во САД. Затворот има најстрога контрола и капацитет од 490 затвореници. Во затворот се наоѓаат најопасните банди на светот, а секоја ќелија има кревет направен од бетон и тоалет. Прекарот на овој затвор е „Чистата верзија на пеколот“.
9. Гвантанамо Беј (Куба)
Ова е воен затвор на САД во кој се затворени припадници на Ал-Каеда од Авганистан. Затворениците се мачат физички, сексуално и на други „креативни“ начини смислени од армијата на САД.
8. Банг Кванг (Тајланд)
Во овој затвор престојуваат затвореници осудени на долгогодишни казни. Затворениците се третирани брутално – им се дава ограничена храна, се изгладнуваат, а доколку сакаат повеќе мораат да им ја платат храната на чуварите.
7. Форталеза де Сан Карлос де ла Кабана (Куба)
Овде затворениците се третираат на прилично нехуман начин – нивните ќелии се толку мали што човек одвај може да седне во нив. Затворениците се тепаат со метални прачки, а доколку направат некој проблем често можат да бидат и застрелани.
6. Драпчи (Ласа, Тибет)
Криминалците овде се тепани толку брутално, а можат да бидат застрелани и дури доколку му се обратат лошо на стражарот.
5. Ла Сабанета (Венецуела)
Еден од најбруталните и најлоши затвори во светот во кој се чуваат 25.000 затвореници, иако капацитетот му е планиран за 15.000. Поради преполнетоста, затворениците постојано се тепаат меѓу себе, а убиствата се секојдневие.
4. Дијарбакир (Турција)
Затворениците се изгладнуваат, се мачат физички, а чуварите се изживуваат со затворениците играјќи си лажен суд и изрекувајќи им смртни казни со бесење. Бесењето не е дел од играта, туку е вистинско.
3. Тадмор (Сирија)
Тадмор е лоциран во пустинa и е познат по екстремните услови, физичката тортура и бруталноста. Чуварите убиваат од забава и ги сечат телата на убиените затвореници. Тадмор бил затворен во 2001-ва, но повторно е отворен минатата година.
2. Кван Ли Со Но (Северна Кореја)
Овој затвор не е наменет само за мажи, туку и за жени, деца и доенчиња. Тортурата и нехуманите активности не се наменети само за мажите и жените, а се применуваат и на децата и на бебињата. Болно. Дури и жените кои треба да се породат се измачуваат и не им се дозволува да врискаат. Бебињата се оставаат со лицето надоле додека не умрат, а доколку преживеат ќе страдаат од условите од кои страда и нивната мајка.
1. Гитарама (Руанда, Африка)
Во овој затвор, четворица мажи делат еден метар квадратен и се толку натискани што дури и мртвите тела не се вадат надвор со години. Иако затворот е предвиден да има капацитет од 500 затвореници, во него се чуваат 6.000. Затворениците се изгладнуваат додека не почнат да се гризаат едни со други за да преживеат. Ова е најлошиот затвор во светот во кој највеќе се кршат човековите права.