Десет најлоши затвори на светот

Член од
23 јануари 2012
Мислења
885
Поени од реакции
912
Затворите се создадени за криминалците и се симбол кој треба да ги потсетува луѓето дека ако направат нешто лошо – ќе бидат дел од него. Ова се најлошите затвори во светот, рангирани според условите за живот и човековите права кои се прекршуваат.
10. Флоренс Супермакс Фасилити (Колорадо, САД)

ADX Florence Supermax Facility е федерален затвор лоциран во Колорадо, САД. Во него се затворени најлошите меѓу најлошите криминалци во САД. Затворот има најстрога контрола и капацитет од 490 затвореници. Во затворот се наоѓаат најопасните банди на светот, а секоја ќелија има кревет направен од бетон и тоалет. Прекарот на овој затвор е „Чистата верзија на пеколот“.
9. Гвантанамо Беј (Куба)

Ова е воен затвор на САД во кој се затворени припадници на Ал-Каеда од Авганистан. Затворениците се мачат физички, сексуално и на други „креативни“ начини смислени од армијата на САД.
8. Банг Кванг (Тајланд)

Во овој затвор престојуваат затвореници осудени на долгогодишни казни. Затворениците се третирани брутално – им се дава ограничена храна, се изгладнуваат, а доколку сакаат повеќе мораат да им ја платат храната на чуварите.
7. Форталеза де Сан Карлос де ла Кабана (Куба)

Овде затворениците се третираат на прилично нехуман начин – нивните ќелии се толку мали што човек одвај може да седне во нив. Затворениците се тепаат со метални прачки, а доколку направат некој проблем често можат да бидат и застрелани.
6. Драпчи (Ласа, Тибет)

Криминалците овде се тепани толку брутално, а можат да бидат застрелани и дури доколку му се обратат лошо на стражарот.
5. Ла Сабанета (Венецуела)

Еден од најбруталните и најлоши затвори во светот во кој се чуваат 25.000 затвореници, иако капацитетот му е планиран за 15.000. Поради преполнетоста, затворениците постојано се тепаат меѓу себе, а убиствата се секојдневие.
4. Дијарбакир (Турција)

Затворениците се изгладнуваат, се мачат физички, а чуварите се изживуваат со затворениците играјќи си лажен суд и изрекувајќи им смртни казни со бесење. Бесењето не е дел од играта, туку е вистинско.
3. Тадмор (Сирија)

Тадмор е лоциран во пустинa и е познат по екстремните услови, физичката тортура и бруталноста. Чуварите убиваат од забава и ги сечат телата на убиените затвореници. Тадмор бил затворен во 2001-ва, но повторно е отворен минатата година.
2. Кван Ли Со Но (Северна Кореја)

Овој затвор не е наменет само за мажи, туку и за жени, деца и доенчиња. Тортурата и нехуманите активности не се наменети само за мажите и жените, а се применуваат и на децата и на бебињата. Болно. Дури и жените кои треба да се породат се измачуваат и не им се дозволува да врискаат. Бебињата се оставаат со лицето надоле додека не умрат, а доколку преживеат ќе страдаат од условите од кои страда и нивната мајка.
1. Гитарама (Руанда, Африка)

Во овој затвор, четворица мажи делат еден метар квадратен и се толку натискани што дури и мртвите тела не се вадат надвор со години. Иако затворот е предвиден да има капацитет од 500 затвореници, во него се чуваат 6.000. Затворениците се изгладнуваат додека не почнат да се гризаат едни со други за да преживеат. Ова е најлошиот затвор во светот во кој највеќе се кршат човековите права.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
боже боже па добро ако е затвор незначи дека треба да се изљивљава некој со туѓите животи да му ..... матер. - П.С и голи оток бил затвориште на времето имаше еднаш на КОД опишуваа како било таму и што све правеле затворениците. страшна работа у пм.
 
Член од
23 јануари 2012
Мислења
885
Поени од реакции
912
Не ми е јасно само како може во Турција и САД да има такви работи во затвори и да не ги почитуваат човековите права (n)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Не ми е јасно само како може во Турција и САД да има такви работи во затвори и да не ги почитуваат човековите права (n)
Tие користат еден збор за таквите појави - демократија :sick:
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Не ми е јасно само како може во Турција и САД да има такви работи во затвори и да не ги почитуваат човековите права (n)
За Турциве ај,ама Америве те чуди ? па види ги што прават со Балканов,и со муслиманите во Авганистан,Ирак и тие таквите земји,ништо не е ова,на туѓи територии тие ги кршат правата,не па за кај нив каде што они се државата.Не дека овдека не се,ама ај...
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.801
Поени од реакции
2.600
Според ова,Идризово е мачкина каша во споредба со другиве затвори,а ?
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.662
Поени од реакции
4.730
Idrizovo e beter od site ovie .
Duri i izveshtaj ima deka Idrizovo e beter od zatvorite vo Juzna Afrika za vreme na aparthejdot.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во средниот век, било вообичаено за многу казниви дела да се казнува со осакатување на осудениот. На пример за ова дело се сечела рака, за она дело се вадело око и тн. Гледајќи ги ове слики, се прашувам дали е похумана сегашноста или минатото.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.163
па не се оди во затвор ради заслуги за општеството, туку дека се огрешил нешто.
мислам за нормални држави а не за диктатури или режими некој.
ама во секој случај не треба да биде пријатно.
за да не му текни уште еднаш.
и нормално тешка физичка работа. да не те рани државата џабе и тоа со наши пари.
а инаку тепање, сакатење малтретирање не, и јас сум против тоа.
но работа од утро до мрак е тоа сигурно. не за друго да видат лебот како се вади. башка ке бидат премногу уморни да прават беља и да им мава умот на други работи.
ова се разбира за кривични дела, за прекршочни не зборам. тоа е сосем нешто друго.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Испаѓа првиот најдобар :sick:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Кога е некој спремен да убие,ограби,силува итн. треба да биде спремен и на казната.Во овие држава пред да ги прекршиш законите треба добро да размислиш за последиците што следуваат ако бидеш откриен.Не сум за малтретирање,осакатување на затворениците но за тешка работа од сабајле до вечер од мене имаат палец нагоре.Кога државата ги рани а они му наштетиле на некој тогаш нека се помачат да го заработат лебот.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Од апспект на здравствена заштита Гвантанамо има подобри услуги него ли во болниците во Америка, кои просечниот Американец не може да си ги дозволи. Кој го гледал документарецот на Мајкл Мур знае што зборам
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.609
Поени од реакции
11.153
Едино тоа со децата и бебињата не у ред според мене, неможе штотуку родено дете да се остава да умре до смрт заради делата на неговата мајка.
Другите кој ги ебе, сигурно не се у најстрогите затвори поради хуманитарни достигнувања.
 
Член од
8 април 2012
Мислења
116
Поени од реакции
95
Eeee, najtragicnoto e toa sto ni nivnata majka ni tatko imaat nekakva vina. Gledan malku na you tube, pisi north korea i ke vidis deka tamu nema napustanje na drzavata, nema pasosi i setanje. I ako nekoj uspee ne nekoj nacin da izbega od drzavata, mu ja sobiraat cela familija, brajka sestri roditeli babi strini vujkovci dedovci bratucedi i site ako po nekoja srejka ne gi strelaat, gi prajkaat vo toj gradot nesto kako ogromen koncentracionen logor i za tamu velat nema povejke nadvor nikogas, ni za deca ni za pokolenija, ete taka se izzivuvaat so niv kako vo pogore opisanoto za severna korea. A se prajkalo tamu i samo ako nekoj reci na vlastite deka si rekol nesto loso protiv nivniot drag lider, uzasi covece!, pekol!, kako dotolku tie diktatorite mozat da bidat satani samo za pusta vlast!
 

/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
Затвор како затвор, би требало да има строга дисциплина ама не до толку екстремни граници како некои од примерите погоре. За разлика од овие , во Швајцарија , Холандија и слични на нив има затвори-хотели , значи буквално хотел, совршено уредување , исхрана , слободни активности и т.н ама и овие не се добри , поради тоа што создаваат преголем простор за вршење на кривични и прекршочни дела.
И не се жалете многу за Идризово бидејќи е далеку од најлошото, можеби хигиенските услови не им се до крај средени ама освен тоа не сум слушнал за некакви секојдневни физички малтретирања и тортури од страна на чуварите. Напротив секој втор затвореник може да ги поткупи , најчесто ги осудуваат на максимун 4-5 години затвор , а после од коа ќе излезат некои од нив имаат стекнато и "нови пријателства".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom