Се депилирам со топол восок, се навикнав веќе на нозе не ме боли ич. Е сеа имам проблем што после последнава депилација ми излегоа многу поткожни, па не знам како да ги средам. Прочитав на претходната страна со пилинг, па ќе пробам деновиве. И ако може да ми препорачате некој депилатор, ја се двоумам меѓу Филипс и Браун, вие што мислите?
Не земај никаков депилатор, ако мислеше на оние машинкине. Само ги кинат влакната и после ти растат поцврсти. Освен тоа, често предизвикуваат алергиска реакција на кожата.
Топлиот восок е добар зашо ги отвара порите пред да ти ги извади влакненцата, ама често знае да остави поткожни влакненца. Или остави ги до следната депилација или малце гребни ја кожата за да излезат. Зналчи малце, не да копаш
Лошо е кај тој што најчесто топлиот восок се преработува и има бактерии па ако имаш нежна кожа, може да ти се појави црвенило и сл.
Ако депилираш само нозе не е страшно, ама на интимни места не ти препорачувам.
Што се однесува до ладниот восок. Некои викаат дека и со тоа само се кинат влакната но тоа сепак зависи од „мајсоторот„
После ладниот восок не се преработува и знаеш дека со тој си депилирана само ти.
Машинка не зимај!