Miki, ти го имаш видено лукавиот?
Лично, го немам видено, и сакам така и да остане.
Но, го имам забележано/почувстувано неговото влијание врз мене.
--- надополнето: 13 март 2012 во 09:11 ---
Од друга страна,како верник за тебе меродавно треба да биде тоа што го пишува во Библијата.Не сме се разбрале,Мики
Џабе е меродавен записот, ако истиот тој запис не е придружен/поткрепен и со духовен опит. Само така, записот може да биде и веродостоен, инаку записот ќе остане само запис.
--- надополнето: 13 март 2012 во 09:15 ---
Дали појавувањето на Сатаната кај одредени особи,како што ти тврдиш,има некое значење,дали тоа е предзнак на нешто?
Појавувањето на сатаната кај некои поединци-подвижници, не мора да е предзнак „на нешто„, туку е знак дека поединецот на кој му се јавил демонот, решил да се оттргне од демонското влијание па демонот ги засилува своите напади кон таквиот подвижник.
Постојат и случаи каде одредени подвижници го виделе и демонот и неговите паднати ангели, за да дознаеме на кој начин делуваат врз луѓето.
--- надополнето: 13 март 2012 во 09:19 ---
Зошто би се појавил Луци на некого,дали си муабетеле,како изгледа,како се понаша,дали можеби и не е толку лош ете ги оставил тие несреќници живи?
Еве го, на пример, случајот кога преподобниот Макарие, египетски пустиник од 4-от век, разговарал со лукавиот. Во разговорот, лукавиот му признал на преподобниот Макарие, дека за него (за демонот) најголема пречка кај луѓето е ако демонот кај нив (кај луѓето) забележи дека се смирени: смирените, демонот најтешко може да ги „изнервира„.
Сатаната лично не може да ги убие луѓето, но со леснотија може да ги наведе на чинење грев.