Да, во право си за критериуми и све, али проблемов има подлабока основа. Се е до свеста на поединецот во самото општество, многу вредности се изместија последниве години кај младите и сето тоа нормално е дека ќе си повлече и последици. Етичките вредности кои што ги вреднувале нашите мајки, баби, дедовци итн. полека но сигурно стануваат ендемски вид (почитта, честа, разбирањето...) Сега се гледа на материјалното-минливото што е многу погрешно, но сепак е плод на ,,убавото,, домашно воспитание од страна на родителите, кои не се целосно за обвинување бидејќи реално во ова динамично време, едвај имаат можност да си ги видат децата а камоли да трошат саати за животни лекции. Ова е мое мислење, што мислам дека е само увертира на еден современ социјален проблем на денешницава.