Демир Хисар - сте го посетиле?

Mesija

Hardcore Superstar...
Член од
13 ноември 2005
Мислења
212
Поени од реакции
1
Анастазија напиша:
Кико, ако прочиташ убаво надолу ќе сфатиш што ми пречи кај луѓето... И не - нормално дека има исклучоци, некои од најдрагите луѓе кои ги имам во животот (читај - цело друштво) ми се од таму... Ама неблагодарноста, дволичната и тешката кретенска користољубивот (сакал неќел ќе признаеш дека е така) е застапена кај најголем број од луѓето таму...
Тоа што има користоњубие,дволичност, алчност и борба за пари во Демир Хисар има и тоа во голема мера, за тоа си 100% во право..Тоа стварно е проблем низ целата држава зошто владее сиромаштија ама морам да се „пофалам„ дека Демир Хисар „предничи„ со овие особини...Премногу зло за добро има во Демир Хисар....НО СЕПАК СИ ГО САКАМ И ТОЈ Е МОЈ ГРАД, ТУКА СУМ СЕ РОДИЛ И ТУКА МИ СЕ НАЈМИЛИТЕ...ВЕ САКАМ многу
 
Mesija

Hardcore Superstar...
Член од
13 ноември 2005
Мислења
212
Поени од реакции
1
bacilo напиша:
Јас сум од д-х и онака ја познавам младава дама од скопје која е ептем безобразна,крајно дрска,несоодветна за годините нејзини да се служи со вулгарни зборови,нема ни трошка почит кон постари,не го сака родното место на родителите(мрази све живо од д-х),итн
Другар, ќе морам да те поправам , зошто во право е Анастазија за оваа работа..И јас мислам дека никој не ги тера луѓето да работат кај татко и...НИКОЈ...Сепак, мораш да признаеш дека луѓето земаат најголема дневница од 380 денари кај татко и, а кај другите кај сите е од 300 - максимум 350...И во фирмата од татко и се почитуваат европски стандарди (имам работено таму)...
 
Член од
28 јуни 2006
Мислења
403
Поени од реакции
0
Mesija напиша:
Тоа што има користоњубие,дволичност, алчност и борба за пари во Демир Хисар има и тоа во голема мера, за тоа си 100% во право..Тоа стварно е проблем низ целата држава зошто владее сиромаштија ама морам да се „пофалам„ дека Демир Хисар „предничи„ со овие особини...Премногу зло за добро има во Демир Хисар....НО СЕПАК СИ ГО САКАМ И ТОЈ Е МОЈ ГРАД, ТУКА СУМ СЕ РОДИЛ И ТУКА МИ СЕ НАЈМИЛИТЕ...ВЕ САКАМ многу
Eпа тие особини шо ги правдаш(не и оди по г...т на анастасија)ама воопшто не се такви какви шо ги прикажувате со неа.
Велиш користољубие,па тоа нема везе со градов,затоа шо овде никој од никого незавизи.Секој си ја гледа работата и си живее по сопствени правила т.е никој неправи нешто кај некого од корист оти такви моќници овде не виреат
Дволичност,од каде пак сега најде дека тоа е особина на демирхисарци?Се има ама тоа го нема кај демирхисарци,оти сне искрени,поштени и чесни,и тоа е нешто страно за нас
Алчност и борба за пари-секој си живее од трудот свој,некој повеќе некој помалку заработува,и на крај краишта без пари не се може(само воздухот шо го дишеме е без пари)а за се друго треба кеш
Тоа за злото недржи место да се спомне.Ако има неколку злобни луѓе незначи дека тоа е за цел град.
За да на некој му стане појасно за градов земете прочитајте некој расказ од мојот познаник еден од најдобрите македонски писатели Горјан Петревски,би ви ги препорачал Гороцвет,Земјата на сонот и Споменка,па таму ке прочитате за цел овој крај од белица до смилево.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Mesija напиша:
Тоа што има користоњубие,дволичност, алчност и борба за пари во Демир Хисар има и тоа во голема мера, за тоа си 100% во право..Тоа стварно е проблем низ целата држава зошто владее сиромаштија ама морам да се „пофалам„ дека Демир Хисар „предничи„ со овие особини...Премногу зло за добро има во Демир Хисар....НО СЕПАК СИ ГО САКАМ И ТОЈ Е МОЈ ГРАД, ТУКА СУМ СЕ РОДИЛ И ТУКА МИ СЕ НАЈМИЛИТЕ...ВЕ САКАМ многу

Kико не изведувај... И самиот кажуваш во Охрид луѓето се вакви и вакви, никој еден на друг не гледа... секој гледа да изкористи за разлика од Демир Хисар... а сега даваш друга приказна дека Демир Хисар предничел со таа работа...

Колку луѓе познаваш такви? Можеш да ги изброеш на една рака? или има нешто повеќе... но тие воопшто не даваат слика на Демир Хисар,... ете ти ми имаш кажувано за Охрид, јас ќе ти кажам за еден куп други места каде што никој не ти се ни пули ако нема корист од тебе... Кај го има тоа во Демир Хисар? Што корист имам јас што се дружам со Анастасија (извини што те спомнувам само пример)? Ни работам кај татко и ни планирам да работам... Што корист имаме што се дружиме со еден куп дечки кои идат ДХ? НИШТО.... и зошто де дружиме? поради користољубие, дволичност, алчност??? не бе Кико...
 
Член од
3 јули 2006
Мислења
39
Поени од реакции
0
Достате бре ајде сега фали усте Анастасија дај дај коментар некој како нашиве и ојде од преставувањето на Демир Хисар..ајде некој убав збор..за нашиот преубав Демир Хисар
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Aj некој убав збор... не од мене.. од Петре М. Андреевски

Можев да ти бидам широко пладне,
искра што прска од Кумовата слама,
запален темјан, темна темјанушка,
дршка на огнот, на неговата иднина;
можев да ти бидам неизодлив припек,
преживање на ниска омарнина;
знаме што никој не го испушта;
можев да ти бидам, мој железен крају,
руда под длабока рудина.

Можев да ти бидам снежна шлаканица,
загубена потковица од одминат дожд,
стреа во цутење, излеано зеленило;
можев да ти бидам празнично шамивче,
летна бура што напаѓа од зад тебе,
ракатка пченица што трепери в рака;
можев да ти бидам, мој железен крају
усвитено железе легнато на наковална.

Можев да ти бидам одградена градина,
град што паѓа, врзан опакураце
дење заборавена од мачни разденувања;
можев да ти бидам лажица блага вода,
искачен чад од очите на ќумурџијата,
топило конопно или челична топилница;
можев да ти бидам, мој железен крају
крајче од кравајче во сиромашни раце.

Можев да ти бидам отворена корица,
компас за твоите загубени векови,
јато што ти го затскрива пејзажот,
можев да ти бидам твоја подбишега,
осветничка секира, со слушана несреќа,
сенка што не го напушта патникот,
можев да ти бидам, мој железен крају,
прв твој делник, твој понеделник.

Можев да ти бидам вечерашен поглед,
невдишен воздух, наглува година,
вар и јаглен што се гаснат оддалеку;
можев да ти бидам урнато гнездо,
потпишано утро, потплашена пролет,
испуштен ветер од планина, од кочина,
скината бразда, изгребана месечина;
можев да ти бидам, мој железен крају,
свирнато свирче, штрекната ножица.

Можев да ти бидам замрзната валавица
прошетка низ детско плачење,
угасната ѕвезда над обрана нива,
можев да ти бидам месечна вежба
на тапанот што ги собира скараните села,
кренато оружје, вработено орудие;
можев да ти бидам, мој железен крају,
здраво-живо во ведра недела.

Можев да ти бидам твое востание,
брсјачки инает, кошница рассрдено улиште,
копче што се зашива на даровна кошула
купенден на коњот за јавање, за спрегање,
кандило што ти свети дури вечераш,
дури калапиш тутун, дури си постилаш;
можев да ти бидам, мој железен крају,
чкрапнато сонце никаде што не заоѓа.

Можев да ти бидам водна терезија,
колар и скршено колце на одење,
написмено од позната насмевка;
можев да ти бидам позајмен оган
леска над Лесково, смил за Смилево,
цер и базер пред Церово и Базерник,
бреза сред Брезово, боен вик зад Боишта;
можев да ти бидам, мој железен крају,
и сложен пат за Слојштица.

Можев да ти бидам се и сешто,
но еве што стана со тебе, со мене;
ни да ме прозиваш, стоејќи ми наблиску,
а јас да те сакам и фалам оддалеку.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
еве уште една песна од друг автор (Златко Бошевски):

Ко карпа цврст и личен
на Рид Железен
вечност милува.
А ќуд некоја чудна има,
опстојува од инает,
а секого љуби.
Ни дождови го корнат,
ни ветрови го носат.
Поучен од историјата
не стравува за иднината,
затоа што ортакува со нас
во сегашноста.
И радоста и маките наши,
негови се.
И среќата и болката наша,
негова е.
Тој е твој и мој,
зашто и ние
сме негови.
 
CakNoris

Папу4ар
Член од
16 декември 2005
Мислења
177
Поени од реакции
0
VESELIOT напиша:
И едно советче Ацкааа..."Кој ќе се караш карај се до крај и оди до крај не да се одкажуваш":dudlac:
Абре препрочитајтеси ги постојте и видете кој е дудлач. Таја ви вели дека не чините вие упорно се трудите да докажите дека е недоразбирање. Е ова досега не беше било!!!
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Колку се користољубиви луѓето во демир хисар само некој што има нешто појќе знае..анастазија,bacilo..и јас сум тука негде во ист кош... и така е .. луѓето се користољубиви ама колку на било кое друго место.. е сеа не можи ане да речиш дека користољубивоста е кретенска.. за некој што нема ништо е единствен излез. Мене најповеќе ми смета малограѓанштилокот и пред све З'видлак. Па оти по некој случајност овде ситге на анастазија си се нафрлифте?? Али не можеме ништо да смениме тоа зависи од големината на местото... Ако малце генерализираме.. демирхисар е град полн со сељаци. Не може да граѓани кога 2-3 улици се постари а све друго е изградено во минатите 20-30 години. И дај прекинете со секакви расправии.. ако сакате ви кажа веселиот .. двобој на стадион.. овде од други се чека да кажат нешто... и го молам диме да не се глупира со поезијава макар што е поврзана со градот.. за љубителите на пишаниот збор има форум. .. а и ке забореав.. не влегувајте во конфликти со анастазија ако немате кичма да се расправате до крај. :))))))))
 
Член од
28 јуни 2006
Мислења
403
Поени од реакции
0
tomsaso напиша:

Диме убаво си кажува само некој не го разбира шо сака да каже и затоа го молам уше еднаш да објасни.
Тој зборува за убавините и на крајот ама и на народот,ама девојчето градско вели дека народот не и чинел.И сега шо?
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
<tomsaso> jas drugar nemam interes od anastazija sateska
<tomsaso> nitu od sateta
<Tiesto^> epa sto e branish tolku?,
<Tiesto^> jas imav interes
<Tiesto^> porabotiv 10 dena tamu
<Tiesto^> zedov nekoj dinar
<Tiesto^> ama nikoj nejkam da me omalovazuva
<Tiesto^> a posebno ne taja

Тиесто е чак норис.. еве ја користољубивоста
 
Член од
28 јуни 2006
Мислења
403
Поени од реакции
0
Јас сум по татко од Демир Хисар.
Природата е прекрасна. Луѓето не чинат. :)
Ама ова не се заебавам (и да не се разбереме погрешно, не зборам за татко ми)
И сега треба јас и другиве да речеме-аферим аферим анастазијче
Ај нека ми каже зошто нечинат,ај да видам баш.Па секој демир хисарец ке се изреволтира од ова,а и ти треба томе.Додека не се извинат тие шо треба јас ке постирам против некого цело време.
 
300% подршка имаш а и томе треба да се извини 3 улици грагани ојде дојде:)а другите селјаци оф леле..ако се значи доселени и се селјаци тоа сакаш да кажиш???
 
CakNoris

Папу4ар
Член од
16 декември 2005
Мислења
177
Поени од реакции
0
LaV4E напиша:
300% подршка имаш а и томе треба да се извини 3 улици грагани ојде дојде:)а другите селјаци оф леле..ако се значи доселени и се селјаци тоа сакаш да кажиш???
Томче дали јас го праев бе Демир Хисар село??? А само две улици во Демир Хисар не се селјаци. Аферим. А кој се тие ако можам да знам? Да не се оние сега што ги афалтираја? Е можи тие да се. Дека најстари и истрошени сега ги асфалтират. :tapp::tapp:
 
Член од
12 август 2006
Мислења
47
Поени од реакции
1
Mnogu smesno

Mnogu smesno, pa i ne treba da ne ima na atlasot za takvi luge koi ne si ja poznavaat sopstvenata zemja, a vo gradi se cukaat deka sme najgolemi patrioti. I da mu kazam na toj SUGI, prvo nemas ime kako sto ti prilega, vtoro najgolemite pisateli poteknuvaat od Demir Hisar, ako neznaes, a siguren sum deka neznaes ke ti kazam za da ne bides tolku tokmak, Petre M Andreevski, Rade Siljan Gorjan Petrevski, Jordan Plevnes vi ja podari najdobrata makedonska drama ili roman sto e ERIGON i aj nemam vreme da ti citiram koi se ne se kolku poznati i priznati naucnici doktori lekari. Najgolemite umovi vo cela Makedonija vi gi podarivme nie i treba da imate malku pocit sprema nas, da ne bidete tolku sebicnjaci, vprocem i bivsiot premier Vlado Buckovski poteknuva od Demir Hisar. I uste nesto sto sigurno ke ve zdoboli po vasite super pametni umovi, nie vi gi lekuvame vasite bolni umovi vasite bogati deca koi sirat prostitucija, droga, alkoholizam, vie ne naprvavivte takvi i nie vi go sobirame gjubvreto od cela Makedonija. Nemate nikakva potreba da zboruvate za nas taka. Pozdrav
 
Kajgana Shop

На врв Bottom