Репортажа
ЦЕЛА ТИКВЕШИЈА САКА ДА РАБОТИ ЗА МЕРЦЕДЕС
Петре Димитров
Кавадарчани со нетрпение го чекаат стартот на најголемата инвестиција во историјата на градот, фабриката на германската компанија Дрекслмаер, партнер на светски познатиот Мерцедес, која треба да почне со работа во април следната година. Очекувањата се големи. Сите посакуваат нова работа со поголеми примања. И во општината веќе размислуваат наголемо. Очекуваат нови 10.000 жители, а на ќар се надеваат и угостителите
Кавадарци веќе го живее сонот за Мерцедес. Во градот сите до детали се информирани за најголемата инвестиција во историјата на Кавадарци и сите се надеваат дека со отворањето на фабриката на германската компанија Дрекслмаер, која ќе произведува делови за моделите од Ц-класа за светски познатиот Мерцедес, ќе порасне цената на работната рака и ќе се најде подобра работа. Во наредните неколку години во неколку фази во оваа фабрика треба да се вработат околу 4.000 лица.
„Па сигурно нема да останам да работам во бутик за 5.000 денари. По градот се зборува дека Германците ќе понудат подобри плати и нормално дека ќе се пријавам на огласот, кога тој ќе биде распишан“, вели Елена, која работи во еден од кавадаречките бутици.
„Се надеваме дека со поголемата фреквенција на луѓе во градот и ние ќе имаме ќар“, велат во кавадаречките кафулиња.
И општината најавената инвестиција во вредност од 20 милиони евра ја сфаќа сериозно. Веќе се работи на промени и усогласувања на градежните планови за градот, бидејќи од општината по изградбата и стартувањето со работа на фабриката се очекува зголемување на бројот на жителите.
„Очекуваме бројот на жители да ни се зголеми за околу 10.000. Во градот веќе се градат неколку нови станбени објекти, во план е изградба и на нови, а наскоро планираме изградба и на градинка“, вели градоначалникот Александар Панов.
Моментално општината има 42.000 жители, од кои како невработени се водат околу 5.000 лица.
KАКО КАВАДАРЦИ ГИ ПОБЕДИ ВЕЛЕС И ТЕТОВО
Пред да ја донесе финалната одлука, Дрекслмаер како опција за градење на фабриката ги имаше и Египет и Бугарија како можни локации, по што по една година преговарање беше донесена конечна одлука да се инвестира во Македонија.
„Кавадарци го победи Велес, бидејќи понудивме подобри услови. Германците целосно ги ослободивме од комунална такса. Од општината добија 4 милиони денари субвенции за изнајмување деловни простории (до декември 2012 година) за сместување на менаџерскиот тим додека се изгради фабриката. Со кавадаречките хотели склучивме договор за нивно ослободување од туристичка такса, а тие се согласија за сместување на 50 лица од компанијата Дрекслмаер и за грижа за нивна исхрана. Германците добиваат и субвенционирана цена за превоз. Кавадарци и урбанистички беше поподготвен од Велес. Веднаш на располагање имаме локација, лоцирана во третата индустриска зона во градот“, објаснува градоначалникот Панов.
Голема заслуга за „победата“ на Кавадарци над Велес има и кавадарчанецот Васко Грков, генерален конзул на Македонија во Минхен, Германија, кој лобирал Кавадарци да ја добие фабриката.Чистата заработка за општината од оваа инвестиција е 200 илјади евра, а за државата 50 илјади евра...
Целиот текст може да го прочитате во бизнис магазинот "КАПИТАЛ" од 04 јули 2012 година (среда).

Компанија распослана на четири континенти
Дрекслмаер груп е една од најголемите компании за производство на автоделови. Во нејзиното портфолио се присутни изработки за BMW, Mercedes-Benz, Porche, Audi, Bugatti, Jaguar... Основана e во 1958 година и има 53 фабрики низ светот. Во 2010 година компанијата имаше вкупна продажба од околу 1,8 милијарда евра. Компанијата има свои капацитети во дваесет земји на четири континенти и за неа работат повеќе од 35.000 лица.
За зголемување на прометот веќе размислуваат и газдите на кафулињата и рестораните.Дрекслмаер груп е една од најголемите компании за производство на автоделови. Во нејзиното портфолио се присутни изработки за BMW, Mercedes-Benz, Porche, Audi, Bugatti, Jaguar... Основана e во 1958 година и има 53 фабрики низ светот. Во 2010 година компанијата имаше вкупна продажба од околу 1,8 милијарда евра. Компанијата има свои капацитети во дваесет земји на четири континенти и за неа работат повеќе од 35.000 лица.
„Се надеваме дека со поголемата фреквенција на луѓе во градот и ние ќе имаме ќар“, велат во кавадаречките кафулиња.
И општината најавената инвестиција во вредност од 20 милиони евра ја сфаќа сериозно. Веќе се работи на промени и усогласувања на градежните планови за градот, бидејќи од општината по изградбата и стартувањето со работа на фабриката се очекува зголемување на бројот на жителите.
„Очекуваме бројот на жители да ни се зголеми за околу 10.000. Во градот веќе се градат неколку нови станбени објекти, во план е изградба и на нови, а наскоро планираме изградба и на градинка“, вели градоначалникот Александар Панов.
Моментално општината има 42.000 жители, од кои како невработени се водат околу 5.000 лица.
KАКО КАВАДАРЦИ ГИ ПОБЕДИ ВЕЛЕС И ТЕТОВО
Пред да ја донесе финалната одлука, Дрекслмаер како опција за градење на фабриката ги имаше и Египет и Бугарија како можни локации, по што по една година преговарање беше донесена конечна одлука да се инвестира во Македонија.
100 илјади евра пенали за еден ден доцнење?!
Колку сериозно си ја сфатиле работата Германците, зборува и неофицијалниот податок, според кој изведувачот на градежните работи за фабриката на Дрекслмаер ќе плаќа пенали од 100 илјади евра за еден ден доцнење. Според неофицијални извори во договорот кој Дрекслмаер го склучил со ИГМ Трејд (кој ќе го гради објектот) пишува и дека германската компанија не смее да презема работници од ИГМ Трејд.
На почетокот во игра беа и Велес и Тетово, но на крајот се избра Кавадарци.Колку сериозно си ја сфатиле работата Германците, зборува и неофицијалниот податок, според кој изведувачот на градежните работи за фабриката на Дрекслмаер ќе плаќа пенали од 100 илјади евра за еден ден доцнење. Според неофицијални извори во договорот кој Дрекслмаер го склучил со ИГМ Трејд (кој ќе го гради објектот) пишува и дека германската компанија не смее да презема работници од ИГМ Трејд.