Имам воспаление на увото , ми дадоја капки OTOL H, аптекарката ми рече да клавам 1 капка на 12 сати
И исто ме боли,нема подобрување. Сега случајно читам на интернет и отворив упатства за капките пиши 5-6 капки на секој сат. Кажете ако знај некој....
Комбинација од антибиотик (тиротрицин), кортикостероид (преднизолон) и локален анестетик (тетракаин). Се применува само локално во надворешниот ушен канал, и тоа
само кога не е оштетена ушната мембрана. Е комбиниран препарат кој го намалува воспалението, болката и јадежот во надворешниот ушен канал и ја намалува напнатоста и болката при воспаление на средното уво. Се користат за сузбивање на болката и воспалителните реакции во наворешниот ушен канал, кои се проследени со
некомплицирано акутно воспаление на надворешното уво (otitis externa acuta). Доколку не дојде до подобрување на состојбата по
2 дена од примената на овој лек, треба да се прекине со употреба и да се консултира доктор. Пред капнувањето на лекот, неопходно е заболеното уво да се исчисти и да се почека да се исуши. Шишенцето со капките треба да се загрее со држење во раката. Капките се мошне густи и при вкапнувањето треба да се остави капката лесно да се лизне по самата ивица на надворешниот ушен канал, за да се овозможи излегување на воздухот и сигурно спуштање на капката до заболеното место. По вкапнувањето треба да се остане во
лежечка положба, на страна на здравото уво, околу 15 мин. Не земајте Отол Х доколку се сомневате дека имате перфорирана (оштетена) ушна мембрана (ушно тапанче).
Кај возрасни пациенти
: на секој час се вкапнуваат 5-6 капки во болното уво.
За ушни инфекции може да се користи ова во прво време од 2 дена колку да се намали болката (или ништо, се смета дека може само да помине, па да не се преоптоваруваш со антибиотици одма), а потоа ако уште трае, може да се користат антибиотски капки (најчесто на база на ципрофлоксацин), сами, или истовремено со антибиотик што се пие (најчесто амоксицилин+клавулонска киселина).