...од премногу стрес дека имаш нешто, пошто денес не постои личност млада/ возрасна која нема проблеми барем еднаш во неделата со гастроинтестиналниот тракт, поради стресниот живот, неправилна и нездрава ГМО исхрана, ти ќе си набациш проблеми од стресна природа, зашто не уживаш во убавините на животот, земи лекарства редовно ако ти дале терапија и шетај низ природа, занимавај се со нешто, не со анализи, човекот не е робот, па сите лабораториски параметри да му се фиксни, секој ден варира горе доле, затоа постојат и референтни вредности и симптоми кои треба да ги има за да би била потполна дијагностиката.
... железото ти се намалило, е па како пишуваш, колку се сеќавам, дека си имал крвав измет, понекогаш невидлива крв, со честото крварење што причина може да биде од различна природа фистула, хемороиди, полипи, чир, иритабилни црева и разни инфекции на гастроинтестиналниот тракт, мелена, измери го повторно серумското железо по 2,3 дена ќе имаш пак друг резултат, не знам зошто не испитуваш „Феритин“ туку само серумско железо.
...си платил цели 2800 ден за пасажа на црева (пречки во проодноста на желудник, тенко и дебело црево, можна цревна опструкција), а ти се бориш со пролив, а ваму мислиш дека немаш проодни црева поради тврда столица или нешто друго што не може туку така да ги „затне“ цревата, според наодот немаш стари, а камоли нови чирови во желудникот, освен показател на гастритис во горниот дел кај желудникот, кој денес го нема тоа?
... дебелото црево е шуплива цевка, а отпадниот материјал (столицата) поминува низ него на излегување од телото преку анусот, улога на дебелото црево е да апсорбира вода и електролити од столицата, а повеќето витамини и минерали се апсорбираат во тенкото црево. Кога отпадот ќе помине од тенкото црево во цекумот, тој се меша со разни видови бактерии кои дополнително го разградува отпадот и помага во апсорпцијата на уште неколку витамини, како што се витамините К, Б1, Б2 и Б12, водата се апсорбира од отпадниот материјал додека минува низ дебелото црево, претворајќи го од главно течна во цврста столица.
...Кронова болест, улцеративен колитис и неодреден колитис се форми на воспалителна болест на цревата (IBD) кои можат да влијаат на асцендентното дебело црево, IBD предизвикува воспаление и чиреви во дигестивниот тракт, ова може да доведе до знаци и симптоми во дигестивниот тракт, како што се цревни крварења, абдоминална болка и пролив, (ама ти немаш чиреви)!
Прегледај го приврзокот 428512
...според напишаниот НАОД по движењето на контрастот низ цел твој дигестивен тракт забележале некое ДИСКРЕТНО стеснување во „пилорус“ - Pyloric stenosis, тоа е всушност излезот од желудникот и треба да се потруди да го напише стручно, ако воопшто ја помина анатомијата во медицината, а не вака цел текс без медицински изрази, без голема буквам без точка, па ова е медицински документ кој може пациентот ќе го однесе и во странство, срамота за ваков медицински кадар и ова би било специјалист со стручно експертско гледање на наод, за што зависи понатамошно лекување или голгота на пациентот?
Прегледај го приврзокот 428514
...да опишеме малку подобро, почеток на дебело црево е цекум (cecum) (што пишуваш ти дека болката е точно кај слепо црево, а не на Colon ascendens - Ascending colon кој е сегмент после цекумот), тенкото црево се храни во цекум преку мал канал во неговата страна (илеоцекалната валвула), така што крајот на цекум е всушност затворен како торбичка исто така најширокиот дел од дебелото црево, ова е резервоар каде храната од тенкото црево пристигнува во дебелото црево, кога цекумот е полн, тој ги активира мускулните движења на дебелото црево да започнат контракции, можеби тука е проблемот, ама не дека е проширен, зошто тој нормално е проширен за разлика од сегментот Colon ascendens - Ascending colon.
...после цекум (cecum) идат сегменти на дебело црево поделени според движењето десно- асцедентното дебело црево е вториот дел од дебелото црево, продолжувајќи од cecum, долго е околу 20–25 cm, асцендентното дебело црево го добило своето име поради фактот што е вертикално, туркајќи столица на десната страна на абдоменот.
Прегледај го приврзокот 428513
...зошто го пишувам сето ова, затоа што внимателно го прочитав наодот на пасажа на цревата, каде воопшто не е спомнат почетокот на дебелото црево кое всушност и најширокиот дел на дебелото црево цекум (cecum), па потоа идат четирите сегментите на дебело црево Colon ascendens - Ascending colon кој нормално е потесен од цекум (cecum), transverse colon, descending colon, sigmoid colon,
Прегледај го приврзокот 428515
така да јас се извинувам, но наодот некако не ми е баш, ти препорачувам второ мислење да си побараш според снимките ако воопшто ти ги дадоа и ги имаш!
Прегледај го приврзокот 428518
... за да се направи разлика помеѓу Кронова болест и улцеративен колитис, двата најчести типови на воспалителна болест на цревата (IBD), како група на хронични нарушувања .
... Анти-Saccharomyces cerevisiae антителата (ASCA) се имунолошки протеини кои често се присутни кај луѓе кои имаат воспалителна болест на цревата (IBD), група на хронични нарушувања, за кои се смета дека се должат на автоимун процес, овој тест открива ASCA во крвта.
ASCA многу почесто се среќава кај луѓе Кронова болест отколку кај оние со улцеративен колитис, а постојат две класи на Saccharomyces cerevisiae антитела произведени од телото, ASCA IgG и ASCA IgA.
... позитивниот резултат на ASCA (пази, ти имаш ниско позитивен) не е дијагностички Кронова болест и улцеративен колитис или за воспалителна болест на цревата (IBD), но ја прави поверојатно дека лицето со симптоми има ИБД.
...ако ASCA е позитивен, а (перинуклеарно анти-неутрофилно цитоплазматско антитело) pANCA е негативен, тогаш веројатно е дека лицето има Кронова болест, ако ASCA е негативен, а pANCA е позитивен, тогаш веројатно е дека лицето има улцеративен колитис, а негативниот резултат за ASCA и pANCA ја исклучува воспалителна болест на цревата IBD, ама лицето со негативни резултати од тестот сè уште може да има Кронова болест и улцеративен колитис или друга воспалителна болест на цревата IBD.
Прегледај го приврзокот 428520
...така да количината на присутна ASCA може да не корелира со сериозноста на симптомите или состојбата на лицето и не може да се користи за следење на одговорот на третманот, тестирањето обично се изведува само еднаш, за да се направи разлика помеѓу Кронова болест и улцеративен колитис, откако ќе се донесе одлука, генерално нема потреба од повторување на тестирањето, а типично е да се нарачаат тестови за двете класи на антитела, ASCA IgG и ASCA IgA, во исто време, апошто кај тебе резултатот е ниско позитивно нема што да се повториш или воопшто откриеш,
ЗАТОА што нивото на антитела може да варира со текот на времето, но штом телото на една личност ќе произведе ASCA, тој ќе продолжи да биде присутен, така да тука нема нешто дијагностички што да ти кажат, затоа што нема некаков наод за нешто со сигурност да се тврди!
П.С.
од денес почни со серија стомачни вежби, претклон, затклон, иако се внатрешни органи и тие бараат зајакнување на мускулатурата со вежбање, а не млитавост по цел ден, ем исхрана несоодветна, ем ГМО по нашите пазари, ем стресни ситуации со анализите и испитувањата што ги правиш, симптомите се поистакнати, наместо да се намалат и изгубат, секој трет ден земи по една капсула пробиотик или внеси во исхрана јогурт, само пишуваш што „ти прават“, дај напиши што ти превземаш и што си направил самоиницијативно за ова твоја здравствена состојба, а да не е поврзано со болница и доктори.