Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
Зедоа брисеви,испадна бактерија ентерококус во вагината и мокрачата.
...мора антибиограм, повторно микробиолошки брис да направиш за да видиш кој антибиотик е соодветен и да испиеш дозата да се уништи ова ентерококус бактерија која е проблематична за урогениталниот тракт.
 
a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
542
Поени од реакции
281
Нешто не ми е јасно околу едната дијагноза што ја имам т.е. стеноза на цревото (на Ascendens colon / влез тенко црево, на дебело црево) што се виде и со Пасажата на тенки црева и со компјутерската томографија. Таму имам и напади од кои не можам ни да одам и се грчам. Болката е неиздржлива и е баш ова кај слепо црево точно. Дали се оперира ова? Дали тоа ги прави сите дигестивни проблеми заедно со Доликололонот (тоа што дебелото црево е поголемо)? Докторот каде што сакав:/
П. С. Познато ми е дека и Кронова Болест прави стеноза.
Screenshot_20240905_095511_OneDrive.jpg 20240731_154816~3.jpg
Автоматски споено мислење:

Плус:
20240805_205645~3.jpg Screenshot_20240905_100952_Chrome.jpg Screenshot_20240905_100955_Chrome.jpg Screenshot_20240905_101019_Chrome.jpg

Пред месец железото 23.2
Сега вчера 6.2. Не е нормално тоа. :/
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
Нешто не ми е јасно околу едната дијагноза што ја имам т.е. стеноза на цревото (на Ascendens colon / влез тенко црево, на дебело црево) што се виде и со Пасажата на тенки црева и со компјутерската томографија. Таму имам и напади од кои не можам ни да одам и се грчам. Болката е неиздржлива и е баш ова кај слепо црево точно. Дали се оперира ова? Дали тоа ги прави сите дигестивни проблеми заедно со Доликололонот (тоа што дебелото црево е поголемо)? Докторот каде што сакав:/
П. С. Познато ми е дека и Кронова Болест прави стеноза.
Прегледај го приврзокот 428503Прегледај го приврзокот 428504

Плус:
Прегледај го приврзокот 428506

Прегледај го приврзокот 428507Прегледај го приврзокот 428508Прегледај го приврзокот 428509

Пред месец железото 23.2
Сега вчера 6.2. Не е нормално тоа. :/
...од премногу стрес дека имаш нешто, пошто денес не постои личност млада/ возрасна која нема проблеми барем еднаш во неделата со гастроинтестиналниот тракт, поради стресниот живот, неправилна и нездрава ГМО исхрана, ти ќе си набациш проблеми од стресна природа, зашто не уживаш во убавините на животот, земи лекарства редовно ако ти дале терапија и шетај низ природа, занимавај се со нешто, не со анализи, човекот не е робот, па сите лабораториски параметри да му се фиксни, секој ден варира горе доле, затоа постојат и референтни вредности и симптоми кои треба да ги има за да би била потполна дијагностиката.

... железото ти се намалило, е па како пишуваш, колку се сеќавам, дека си имал крвав измет, понекогаш невидлива крв, со честото крварење што причина може да биде од различна природа фистула, хемороиди, полипи, чир, иритабилни црева и разни инфекции на гастроинтестиналниот тракт, мелена, измери го повторно серумското железо по 2,3 дена ќе имаш пак друг резултат, не знам зошто не испитуваш „Феритин“ туку само серумско железо.

...си платил цели 2800 ден за пасажа на црева (пречки во проодноста на желудник, тенко и дебело црево, можна цревна опструкција), а ти се бориш со пролив, а ваму мислиш дека немаш проодни црева поради тврда столица или нешто друго што не може туку така да ги „затне“ цревата, според наодот немаш стари, а камоли нови чирови во желудникот, освен показател на гастритис во горниот дел кај желудникот, кој денес го нема тоа?

... дебелото црево е шуплива цевка, а отпадниот материјал (столицата) поминува низ него на излегување од телото преку анусот, улога на дебелото црево е да апсорбира вода и електролити од столицата, а повеќето витамини и минерали се апсорбираат во тенкото црево. Кога отпадот ќе помине од тенкото црево во цекумот, тој се меша со разни видови бактерии кои дополнително го разградува отпадот и помага во апсорпцијата на уште неколку витамини, како што се витамините К, Б1, Б2 и Б12, водата се апсорбира од отпадниот материјал додека минува низ дебелото црево, претворајќи го од главно течна во цврста столица.

...Кронова болест, улцеративен колитис и неодреден колитис се форми на воспалителна болест на цревата (IBD) кои можат да влијаат на асцендентното дебело црево, IBD предизвикува воспаление и чиреви во дигестивниот тракт, ова може да доведе до знаци и симптоми во дигестивниот тракт, како што се цревни крварења, абдоминална болка и пролив, (ама ти немаш чиреви)!

imagesdd.jpg

...според напишаниот НАОД по движењето на контрастот низ цел твој дигестивен тракт забележале некое ДИСКРЕТНО стеснување во „пилорус“ - Pyloric stenosis, тоа е всушност излезот од желудникот и треба да се потруди да го напише стручно, ако воопшто ја помина анатомијата во медицината, а не вака цел текс без медицински изрази, без голема буквам без точка, па ова е медицински документ кој може пациентот ќе го однесе и во странство, срамота за ваков медицински кадар и ова би било специјалист со стручно експертско гледање на наод, за што зависи понатамошно лекување или голгота на пациентот?

h9991263_001.jpg

...да опишеме малку подобро, почеток на дебело црево е цекум (cecum) (што пишуваш ти дека болката е точно кај слепо црево, а не на Colon ascendens - Ascending colon кој е сегмент после цекумот), тенкото црево се храни во цекум преку мал канал во неговата страна (илеоцекалната валвула), така што крајот на цекум е всушност затворен како торбичка исто така најширокиот дел од дебелото црево, ова е резервоар каде храната од тенкото црево пристигнува во дебелото црево, кога цекумот е полн, тој ги активира мускулните движења на дебелото црево да започнат контракции, можеби тука е проблемот, ама не дека е проширен, зошто тој нормално е проширен за разлика од сегментот Colon ascendens - Ascending colon.

...после цекум (cecum) идат сегменти на дебело црево поделени според движењето десно- асцедентното дебело црево е вториот дел од дебелото црево, продолжувајќи од cecum, долго е околу 20–25 cm, асцендентното дебело црево го добило своето име поради фактот што е вертикално, туркајќи столица на десната страна на абдоменот.

left-sideright-side-colon-graphic-700x572.png

...зошто го пишувам сето ова, затоа што внимателно го прочитав наодот на пасажа на цревата, каде воопшто не е спомнат почетокот на дебелото црево кое всушност и најширокиот дел на дебелото црево цекум (cecum), па потоа идат четирите сегментите на дебело црево Colon ascendens - Ascending colon кој нормално е потесен од цекум (cecum), transverse colon, descending colon, sigmoid colon,

20240731_154816~3.jpg

така да јас се извинувам, но наодот некако не ми е баш, ти препорачувам второ мислење да си побараш според снимките ако воопшто ти ги дадоа и ги имаш!

Screenshot_20240905_095511_OneDrive.jpg

... за да се направи разлика помеѓу Кронова болест и улцеративен колитис, двата најчести типови на воспалителна болест на цревата (IBD), како група на хронични нарушувања .

... Анти-Saccharomyces cerevisiae антителата (ASCA) се имунолошки протеини кои често се присутни кај луѓе кои имаат воспалителна болест на цревата (IBD), група на хронични нарушувања, за кои се смета дека се должат на автоимун процес, овој тест открива ASCA во крвта.
ASCA многу почесто се среќава кај луѓе Кронова болест отколку кај оние со улцеративен колитис, а постојат две класи на Saccharomyces cerevisiae антитела произведени од телото, ASCA IgG и ASCA IgA.

... позитивниот резултат на ASCA (пази, ти имаш ниско позитивен) не е дијагностички Кронова болест и улцеративен колитис или за воспалителна болест на цревата (IBD), но ја прави поверојатно дека лицето со симптоми има ИБД.
...ако ASCA е позитивен, а (перинуклеарно анти-неутрофилно цитоплазматско антитело) pANCA е негативен, тогаш веројатно е дека лицето има Кронова болест, ако ASCA е негативен, а pANCA е позитивен, тогаш веројатно е дека лицето има улцеративен колитис, а негативниот резултат за ASCA и pANCA ја исклучува воспалителна болест на цревата IBD, ама лицето со негативни резултати од тестот сè уште може да има Кронова болест и улцеративен колитис или друга воспалителна болест на цревата IBD.

FkqxdgXXEAE2nMj.png

...така да количината на присутна ASCA може да не корелира со сериозноста на симптомите или состојбата на лицето и не може да се користи за следење на одговорот на третманот, тестирањето обично се изведува само еднаш, за да се направи разлика помеѓу Кронова болест и улцеративен колитис, откако ќе се донесе одлука, генерално нема потреба од повторување на тестирањето, а типично е да се нарачаат тестови за двете класи на антитела, ASCA IgG и ASCA IgA, во исто време, апошто кај тебе резултатот е ниско позитивно нема што да се повториш или воопшто откриеш,
ЗАТОА што нивото на антитела може да варира со текот на времето, но штом телото на една личност ќе произведе ASCA, тој ќе продолжи да биде присутен, така да тука нема нешто дијагностички што да ти кажат, затоа што нема некаков наод за нешто со сигурност да се тврди!

П.С.
од денес почни со серија стомачни вежби, претклон, затклон, иако се внатрешни органи и тие бараат зајакнување на мускулатурата со вежбање, а не млитавост по цел ден, ем исхрана несоодветна, ем ГМО по нашите пазари, ем стресни ситуации со анализите и испитувањата што ги правиш, симптомите се поистакнати, наместо да се намалат и изгубат, секој трет ден земи по една капсула пробиотик или внеси во исхрана јогурт, само пишуваш што „ти прават“, дај напиши што ти превземаш и што си направил самоиницијативно за ова твоја здравствена состојба, а да не е поврзано со болница и доктори.
 
Прегледај го приврзокот 428512

...според напишаниот НАОД по движењето на контрастот низ цел твој дигестивен тракт забележале некое ДИСКРЕТНО стеснување во „пилорус“ - Pyloric stenosis, тоа е всушност излезот од желудникот и треба да се потруди да го напише стручно, ако воопшто ја помина анатомијата во медицината, а не вака цел текс без медицински изрази, без голема буквам без точка, па ова е медицински документ кој може пациентот ќе го однесе и во странство, срамота за ваков медицински кадар и ова би било специјалист со стручно експертско гледање на наод, за што зависи понатамошно лекување или голгота на пациентот?

Прегледај го приврзокот 428514

...да опишеме малку подобро, почеток на дебело црево е цекум (cecum) (што пишуваш ти дека болката е точно кај слепо црево, а не на Colon ascendens - Ascending colon кој е сегмент после цекумот), тенкото црево се храни во цекум преку мал канал во неговата страна (илеоцекалната валвула), така што крајот на цекум е всушност затворен како торбичка исто така најширокиот дел од дебелото црево, ова е резервоар каде храната од тенкото црево пристигнува во дебелото црево, кога цекумот е полн, тој ги активира мускулните движења на дебелото црево да започнат контракции, можеби тука е проблемот, ама не дека е проширен, зошто тој нормално е проширен за разлика од сегментот Colon ascendens - Ascending colon.

...после цекум (cecum) идат сегменти на дебело црево поделени според движењето десно- асцедентното дебело црево е вториот дел од дебелото црево, продолжувајќи од cecum, долго е околу 20–25 cm, асцендентното дебело црево го добило своето име поради фактот што е вертикално, туркајќи столица на десната страна на абдоменот.

Прегледај го приврзокот 428513

...зошто го пишувам сето ова, затоа што внимателно го прочитав наодот на пасажа на цревата, каде воопшто не е спомнат почетокот на дебелото црево кое всушност и најширокиот дел на дебелото црево цекум (cecum), па потоа идат четирите сегментите на дебело црево Colon ascendens - Ascending colon кој нормално е потесен од цекум (cecum), transverse colon, descending colon, sigmoid colon,

Прегледај го приврзокот 428515

така да јас се извинувам, но наодот некако не ми е баш, ти препорачувам второ мислење да си побараш според снимките ако воопшто ти ги дадоа и ги имаш!

Прегледај го приврзокот 428518

... за да се направи разлика помеѓу Кронова болест и улцеративен колитис, двата најчести типови на воспалителна болест на цревата (IBD), како група на хронични нарушувања .

... Анти-Saccharomyces cerevisiae антителата (ASCA) се имунолошки протеини кои често се присутни кај луѓе кои имаат воспалителна болест на цревата (IBD), група на хронични нарушувања, за кои се смета дека се должат на автоимун процес, овој тест открива ASCA во крвта.
ASCA многу почесто се среќава кај луѓе Кронова болест отколку кај оние со улцеративен колитис, а постојат две класи на Saccharomyces cerevisiae антитела произведени од телото, ASCA IgG и ASCA IgA.

... позитивниот резултат на ASCA (пази, ти имаш ниско позитивен) не е дијагностички Кронова болест и улцеративен колитис или за воспалителна болест на цревата (IBD), но ја прави поверојатно дека лицето со симптоми има ИБД.
...ако ASCA е позитивен, а (перинуклеарно анти-неутрофилно цитоплазматско антитело) pANCA е негативен, тогаш веројатно е дека лицето има Кронова болест, ако ASCA е негативен, а pANCA е позитивен, тогаш веројатно е дека лицето има улцеративен колитис, а негативниот резултат за ASCA и pANCA ја исклучува воспалителна болест на цревата IBD, ама лицето со негативни резултати од тестот сè уште може да има Кронова болест и улцеративен колитис или друга воспалителна болест на цревата IBD.

Прегледај го приврзокот 428520

...така да количината на присутна ASCA може да не корелира со сериозноста на симптомите или состојбата на лицето и не може да се користи за следење на одговорот на третманот, тестирањето обично се изведува само еднаш, за да се направи разлика помеѓу Кронова болест и улцеративен колитис, откако ќе се донесе одлука, генерално нема потреба од повторување на тестирањето, а типично е да се нарачаат тестови за двете класи на антитела, ASCA IgG и ASCA IgA, во исто време, апошто кај тебе резултатот е ниско позитивно нема што да се повториш или воопшто откриеш,
ЗАТОА што нивото на антитела може да варира со текот на времето, но штом телото на една личност ќе произведе ASCA, тој ќе продолжи да биде присутен, така да тука нема нешто дијагностички што да ти кажат, затоа што нема некаков наод за нешто со сигурност да се тврди!

П.С.
од денес почни со серија стомачни вежби, претклон, затклон, иако се внатрешни органи и тие бараат зајакнување на мускулатурата со вежбање, а не млитавост по цел ден, ем исхрана несоодветна, ем ГМО по нашите пазари, ем стресни ситуации со анализите и испитувањата што ги правиш, симптомите се поистакнати, наместо да се намалат и изгубат, секој трет ден земи по една капсула пробиотик или внеси во исхрана јогурт, само пишуваш што „ти прават“, дај напиши што ти превземаш и што си направил самоиницијативно за ова твоја здравствена состојба, а да не е поврзано со болница и доктори.
Доликоколон пишав дека имам, цревото е поголемо од што треба. Јас мислам дека имам „дијареа“, но всушност столицата не се оформува и немам целосно празнење, па идам повеќе пати.
Последен пат кога пробав јогурт со и без лактоза исхрана и сл. бев со столици на 30 минути 24/7 и со многу слуз. Исто кога јадев и леб и производи со глутен. Пробани ми се сите диети, со и и без влакна, низок хистамин, low oxylate, веган и без што не и можам хранливи својства да ти кажам исто и за тревки, чаеви, лекови итн... Не може пробиотици да не помогнат и лекови кои се за дијареа и од Грција и од Хрватска ни за формирање на столицата. Железо не се намалува од ИБС и немав видливи крварења.
Плус што стрес ќе беше од 2011 да имам болка на исто место и постепено да прекинам храна да не ми одговара? Не е можно. И дај без фиктивни дијагнози, ИБС е лажна дијагноза која се дава ако е чисто сѐ , кај мене се детектирани: гастритис, кила на желудник, доликоколон и сега на местото на болката стеноза видено со пасажа и со компјутерска томографија.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.613
Поени од реакции
42.138

IBS е сосема точна дијагноза за твоево. Тоа ти е на нервна база све од стрес. Цревата се стегаат и создаваат огромни болки, не ги абсорбираат нутриентите. Затоа и железото ти паднало. Мозокот и цревата се ептен поврзани меѓу себе.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
И дај без фиктивни дијагнози, ИБС е лажна дијагноза која се дава ако е чисто сѐ , кај мене се детектирани: гастритис, кила на желудник, доликоколон и сега на местото на болката стеноза видено со пасажа и со компјутерска томографија.
...ти посветив внимание неколку часа, а ти возвраќаш на ваков начин, ова е форум и се трудиме да помогнеме, ако си толку арогантен нема што да прашуваш тука по социјални мрежи, терај по „нефиктивните дијагнози“ по болнички институции, се мислам дека ниту си прочитал све што сум се потрудила скратено и разбирливо да ти напишам и описно прикажам, а тоа никој нема да ти го објасни во тие „НЕфиктивни дијагнози“, односно ако сакаш конкретно од друг член одговор и коментар напиши му ЛП или едноставно цитирај го во твојот коментар!

...ти може си направил компјуерска томографија, ама пасажа на цревата со контраст и напишаниот наод, што ќе си дадам слобода да кажам дека тоа лице што го напиша прво е неписмено при пишување на македонски јазик, второ не знае медицински изрази и трето „ја има заборавено“ поделбата на дебелото црево, барем по тоа што прочитав, а такво прашање е содржано во 800 прашања кои се даваат при полагање на испит по анатомија!

Parts-of-the-Large-Intestine-1024x688.png

...почеток на дебело црево (описно и цртеж) е дел цекум (cecum) каде е слепото црево (appendix) кој е иземен во објаснувањето во наодот како се движи контрастот и веднаш се премина на првиот сегмент на дебелото црево Colon ascendens или Ascending colon (правилно се пишува), па следат другите три сегменти transverse colon, descending colon, sigmoid colon за што ништо не е напишано што би било крајот на дебело црево до ректум и анусот!
 
Последно уредено:

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.773
Поени од реакции
2.913
@a9mkd дечко, не се зафркавам,ти фали тебе ракија во животот, тоа е лекот и за желудец и за гастритис и за цревни паразити, пробај си да ме пцуеш ако не ти е одма подобро. (y)
 
a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
542
Поени од реакции
281
IBS е сосема точна дијагноза за твоево. Тоа ти е на нервна база све од стрес. Цревата се стегаат и создаваат огромни болки, не ги абсорбираат нутриентите. Затоа и железото ти паднало. Мозокот и цревата се ептен поврзани меѓу себе.
Зошто тогаш има и често мокрење кога движам, а не кога мирувам (тоа е од 7 одделение или и тогаш имав проблеми? Зошто гледав интервјуата од проф. Бошко Ставревски баш убаво објасни и за Доликоколонот што и реално мене ми се случува. За жал инфо добив дека д - р починал.
Хронолошки:
Пред 2008 кога и да се будев цела перницата беше утоп од рефлукс.
Околу 2008 често мокрење.
Околу 2010/11 почнав да се исфрлам целиот после јакна купена од Шутка и станав целиот црвен па пиев лекови за алергија од Грција зошто се исфрлав со точки целиот и гушев, не најдоа причина.
Околу 2012 ослабев од 110 kg на 60 kg во рок од еден месец. Не се направи ништо.
Околу 2014 имав труење со алкохол.
Околу 2015 некако успеав гастроскопија па беше најден хроничен гастритис и кила на желудникот, колоноскопија не дадоа. Па лечев гастритис.
Околу 2017 бев хоспитализиран на Ургентен со болка баш кај слепото црево, крвната слика беше супер, ме пуштија дома по инфузии и лекови за желудник.
Околу 2018 истото се случи исто два пати, само шт веќе овој пат седнав доле и згрчив по јадење леќа или грашак. Постепено почна сѐ да ми пречи, па се префрлив на храна без глутен и без млеко зошто и на него реагирав.
2019 ме пратија на Имунологија и се утврди лактозна интолеранција и продолжив на храна без глутен (млеко исклучив), варено и печено (ориз, компир, палента). 2020 до 2022 бев стабилен. Почнав да јадам повеќе работи, работата пак се влоши. Зошто бев толку време на повеќе палента, варен и печен ориз, палета и реков да сменам. Па веќе и кога се вратив на безбедната храна од 4 вида ни таа не функционираше. Диета за IBS и Low FoodMap беше следена и елеминациска и пред колоноскопијата. Кај кој човек ништо не функционира? Да не спомнувам дека за IBS храна водев диета, дури и тон пари дадов за секакви од која немаше ништо. Да продолжам. 2023 беше Доликоколонот и улцерација на ректум потврдено со биопсија. 2024 март, нема траги од улцерација, а не крварам ни од хемороиди проблемот е погоре дефинитивно во дебелото црево. Хахаа абе ајде ништо не ти е, а седам ослабен пак 20 / 30 кила. ИБС не слабее и не прави проблем со железото, јас имам болка, а не подуваност, друго е што јас од 2017 немам ни гасови, а не чуствував ни глад. Она што тебе ти звучи ароганција, мене ми е смачено од здравствениот систем што и покрај тоа, немам конкретен договор и еве ти се извинувам. Доликоколон е ретка дијагноза во Свет, во која добар дел не прави проблем, кај повеќето прави запек, поретко дијареа или еве кај мене чести празнења зошто столицата не се формира, застојува, па идам по неколку пати, самите празни столици и слузот потоа кој е природно средство за подмачкување кажува дека цревото се напнува и се мачи, впрочем ставив и две видеа кој ова го објаснуваат. Затоа и на компјутерска томографија пишува застојани цревни вијуги. Пак ќе повторам, тоа ИБС не ја сметам за реалнандијагноза зошто се дава кога ќе бидат исклучени медицински прегледи и тквиото е сосем здраво. Кај мене имам повеќе состојби од почетокот до крајот. Следам истражувања од Монаш и д-р Марк Пиментел.

Еве уште еднаш јавно ти се извинувам ако се чувствуваш навредена, прочитав сѐ и ти благодарам на исцрпниот одговор. Но, лично мислам дека не може од овде никој да ми одговори и барам насоки на погрешно место.
Во прилог видеата за Долихоколон:

Плус, 3 години лечам брадавици на раката. И тие се од стрес. Се чудат кожните доктори како не ми се поминати.
 
Член од
28 ноември 2022
Мислења
361
Поени од реакции
612
,,Sta reci, a ne zaplakati,, :zver:
Koga pacient kje si se samodijagnosticira od ,,levo-gore do desno-dole i obratno,, vo ~ navrati, neka prodolzi ,,so OKP manevri,, istovremeno barajki ,,pomos,, od drug klinicki oddel. ,,Korisni,, emisii i clanaci prosledeni na Youtube, facebook, yahoo, redit, google, tiktok, itd. se praviot lek do uspesna samodijagnoza (y)
Ponekogas navistina relaxira t.e. istovremeno ,,deprimira,, odvoentoto vreme na forumot citajki gi ,,ovie temi i postovi,,.
Sekoe dobro.
 
a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
542
Поени од реакции
281
,,Sta reci, a ne zaplakati,, :zver:
Koga pacient kje si se samodijagnosticira od ,,levo-gore do desno-dole i obratno,, vo ~ navrati, neka prodolzi ,,so OKP manevri,, istovremeno barajki ,,pomos,, od drug klinicki oddel. ,,Korisni,, emisii i clanaci prosledeni na Youtube, facebook, yahoo, redit, google, tiktok, itd. se praviot lek do uspesna samodijagnoza (y)
Ponekogas navistina relaxira t.e. istovremeno ,,deprimira,, odvoentoto vreme na forumot citajki gi ,,ovie temi,,.
Sekoe dobro.
Секое добро и на тебе, иначе тоа е потврдено со колоноскопија. Така да продолжи да мислиш дека е смешно, а они нека продолжат да тврдат дека не прави „тоа“ проблеми. IMG-20240905-WA0000~2.jpg

За пребарување tortuous colon / redundant colon / redundant colon / dolichocolon.

Signs and symptoms may include:

constipation
painful gas
abdominal pain and tenderness
mucus stool, sometimes with blood
diarrhea
vomiting
hemorrhoids
changes to urinary frequency
weight loss
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.613
Поени од реакции
42.138
Секое добро и на тебе, иначе тоа е потврдено со колоноскопија. Така да продолжи да мислиш дека е смешно, а они нека продолжат да тврдат дека не прави „тоа“ проблеми.Прегледај го приврзокот 428536

За пребарување tortuous colon / redundant colon / redundant colon / dolichocolon.

Signs and symptoms may include:

constipation
painful gas
abdominal pain and tenderness
mucus stool, sometimes with blood
diarrhea
vomiting
hemorrhoids
changes to urinary frequency
weight loss
па истите симптоми ти се и на IBS. Сеа за IBS имаш лек, психијатар и терапија. За ова, не верувам некој да се нафати да ти го крати цревото.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
IMG-20240905-WA0000~2.jpg

Dolichocolon а не Dolicholon,
... aнатомски, долихоколонот е издолжување на дебелото црево, најчесто вклучува еден сегмент, обично descending colon, што резултира со свиткувања, јамки и свиткувања во луменот на цревата, oва може да биде придружено со дилатација на погодениот сегмент, а во твојот наод се пишува за сосема друг сегмент од дебело црево т.е. аscending colon каде се детектирало стеноза (стеснување) и преклопување на истата,

... еве пак цртеж и види што е проблемот при Dolichocolon ситуација на сегмент на дебело црево од лева страна, а на твојот напишан наод на аscending colon стеноза е од десна страна, а последица при Dolichocolon е тврда столица и запек (хронична констипација), а ти имаш проблем со мека столица,
Dolichocolon најчесто се среќава кај постарите лица, се карактеризира со издолжување (и исто така и со дилатација) на дебелото црево, односно најчесто на издолжување на дебело црево е кај женска популација, што не одговара ниту со твоја возраст ниту со твојот пол, ете ти контра факти :toe:

left-sideright-side-colon-graphic-700x572.png

„Ulcus recti“ во ендоскопијата како наод значи дека имаш ректален чир, рана што е можно од таму да крвариш, а во претходен наод текстот е напишан како да се следело снимки со контрасно средство до првиот сегмен на дебело црево Ascending colon, а не и во продолжеток патот на контрасно средство преку ректум до анус, за да се видат можеби и ректалениот чир, а ете се гледа дел од текст каде е назначено највероватно дека имаш внатрешни хемороиди кои можеби и тие се дел од тоа крварење во фецесот.
 
a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
542
Поени од реакции
281
па истите симптоми ти се и на IBS. Сеа за IBS имаш лек, психијатар и терапија. За ова, не верувам некој да се нафати да ти го крати цревото.
Мислиш на Колосал или Дубузин, зошто ги пиев долг период и немаше ефект, ги исфрлав цели.
Автоматски споено мислење:

Преклопувањето е со компјутерската томографија, пошто ја видоа стенозата и таму (носев цд). За друго, ми рекоа дека дебелото црево е доста поголемо од што треба, тоа беше 2023. Иначе најдов професор што работи и тоа и операцијата е лапараскопски.
Автоматски споено мислење:

И да заборавив, ќе се проба и со „терапија“, ќе ме води еден познат професор.
 
Последно уредено:
Член од
5 септември 2024
Мислења
53
Поени од реакции
49

Neka ne te dupat druzhe ne go drkaj 3 meseca ke vidis razlika
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
Мислиш на Колосал или Дубузин, зошто ги пиев долг период и немаше ефект, ги исфрлав цели.
...значи немаш ниту нервозни црева, ниту Кронова болест ниту улцеративен колитис.
За друго, ми рекоа дека дебелото црево е доста поголемо од што треба, тоа беше 2023.
...и ако ќе бараш второ мислење или евентуално во странство ќе одиш, како ќе им речеш за твојата ситуација ,,ми рекоа" ?

... наодите и сите документи се твои, не таму да ти останат, дај им фотокопија, не разбирам што е тоа да се нема снимки, резултати и слично никаква документација.
,,Иначе најдов професор што работи "

,,ќе ме води еден познат професор."
...ако се водиш по авторитет, а самиот не си дозволиш да размислиш логички барем,
... онака за твоја информација сите професори се познати, затоа се професори, а богами во денешно време се екс мамини синови протнати во образованието колку им е вистинското знаење, не знам, ама со последната пандемија со коронавирусот многу паднаја на испит во знаењето.
...не се сеќавам дали си напишал дали си антиковид вакциниран?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom