Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.471
Ајде браќа, хелп!
Правев тест преку крв, измет за хелико бактерија и излезе негативно.
Желудникот почна да ме пецка (мислам дека е од лоша исхрана, кафе на гладен стомак, цигари, нервози.. итн)Отидов на интернист ми даде Аципан 20мг, за стопирање на вишокот желудачна киселина. Ги пиев скоро два месеци, се осеќав ОК. После прекинувањето почна пак пецкањето при ждригање, киселина..
Сега ситуацијата е следна:
- Осеќам како ми тече секрет нон стоп
- Кнедла у грло
- Пецкање горе високо (осеќам киселина)
- Осеќање на сите мириси
- Нагон за повраќање
Од дома ми велат пиј свеж сок од зелка 3 пати на ден, јади чувар куќа..
ама дали има некој кој што може да помогне во ова ситуација, каква храна да се конзумира, што да се прави за да се намали киселината и се смири желудникот?
Тенкс.
...pantoprazol во болнички услови и ординиран во домашни услови само и само ако се има направено гастроскопија метод со доказ на висок ризик на ерадикација (крварење) дали од Helicobacter pylori , дали од друга природа со доказ со биопсија, како и Helicobacter pylori ДОКАЖАНО ВО ФЕЦЕС (столица) што не е твој случај, се чудам како така го даваат од „ракав“ и тоа цели два месеца? ај што ти го дадоа, потоа требаше да ти испитат целосно лабораториски анализи (ензими) во врска со јетрената функција, хипомагнеземија, анемија поради намалена асорпција на Вит Б12....итн
...ИНАКУ; самиот си ја кажа причината зашто имаш желудачни проблеми, лесно и брзо „ се расипува желудникот “ кога се нема дисциплина во исхрана, а тешко се враќа во нормала, затоа пробај да ги остраниш сите иритирачки супстанции како кафе, цигари, црн чај, љуто, алкохол, газирани пијалоци, мрсни и тешки јадења.... смени го начинот на внес на храна со почести и помали оброци, носење на поширока облека во делот на стомакот и на крај контролирање колку се може на стресот... пробај биди дисциплиниран една недела ќе видиш како телото ќе ти возврати со подобрување ! (y)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Ајде браќа, хелп!

Правев тест преку крв, измет за хелико бактерија и излезе негативно.

Желудникот почна да ме пецка (мислам дека е од лоша исхрана, кафе на гладен стомак, цигари, нервози.. итн)

Отидов на интернист ми даде Аципан 20мг, за стопирање на вишокот желудачна киселина. Ги пиев скоро два месеци, се осеќав ОК. После прекинувањето почна пак пецкањето при ждригање, киселина..

Сега ситуацијата е следна:

- Осеќам како ми тече секрет нон стоп
- Кнедла у грло
- Пецкање горе високо (осеќам киселина)
- Осеќање на сите мириси
- Нагон за повраќање

Од дома ми велат пиј свеж сок од зелка 3 пати на ден, јади чувар куќа..

ама дали има некој кој што може да помогне во ова ситуација, каква храна да се конзумира, што да се прави за да се намали киселината и се смири желудникот?

Тенкс.
Побарај “gerd symptoms and treatment”, посоветувај се со сериозен гастроентеролог, не ги прекинувај пп инхибиторите на своја рака. Слузницата на желудникот многу споро се опоравува, понекогаш требаат и повеќе месеци за убаво да заздрави. Кај некои случаи е потребно и доживотно да се пијат пп инхибитори (пантопразол, ланзопразол, омепразол) и тоа не е ништо трагично. Поголема штета може да се направи ако е неконтролирано лачењето на киселина отколку ризикот што го носат тие лекови. Не се катаклизмични како што пиша докторка Офболи погоре што го прочитала упатството и ја збуниле долгите зборови таму ;)
Секако пази и на исхраната ама ако ја имаш таа склоност и само суви мушмули да јадеш пак ќе имаш мака.
 
Член од
17 ноември 2013
Мислења
24
Поени од реакции
12
Здраво, епа вака.. татко ми пред скоро месец дена беше хоспитализиран пораади премногу слабо железо, анемија, но и крвава столица. Му препишаа терапија, примаше трансфузија, прима доста лекови, но состојбата не е подобрена. Крвавата столица.. Крвта била јасно црвена, некогаш има и само крв, без столицата... Исто така почна да чувствува болка остра во долниот дел од стомалот, како и зачестено мокрење..Закажана е колоноскопија, но се чека доста, знаете како одат овие работи кај нас..
... Докторите немаат утврдено дијзагноза, го препраќаат од интерноо, на хирургија..Јас сум избезумена, преплашена, страв ми е од најлошото.. Дали некој е запознаен со ова, имале сличен случај?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Здраво, епа вака.. татко ми пред скоро месец дена беше хоспитализиран пораади премногу слабо железо, анемија, но и крвава столица. Му препишаа терапија, примаше трансфузија, прима доста лекови, но состојбата не е подобрена. Крвавата столица.. Крвта била јасно црвена, некогаш има и само крв, без столицата... Исто така почна да чувствува болка остра во долниот дел од стомалот, како и зачестено мокрење..Закажана е колоноскопија, но се чека доста, знаете како одат овие работи кај нас..
... Докторите немаат утврдено дијзагноза, го препраќаат од интерноо, на хирургија..Јас сум избезумена, преплашена, страв ми е од најлошото.. Дали некоја е запознањна со ова, имале сличен случај?
Можно е да е IBD, не мисли одма на најлошото мада и ова не е баш сјајно ама се менаџира.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.338
Дечки кажете некоја заштита од вирус/настинка? 2-3 дена осеќам малаксеност, а денес буквално сум со зимско палто цел ден и почнува да ме пече грлото.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Дечки кажете некоја заштита од вирус/настинка? 2-3 дена осеќам малаксеност, а денес буквално сум со зимско палто цел ден и почнува да ме пече грлото.
Лежи во кревет и пробај да спиеш ако немаш обврски, пиј многу вода, ако те пече грлото и носот ако ти тече чај со мед, земај парацетамол, цинк и оние фервекс или тајлол хот штом ти е ладно. :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.471
... да киваше, нос да течеше, да речеме да престигнеме да ги ублажиме симптомите со Фервекс, Кафетин Колд и слични, но штом „му студи“ значи има грозница, можно да има веќе мала покачена телесна температура и ако тоа „ме пече грло“ веќе укажува на зафатена бактериска инфекција ... не му бега антибиотик како најбрзо решение (y)!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
... да киваше, нос да течеше, да речеме да престигнеме да ги ублажиме симптомите со Фервекс, Кафетин Колд и слични, но штом „му студи“ значи има грозница, можно да има веќе мала покачена телесна температура и ако тоа „ме пече грло“ веќе укажува на зафатена бактериска инфекција ... не му бега антибиотик како најбрзо решение (y)!
Ако земаш антибиотик увек кога ќе те пече грло кај ќе ти биде крајот. Фервекс, тајлол нека земе за да го стопли, ептен е непријатно кога ти е ладно и се тресеш.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.338
Лежи во кревет и пробај да спиеш ако немаш обврски, пиј многу вода, ако те пече грлото и носот ако ти тече чај со мед, земај парацетамол, цинк и оние фервекс или тајлол хот штом ти е ладно. :)
Одам на рок свирка за еден саат. :D
Се напив фервекс, ќе испијам уште еден пред спиење, се надевам подобро ќе е. Прошетав и со кучето преги, се затоплив, запотив ама ете се враќа студот сега пак.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.471
Ако земаш антибиотик увек кога ќе те пече грло кај ќе ти биде крајот. Фервекс, тајлол нека земе за да го стопли, ептен е непријатно кога ти е ладно и се тресеш.
па тоа е тоа илу, штом пече грло, не може да голта, тука имаме веќе бактерија која повеќе ќе збувне ако не ја стопира со антибиотик, телото се бори затоа ја покачи телесната температура и има грозница, ама не може да излезе на крај...

пс.
овие од Колумбија се фурија :kluc:
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Одам на рок свирка за еден саат. :D
Па тоа е тоа, незгодно сеа да им откажеш на друштвото, си се спремал толку време... да си пропуштиш рок свирка за едно здравје... не иде.

Клик со клин се избива братеуууу иди таму неколку ладни пивциња на екс, ни бактерија ни вирус ќе видиш утре како нов хехе.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.853
Поени од реакции
10.225
Имам гасови, грчеви вп стомак. Се разбудив од спиење од напнатост во стомакот и некакво чувство на здрвеност на лицето и нозете ми беа како отсечени. Иначе пијам Метеоспазмил и Еманера како терапија за иритабилно дебело црево ама не помагаат. Кажувајте чаре неможам ни да спијам ни да лежам
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.803
Поени од реакции
42.436

Јади храна што нема да те дуе, изгуглај lowfodmap и ќе видиш кои ствари можеш а кои не можеш да ги јадеш, експериментирај со храната и ќе најдеш што ти одговара најдобро за тебе.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.853
Поени од реакции
10.225
Јади храна што нема да те дуе, изгуглај lowfodmap и ќе видиш кои ствари можеш а кои не можеш да ги јадеш, експериментирај со храната и ќе најдеш што ти одговара најдобро за тебе.
Ајде да видам, фала ти
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
889
Поени од реакции
442
Имам гасови, грчеви вп стомак. Се разбудив од спиење од напнатост во стомакот и некакво чувство на здрвеност на лицето и нозете ми беа како отсечени. Иначе пијам Метеоспазмил и Еманера како терапија за иритабилно дебело црево ама не помагаат. Кажувајте чаре неможам ни да спијам ни да лежам
Пробај земи тоа што ти кажа @Psyside oд iherb јас зедов Ulcetrol и има некакво смирувачко дејство уште одма кога ке го земеш апчето се осеќа како маст/креда да ти минува низ стомакот и ја намалува киселината, баре за стомак исхрана и суплемети 100% помаат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom