Дежурна Ординација! #2

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Енап 10 и Енап 20 за притисок.Имаше претпоставка матичниот дека можно е од лековите,па ги сменија со Лосартан ама кашлицата не помина и пак се врати на Енап.
Постои голема веројатност кашкицата да е предизвикана од лековите. Лосартанот се слични со Енап. Пробајте евентуално со Копренеса и секако посоветувајте се со интернист / кардиолог за да се смени терапијата.
Исто така, испитајте за ГЕРБ (гастроезофагијална рефлуксна болест) бидејќи често пушачите имаат ГЕРБ. Изненадувачки, но знае да предизвика кашлица и тоа прилично упорна.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.470
Енап 10 и Енап 20 за притисок.Имаше претпоставка матичниот дека можно е од лековите,па ги сменија со Лосартан ама кашлицата не помина и пак се врати на Енап.
Всушност се работело за стар бронхит.Имаше бронхопневмонија пред 3 години и после му кажаа дека има оштетени бели дробови.Има 50 години.Да,кашлицата е со свирење на градите а понекогаш и отежнато дишење.Инаку е и дијабетичар од минатото лето па затоа матичниот мислеше дека сувата кашлица потекнува од тоа.
...недолечената бронхопневмонија „украсена“ со епитет на страствен пушач, дополнително „зачинето“ со покачен шеќер сигурно е последица тоа кашлање што највероватно има некој процес во белодробието, доколку користи конкретно enalapril -Enap за покачениот притисок и тој дополнително дава поткашлување (во текот на денот) како најзразен лек од антихипертензиви од АКЕ групата од што се кашла, но се сомневам дека кашлањето е последица од тоа, инаку добро направивте да се префрли на losartan (антихипертензив од групата на антагонисти на рецептори на ангиотензин II), оти losartan е посебно препорачлив за заштита на бубрезите кај лицата со покачен крвен притисок, со дијабетес тип 2 и тие што имаат срцеви проблеми и доколку крвниот притисок бил регулиран, а се префливте повторно на Enap поради кашлањето, сте погрешиле, оти главната причина на кашлањето ( не велам за послабото споредно несакано дејство поткашлување од Enap е од друга природа....самото тоа што повеќе кашла навечер кога е во хоризонтална положба, за разлика кога би бил исправен ( на висока перница) поради вертикална гравитација притисокот е поголем кога грлото е хоризонтално наспрам белодробието, сето тоа е поради пушењето и проблемите околу тоа од тип на бронхопневмнија, бронхитис па дури и астма со отежнато дишење и гушење...кога веќе се префрливте од losartan што не продолжи со друг АКЕ инхибитор од тип на lizinopril како Skopril Alkaloid, а се вративте пак на enalapril- Enap!
 
Член од
17 март 2017
Мислења
320
Поени од реакции
522
Ваши мислења за друг случај.Се работи за татко ми на 56 годишна возраст.Има дијагноза D45 Policitemija Vera.Прави венопункција на три месеци.Прима лекарства Кардиопин и Гинко Билоба.Таа дијагноза ја има веќе пет години.Има направено повеќе испитувања на Хемологија како и генетско испитување и не можат да ја откријат причината.Ваши мислења и совети?
 
...најважно редовно следење на крвната слика да не би дошло до прегуста крв и тромбоза со животни комплкации од стоп на крвта (затоа се врши и пуштање на крвта- венопункција), проверка на јетра и на слезината, редовно мерење на крвен притисок...
...ќе спомнам, тоа е мое мислење, дека Ginkgo Biloba не би требало да пие (со напомена дека Ginkgo Biloba знае да го покачи крвниот притисок и е ризичен поради споредното несакано дејство врз коагулацијата, за тие пациенти со нарушена циркулација на крвта посебно ако се на антикоагулантна терапија како Aspirin т.е под друго бренд име спомнат како Cardiopirin 100 mg), исто може да даде ги засили главоболките кои можат да се појават од ДПВ болеста, како и силното чешање по телото...
...треба да направи некој режим на исхрана која нема да му делува за „создавање“ на крвта туку за разредување на истата и да се внимава кои други лекови се пие поради други болести, а делуваат на циркулацијата, да не би дошло ниту до тромбоза, ама ниту обратно - до крварење!
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
Енап 10 и Енап 20 за притисок.Имаше претпоставка матичниот дека можно е од лековите,па ги сменија со Лосартан ама кашлицата не помина и пак се врати на Енап.
сува кашлица имав од енапот, не можев да сопрам, ми го заменија со лосартан, енапот дефинитивно не му годи
 
Член од
1 февруари 2018
Мислења
73
Поени од реакции
65
Luge preporacajte dobar dermatolog vo Skopje (i privatno moze)
Mi ja falat doktorkata vo promedika.
Doktor Starova ne mozam da go dobijam nikako
 
Член од
27 мај 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво, дали има некој искуство или има информации за варикоцела? т.е како да се излечи?
По преглед од уролог ми беше дијагнозирано варикоцела на тестисот од прв степен, имало 3 степени а мојата била 1 степен. Докторот ми кажа дека се прави операција само ако е голема варикоцелата т.е ако ти прави големи проблеми - големи болки, стерилност итн....
Јас колку што читав на интернетов операцијата не е сигурно зошто варикоцелата може да се врати а исто така читам има луѓе што се излечиле природно со некои суплементи или природни работи па ако знаете лек или нешто за ова би ве замолил да ми кажете, секоја помош е добродојдена.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.314
Поени од реакции
11.670
Ми се воспалени крајнициве.Сеќавм онака поотечено и ме боли кога голтам.Малце сум омалаксан како да кревам температура.Би помогнало кафетин колдмакс и некои од оние за шмукање апчињана?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ми се воспалени крајнициве.Сеќавм онака поотечено и ме боли кога голтам.Малце сум омалаксан како да кревам температура.Би помогнало кафетин колдмакс и некои од оние за шмукање апчињана?
Ако воспалението е предизвикано од бактерија ќе помогне било каков антибиотик ама ако е вирусно, за жал ќе мора да се задоволиш со home remedies. Земи утре од аптека нешто како Ангал спреј или Стрепсилс а во меѓувреме прави гаргара со солена вода неколку пати на ден, пиј или чај или многу ладна вода (кај различни луѓе помага или топло или ладно), сладолед исто препорачуваат и ако често страдаш од крајниците, размисли за нивно вадење. Ако си склон на нивно воспалување, повеќе мака ти носат отколку заштита.
 
Пред два дена играв фудбал и онака испотен, истрошен се скапав вода пиење директно од чешма.Се си мислам дека ми е од тоа.Е сеа нема логика после ова да пијам ладна вода,оти мислам дека ќе се влоши.
Иначе за крајнициве имам проблеми претежно во зима.Да се напијам ладна вода дирек од чешма неколку пати и одма јавува.Цела зима пијам топла вода.Сеа за велигден се напијав 3-4 пијачки со повеќе мраз во кафич,и наредниот ден едвај зборував.И по 1-2 дена пазење,ме пушта.
Зедов некои си апчиња за шмукање,демек добри биле ми рече аптекарот.Само пред 2 години вака кога се лекував самостојно стасавме до гнојна ангина. :D
Ме плаши оти викендов сум на свадба кај ептен близок,па после што биде-биде.
 
Член од
1 февруари 2018
Мислења
73
Поени од реакции
65
Postoi li vo Skopje iskusen i obrazovan dermatolog? Ili site se bez'rbetnici kako doktor gorica, svetlana, kiril, ancevski, iskra i ostanato se nepismeno...
Glupavo mi e za primarna kozna infekcija da odam vo Sofija da baram doktor :( sum odel tamu za poseriozni problemi.
Ovde se raboti za folikulitis dobien od depilacija i eden mesec veke ne mozat da go izlekuvaat duri ni so antibiotik-apce.plus antubiotik kremi!
Pomos!!
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Пред два дена играв фудбал и онака испотен, истрошен се скапав вода пиење директно од чешма.Се си мислам дека ми е од тоа.Е сеа нема логика после ова да пијам ладна вода,оти мислам дека ќе се влоши.
Иначе за крајнициве имам проблеми претежно во зима.Да се напијам ладна вода дирек од чешма неколку пати и одма јавува.Цела зима пијам топла вода.Сеа за велигден се напијав 3-4 пијачки со повеќе мраз во кафич,и наредниот ден едвај зборував.И по 1-2 дена пазење,ме пушта.
Зедов некои си апчиња за шмукање,демек добри биле ми рече аптекарот.Само пред 2 години вака кога се лекував самостојно стасавме до гнојна ангина. :D
Ме плаши оти викендов сум на свадба кај ептен близок,па после што биде-биде.
Been there. Од ладното ти е. Си им отворил порта на вирусите и бактериите. Но ова укажува на фактот дека имаш и релативно намален имунитет.
Избегнувај ладно, особено на екс.
Јас така еднаш на свадба се сахранив, степав 5 кока коли ладни брзо една по друга и се разбудив со лава во грлово.
 
Член од
25 февруари 2014
Мислења
139
Поени од реакции
9
Психолог или психијатар во Битола што работи на приватно да не знае некој?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Имам некое неодредено чувство во грбот, десна страна, на средина некаде, отприлика долен дел на ребро, по хоризонтална линија од кичма до слабина. Мешавина од згрченост, тргање, болка и чувство како некој со рака да ми ги стега органите внатре.

„Болката“ ми се појавува после лежење. Додека лежам не чувствувам ништо, но штом направам движење во кревет одма чувствувам болка, а најсилна е ми се чини при станување од креветот. После станувањето, ми требаат некои 5-10 минути за да се стабилизира, после тоа не чувстувам ништо. Седење, пешачење, качување по скали не ми причинуваат мака.

Ова е третпат ми се чини, да ми се појавува вака, во рок од година и некој месец отприлика. Минатите два пати беше буквално од нигде никаде и поминуваше без ништо, едино апче-две за болка, сега мислам дека подолго ме држи. Започна откако истрчав некоја си дистанца од 200-300 метри, по тотално несоодветна облека и несоодветни патики, пошто брзав. Ми се смири некој ден и еве сега пак се засили откако скокнав преку две скали некни.

Дискус хернија, жолчка, ребро, мускул, бубрег? Што може да е? Да терам кај физиотерапевт директ или прво матичен и рентген?

П.С. Вишок килограми, слаба активност последниве месеци, извадено слепо црево.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom