@bijons
Која срцева комора врши повеќе работа, претпоставувам левата, но колку пати повеќе работа е тоа? Молам двапати, трипати, петпати, стопати - одговор, без википедиа линкови.
не знам кој ти е пристапот на кој начин и со која цел ме прашуваш ? искрено да ти кажам не знам што подразбираш која срцева комора „врши повеќе работа“
во смисол дека некоја срцева комора „повеќе“ работа од другата со твоја препоставка дека е лева комора? или мислиш дека нека комора има приоритет пред другата, па со тоа е поглавна?
срцето се состои од десна предкомора и десна комора и лева предкомора и лева комора, во десна предкомора влегува крвта која доаѓа од сите органи кога веќе „го предаде кислородот“ и е редуцирана демек без кислород и „плава“ имаме стегање на десна предкомората и таа крв влегува во десна комората и се пушта во два правци (лево и десно) повторно во белодробието да се „наполни со кислород“ , не е шала да за една минута три пати кружи целата крв од нашето тело низ срцето...
во исто време кога влегува крв во десна предкомора што накратко пишав, влегува крв „од 4 страни“ од белодробието богата со кислород во лева предкомора, кога се стега десна комора ќе се стегне и ова лева предкомора и крвта богата со кислород, црвена, сега влегува во лева комора и преку аорта фрццц се исфрла „ крвта богата со кислород“ во сите органи да се достави тој кислород и се повторува кругот, првиот круг е помал нели белодробие па срце па велиме мал крвоток, а ова другото треба да помине низ цело тело па велиме голем крвоток ама тоа не е до работата на коморите па една е поважна друга не...
стегањето е автоматизирано и во исто време...се стегаат и двете предкомори и лева и десна, во една влегува крв без кислород што рековме а во друга крв богата со кислород, и по една мала пауза се празни двете предкомори и лева и десна и се полни истовремено двете комори и десна и лева, десна со крвта без кислород, а лева комора со крвта со кислород, и потоа имаме пак сетгање и се празнат истовремено и двете комори од крвта, десната комора си ја пушта крвта без кислород преку две места до белодробието, а лева комора кога ќе се стегне ја фрла крвта со кислород во аортата до сите органи да си го земат кислородот...
АБ јазол во предкомора, Синусов јазол во комора се одговорни за истовремено стегање и опуштање на предкомора и комора ... значи работата е иста и истовремена на двете предкомори се стегаат истовремено се пуштаат истовремено, се полни комора истовремено и се исфрла од комора истовремено...
контракција на срце велиме систола, опуштање велиме дијастола, паузата од систола и дијастола полнење и празнење со крв на коморите имаме „ срцева пауза“ тогаш срцето мирува (нема инпулс и не работа) и кога ќе кивнеме исто така срцето „застанува“ мирува!
Само тие со вродени срцеви мани може да имаат проблеми со срцето и „срцева слабост“ како и постари личности зависно од поминатиот живот и моменталните болести и такво соодветно оштетување на срцето со намалена работа со што велиме има срцева слабост (помагање со бајпас, пејсмејкер )итн
Младите највероватно затоа ти е и прашањето, поради преголем долготраен стрес, анксиозност, депресија прјадување, алкохол, кафе, нервоза ..итн телото при мирување ги добива тие пореметени импулси на срцевите јазоли со што срцето ќе почне да лупа побрзо, да прескокнува со што телото почнува да трепери, морници, грчеви спремно за одбрана, бегање, тепање, а тоа во моментот е во мирна состоја - лежи во кревет и кога ќе додадеме и по една цигара и лоша мисла дека другарот не заебал, а женската отиша со друг..... ете ние имаме слабо срце, лежиме а тоа спобудалено е лупа, прескокнува ..нас ни е лошо ни се кочи раката, почнуваме да се потиме , гушиме...ајдееее утре на доктор... ЕКГ; ЕХО ; СТРЕС ТЕСТ.. што имам докторе? НИШТО!...како бе ништо? а бе овој не знае...трк кај друг доктор...дај анализи , разни испитувања, јас сум болен имам слабо срце...? ама срцето е здраво, ние му праќаме погрешни импулси и тоа затоа реагира на таков начин...