Дежурна Ординација! #2

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Леле се надевам не зар од 25 год да имам шеќер :(:(
Лол аман бе, и деца имаат дијабетес. Најбабски муабет што постои - млад си, ништо не ти е. Се може да ти биде.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.531
Поени од реакции
34.685
Уште ситење за болест фалеше... за дадената дијагноза од око, али океј.
... кога веќе сакаш да ми коментираш на нешто што не е твоја област (барем така мислам) ферски е да ми го постираш и првиот и вториот коментар со што и кажувам на членката дека има најрани знаци на Крон иако не и е утврден, тоа се вика почеток на нештото кое ако не се „поправи“ тоа нешто следува болеста на цревата...не знам зашто не го разбирате тоа, јасно го објаснувам значи НЕ РЕКОВ ДЕКА ИМА КРОНОВА БОЛЕСТ, туку почетни симптоми....
Немам чир, имам афтозни промени во тенко црево, се сомневаа во Кронова болест ама бидејќи немам чести дијареи, не слабеам и биопсијата не потврди Кронова, тоа остана да штрчи така со препорака да повторам гастро и колоноскопија за 1 година..
на овој нејзин пост одговарам со вториот коментар, но очигледно не го разбирате,еве го :
... па нормално дека немаш дијареја оти присуството на афтозни улкуси кај тебе се првични, најрани, знаци за Кронова болести, при рана дијагноза нормално дека ги немаш класичните симптоми со кои се одликува Кроновата болест :(
значи афтозни промени се всушност афтозни улкуси или почеток на создавање на улкуси, а тоа е прв знак за заболување на цревата наречена Кронова болест !:toe:
Пред 5 месеци ја правев, кај Трајков во Систина... Бев и кај Василевски и кај Дерибан, ама никој не ми кажа ништо конкретно, освен дека постојат неколку улцерации површни, во терминален илеум, ама ги немам симптомите за Крон.Работата е што мене првичните симптоми поради кои првпат бев на доктор, а немав никаква намера да правам гастро и колоноскопија ми останаа, а деновиве ми се појавија и 2 афти во уста и тоа заедно со ЦРП-то и железото кое е 8 беше доволно да се убедам дека е Кронова.Супер тоа, ама не е убаво на некој да му потврдуваш дијагноза која ни лекари не ја потврдиле. Сериозно од памет ме извади. Важен е и на начинот на кој се кажува, без разлика што е ова форум.
така ли? тогаш што не напиша во продолжение во инбокс кога веќе дебатираме околу тоа, туку овде јавно... и ти ја сакаш вистината или сакаш утеха? јас не ти ја потврдив дијагноза,оти ја немаш, јас само ти реков дека си во СИТУАЦИЈА на таа ПРЕД дијагноза !
Хахахахаха :))))) Фала ти за ова!!! Се покајав што пишав, од тогаш навака се што сурфам е “early symptoms of crohn’s”, закажав втора колоноскопија и само на вага стојам, да видам да не слабеам.
еве само да те потсетам за твоето однесување, на тоа што ете сакам да ти одговорам на тоа што прашуваш јавно овде на форум...
@Kalista па искрено и не сум осетила потреба да одам зошто и не сум јадела ни благо ретко осеќав потреба за благо е сега у задње време се опуштив и јадам малку повеќе. Само се зачудив не ни помислив дека веѓите имаат врска со тоа мада навечер се будам сува уста многу вода пијам не знам можно е. Јас утре понеделнички за сигурно право кај матичната
Да, најдобро е така, на мајка ми сува уста и беше прв знак дека и е покачен шеќерот.
бај де веј, кажуваш работи изгледа на ист начин како ти пречи да ти кажат, интересно нели? :)
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Како е celiac disease на македонски?
И таа е тешка за дијагноза, и многумина си патат од неа без да знаат.
https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/celiac-disease/symptoms-causes/syc-20352220

А за шеќерот пред една година бев бидејки коа јадам благо осеќам гадење и ми се врти ми беше 8 и ми рекоа ништо страшно но пази што помалку благо да јадеш.
Ама и ова докториве се за ќотек. Добро, зошто има референтни вредности ако „ништо не ти е“ кога е покачено?
И на колега исто, мерење шеќер 9 „ништо не ти е“, мерење просек у задњи 3 месеци 8.5 и пак истото „ништо не ти е“.
Еден убав, асален ќотек треба да се удри на докториве.
Изгледа навикнати се да гледаат кај постари луѓе шеќераши големи вредности и автоматски на младиве ништо не им е. Од стресот е.
Изгледа малку се труби за дијабетесов, дека е во огромен пораст, дека често се јавува и кај помлада популација... ама џабе.
Ништо не ви е :icon_lol: внимавај малку на исхрана и малку физичка активност :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747
Како е celiac disease на македонски?
И таа е тешка за дијагноза, и многумина си патат од неа без да знаат.
https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/celiac-disease/symptoms-causes/syc-20352220


Ама и ова докториве се за ќотек. Добро, зошто има референтни вредности ако „ништо не ти е“ кога е покачено?
И на колега исто, мерење шеќер 9 „ништо не ти е“, мерење просек у задњи 3 месеци 8.5 и пак истото „ништо не ти е“.
Еден убав, асален ќотек треба да се удри на докториве.
Изгледа навикнати се да гледаат кај постари луѓе шеќераши големи вредности и автоматски на младиве ништо не им е. Од стресот е.
Изгледа малку се труби за дијабетесов, дека е во огромен пораст, дека често се јавува и кај помлада популација... ама џабе.
Ништо не ви е :icon_lol: внимавај малку на исхрана и малку физичка активност :D
Па со физичка активност многу срања превенираш да ти се случат, не може човек да седи дома како кактус само и да биде здрав.
 
K

Kalista

Гостин
и? мислиш со вакво однесување сакаш да бидеш топ женска, во топ тело, со топ органи посебно со ГИТ? каде е објаснување за дисциплина со исхраната?

... па нормално дека немаш дијареја оти присуството на афтозни улкуси кај тебе се првични, најрани, знаци за Кронова болести, при рана дијагноза нормално дека ги немаш класичните симптоми со кои се одликува Кроновата болест ...леле, како бе така специјалистите донесуваат погрешен заклучок? :(
Сериозно мислиш дека ова е соодветен однос? И го споредуваш тоа што сум рекла на членката “покачен шеќер” (што е де факто, секој може да види референтни вредности) со Кронова болест, дијагноза која тројца доктори не ја потврдиле?
... напротив треба да си среќна, оти природата не дава секому „шанса“ да се порави телото во тоа што секојдневно греши пред да се рече дека веќе се разболело... таква состојба т.н. субклиничка зависи од тебе дали ќе влезеш во клиничка состојба односно ќе ти се дијагностицира болест или ќе се извлечеш од субклиничка со целосно остранување на првичните знаци на иритабилно црево кој каде и да е ќе дојде до Кронова болест...
Фино ги цитираш деловите каде викаш “сомнеж” ама ги забораваш оние во кои велиш “ама кај и да е, ќе ја добиеш...”
Затоа и се обратив тука, затоа што не знам како да си помогнам, не знам што треба да јадам, едноставно барав луѓе кои ќе дадат совет или имале слично искуство бидејќи 6 месеци го живеам пеколот, со дадени илјадници евра по доктори, со паѓање психички, со секојдневни нови и нови симптоми, а чаре никакво.
За на крај да се појавиш ти, не знам ни дали си доктор, сестра, лаборант, што и да е, и да кажеш, “ау па ти сакаш да си топ женска во топ тело” (?!).
Не, сакам само да сум здрава! И те молам, доста е на темава, и така се покајав што прашав, фала за конверзацијата.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.531
Поени од реакции
34.685
Сериозно мислиш дека ова е соодветен однос? И го споредуваш тоа што сум рекла на членката “покачен шеќер” (што е де факто, секој може да види референтни вредности) со Кронова болест, дијагноза која тројца доктори не ја потврдиле?
Фино ги цитираш деловите каде викаш “сомнеж” ама ги забораваш оние во кои велиш “ама кај и да е, ќе ја добиеш...”Затоа и се обратив тука, затоа што не знам како да си помогнам, не знам што треба да јадам, едноставно барав луѓе кои ќе дадат совет или имале слично искуство бидејќи 6 месеци го живеам пеколот, со дадени илјадници евра по доктори, со паѓање психички, со секојдневни нови и нови симптоми, а чаре никакво.
За на крај да се појавиш ти, не знам ни дали си доктор, сестра, лаборант, што и да е, и да кажеш, “ау па ти сакаш да си топ женска во топ тело” (?!).
Не, сакам само да сум здрава! И те молам, доста е на темава, и така се покајав што прашав, фала за конверзацијата.
...читаш тоа што ти одговара, а други делови не ги читаш ниту ги поврзуваш во моите коментари, како и да е секој сака да биде здрав прашање што превзема самиот, освен да чека другите да му кажат! ... не знам зошто има толку лошотилок во тебе :toe: јас сакав само да помогнам ...
 
Член од
20 јуни 2016
Мислења
257
Поени од реакции
120
@bijons ццц Господ умот да ти ги чува жено кои глупости ги пишуваш и не знам што па и моето прашање го мешаш у ситуацијава мислиш шериф на форумов си
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Па со физичка активност многу срања превенираш да ти се случат, не може човек да седи дома како кактус само и да биде здрав.
Не сакав со постот да ја потценам физичката активност. Таа е од огромна важност, особено кај шеќер и инсулинска резистентност.
Сакам да кажам дека докторите многу малку внимание посветуваат на тоа, и го кажуваат како едноставна работа, не го потенцираат доволно.
Значи има да му вреснам на пациентот и детално да му образложам колку е важно секој ден да има физичка активност.
Они уз пат го кажуваат. Ако помине, помине.
Реално и они се пренатрупани со администрација и немаат многу време да посветуваат.
Дополнително, учени се на медицина дека „џабе им зборите на пациентите, они не ги менуваат животните навики и исхраната“. „Само лекови бајо мој“:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не сакав со постот да ја потценам физичката активност. Таа е од огромна важност, особено кај шеќер и инсулинска резистентност.
Сакам да кажам дека докторите многу малку внимание посветуваат на тоа, и го кажуваат како едноставна работа, не го потенцираат доволно.
Значи има да му вреснам на пациентот и детално да му образложам колку е важно секој ден да има физичка активност.
Они уз пат го кажуваат. Ако помине, помине.
Реално и они се пренатрупани со администрација и немаат многу време да посветуваат.
Дополнително, учени се на медицина дека „џабе им зборите на пациентите, они не ги менуваат животните навики и исхраната“. „Само лекови бајо мој“:
Ама и народов наш е размазен со лековите. Пола од лековиве што се во оптек кај нас во сите нормални држави се на рецепт. Аналгинот и кетоналот поготово, отиди во Словенија во аптека и кажи им дајте ми аналгин да видиш што поглед ќе добиеш :icon_lol: Пола се научени да поминат „со лесно“ што се вика, дај ги аповите, што има ја да ти шпартам по улици :kuracc:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747
Не сакав со постот да ја потценам физичката активност. Таа е од огромна важност, особено кај шеќер и инсулинска резистентност.
Сакам да кажам дека докторите многу малку внимание посветуваат на тоа, и го кажуваат како едноставна работа, не го потенцираат доволно.
Значи има да му вреснам на пациентот и детално да му образложам колку е важно секој ден да има физичка активност.
Они уз пат го кажуваат. Ако помине, помине.
Реално и они се пренатрупани со администрација и немаат многу време да посветуваат.
Дополнително, учени се на медицина дека „џабе им зборите на пациентите, они не ги менуваат животните навики и исхраната“. „Само лекови бајо мој“:
Општите доктори не се пренатрупани толку со администрации од што се мрзи и мотото во животот им е клати врата земај плата. Ретко некој исклучок ама на таков немам налетано. Се ти да им бараш нешто да ти даде дали упат кај специјалист или да провериш крв, никаква заинтересираност, само ќе ти рече што ти е сега? и еве ти антибиотик пиј. Ја разбирам не се они специјалисти, али има тотални лаици меѓу нив што појма немаат од ништо, па и ќе ти паламудат со вакви како вас полуписмени имаме работа што прочитале или виделе нешто негде. Тоа им е аргументот за све ако им преречеш нешто.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Општите доктори не се пренатрупани толку со администрации од што се мрзи и мотото во животот им е клати врата земај плата. Ретко некој исклучок ама на таков немам налетано. Се ти да им бараш нешто да ти даде дали упат кај специјалист или да провериш крв, никаква заинтересираност, само ќе ти рече што ти е сега? и еве ти антибиотик пиј. Ја разбирам не се они специјалисти, али има тотални лаици меѓу нив што појма немаат од ништо, па и ќе ти паламудат со вакви како вас полуписмени имаме работа што прочитале или виделе нешто негде. Тоа им е аргументот за све ако им преречеш нешто.
Значи пола саат и треба на мојата матична да искуца нешто и да се снајде у апликацијата за термин.
Тоа го мислам под администрација :)
Ама имаат и други работи, ако се неписмени со компјутер, а повеќето стари, а и млади, се, им одзема многу време, верувај. Многу искуства имам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Општите доктори не се пренатрупани толку со администрации од што се мрзи и мотото во животот им е клати врата земај плата. Ретко некој исклучок ама на таков немам налетано. Се ти да им бараш нешто да ти даде дали упат кај специјалист или да провериш крв, никаква заинтересираност, само ќе ти рече што ти е сега? и еве ти антибиотик пиј. Ја разбирам не се они специјалисти, али има тотални лаици меѓу нив што појма немаат од ништо, па и ќе ти паламудат со вакви како вас полуписмени имаме работа што прочитале или виделе нешто негде. Тоа им е аргументот за све ако им преречеш нешто.
Море како немаат, знаеш какви глупости треба да внесуваш во компјутерот? Истиот софтвер го има и татко ми и нели зш старава генерација е мрза и со него и јас требаше да го учам софтверот, знаеш колку време се губи за глупости? Уште ако интернетот е слаб или во министерство им е паднат сајтот/серверот, отиде денот.
 
K

Kalista

Гостин
Јас мислам дека комплетно ќе откачам и своеволно ќе се пријавам во болница за испитувања. Или ќе земам кредит и ќе одам да испитам се зошто не можам вака. Имам еден тон симптоми, дури и симптомите ми имаат симптоми! И не можам да ги поврзам... па ако некој може... :)
- Повремени тахикардии (до 110 пулс), направено 100 пари ехо, екг, стрес тест, екг холтер и холтер за притисок - се ок. Пијам четвртинка бета блокер (пропранолол) кој не знам како да го откачам, а планирам бременост. Не можам без него, срцево во врат си го осеќам.
- Повремени дијареи (2-3 пати месечно) мнооогу гасови, кркорење на црева, симптоми на ИБС, Кронова неутврдена. Копрокултура негативен наод, кандида нема, тест за окултно негативен.
- Болки по цело тело, претежно нозете и стомакот, ко да сум вежбала 20 саати, а физички сум ептен неактивна, не ме карајте за ова, знам дека не чини.
- Интолеранција на лактоза, ЦРП благо покачен (3.7), седиментација нормална, железото нешто шантра од 8 до 13, феритинот е ок, на тироидната имам куп јазолчиња ама ТСХ и ФТ4 се добри.
Жолчката ја извадив пред 3 месеци, имав камења и полип.

Што да испитам луѓе, кај да одам?! Ќе почнам рандом по клиники да влегувам. Сакам да најдам доктор што ќе ја види пошироката слика наместо секој својот сегмент да си го гледа и на крај обавезно завршувам со прашалници.
И да, сето ова почна после моја неуспешна бременост пред 6 месеци, тоа го прифатив онака од нога, ама почнаа да ми се редат куп физички симптоми кои не можам да си ги објаснам.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
723
Поени од реакции
388
Повраќањето, гасовите, кркорењето и зголемениот пулс ти е од Кроновата
Moжно е да е многу mild Кроновата а тие симптоми ти се од Flare up.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom