Јас мислам дека комплетно ќе откачам и своеволно ќе се пријавам во болница за испитувања. Или ќе земам кредит и ќе одам да испитам се зошто не можам вака. Имам еден тон симптоми, дури и симптомите ми имаат симптоми! И не можам да ги поврзам... па ако некој може...
- Повремени тахикардии (до 110 пулс), направено 100 пари ехо, екг, стрес тест, екг холтер и холтер за притисок - се ок. Пијам четвртинка бета блокер (пропранолол) кој не знам како да го откачам, а планирам бременост. Не можам без него, срцево во врат си го осеќам.
- Повремени дијареи (2-3 пати месечно) мнооогу гасови, кркорење на црева, симптоми на ИБС, Кронова неутврдена. Копрокултура негативен наод, кандида нема, тест за окултно негативен.
- Болки по цело тело, претежно нозете и стомакот, ко да сум вежбала 20 саати, а физички сум ептен неактивна, не ме карајте за ова, знам дека не чини.
- Интолеранција на лактоза, ЦРП благо покачен (3.7), седиментација нормална, железото нешто шантра од 8 до 13, феритинот е ок, на тироидната имам куп јазолчиња ама ТСХ и ФТ4 се добри.
Жолчката ја извадив пред 3 месеци, имав камења и полип.
Што да испитам луѓе, кај да одам?! Ќе почнам рандом по клиники да влегувам. Сакам да најдам доктор што ќе ја види пошироката слика наместо секој својот сегмент да си го гледа и на крај обавезно завршувам со прашалници.
И да, сето ова почна после моја неуспешна бременост пред 6 месеци, тоа го прифатив онака од нога, ама почнаа да ми се редат куп физички симптоми кои не можам да си ги објаснам.