Дежурна Ординација! #2

KD35

Апаш
Член од
12 април 2013
Мислења
44
Поени од реакции
22
Една недела едното око ме тера повеќе да клепам, понекогаш да замижам силно, на моменти ме чеша... Знае некој што може да биде, да одам на лекар?
 
K

Kacar

Гостин
Незнам што ми стана, ама што се однесува до здравје се нешто терсене ми се случува...:(

Проблем 1:
Веќе четири дена осеќам страшни болки во главата, некаде зад ушите, дури малку и во нив, во задниот и страничниот дел од вратот и малку кај челото. Вратот мислам ми е укочен и мислам дека ми е камен тврд. Вртоглавици имам често и осеќам како притискање во главата. Периодов минувам низ трауми, но не би требало да е тоа. Мислев да не ми е од што сум слушал гласна музика, силно сум пеел или викал, но и порано тоа сум го правел, но не било така. Пиев Аналгин, ама не помага.

Што може да е? Чаре?

Проблем 2:
Кога имав уртикарија (не дека сега е целосно изгубена) ме испратија на ехо на абдомен и срце и пронајдоа песок во десниот бубрег. Ми рекоа дека нема да прави проблем, но во тој предел еве веќе неколку недели осеќам во моменти силна болка. Како некој со нешто оштро да ме удира. Исто додека имав уртикарија ми даваа Декортин кој поттикнува лачење на хормони од надбубрежната жлезда, а и општо тој еден цел месец бев постојано под кортико терапија. Си помислив да не е од тоа.

Дали може тоа да е од песокот? Чаре?
За проблем 1, ќе си купиш кесичка ефридол за перорална употреба прашок, тоа е вид на Вентор за главоболки. За проблем 2, увин чај . Кога пиеш увин чај, не смееш Ц витамин! Ако со овие работи не помине, не знам тогаш ...
 
Член од
8 јуни 2013
Мислења
299
Поени од реакции
198
Денес бев да правам крвна слика и леукоцитите ми се 11.3 а 10 е максимална граница, дали треба да се плашам или зголемувањето не е многу големо за да е некоја болест?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Денес бев да правам крвна слика и леукоцитите ми се 11.3 а 10 е максимална граница, дали треба да се плашам или зголемувањето не е многу големо за да е некоја болест?
да не си била болна периодов?
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Да го кажам и јас мојот проблем,кој ми се дешава втор пат во 2 години.

Пред 2 недели,кога беше многу ладно една вечер излегов. И другиот ден сабајле кога станав бев затнат во носот и левото уво. Почекав 2-3 дена не помина сеуште ми остана затнато.
Бев кај матичниот и ми рече дека треба ушите да ги исчистам наводно затнати ми биле.Бев ги исчистив но увото не ми пушти,исто ми остана,ни подобро ни полошо.
Тој период исто така и носот ми беше затнат и премногу го дував.
Неколку пати за секунда ми пушташе дури го дував и пак се враќаше во првобитна состојба.
Да напоменам дека немам никаква болка на левото уво,ништо!
Веќе 15 дена вака,го известив лекарот дека сеуште ми е затнато и почна да треси демек мене така ми се чинело,и ако е затнато кај да е ќе пушти.

Совет ве молам.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.305
Поени од реакции
79.004
Што е најдобриот лек за дерматитисот кај бебињата?
Благодарам однапред.
Од мое искуство, ова кај бебиња може да биде поради разни надворешни фактори, особено кај помали бебиња. На пример, ќе смениш пелени, ќе пробаш едни, други. Ќе смениш марамчиња влажни, ако употребуваш. Нека пробаат со едни или други. Може од омекнувач, прашак, да биде и сл. Колку што знам, разни бебиња разни пелени им одговараат или не. Во огромен број од случаи, ова подоцна поминува, пошто најголемата причина е тоа што ѝ треба на бебешката кожа време да се прилагоди на околината.
Павловиќевата, оригинал треба да биде. Со нејзе најпрво пробајте. Треба слојот тенок да биде.
Ја не сум лекар, него од искуство ова.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не , не сум ни настината ни ништо.
оди на проверка, матичниот повеќе би знаел, да не нагаѓаме, може не е ништо страшно, може организмот се бори со некоја инфекција... :)
 
Член од
8 јуни 2013
Мислења
299
Поени од реакции
198
оди на проверка, матичниот повеќе би знаел, да не нагаѓаме, може не е ништо страшно, може организмот се бори со некоја инфекција... :)
Да утре одам , денес докторката ми беше прва смена ,а резултатите ги земав во 1 ипол, само ме копкаше ова , затоа прашав. Сигурно не е ништо страшно , не е некое големо зголемување, другото се е ок.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Денес бев да правам крвна слика и леукоцитите ми се 11.3 а 10 е максимална граница, дали треба да се плашам или зголемувањето не е многу големо за да е некоја болест?
Обично ако е над дозволената граница може да е од воспаление, анемија, користење на одредени лекови, инфекција, бактерија, физички или емоционален стрес.
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Обично ако е над дозволената граница може да е од воспаление, анемија, користење на одредени лекови, инфекција, бактерија, физички или емоционален стрес.
Fizioloski proces? Menstrualen ciklus? Mozebi? Znam za Sedimentacija deka koga zenata e vo menstrualen ciklus ima pokacena sedimentacija.
 

Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Ако имал некој искуство со самораспаѓачки хируршки конци, нека сподели колку време чекал да се "распаднат" ?
Си го прашав јас и лекарот, ама многу е флегма човекот и не ми даде баш концизен одговор. Инаку веќе има 3ипол недели од зафатот :)
Океј никој немал хируршка интервенција и не познава човек што имал?
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.269
после 2 грипа за 2 месеца до кај догуравме, слабокрвност и железо на 3ка .....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom