Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Риностоп за носот, Стрепсилс ако те боли грлото и супа. Секако и одмор колку што може :)
Да си здрава и жива за ова што ме посоветува :) риностоп испив утрово и веќе ми е подобро со носот, а и стрепсилс за секој случај зедов.
 
Да си здрава и жива за ова што ме посоветува :) риностоп испив утрово и веќе ми е подобро со носот, а и стрепсилс за секој случај зедов.
Пред месец дена и јас бев болна ама полошо не ми било досега во смисла на грлото воспалено. Не можев ни да дишам, како затнат да ми беше душникот и стрепсилс автопат ми го направија :) Да не беа тие ќе дишев како говедо пред да пцојса.
 
Ако имал некој искуство со самораспаѓачки хируршки конци, нека сподели колку време чекал да се "распаднат" ?
Си го прашав јас и лекарот, ама многу е флегма човекот и не ми даде баш концизен одговор. Инаку веќе има 3ипол недели од зафатот :)
 
Што е најдобриот лек за дерматитисот кај бебињата?
Благодарам однапред.
 
Последно уредено:
Прашав, ама уште еднаш да прашам, дали некој има искуство или знае некој со искуство од црвени дамки на јазикот ( воглавно помегју јазикот и голтката му доаѓа крајот на јазикот) кои не сметаат, не печат, не србат, но се загрижувачки ? Дали е можно да се работи за рак ? Лицето има 21 година, не е пушач.
 
Што е најдобриот лек за дерматитисот кај бебињата?
Благодарам однапред.

Пробајте со ЏинЏира Алба Бебе спреј, тој е за секакви иритации и дерматитис, па и кај варичела се има покажан како ефикасен, а ако користите креми земајте од оригиналната Павловичева, најдобра е...

product_19525.jpg


product_4712.jpg
 
Пробајте со ЏинЏира Алба Бебе спреј, тој е за секакви иритации и дерматитис, па и кај варичела се има покажан како ефикасен, а ако користите креми земајте од оригиналната Павловичева, најдобра е...

product_19525.jpg


product_4712.jpg
Пробавме со павлович, ќе видам со ова другото, фала.
 
Незнам што ми стана, ама што се однесува до здравје се нешто терсене ми се случува...:(

Проблем 1:
Веќе четири дена осеќам страшни болки во главата, некаде зад ушите, дури малку и во нив, во задниот и страничниот дел од вратот и малку кај челото. Вратот мислам ми е укочен и мислам дека ми е камен тврд. Вртоглавици имам често и осеќам како притискање во главата. Периодов минувам низ трауми, но не би требало да е тоа. Мислев да не ми е од што сум слушал гласна музика, силно сум пеел или викал, но и порано тоа сум го правел, но не било така. Пиев Аналгин, ама не помага.

Што може да е? Чаре?

Проблем 2:
Кога имав уртикарија (не дека сега е целосно изгубена) ме испратија на ехо на абдомен и срце и пронајдоа песок во десниот бубрег. Ми рекоа дека нема да прави проблем, но во тој предел еве веќе неколку недели осеќам во моменти силна болка. Како некој со нешто оштро да ме удира. Исто додека имав уртикарија ми даваа Декортин кој поттикнува лачење на хормони од надбубрежната жлезда, а и општо тој еден цел месец бев постојано под кортико терапија. Си помислив да не е од тоа.

Дали може тоа да е од песокот? Чаре?
 
Последно уредено:
пред месец дена бев на хирург и ми рече дека имам затворен вид на хемороид, денеска отидов на контрола и ми рече дека не е повлечено истото и дека треба у четврток да направам некои анализи да видел дали има покачено леукоцити а ме питува дали некој од фамилјата бил правен операција на цревата, што може да е проблемот ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom