Дедо Љубе од Којково може да оди во затвор затоа што го бранеше семејството од разбојници

Член од
24 март 2010
Мислења
15.212
Поени од реакции
25.953
Значи дедово може нема пари за адвокат, а и не верувам дека му се даваат пари. Само незнам како од толку адвокати во земјава еден не се понуди бесплатно да го брани.
Плус спомнавте дека просечен адвокат може да го извади од делово. Тоа значи чим се државни се просечни може да го извадат.

И уште едно прашање, кој го тужи дедово државата по службена должност или апашите?
Би требало многу лесно да го извадат за убиството. За нелегално поседување за оружје би било малце помачно, ама тука староста, состојбата на жена му и предходната неосудуваност може да завршат работа.

Државата преку обвинителството. Ако го изгуби случајот со државата, може да го тужат и од семејствата на разбојниците.
 
W

wicked_1

Гостин
Стариот ако биде осуден за убиство.
Да да, баш сеа ќе пишев најверојатно за тоа мислеше. Се свртев у поглед на обвинителството ако изгуби. Како орган кој утврдува вина или не правосилно завршува постапката, оштетениот(неговата фамилија итн.) не се во можност да го продолжат гонењето.[DOUBLEPOST=1424981120][/DOUBLEPOST]А и за неговите одлуки не е обврзано да дава образложенија никому, :misticen:. Sin City муабети.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Последно уредено:
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.938
Поени од реакции
11.556
Колку што знам он е обвинет за убиство на миг.
Убиство на миг
Член 125
Тој што друг ќе лиши од живот на миг, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување или како последица на семејно насилство од страна на убиениот ќе се казни со затвор од една до пет години.

Иначе на Фејсбук статусов мислам се пријави еден адвокат про боно да го застапува дедото. Паблик е, така да ќе може да го видите. https://www.facebook.com/goran.man/posts/10152733320311279?pnref=story
 
Последно уредено:
Член од
9 април 2011
Мислења
810
Поени од реакции
1.043
Адвокат ќе го брани дедо Љубе бесплатно

Љубомир Митев (75) од кратовското село Којково, кој во кумановскиот суд одговара за три кривични дела најверојатно ќе добие бесплатен правен застапник.

Адвокатската канцеларија Георгиевски од Куманово му понуди на дедо Љубе да го брани во судскиот процес без надомест.

„Ние сметаме дека дедо Љубе заслужува да има бесплатна правна помош и најдобра одбрана што може да ја пружи еден адвокат. Ова е предмет, кој е во заштита на граѓаните и никој не смее да си дозволи да посегне по светоста на домот и по семејните вредности за каков било интерес, кој не може да биде повреден од човечкиот живот. Затоа одлучивме да понудиме одбрана. Неговото семејство со одобрување ја прими понудата и сега чекаме конечно да ни потврдат за да ги преземеме сите дејства во негова корист“, вели адвокатот Христијан Георгиевски.

Георгиевски додава дека законот е концизен, прецизен и дециден и дозволува во исклучителни случаи да се исклучи одговорноста на лице, кога се работи за лична заштита.

Судењето на старецот започна во средата, но беше одложено и поради тоа што дедо Љубе немаше одбрана. Тој пристигна во кумановскиот суд, откако пешачел час и половина од планинското село до асфалтот, а потоа уште два часа патувал со автомобил до Куманово. Митев ќе одговара за три кривични дела убиство во миг, убиство во обид и недозволено држење на оружје затоа што на 27 февруари 2013 години го убил Зоран Златков (28) од селото Пантелеј, а го ранил Борчо Иванов (30) од село Поплаки, кои неколку часа ѕверски ги измачувале со неговата неподвижна бабичка за да им кажат каде се парите. Во еден момент старецот се одврзал и ја земал ловната пушка од подрумот, по што пукал во разбојниците и така се спасиле од сигурна смрт.

По објавувањето на информацијата дека на дедо Љубе ќе му се суди, кумановци се дигнаа на нозе и застанаа во негова одбрана. Тие на социјалните мрежи го искажаа своето негодување кон судот и се подготвени со петиција да го бранат старецот.



http://www.kumanovonews.com/vesti/advokat-ce-go-brani-dedo-ljube-besplatno
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.938
Поени од реакции
11.556
На статусот што го постирав погоре се пријавија двајца. Како и да е, добро е што има и вакви адвокати. :)
 
Член од
25 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
12
секако дека неговата реакција (постапка) во споредба со епилогот е повеќе од оправдана (дури и мало задоцнета, со оглед на помодрувањето, љубе дал од старост дал од жалост откако се ослободил и го имал оружјето, настапил) а пресудата (релативно лесна) зависи самоисамо од искуството на тој што го застапува (настрана судството) постои пасивност и кај платени но и кај неплатени (про боно) застапници, а времето (2год) во овој случај не е во полза на дедото, кој во друга (партиска) прилика (пресметка) би бил и обештетен со се претрпена психо-физичка (...) тортура, а тешко на тој што го промашил...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тоа е тоа. Очигледно беше дека дедото финансиски неможе да го издржи судењето, а од друга страна он е од едно друго време во кое се верувало во правдата. За жал денес правда нема во суд идеш да им платиш за такси, адвокати, нотари и извршители. Затоа секој втор тужи во Стразбур.

Адвокат + притисок во јавност = отфрлање на обвинението

Поздрав до Горан Ман ака Таруно патем ако чита :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Тоа е тоа. Очигледно беше дека дедото финансиски неможе да го издржи судењето, а од друга страна он е од едно друго време во кое се верувало во правдата. За жал денес правда нема во суд идеш да им платиш за такси, адвокати, нотари и извршители. Затоа секој втор тужи во Стразбур.

Адвокат + притисок во јавност = отфрлање на обвинението

Поздрав до Горан Ман ака Таруно патем ако чита :)
Tвоите зборови се прекрасни. Ќе пренесам дел од овој твој пост во темата Топлификација каде највисоката власт не прати на суд за да не пљачкосуваат адвокатите и судиите
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Трагедија сме во државава, пред 2 години начекав еден во овоштарникот качен на крушата си береше, прв тој тргна да ме удри али добро го зачекав, па квалитетно го очукав и за малку јас ќе го изедев подебелиот стап на суд. За среќа и јас имав 2 модрици добиени, па извадов лекарско дека и тој ме удрил мене, а типацот ем крив ем на суд ме даде дека сум го претепал. Копилето и денес си го тера истиот бизнис, само што на второто место каде што го фатија извадил пиштол и му се заканувал на сопственикот. Пиштолот му е на црно и за тоа гарантирам, но жалното е што повеќе се заканува на сите со зетот кој е командир во полицијата, па си замислиле дека го фатија господ за ј....
Ми одат по нерви овие правниците што ги креираат законите, жално е што пола од нив се идиоти кои не ги ни разбираат работите иако ги гласаат и пишуваат во закони, но што е тука е ова е нашата прекрасна Македонија, земја во која владее корупција, насилство и тиранија, но не смееш да се пожалиш ниту да гугниш оти ќе те изеде месечината. Ни крив ни должен дедово ќе биде осуден од некој судија кој не разбира од носот подалеку и тоа е тоа, приказната завршува тука, кадија тужи-кадија суди излегува работата. Поголем процент, а може да се каже речиси сите што се бават со крадење, превари и било каков криминал имаат врски во полиција, министерства и други влијателни кругови, па секој што ќе проба да им се противи ќе го јаде подебелиот стап, жално е што сите го знаеме ова и се наследува и продолжува од генерација на генерација и додека постои народ на овие простори ќе биде така.
Ако случајно си го убил и нормално не ти се лежи во затвор, најдобар начин да се ослободиш од тело
Ионака на крајот од денот полицијата нема да мрдни со прстот да најдат некој криминалец
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
@leandra зошто да биде помилуван и да не биде суден ? роднина ти е нешто или ?
убиство направил ...зошто не пукал во воздух кога веќе сакал да ги исплаши, ако е така нека направат закон дека лице над 70 години за убиство не треба да лежи во затвор
се слагам за домашен притвор или нешто слично а дека не треба да биде осуден не
Некогаш ако ти влезат така дома да те оштета сети се на напишаново и примени го.Полека, без брзање.Зошто денес сите се водат по фер плеј.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
ајде кој не криминалци онаму шетаат така со тешки дела дедо во најдоја затвор да го ставаат?
па ако некој посегне по мојот живот ни два пати не се мислам. тоа е самоодбрана.
сакам дедово на слобода да си биде, нека ги гонат оние другине
 

Kajgana Shop

На врв Bottom