Дедовци, баби и Александар

Член од
23 декември 2007
Мислења
20
Поени од реакции
6
Кате Кате, изненадуваш како гром од ведро небо :)


Многу ми е мило што придонесуваш на темава, можеш ли нешто повеќе да кажеш за таа организација?
:helou:

"...Своите верски чувства, своите прадедовски обичаи и традиции немајќи каде да ги одржуваат, Македонците биле приморани да ги исполнуваат и исповедаат по туѓите организации и цркви... Тоа нивно лутање и омаловажување по другите друштва, организации, цркви, довело до сериозно размислување за организирање на едно Здружение, свое Македонско Здружение, каде ќе ги исполнуваат сите тие нивни патриотски чувства, обичаи и обреди и никој не ќе може да им рече дека се Срби, Грци или Бугари."

"...Се собрале девет души, и тоа-Вело Божин, Ѓорѓи Тошев, Ангел Чалдис, Ѓорѓи Констандин, Симо Ристев, Томас Мерием, Ѓорѓи Гаштевиќ, Нан Гаштев и Танас Трајковиќ, сите по потекло Македонци. На тој ден, 9 март 1938 година го основале Македонското Здружение „Александар Македонски (Alexander The Great)“ со надеж и силна верба дека како што тој бил силен, славен и непокорлив, така и нивното новоосновано Здружение ќе биде цврсто, славно, непокорливо и неосвоиво за другите пропаганди што ровареле против македонштината и во оваа нивна втора Татковина."

"...во 1949 година, во јужниот дел на Columbus, на 794 South Front Street, со доброволни прилози на веќе околу 80 членови, купено е место и изградена е сала-македонска сала. Тука се одржувале разни свечености, вечеринки, игранки, веселби, каде што ќе се види кои се и што се и на кои што повеќе никој не можел да ги потценува и омаловажува."

"...Македонците копнееле по свој храм...Постојано одделувале средства за таа намена, но бидејќи црковното прашање во родната Македонија не било решено, разните цркви на соседните православни народи, редовно ги злоупотребувале новоизградените црковни објекти, за да ги регистрираат пред американските власти како свои.
И тука членовите на Македонското Здружение од Columbus се покажале цврсти и непоклатни да не подлегнат на искушенијата и измамите на разните изродени организации и пропаганди (а.к.а. МПО). Затоа, веднаш по основањето на Македонската Православна Црква во родната Македонија во 1958 година, членовите на Здружението, основаа црква и побараа пред американските власти во Columbus нејзина регистрација."

"...По долгогодишната упорна работа, при сесрдно и сестрано залагање на неговите членови уште од првиот ден на неговото постоење, Македонското Здружение „Александар Македонски“, го достигна својот зенит во основањето на Македонската Православна црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Columbus, кон која што се слеа како кон своја мајка."

http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=718&Itemid=2


Дедо Алексо, син на еден од тие на сликата (Ѓорѓи Гаштевски), кажува дека кога Дедо Ѓорѓи побарал да го регистрира ова друштво се скарал со библиотекарката оти оваа го прашала кој е тој 'Alexander The Macedonian' ... после долго објаснување и текнало дека Дедо Ѓорѓи зборал за 'Alexander The Great'... Дедото не знаел дека така го викале на Запад. :)
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
пошто темата се враќа на некој колосек, да кажам што ме интересираше.
Мој заклучок е дека постои дисконтинуитет во поврзаноста на македонскиот народ со Александар Македонски.

Ме интересираше кога се јавува тој дисконтинуитет, зошто се јавува. Имам впечаток дека тоа не се јавува само за време на комунизмот туку датира од претходно. Единствено на што можам да се потпрам се кажувањата на нашите предци и тоа усмени затоа така е почната темата. Имајте на ум дека тогаш повеќето луѓе немале пристап до архиви, немало интернет, немало линкови, некои биле и неписмени, туку создавале свое мислење врз основа веројатно на она што им го кажале нивните родители и постари членови на семејството. Значи не се работи толку за пишани факти колку за тоа како македонците со текот на времето ги граделе своите ставови за својата национална припадност и со што се идентификувале. Ако се повикуваме на пишани факти, многу македонци во одредени периоди биле официјално запишувани како бугари, срби не по свој избор, и во такви школи учеле но тоа не им пречело сепак на своите поколенија да им пренесат дека се македонци.

Друго, не сум сретнал народни песни во кои се поврзува македонскиот народ со Александар Македонски. Јас се прашувам зошто е тоа така. Ако не сум во право може некој да посочи примери.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
пошто темата се враќа на некој колосек, да кажам што ме интересираше.
Мој заклучок е дека постои дисконтинуитет во поврзаноста на македонскиот народ со Александар Македонски.

Ме интересираше кога се јавува тој дисконтинуитет, зошто се јавува. Имам впечаток дека тоа не се јавува само за време на комунизмот туку датира од претходно. Единствено на што можам да се потпрам се кажувањата на нашите предци и тоа усмени затоа така е почната темата. Имајте на ум дека тогаш повеќето луѓе немале пристап до архиви, немало интернет, немало линкови, некои биле и неписмени, туку создавале свое мислење врз основа веројатно на она што им го кажале нивните родители и постари членови на семејството. Значи не се работи толку за пишани факти колку за тоа како македонците со текот на времето ги граделе своите ставови за својата национална припадност и со што се идентификувале. Ако се повикуваме на пишани факти, многу македонци во одредени периоди биле официјално запишувани како бугари, срби не по свој избор, и во такви школи учеле но тоа не им пречело сепак на своите поколенија да им пренесат дека се македонци.

Друго, не сум сретнал народни песни во кои се поврзува македонскиот народ со Александар Македонски. Јас се прашувам зошто е тоа така. Ако не сум во право може некој да посочи примери.
И како да не се лути човек кога не читаш ни линкови ни извори.

Треба да се интересираш за фолклорот па можеби и ќе сретнеше.

Досега не е откриен ниту еден интегрален запис на текст од македонска народна песна од 17 и 18 век!
Од 16 век, пак, останал запис на само една единствена македонска народна песна (со љубовна содржина) и таа се смета за најстарата откриена запишана македонска народна песна
(д-р Томе Саздов: "Македонската народна книжевност", цит. дело, стр. 15).

Значи не се работи за дисконуитет во творештвото на народниот гениј, туку ПИСМЕНИ сведоштва не биле зачувани.

Со други зборови,отсуството на докази, не е исто што и доказ за отсуство“ !

На линковите кои ти ги дадов, запишани се Македонските усни преданија, и тоа од СТРАНСКИ патеписци.

Така, на пример, за Стефан Верковиќ се знае дека огромен дел од творбите што ги објавил, самиот ги забележувал. Во врска со ова, неговиот современик свештеникот Маџаров, за собирачката дејност на Верковиќ, сведочи:

"Тој собираше околу себе стари мажи и жени, секакви просјаци и песнопојци и ги распрашуваше за едно или за друго и главно од нив запишуваше стари песни и приказни" (М. Арнаудов: "Верковиќ и Веда Словена", БАН, Софија, 1968, стр.
173).

Што се однесува до песните за Александар Македонски, Стефан Верковиќ јасно запишал дека податоци за едната од нив добил од македонскиот овчар Стојан Мечкаров (некаде во средината на 19 век). Понатаму, Верковиќ запишал две песни за Александар Македонски и од страна на слепиот пејач Јован Михаилов од село Броди, Серско (Кирил Пенушлиски: "Народната култура на Егејска
Македонија", Мисла, Скопје, 1992, стр. 120).


Еве една песна од Пиринска Македонија за Александар:

Од ка се е зора зазорила
од тогаш се е, мила моја мајчице,
војска заврвела.
Коњ до коњот, мила моја мајчице,
Јунак до јунакот.
И најнапред е, мила моја мајчице,
царот Александар.
Царот Александар, мила моја мајчице,
царот македонски...


Нашиот познат фолклорист д-р Томе Саздов во својата статија под наслов "Песна за Александар Велики" ("Нова Македонија" 12. 01. 1958) пишува дека во Србија била пронајдена третата збирка со македонски песни собрани од Стефан Верковиќ. Во оваа збирка била објавена песна за Александар Македонски, која на Верковиќ му ја испеал слепиот народен пејач Јован Михаилов. Песната била забележана некаде пред 1862 година и ја имало во две варијанти со по 263, т.е. 306 стиха. На крајот на песната е опишана смртта на Александар.
Во разговорот со мајсторите кои му граделе "камено корито" (што несомнено се однесува на саркофагот во кој бил погребан), Александар им рекол: ?Аман, брате бре мајсторе/ аман, брате, од комаре/ стој да легна в това камен/ белке мога да се скрие/ от мухите, от комарете./Тога легна ав камене,/де му влезат комарете:/ в едно ухо тие влезат,/ те през друго излезова./ Там си умре Александро/ ав камене от комаре,/царство му е битисало".


Сведоштво за, до неодамна непозната македонска народна песна, посветена на царот Александар Македонски среќаваме во фолклорната збирка на егејскиот Македонец Димитар Поп-Димитров (кој, во моментов кога ги пишувам овие редови, живее во своето родно село Цакони во околината на Воден). Овој деец со години собирал македонски народни умотворби низ повеќе градови и села на Егејскиот дел на Македонија. Меѓу ваквите творби била и песната за царот Александар Македонски, која му ја испеал 84-годишниот егејски Македонец Танас Марков. Дел од песната гласи:

Стани, стани Александре Македонски
за да видиш како твоите синови
се борат за Македонија...

Инаку песната била мошне долга и траела околу петнаесетина минути.
(в. "Нова Македонија" 1 и 2.11.1997, стр. 7).



Во средината на 19. век францускиот славист Сипријан Робер запишал една песна за Александар Македонски, кој ги молел боговите да бдеат (цитат):
"над неговиот народ славен со херојски срца, поради што заслужуваме да го носиме убавото име Словени.
Ова име го добивме од устата на самиот Александар, восхитувајќи се на јунаштвото наше, јунакот од Македонија изрече пред смртта дека го проколнува секого кој во иднина ќе говори лошо за народот славен.
На тој народ, како награда за јуначките дела тој му ги завешта областите што се простираат од Јадранското Mope па се до океанот на вечните ледови.
Александар сакаше целата таа земја никогаш да не живее по други закони, освен по законите на славните."

(Цитирано од книгата на Л. Славеска, стр. 34-35). Инаку, овој завет е објавен во оригинал на француски во 1852 година.

А наспроти сето ова во македонскиот фолклор не постои ниту една народна творба посветена и на кој и да било бугарски хан, цар или каков било друг бугаро-азијатски болјар, кавхан и слично. Ниту се опеани Грчки или Српски антички или средновековни кралеви.



 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
А не, Александар е творба на националистите во Скопје.
Пред тоа не постоел во меморијата на овој народ.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Песната е народна, а твојата е преправена, песни во Македонија за Александар не постоеле. Кога Верковиќ барал такви, никој не можел да му каже се до каоко не се појавил Иван Головинов. Читај што пишува Гане Тодоровски.



И јазикот не е од Пиринска Македонија. Дали ја знаеш мелодијата на „песната за Александар“?
Ретард, врати се неколку страни наназад имаш линкови ко на теле постирани...ако тие ти се малце

ЗБОРНИКОТ НА МИЛАДИНОВЦИ - ПРЕДАНИЕ ПРВО
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Види сега, песната си е за Иван Шишман, позната во цела Бугарија, мојата баба уште ја учела во училиште, учил сум ја и јас, постои во зборникот на Миладиновци. Тоа дали мајката на Славе или тој самиот го изменил името не е важно, важно е дека е фалсификувана. Јазикот не е од Пиринско.

За татарите не сакам да ти одговарам како одговорив на Јустинијан, зошто те почитувам.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
На тоа предание ли мислиш?

Царь Александр'. Цар' Александр'. сакаше да ходит' да земит' безсмѫртна вода. Но кој одеше никој не сѣ врашташе назад'; зашто дури да стигнит' некој до неа, требеше да пѫтуват' три дни все во ноштна темнина, во која лјугѥ-то сѣ заскитвеха, и не можеха да сѣ вратат' на бѣл' ден'. Цар'Александр' зеде со себе си кобили и ждребина. Во темнина-та вѫрза кобила; и в' растојанѥ, што можит' да сѣ чует' глас-от', вѫрза ждребе; потамо кобила, после ждребе, и така подалеку дури стигна до безсмѫртна-та вода, која стоеше мегју две планини, кои сѣ отвораха и сѣ затвораха. Тој со голема бѫрзина нацѫрпи едно шише,
[*]
и по гласови-те од' кобили-те и ждребина-та, кои ѫржеха, находвеше пѫт-от', и така сѣ врати на бѣл' ден'. Шише-то остави на прозорец-от' за да сѣ напіет' утрина-та во неделја; и нарѫча на сестра му, да вардит', дане некако истурит' безсмѫртна-та вода. Сестра му [**] метеештем' не догледа, и скѫрши шише-то. Цар' Александр' кога чу това, страшно сѣ налјути; а сестра му избегвеештем' лјутина-та негова, сѣ фѫрли во море и сѣ престори делфин', кои, кога чует' Александрово-то име, сѣ кріет' в' морски-те глобини.

па нели нема ниедна :pos2::pos2::pos2:


ај сега види предние второ и трето, за ЈУСТИНИЈАН КАРАН И ВОДЕН :vozbud::vozbud::vozbud:

•Bo голем број македонски народни приказни и песни запишани во 19. и 20. век се спомнуваат нашите предци - античките Македонци!
Македонските народни приказни за царот Александар Македонски, за Филип и за Персеј, па дури и за војната на Александар против Дарие и индискиот принц Пор се непобитен доказ за крвната и културна врска помеѓу античките и денешните Македонци!
•И митскиот пеач Орфеј бил роден во Македонија!
Постојат и одредени фолклорни елементи (посебно во приказните) кои несомнено влечат корени од времето на античка Македонија.
Овде ќе спомнеме некои од нив.
Притоа, во интерес на просторот нема да ја приложиме комплетната содржина на овие македонски народни умотворбидуку само ќе посочиме на нивното постоење.
Посебно ќе се задржиме на обработката на мотивите во народните приказни, кои имаат античко-македонско потекло.

НАРОДНИ ПЕСНИ И ПРИКАЗНИ

Народни песни во кои се опеани славни личности од античко-македонската историја, запишале речиси сите македонски запишувачи на народни умотворби од средината на 19. век.
За ваквата појава сведочеле и странци, кои ја посетувале Македонија во 18, 19 и 20. век.
Францускиот генерал Тот кој во 18. век престојувал во Македонија, го дал следното сведоштво:
Дваесет и двајца Македонци... во една кафеана пееја песни за победите на Александар (Александар Матковски: Македонија во делата на странските патеписци 1371-1777, Скопје, Мисла, 1991, стр. 833).
Интересно е да се знае дека францускиот барон Тот работел во Цариград од 1768 до 1775, а ова сведоштво го запишал и самиот во своите Спомени.

Сведоштво дека споменот за Александар Македонски останал меѓу Македонците во првата половина на 19. век дал и рускиот истакнат деец Виктор Григорович.
Во врска со импресиите од неговата посета на Македонија во 1844-1845 година тој запишал:
"Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале.
И едниот и другиот живеат во спомените на народот... Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот."
Виктор Григорович запишал и една народна приказна за македонскиот цар Филип II.
Тоа всушност е првата запишана македонска народна приказна воопшто!

Истакнатиот македонски фолклорист Кирил Пенушлиски во својата "Книга за Цепенков", ќе запише:
"Цар Филип сос сонце чинит облок" е првата наша забележана приказна од Острово.
Ја запишал Виктор Григорович во времето на неговото патување по Македонија.
Таа е објавена дури во наше време".
Значи првата запишана македонска народна приказна се однесува токму на славниот античко-македонски цар Филип II.

И чешкиот научник И. Доровски во својата студија за врските меѓу Чесите и Македонците објавува факсимил од една (цитат): македонска народна песна, запишана од В. И Григорович. (Ј. Dorovsky, Ceske zeme a Balkan, Brno 1974).
Харалампие Поленаковиќ во својот труд: Уште една варијанта од македонската народна умотворба "Цар Филип сос слонце облок чинили" (Избрани дела 2, Скопје 1988) наведува дури четири приказни или песни (а можеби и само варијанти) за македонскиот цар Филип II.

Босанско-српскиот запишувач на македонски народни умотворби и обичаи, Стефан Верковиќ, познато е дека престојувал во Македонија повеќе години во средината на 19. век.
Тој признава дека бил многу изненаден кога во Македонија открил народни песни за личности од античка Македонија.
Дури овие песни тој ги прогласил како свое најголемо откритие.
Во едно свое писмо Верковиќ сведочи: "Ова премногу важно и ненадејно откритие се случи во првата четвртина на 1865 година.
Тоа беше една мала песна за Александар Велики, царот Македонски.
До крајот на годината најдов уште две песни за него.
Следната 1866 година наидов на уште постаро откритие - на песна за Орфеј!"

Значи, Верковиќ не само што открил македонски народни песни за Александар Македонски, туку и за митскиот крал на Тракијците - Орфеј.
Но, од каде Орфеј меѓу Македонците?
Зарем Орфеј не е Тракиец?
Зарем не е познат како "легендарен крал на Тракијците"?
За неупатените читатели можеби ќе изгледа изненадувачки податокот дека и Орфеј е роден во -Македонија!


Историчарот д-р Лидија Славеска (во својата книга "Етногенезата на македонскиот народ" (Скопје, 1992, стр. 35) цитира извадоци од книгата на бугарскиот историчар Т. Спиридонов: "Тракискијат етнос" (Софија, 1991) во која тој тврди дека Орсреј е роден во Македонија.
Овде читаме: "Историскиот крал на Тракијците Орфеј, кој со својата лира ги занесувал луѓето и ги скротувал дивите ѕверови, бил роден во Македонија некаде помеѓу Олимп и реката Струма."

ПЕСНИ - ПРЕДАНИЈА КАЈ МАКЕДОНСКОТО КОЛЕНО МАРВАЦИ

Стефан Верковиќ дал и други сведоштва за македонски народни творби со античко-македонски елементи, на кои наишол за време на својот долговремен престој во Македонија.
Притоа сведочи дека голем број вакви преданија имало кај македонското колено Марваци (жители на дел од денешниот пирински дел од Македонија).
Овде читаме:
"Марваците... го населуваат неврокопскиот округ што се простира меѓу планината Кремен и Момина Кула и служи како естетски дел меѓу Неврокоп и Разлог...
Кај Марваците има приказни и народни преданија од најодамнешното минато, кои би можеле да пополнат многу празни места во општата и месна словенска историја, како и да разјаснат и коригираат многу погрешни и неумесни мислења и докази на старите и нови историчари за народите што живеат на Балканскиот Полуостров, за нивните прадедовци, старите Тракијци, Македонци и Илири....

Покрај преданијата и приказните, кај Марваците има и народни песни, многу љубопитни и важни, кои се однесуваат на најдалечното минато; на ова се однесува и песната за доаѓањето на Словените од Азија (од далечната кинеска земја, како што кажува песната) на Дунав; уште песната за Александар Велики и неговиот коњ Буцефал; за походот негов во Азија и војната со Дарие и Пор - царот индиски.
Оваа многу важна песна за решението на потеклото на старите
Македонци, Тракијци и Илири, инаку е откриена во селото Керчово, што се наоѓа во Воловиште, Демирхисарски округ, како што ми раскажа овчарот Стојан Мечкаров.
Исто таква песна имам и од селото Крушово, во истиот округ, но таа е составена малку поинаку."

Да потсетиме и на веќе презентираното сведоштво од Стефан Верковиќ во кое тој тврди дека во Југозападна Македонија, луѓето себеси се декларирале како чисти Македонци, потомци на Александар Македонски.
Меѓу Македонците во пиринскиот дел на Македонија и денес постојатмакедонски народни песни, посветени на античко-македонските владетели.
Сведоштво за ова имаме во романот "Тасо Македонецот" (Софија, 1995) од македонскиот писател во Бугарија Славе Македонски.
Таму е објавен дел од македонска народна песна за Александар Македонски, која што Славе Македонски ја слушал од својата неписмена мајка, која ја запомнила уште од своите стари.

Истата песна била пеена и од еден стар овчар на Пирин Планина.
Делот од песната што е објавувана гласи:
Од ка се е зора зазорила
од тогаш се е, мила моја мајчице,
војска заврвела.
Коњ до коњот, мила моја мајчице,
Јунак до јунакот.
И најнапред е, мила моја мајчице,
царот Александар.
Царот Александар, мила моја мајчице,
царот македонски...

ЗАВЕТОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Во средината на 19. век францускиот славист Сипријан Робер запишал една песна за Александар Македонски, кој ги молел боговите да бдеат (цитат):
"над неговиот народ славен со херојски срца, поради што заслужуваме да го носиме убавото име Словени.
Ова име го добивме од устата на самиот Александар, восхитувајќи се на јунаштвото наше, јунакот од Македонија изрече пред смртта дека го проколнува секого кој во иднина ќе говори лошо за народот славен.
На тој народ, како награда за јуначките дела тој му ги завешта областите што се простираат од Јадранското Mope па се до океанот на вечните ледови.
Александар сакаше целата таа земја никогаш да не живее по други закони, освен по законите на славните."
(Цитирано од книгата на Л. Славеска, стр. 34-35). Инаку, овој завет е објавен во оригинал на француски во 1852 година.

Сведоштво за до неодамна непозната македонска народна песна, посветена на царот Александар Македонски среќ аваме и во фолклорната збирка на егејскиот Македонец Димитар Поп-Димитров (кој, во моментов кога ги пишувам овие редови, живее во своето родно село Цакони во околината на Воден и е еден од активистите на партијата "Виножито").
Овој деец со години собирал македонски народни умотворби низ повеќе градови и села на егејскиот дел на Македонија.
Меѓу ваквите творби била и песната за царот Александар Македонски, која му ја испеал 84 - годи шниот Танас Марков.
Дел од песната гласи:
Стани, стани Александре Македонски за да видиш како твоите синови се борат за Македонија...
Инаку песната била мошне долга и траела околу петнаесетина минути (в. "Нова Македонија" 1 и 2.11.1997, стр. 7).
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Во македонскиот весник "Народна Волја" (Благоевград, јули 1994) е објавена и македонска народна приказна за царот Персеј, под наслов "Татковата клетва", раскажана од Г. Петров.
Почетокот на приказната гласи:
"Еднаш живеел еден цар на Македонија, што се викал Персеј.
Во тоа време во Македонија имало многу гаталки.
Тие дошле овде по завладувањето на светот од страна на Александар Велики.
Тој ги довел од Индија, од Персија, од Египет, од секаде...".
Понатаму во приказната се раскажува дека царот Персеј сретнал една од тие гаталки, која му ја претскажала пропаста на неговото царство, поради тоа што тој на подмолен начин го отепал својот брат, наклеветувајќи го пред татка си дека работи во интерес на туѓа држава.
Подоцна таткото на Персеј разбрал за подмолноста на својот син и го проколнал.
Гаталката му рекла на Персеј дека царството ќе му пропадне и туѓинци ќе владеат со неговата земја.
Откако ги слушнал овие зборови на гаталката Персеј се уплашил бидејќи и жена му сонувала лош сон тие денови.

Ја прашал гаталката дали може да направи нешто за да се спречи оваа судбина, а таа му одговорила:
" - Ќе ти кажам што да направиш, ама не е сигурно дали ќе те стигне клетвата.
Ќе родите машко дете, ама ќе го скриете, никој да не знае оти е ваше.
Царицата ќе го роди таму каде што никој нема да ја знае.
Потоа ти ќе го дадеш во некоја туѓа држава и ќе му кажеш на човекот кајшто ќе го дадеш да му ја каже вистината откако Македонија ќе биде поробена.
Тогаш можеби душата на татко ти ќе се смилува."
Царот Персеј така направил.
Родиле син со царицата и го однеле на еден остров, каде го оставиле на чување кај еден човек.
На човекот му оставиле пари и запечатено писмо за да му го даде на детето кога ќе порасне.
Човекот го крстил детето Андрејко.

Кога пораснало детето, човекот му го дал писмото.
Внатре пишувало кое е тоа и како да дојде до богатствата на татко му. Татко му му оставил две богатства и му опишал како да ги најде, т.е. каде се закопани. >>>
Едното било закопано на патот близу реката Струма, а другото под една клупа во дворецот во Солун.
Откако ги нашол богатствата Андрејко собрал војска и тргнал да ја ослободува Македонија.
Успеал да ја ослободи, ама по кратко време таа пак била поробена од Римјаните.
Тогаш на Андрејко на сон му излегол еден стар човек, кој му рекол повеќе да не се мачи, бидејќи Македонија уште долго нема да биде слободна.
Така било пишано од Господ.
Стариот човек му рекол златото што го има да го сокрие на три места и да почне да гради цркви и манастири.
Така царот и направил.
Изградил цркви во кои народот и денес оди.

И оваа народна приказна од пиринскиот дел на Македонија во многу се поклопува со историската вистина.
И навистина во 149 и 148 година пред Христа во Македонија се појавил еден млад човек, што се викал Андриск и кој тврдел дека е легитимен син на Персеј, поради што се преименувал во Филип Шести.
Тој се обидел да ја ослободи Македонија од римската окупација.
Собрал војска, и дури на кратко успеал да ја ослободи цела Македонија. Во тоа му помогнале и Тракијците.
Но, Римјаните испратиле голема војска и до пресудната битка дошло кај Пидна во 148 година.
Андриск (или Филип Шести) отпрвин имал успех во битката, но потоа направил тактичка грешка, по што бил поразен.

Во Зборникот од Шапкарев (Сосрија, 1891) се наоѓа предание, кое гласи:
"Александар Велики ја изумил војната."
Во него се вели:
"Простиот народ кажува и верува дека војните најпрво биле пронајдени од Александар Велики Македонски.
Кога тој шетал по море, одејќи во некој друг непознат свет, за да најде и нацрпи бесмртна вода, за да се напие, та да не умира никогаш, кога видел во морето рибите да се бијат помеѓу себеси како во војна, намислил и тој да го направи истото, па кога до шол во своето царство, прв ја изумил војната на овој свет."

Да ја спомнеме и легендата со "Историјата на Македонија", која животописецот Новко од Дебар тргнал да ја бара (објавена од: Д-р Танас Вражиновски: "Македонски народни преданија, Македонско народно творештво: Народни преданија", книга I, Скопје, 1986).
Оваа "Историја" допирала до древните времиња уште кога Александар бил дете. Во една друга легенда народниот гение направил фантастичен спој меѓу Александар Македонски и синонимот за убавата Македонка, олицетворен преку ликот на девојката Ангелина.
Убавата Ангелина овде е прикажана како сестра на Александар Македонски.
Ова е најголем доказ дека нашиот народ, не само што го опејувал Александар Македонски, туку и си го сметал како свој цар.
 

Јустинијан

Император
Член од
27 март 2009
Мислења
23
Поени од реакции
2
Македонците доследно си го почитуваат највеликиот им крал преку 2000 години.И да не чујам ништо оти немало докази..духот на народот е единствениот доказ,а јазикот е наша татковина!
 
E

emission

Гостин
Ретард, врати се неколку страни наназад имаш линкови ко на теле постирани...ако тие ти се малце

ЗБОРНИКОТ НА МИЛАДИНОВЦИ - ПРЕДАНИЕ ПРВО
Има уште едно предание од истиот Зборник на Миладиновци.

Воден. Воден град, к'де се закопвеха македонските цареви, окрепен од природата, вељат че, во време од некоја војна, беше се презел од непријателите, после д'лго опколисвање, со помошта од козите, кои им показаха скришно п'тче, по кое тие обикновено се качвеха, и по кое непријателите влезоха в крепоста.
Понатаму, Исаија Мажовски , "В'зпоминанија", Софија, 1922 г

След см'ртта на великија македонски цар Александ'р, умрел в Азија и след поделбата на азијатските царства между македонските војводи, определените според завештанието на великија завоевател за управлението на Македонија, војводи се зав'рнали в Македонија, и д'лго време управлјавали таја славјанска страна.
За тија војводи, особено за солунските, и до ден днешен се пее следнјата песен в Македонија:

Застојал ми се војвода,
Над големи град Солуна
До него стојат два брата,
Два брата, два бајрактара
Високо бајрак д'ржаха
Тихијат вет'р вееше
Широко знаме ширеше
Широка сенка д'ржеше.
Све Солун града покрило
И солунските чаршчи
В чаршии има седлари
И оште млади златари
Седлари седла правеха
Златари јузди лееха
За тија силни ајг'ри
На македонските војводи



Емблемата на славјанските македонски знамена била мечка, бродирана от с'рма. Височината на д'рветата на знамената била 2 метра, дебелината 4—5-сантиметра; д'лжината на платното мет'р и половина, г. ширината един мет'р. Околността на платното била червена, а в'трешността бела. Знаковете — емблемите на разните знамена са били: мечка, л'в, полумесец и р'ка. Тија знамена и до ден днешен с'штествуват в Македонија и се носјат по свадби, но само в некои от деб'реките села, гдето освен знамената са запазени и некогашните обичаи. Тија села са Галичник, Лазарополе, Тресонче , Гари, Осои, јанче, Велоб'рдо,Битоше, Кособрасти и Мелничане. До преди 100 години и в костурските села знамената са се носили по свадби, но са били уништожени от турците, благодарение на шпионството на г'рците, но другите обичаи в костурско и до сега са запазени.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Зборникот ми го избришаа, ама ете го пак, нема лошо да се знае каков е, што е. Пишува не само за Александар, туку и за Иван Шишман, последниот Бугарски цар.
 
E

emission

Гостин
Зборникот ми го избришаа, ама ете го пак, нема лошо да се знае каков е, што е. Пишува не само за Александар, туку и за Иван Шишман, последниот Бугарски цар.
Ако не знаеш да го прочиташ насловот на темата да ти преведам на Бугарски. Овде не е тема зборникот туку Александар во преданијата на Македонскиот народ.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Види сега, песната си е за Иван Шишман, позната во цела Бугарија, мојата баба уште ја учела во училиште, учил сум ја и јас, постои во зборникот на Миладиновци.
АЛЕКСАНДАР, во секавањето на нашите предци, ДОКУМЕНТИРАНО во многуи наврати...

но ако инсистираш на твојата глупава бугарска логика за шишман а мижиш пред александар филип јустинијан и каран...

тогаш СИЧКО СМЕ СРБИ....



ДЕЧАНСКИ МАНАСТИР
Фала богу за чудо големо!
А што ке се чудо нагледаме!
Што ми беа во една земја
В една земја до два господара.
Кој да беа тие два господара?
Еден беше краљски цар Степан
Други беше краљски цар Душан,
Изговоре краљски цар Степан
На онего србски краљ Душан:
„Ајде мие да се разделиме!
Просту тебе поле ем чивлиѕи
Просту тебе рамна Шумадиа,
Просту тебе Босна Сарајово,
Просту тебе србска наиа,
Просту тебе коњи, ем соколи,
Просту тебе 'рти, ем з'г'ри,
За да одиш по лова по гора;
Да ми простиш два сажна место,
Меѓу Јупек, меѓу Ѓаковица

ИМА МНОГУ ТУГИ кралеви цареви паши и црни арапини во песните...НО МАКЕДОНЦКИТЕ народот ги идентификува како свои.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom