Дедовци, баби и Александар

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Сакам да дознаам една работа од форумџииве.
На пр прадедо ми се борел во 2 светска војна, и додека беше жив ми кажуваше како стигнал до сремски фронт, за тоа дали бил ранет не е релевантно, и тој ми кажувал впечатоци додека беше жив, никогаш не ми го спомнал Александар Велики и мој впечаток е, можеби грешам дека тој воопшто не бил свесен за Александар. Понатаму, кога веќе почнавте да мешате фамилии, членови од моето семејство се затворани во едноумниот систем а никогаш не ми го спомнале александар, членови од мојата фамилија мораа да одат во странство да дипломираат иако имаа мое субјективно мислење да стигнат подалеку од ѓорѓе. Проблемот бил по мое согледување дека не биле опортунисти. Ме интересира дали има некој од вас дедо баба прадедо прабаба кои го спомнале александар или моиве биле затупени од титова пропаганда и земале пушки, а после тоа сфатиле дека пушките биле за џабе.

и за оние кои се разбират во историја, оти ја појма немам ,да ми кажат од кога датира војсководецот во нашата историја, ја си признавам дека појма немам од историја а ниту ме интересирала досега и си признавам дека сум аналфабет.

Прашање дали вашите дедовци или пра, кога се бореле го имале александар како мисла водителка или е тоа нешто турбофолк новокомпонирано.

Нагласувам не провоцирам, ме интересираат факти.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
486
Поени од реакции
6
Не ја разбирам поврзаноста на сремски фронт со Александар.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Преместено во Историја.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Сакам да дознаам една работа од форумџииве.
На пр прадедо ми се борел во 2 светска војна, и додека беше жив ми кажуваше како стигнал до сремски фронт, за тоа дали бил ранет не е релевантно, и тој ми кажувал впечатоци додека беше жив, никогаш не ми го спомнал Александар Велики
Дедо ми се борел во Втора светска, и бил ранет, учествувал и на сремски и уште е жив, има 80 години, и пцуе кога келеши го поганат Александар.
 
G

grande-juve

Гостин
Колку е македонски Александар Велики?




Автор: Дарко Јаневски


Македонскиот народ живеел со легендите за Александар Македонски малку подолго отколку што траат мандатите на една наша влада и нејзините скапо платени аматерски спотови или 20-те дена на една изборна кампања во кои ќе се спротивставуваат обвинувањата и одбраната за т.н. антиквизација на Македонија. За тоа сведочат не мал број истражувања, како и зачуваните народни преданија и песни за славниот војсководец, кои, по логиката на тие што тврдат дека Александар Македонски ни е сега инсталиран, не би требало воопшто да ги има.

Пред некои 160 години, поточно во периодот 1844-1845 година, Царството Русија во Македонија го испратило Виктор Иванович Григорович во улога на фолклорен истражувач. Во тоа време, всушност, таква или слична улога (на пример, собирач на пеперутки) имале низа странски емисари чија задача, со денешен термин кажано, била разузнавањето. Уште тогаш, за посетата на Македонија, Григорович запишал: „Јас не слушнав други имиња, освен имињата на Александар Велики и Крале Марко“.

Песна од слепиот
Неколку години по него, во Македонија доаѓа Србинот Стефан Верковиќ со слична функција како и Русинот. Девет години поминува во талкање по нашите градови и села и, меѓу другото, забележува една песна за Александар Македонски, веројатно составена врз основа на преданијата што со векови се пренесувале меѓу генерациите. Песната е забележана некаде во 1862 година, а на Верковиќ му ја испеал Јован Михајлов, талентиран слеп пејач од серското село Броди (селото е познато по тоа што во него живеел Андреј Хрлев, човекот за кого Даме Груев вели дека го предал Гоце Делчев). Кирил Пенушлиски во своите студии за македонскиот фолклор вели дека всушност станува збор за две варијанти на песната, со тоа што нивното потекло и старост не се познати. Еден наш научник, кој ја проучува истата материја, а кој поради општата атмосфера во Македонија кога станува збор за Александар Македонски одби јавно да зборува, вели дека можеби станува збор за импровизација врз основа на преданија и легенди, со цел од Верковиќ да биде наплатен трудот. Како било, песната е прилично интригантна, а заедно со шесте преданија меѓу Македонците за Александар Велики (првото забележано од браќата Миладиновци, второто од Кузман Шапкарев) покажува дека војсководецот живеел меѓу обичните луѓе на овие простори и две илјади години по неговата смрт.

Патем, интересно е што од песната произлегува дека Филип Втори не му е татко на Александар. „Чедо си нема цар Филип, чедо си нема девет години, жалба му е останало, останало дур до Бога“, испеал слепиот Михајлов. Филип заминал да војува цела година, но пред да тргне и порачал на сопругата Олимпија дека кога ќе се врати сака да види машко новороденче. Така, во имагинацијата на народот влегува еден билкар што ја излечил Олимпија, по што се раѓа Александар, нормално, со прстен на раката.

Интересно, Верковиќ вели дека „корените на Словените се наоѓаат во антиката“, теза што кај нас била и е отфрлана како бесмислица (на што и се спротивставува „издржаната“ теза за цевчињата со кои истите Словени го минувале Дунав), но која денес наоѓа нови приврзаници, пред се меѓу тие што сметаат дека преселбата на народите во 6 и 7 век одела од југ кон север, а не обратно.
Кресненското востание и Александар
Слична реченица се среќава и кај Ѓорѓија Пулевски, во неговата Славјаномакедонска општа историја. Пулевски пишува дека царот Филип и царот Александар се Славјани и дека „наши баби Славјанки ги родиле“. Гледано од фолклорен аспект, научната подлога на ваквите становишта не е ни битна, зашто тоа не го менува фактот за присутноста на Александар во свеста на народот, кој дури се обидел да најде решение за некои прашања што последниве месеци кај нас се предмет на расправа.

Сето тоа всушност само покажува дека македонскиот фолклор поврзан со Александар Велики има постари корени, а тоа што отсуствуваат повеќе пишани записи, во секој случај, се должи на други околности.
Посебно место во народната свест за Александар Македонски има неговата потрага по т.н. „жива вода“ од која се станувало бесмртен.

„Цар Александар сакаше да одит, да ја земит бесмртната вода. Но кој одеше, никој не се враќаше назад“, вели преданието запишано од Шапкарев. Александар ја пронашол водата, но сестра му го скршила шишето, по што побегнала, се фрлила во море и се претворила во делфин, кој, кога ќе го чуе името Александар, се крие во морските длабочини.

Кресненското востание од 1878 година својата подлога исто така ја бара кај славниот војсководец. Уставот на востанието, односно неговиот правилник, кој по својата габаритност не мора да се срами дури ни од „славниот“ Устав на СФРЈ од 1974 година, во членот 1 буквално вели: „Со нашата крв што ја пролеваме во планините и горите македонски, ние служиме како македонска војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза ‘Слобода или смрт‘“.

Бугарската историја, па и понекој во Македонија, сметаат дека Правилникот е фалсификат, становиште што досега посолидно не е аргументирано. Но дури и да е така, тоа не го негира очигледното сознание дека наводниот фалсификатор сметал оти на документот ќе му даде поголема веродостојност ако во споменатиот член го вметне и Александар Македонски. Зошто би го правел тоа ако војсководецот бил туѓ на тоа време и на македонскиот народ?

Ова е само мал избор од присутноста на Александар Македонски во колективната свест на народот од овие простори. Кога сето тоа ќе се погледне, попрво се заклучува дека во периодот по 1945 година тој вештачки бил отстранет, отколку што може да се каже дека сега вештачки му се поттурнува на Македонецот. „Фолклорниот лик на Александар Македонски... се уште е неоткриен“, вели нашиот научник Танас Вражиновски во своето дело „Македонски историски преданија“ (1992 година). Сосема друга е приказната што денешното враќање на војсководецот меѓу народот се прави на начин што кај еден неутрален дел од јавноста создава нов анимозитет кон личноста што очигледно сосема природно била всадена во свеста на луѓето.





Шапкарев: Татко ми ми раскажуваше за царот
Кирил Пенушлиски во своите Студии и прилози за македонскиот фолклор го запишал и следното: „Освен овие шест преданија и песната, драгоцени информации за популарноста на Александар Македонски во нашиот фолклор оставиле нашите големи собирачи К.А. Шапкарев и Марко К. Цепенков. Така, Шапкарев кон кичевската приказна ‘Доброто (арното) никој пат не гинат‘, во која е вграден и мотивот за живата вода, во фуснота забележал: ‘Покојниот ми татко во детството наше ни раскажуваше многу прикаски, меѓу кои и некои за Марко Крале и за цар Александар - Александар Велики, во кои исто така се споменуваше живата вода што овие јунаци ја пиеле, та божем станувале бесмртни’“.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&EditionID=338&top=1&ArticleID=20069

ако сакаш повеќе да знаеш за темата што си ја поставил, гледај секој понеделник и четврток - македониум на скај нет во 20-00 часот, скоро во секоја емисија се читаат цитати од најпознатите наши поети и писатели, што се поврзани со Александар.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Сакам да дознаам една работа од форумџииве.
На пр прадедо ми се борел во 2 светска војна, и додека беше жив ми кажуваше како стигнал до сремски фронт, за тоа дали бил ранет не е релевантно, и тој ми кажувал впечатоци додека беше жив, никогаш не ми го спомнал Александар Велики и мој впечаток е, можеби грешам дека тој воопшто не бил свесен за Александар. Понатаму, кога веќе почнавте да мешате фамилии, членови од моето семејство се затворани во едноумниот систем а никогаш не ми го спомнале александар, членови од мојата фамилија мораа да одат во странство да дипломираат иако имаа мое субјективно мислење да стигнат подалеку од ѓорѓе. Проблемот бил по мое согледување дека не биле опортунисти. Ме интересира дали има некој од вас дедо баба прадедо прабаба кои го спомнале александар или моиве биле затупени од титова пропаганда и земале пушки, а после тоа сфатиле дека пушките биле за џабе.

и за оние кои се разбират во историја, оти ја појма немам ,да ми кажат од кога датира војсководецот во нашата историја, ја си признавам дека појма немам од историја а ниту ме интересирала досега и си признавам дека сум аналфабет.

Прашање дали вашите дедовци или пра, кога се бореле го имале александар како мисла водителка или е тоа нешто турбофолк новокомпонирано.

Нагласувам не провоцирам, ме интересираат факти.
Македонците кога војувале имале иста мисла водилка како и Александар - За Македонија.

И тоа не прави Македонци.

А манифестирањето на конфузија во она што се обидуваш да го кажеш, бидејќи незнаеш како да се изразиш и да ги разделиш основните поими се добива општ впечаток дека провоцираш на еден “рафиниран“ начин.


Велиш те интересираат факти?

Повели :

ДОМАШНИ И СТРАНСКИ СВЕДОШТВА ЗА ДЕКЛАРИРАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД 18 И 19 ВЕК КАКО ПОТОМЦИ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ


Ова е копија од манифестот на Македонскиот востанички комитет за време на Кресненското востание од 1878 година. Таму јасно велат дека ќе се борат како „војска Македонска на Александар Македонски“:

http://forum.kajgana.com//attachment.php?attachmentid=10420&d=1237066253

http://forum.kajgana.com//attachment.php?attachmentid=10427&d=1237112370
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Александар Македонски е егзамплар, преставник на МАКЕДОНСКАТА култура и цивилизација во античко време.
Тој немаше да постои ако не беше континуитетот на таа цивилизација со целиот потенцијал кој е запишан 1000 години назад (Кумранските записи).
Во “Византија“ тоа е Управда односно Јустинијан, Теодора, Василиј, Константин, Самоил, Кирил и Методиј, Наум, Климент итн...
Ти спомнал за нив ?

Во средновековието тоа се востаниата и востаниците за слобода.
И за нив не ти спомнал?

Сите тие припаѓаат на нешто што се вика македонска цивилизација.

Времето има континуитет, само дојденците овде сакаат времето да го мерат од времето на нивно доаѓање, некој 6 век некој 17 век итн....

Кога некој ти чепка во антиката а тоа се Грците, тие сакаат да најдат алиби за етничкото чистење на некои си дојденци Словени ???
Ако ти им го прифатиш тој филм тие добиваат печат од твоја страна за прљавата работа која ја завршиле.
А сигурно и не знаеш дека Беломорска Македонија почива на масовни гробници.

Извини постов малку напаѓачки према тебе, но мора да си го изградиш националниот дух врз цврст темел.
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Македонците кога војувале имале иста мисла водилка како и Александар - За Македонија.

И тоа не прави Македонци.

А манифестирањето на конфузија во она што се обидуваш да го кажеш, бидејќи незнаеш како да се изразиш и да ги разделиш основните поими се добива општ впечаток дека провоцираш на еден “рафиниран“ начин.


Велиш те интересираат факти?

Повели :

ДОМАШНИ И СТРАНСКИ СВЕДОШТВА ЗА ДЕКЛАРИРАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД 18 И 19 ВЕК КАКО ПОТОМЦИ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ


Ова е копија од манифестот на Македонскиот востанички комитет за време на Кресненското востание од 1878 година. Таму јасно велат дека ќе се борат како „војска Македонска на Александар Македонски“:

http://forum.kajgana.com//attachment.php?attachmentid=10420&d=1237066253

http://forum.kajgana.com//attachment.php?attachmentid=10427&d=1237112370
не провоцирав воопшто, јас секогаш сум кажувал не само на форум дека сум аналфабет за историја и дека тоа е губење време (субјективно мислење), а бидејќи надлежните решиле да ми ја преместат темата во форум кој не ме интересира, бегам од тука.
а линкот ќе го прочитам а на подфорумов не пишувам.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Па нормално дека не те интересира, иначе немаше вакви работи да прашуваш.

Само проблемот е сега откако знаеш...дали ќе ги прифатиш :) јас мислам дека нема, бидејќи во спротивно ќе ти се изгуби плитката поента која сакаше да ја постигнеш со бесмислениов топик.

Мое (субјективно) мислење е дека ја би се срамел да сум на твое место да кажам дека сум Македонец.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
не провоцирав воопшто, јас секогаш сум кажувал не само на форум дека сум аналфабет за историја и дека тоа е губење време (субјективно мислење), а бидејќи надлежните решиле да ми ја преместат темата во форум кој не ме интересира, бегам од тука.
а линкот ќе го прочитам а на подфорумов не пишувам.
Па поставуваш тема за историска личност, логично е да биде префрлена во историја.

Или сакаше да ја исполитизираш во подфорум за политика? :)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Имаме и тема за поменот на антиката во поновата Макеоднска историја. Тоа се нашите дедовци, баби и нивните дедовци и баби:

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=1984


.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
не провоцирав воопшто, јас секогаш сум кажувал не само на форум дека сум аналфабет за историја и дека тоа е губење време (субјективно мислење), а бидејќи надлежните решиле да ми ја преместат темата во форум кој не ме интересира, бегам од тука.
а линкот ќе го прочитам а на подфорумов не пишувам.

Нагласувам не провоцирам, ме интересираат факти.
Фактите не се во политиката, туку во историјата

Да те интересираа факти немаше да цвикнеш од темава.


http://www.pets.info.vic.gov.au/01/images/content/scared_dog.gif
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
не провоцирав воопшто, јас секогаш сум кажувал не само на форум дека сум аналфабет за историја и дека тоа е губење време (субјективно мислење), а бидејќи надлежните решиле да ми ја преместат темата во форум кој не ме интересира, бегам од тука.
а линкот ќе го прочитам а на подфорумов не пишувам.
имаш еден куп еден тон документи како странски така и наши преданиа за Александар...од друга страна не очекувај во времиња на окупации војни села и немање школи СЕКОЈ ЕДЕН ДО ЕДЕН да биде запознаен со Александар. ден денес мои колеги пријатели и соработници повторувам ДЕН ДЕНЕС се запрепастени од фактите и наодите што овој форум и мрежа ги ископале...Тоа не значи дека фактите не се тие што се туку дека тие не се интересираат немаат време или незнаат за одредени форуми и страници.

но еве да допринесам.

Баба ми бог да ја прости, жена без еден ден школо, родена на окупирана Грчка територија, растена во Титова Југославија и таа другата пред неа чие и име Александрово носеше, родена во САД минатиот век, земена во грчко и пребегната на титово...моите кој НЕ учеа за Александар туку за Срем и Дрвар сите тие знаеа КОЈ Е И ШТО Е....

БЕЗ ЕДЕН ЧАС ИСТОРИЈА...:vozbud:


провоцираш на подол начин, се надевам ти објаснив
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Интересно, тие што го негираат Александар и нашата античка историја, не се спремни на дискусија.
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Да не се бавиме сега со ја знам дека ти не си глуп и ти знаеш дека не сум глуп. После толку читање на постови на форумов, мислам дека може да заклучиме дека и двајцата не сме глупи, ти си претпоставувам финансиран од одредена структура и средствата мораш да ги оправдаш а јас сум freelancer. Инаку човек со ваква интелигенција да се срозува на вакво подниво, никако не можам да разберам освен ако нема лична корист.
Линкови, егзактност, аргументи, се е тоа убаво за физичар, ама ти не си хемичар и ја користиш својата неспорна интелигенција да срозиш други исто такви луѓе кои не се вклопуваат во матрицата на твоите налогодавачи. Јас само би ти препорачал искористи ја твојата интелигенција за конструктивни цели, а и твојот ник ми е многу симптоматичен. И многу ме интересира генезата на твојот ник.

реков не доаѓам на овој подфорум ама пуста природа човекова. и продолжи да делиш црвени, откако дојдов на форумов, ти си единствениот кој си ми дал црвено, еве малце да внесам и субјективност во постов, за да можеш да го дискредитираш на лични основи, иако и сам би требало да знаеш дека не е така, кога требало сум фалел, али што е премногу премногу е.

и откога тоа ароганцијата стана македонска карактеристика. има и други ароганти ама има и неспоредлива ароганција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom