- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 20
- Поени од реакции
- 6
:helou:Кате Кате, изненадуваш како гром од ведро небо
Многу ми е мило што придонесуваш на темава, можеш ли нешто повеќе да кажеш за таа организација?
"...Своите верски чувства, своите прадедовски обичаи и традиции немајќи каде да ги одржуваат, Македонците биле приморани да ги исполнуваат и исповедаат по туѓите организации и цркви... Тоа нивно лутање и омаловажување по другите друштва, организации, цркви, довело до сериозно размислување за организирање на едно Здружение, свое Македонско Здружение, каде ќе ги исполнуваат сите тие нивни патриотски чувства, обичаи и обреди и никој не ќе може да им рече дека се Срби, Грци или Бугари."
"...Се собрале девет души, и тоа-Вело Божин, Ѓорѓи Тошев, Ангел Чалдис, Ѓорѓи Констандин, Симо Ристев, Томас Мерием, Ѓорѓи Гаштевиќ, Нан Гаштев и Танас Трајковиќ, сите по потекло Македонци. На тој ден, 9 март 1938 година го основале Македонското Здружение „Александар Македонски (Alexander The Great)“ со надеж и силна верба дека како што тој бил силен, славен и непокорлив, така и нивното новоосновано Здружение ќе биде цврсто, славно, непокорливо и неосвоиво за другите пропаганди што ровареле против македонштината и во оваа нивна втора Татковина."
"...во 1949 година, во јужниот дел на Columbus, на 794 South Front Street, со доброволни прилози на веќе околу 80 членови, купено е место и изградена е сала-македонска сала. Тука се одржувале разни свечености, вечеринки, игранки, веселби, каде што ќе се види кои се и што се и на кои што повеќе никој не можел да ги потценува и омаловажува."
"...Македонците копнееле по свој храм...Постојано одделувале средства за таа намена, но бидејќи црковното прашање во родната Македонија не било решено, разните цркви на соседните православни народи, редовно ги злоупотребувале новоизградените црковни објекти, за да ги регистрираат пред американските власти како свои.
И тука членовите на Македонското Здружение од Columbus се покажале цврсти и непоклатни да не подлегнат на искушенијата и измамите на разните изродени организации и пропаганди (а.к.а. МПО). Затоа, веднаш по основањето на Македонската Православна Црква во родната Македонија во 1958 година, членовите на Здружението, основаа црква и побараа пред американските власти во Columbus нејзина регистрација."
"...По долгогодишната упорна работа, при сесрдно и сестрано залагање на неговите членови уште од првиот ден на неговото постоење, Македонското Здружение „Александар Македонски“, го достигна својот зенит во основањето на Македонската Православна црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Columbus, кон која што се слеа како кон своја мајка."
http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=718&Itemid=2
Дедо Алексо, син на еден од тие на сликата (Ѓорѓи Гаштевски), кажува дека кога Дедо Ѓорѓи побарал да го регистрира ова друштво се скарал со библиотекарката оти оваа го прашала кој е тој 'Alexander The Macedonian' ... после долго објаснување и текнало дека Дедо Ѓорѓи зборал за 'Alexander The Great'... Дедото не знаел дека така го викале на Запад.