Девојка ми сака да го абортира бебето

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Нема потреба да ми објаснуваш за правна и деловна способност на субјект.Не сум учел на Правен за џабе.

Кога го спомна законскиот аспект.Дали хипотетички ќе го почитуваш законот ако е донесен на демократски начин(мнозинство and all that) со кој во целост се забранува абортус?
Не, затоа што тој закон би се косел со сите демократски принципи. Ако си учел на правен... го знаеш тоа, нели?

Исто така, таа пракса се покажа како многу кобна. Во Тајланд, еден град целосно бил ,,засмрден,, додека не сфатиле дека под еден храм има масовна гробница на фетуси. Исто така, ќе процвета нелегалниот бизнис на абортуси, и касапи ќе станат доктори.
Подобро абортирано едно дете, и потоа родени 2, него абортирано 1, и ниедно после.

Имаше добар филм (не се сеќавам како се вика) за една еврејка докторка, која во Аушвиц ги абортира СИТЕ бебиња зачнати во логорот. Поточно, предвремено ги пораѓа и ги гуши децата (да, чувствуаат болка). Кога многу години подоцна ја испрашуваат зошто го направила тоа, таа кажува дека секоја бремена жена била ставана во гас комора. Ако барем една од бремените абортира и се спаси, тоа значи иден пород на евреи.

Не можеш да забраниш природно право. И да го забраниш, забраната нема да биде почитувана.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
163
Поени од реакции
55
Кучките што ги чувам, 2 од нив најдов бремени, во почетна фаза. На двете им беше извршен абортус, и двете беа стерилизирани потоа. Но тоа се кучки, немаат свест, и затоа не можат да одлучуваат за своето потомство.

Човекот е свесно битие, а абортусот не е убиство кога е извршен врз плод стар до 12 недели. После тоа, и да сака некоја да абортира, ќе треба да се состави цела комисија да одлучува за тоа.

Дали ти е појасно?
Господе Боже !!! О Господе !!!
Кучките немале право да одлучуваат а ти имаш право врз нив да одлучуваш дали ќе раѓаат или не ??????
Па зарем тие не чувствуваат ?
Плус ги стерилизирала :confused:
 
К

Кики.

Гостин
Прво: Еве, се земете и си имате дете и сл. не е битно. Дали си сигурен дека девојка ти во иднина, со оглед на тоа што има 18 години, нема да се смени, а со тоа и вашата љубов? Што после тоа? Ќе ја оставиш ( или она ќе те остави и цело време ќе ти вади низ нос како она била млада и заради тебе ова и се случило или она) и тоа дете ќе има никаков живот, ама битно во моментот кога требало да се одлучи за детето и мама и тато се мавале во гради дека они се посилни од се на светот и дека нивната љубов е најсигурна.
Второ: Зошто некои луѓе не можат да сфатат дека секој не е спремен за чување деца? Освен тоа девојчето има само 18 години, а обврските околу детето се преголеми. Размисли дека детето си бара храна во првите месеци на секои 2 до 3 саати, тоа значи и навечер во ниедно време, а за домашните обврски да не збориме. Па, зарем мислиш дека раѓање дете и станување домаќинка е сон на секое девојче од 18 години?

Ова е само мое мислење. Не дека ти солам памет или нешто слично, ама размисли дали ти сакаш да си со девојката поради тоа што ја сакаш неа или поради детето. Да не е тоа дете, ти би ја оженил на 18 години? Сепак, на крајот, ваше е да одлучите.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Господе Боже !!! О Господе !!!
Кучките немале право да одлучуваат а ти имаш право врз нив да одлучуваш дали ќе раѓаат или не ??????
Па зарем тие не чувствуваат ?
Плус ги стерилизирала :confused:
Дапз. Зошто ќе родат несакани кучиња кои ќе бидат оставени на улица, дел ќе умрат, и дел ќе бидат возрасни несакани единки, кои подобро е да ги снема уште пред да се родат.
И да, стерилизирани се.
Не се способни да се грижат за своето потомство.
Ниту луѓето, ако не се способни, не треба да имаат деца.
Убава работа е васектомијата.... некој ја заслужува.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Не, затоа што тој закон би се косел со сите демократски принципи. Ако си учел на правен... го знаеш тоа, нели?
Не сум знаел дека тој закон би се косел со правото на живот.

И наведов дека законот е донесен во согласност со мнозинството и не те прашав дали го поддржуваш туку дали ќе го почитуваш.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
163
Поени од реакции
55
Во врска со темата. Зошто сте му се нафрлиле на човекот глуп си ваков си таков си ? Не си слушнал за заштита итн.
Па нормално дека слушнал за заштита и дека знае. Па има 25 години сигурно ова не му е прв секс во животот. Ете еднаш му се случило, јебига се дешава.
Јас сум против абортуси. Дозволете му на на фетусот да се стане човек. Многу сте груби жими се. Јас се чудам како се постанува вака извештачено. Многу филмови гледате :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Не сум знаел дека тој закон би се косел со правото на живот.

И наведов дека законот е донесен во согласност со мнозинството и не те прашав дали го поддржуваш туку дали ќе го почитуваш.
Ајде што е демократија. Не е само право на живот демократијата. Не се прави наудрен, добро знаеш за што зборувам.
Ако е изгласан таков закон, нема да биде во согласност со демократските принципи.
Ако една земја почне да носи недемократски закони, јас ќе побарам азил.
И ако јас сум бремена, а живеам во земја која забранува абортус, ќе одам до соседната земја и ќе абортирам - ако така сум решила.
Никој нема да ми каже што да правам со моето тело.
МОЕ Е.
--- надополнето: Nov 2, 2011 1:53 AM ---
Во врска со темата. Зошто сте му се нафрлиле на човекот глуп си ваков си таков си ? Не си слушнал за заштита итн.
Па нормално дека слушнал за заштита и дека знае. Па има 25 години сигурно ова не му е прв секс во животот. Ете еднаш му се случило, јебига се дешава.
Јас сум против абортуси. Дозволете му на на фетусот да се стане човек. Многу сте груби жими се. Јас се чудам како се постанува вака извештачено. Многу филмови гледате :)
Ако има неспособни родители да се грижат за него, најмногу ќе стане социјален случај, или можеби крајно фрустрирана и несреќна личност.
Има мн. случаеви каде што од глупост се прават фетуси, тие луѓе не заслужуваат да имаат репродуктивни органи. Но се случуваат и вакви грешки, всушност, се сомневам дека е од негова страна грешка. Еве, да речеме дека е ,грешка, - каков живот ќе има тоа дете со мајка која не сака да го има, мајка која ќе го обвинува таткото зошто и се ускратени амбициите и своите фрустрации ќе ги пренесува на детето?

Не сакам таква мајка. Подобро да ме абортирала, ако мислела така.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
163
Поени од реакции
55
Дапз. Зошто ќе родат несакани кучиња кои ќе бидат оставени на улица, дел ќе умрат, и дел ќе бидат возрасни несакани единки, кои подобро е да ги снема уште пред да се родат.
И да, стерилизирани се.
Не се способни да се грижат за своето потомство.
Ниту луѓето, ако не се способни, не треба да имаат деца.
Убава работа е васектомијата.... некој ја заслужува.
Зошто тогаш се бориме во овој живот ? Сите се бориме за да опстанеме. Ајде тогаш сите оние луѓе што ги гледаш како се мачат во животот подобро да не се роделе нели ?
Па има дечиња кои израснале во домови и по улици и сепак се бореле во животот. Ај боље да ги нема, така ли ?
Зошто тие не си го одземат животот ако било боље да ги нема? Епа мил им е животот нема да си го одземат.
Немам ништо против тебе ама многу сакам кучиња и ова што го прочитав многу тешко ми падна.
Зарем ти да одлучуваш и да ги запираш кучките да раѓаат ? Па нели е греота бе. Зошто ги земате, зошто ги малтретирате, зошто им се мешате. Пуштете ги по улици ќе бидат 100 пати посреќни ако родат 100 пати и скитаат по улици отколку таков вештачки живот да водат.
Лелее косата ми се крена од главата.
Викаш неспособни биле за потомство. Ондак решение да ги стелиризираме сите животни на светот па да исчезнат. По твоето размислување така треба да направиме, оти тие нели се неспособни.
 
Другар ептен сме офтопик, ќе ти пишам на профил.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Знам дека терам офтопик ама

Не се способни да се грижат за своето потомство.
Кучињата не се способни да се грижат за своето потомство?WTF!!?Ако има нешто што треба да знаеш за животните тоа е дека кај нив преовладува инстинктот за живот,колку и да ги потценуваме дека се глупи,"бесвесни" и што ти ја знам,и да живеат во најлоши услови,пак го тераат нагонот за живот,нагонот да се борат за своето потомство.Мачки и кучиња живеат покрај контејнери па пак си имаат малечки,се грижат за нив,ловат храна за нив се додека не пораснат за сами да се грижат.Значи,во добро и во зло си имаат потомство.

Убава работа е васектомијата.... некој ја заслужува.
Како на пример твоите родители,пред да те зачнат.

Он топик:Пролајфер сум.Сите луѓе заслужуваат шанса на овој свет.Сите.Зошто еден има право на живот,а друг нема?Зарем не е тоа лицемерно?

Ако се случи сепак на крајот мајката и таткото да не се гледаат во иднина како родители на дете најдобро решение е да се даде детето на посвојување.Има двојки кои сакаат деца ама не можат да добијат од икс причини.Барем ќе можат да добијат преку посвојување.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
163
Поени од реакции
55
--- надополнето: Nov 2, 2011 1:53 AM ---

Ако има неспособни родители да се грижат за него, најмногу ќе стане социјален случај, или можеби крајно фрустрирана и несреќна личност.
Има мн. случаеви каде што од глупост се прават фетуси, тие луѓе не заслужуваат да имаат репродуктивни органи. Но се случуваат и вакви грешки, всушност, се сомневам дека е од негова страна грешка. Еве, да речеме дека е ,грешка, - каков живот ќе има тоа дете со мајка која не сака да го има, мајка која ќе го обвинува таткото зошто и се ускратени амбициите и своите фрустрации ќе ги пренесува на детето?

Не сакам таква мајка. Подобро да ме абортирала, ако мислела така.
Сметам дека секој фетус треба да добие шанса да стане човечко суштество и да излезе на овој свет.
Секојдневно гледаме примери на упропастени фамилии, на никој од нас фамилијата ниту родителите не му се совршени ама не сите се осмелиле да си го одземат животот. Е зошто сега кога јас не сакам да си го одземам животот, зошто некој би ми ја скратил шансата да излезам на овој свет ?
Ајде кажи ми ти, да беше твојата мајка неодговорна или твојот татко ќе посакаше да бидеш некогаш абортирана ? Ако посакаше можеш сега ете да се убиеш.
Ама нема тоа да го направиш, зашто тебе кога си била фетус ти дале шанса да се оформиш во суштество а сега си свесна и возрасна и сама ќе одлучуваш за себе.
Па и да ти е фамилијата за никаде, ти сепак ќе се бориш, ќе се бориш за твојот живот што си добила шанса да го искусиш.
 
A

AnFem

Гостин

Се работи за промени во телото на ЖЕНАТА. Само жената има право да одлучи дали сака тие промени да и‘ се случат. Одлуката за бебе треба да ја донесат и двајцата. Сепак, сметам дека последниот збор треба да е од жената, без да и се врши било каков притисок. Јасно е која е улогата на жената во природата, ама тоа не значи дека треба да се третира како машина за произведување на деца, не се сите жени исти!
Има жени кои, едноставно, немаат мајчински инстинкти. Притисокот од општеството/фамилијата натерал многу од нив, дури и покрај тоа што се неспособни да одгледуваат деца, да родат и како резултат на тоа светов е полн со исфрустрирани дегенерици.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
163
Поени од реакции
55
Притисокот од општеството/фамилијата натерал многу од нив, дури и покрај тоа што се неспособни да одгледуваат деца, да родат и како резултат на тоа светов е полн со исфрустрирани дегенерици.
Ама тие дегенерици што викаш живеат така ? Ако не им е мил животот нека си го одземат. Ама не го одземаат. Ете тие биле непосакувани ама не биле абортирани. И сега гледаш нејќат и сега да бидат, сакаат да живеат. Секој треба да добие шанса на живот ама секој. Не често непосакуваните деца се претвараат во исфрустрирани психопати има и доста обратни случаи.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Еј, а да провереше пред да шириш вакви муабети?!

Процентот на ризикот и можните компликации кај абортусот во првото тромесечие е многу мал. Колку е постара бремената жена можни се поголеми компликации после абортусот. Сите компликации освен инфекциите се релативно ретки.

Самиот потфат е релативно безопасен, доколку не се јават компликации од кои најчеста е инфекцијата. Инфекцијата може да се спречи следејќи ги упатствата кои се дадени од страна на гинекологот после изведувањето на абортусот.

Дали ембрионот или фетусот чувствуваат болка?

Не бидејќи абортусите се изведуваат пред плодот да го развие чуството за болка.

Дали абортусот влијае врз наредната бременост?
Не, не постојат докази дека правилно извршен абортус може да доведе до пореметување на наредната бременост: бременоста која е надвор од матката, пореметување на плодот, спонтан абортус, предвремено породување или раѓање на мртво дете во иднина.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Абортус#.D0.A0.D0.B8.D0.B7.D0.B8.D1.86.D0.B8_.D0.B8_.D0.BA.D0.BE.D0.BC.D0.BF.D0.BB.D0.B8.D0.BA.D0.B0.D1.86.D0.B8.D0.B8
А инфекцијата не е компликација? Зарем самиот процес не е стрес за организмот? Секој зафат носи ризик. Секоја интервенција носи потенцијална опасност. Зависи како ќе се изврши абортусот и во која недела, но сепак се јавуваат крварења и постабортусен синдром кога матката не се контрахира правилно и во неа останува крв, која може да предизвика инфекции дури и сепса! Појавата и времетрањето на циклусот се пореметуваат, дури и во временски интервали од 5-6 месеци. Од зачнувањето се менува хормоналниот статус и целата биохемија во телото на мајката, после абортусот треба период од 1 месец тој да се среди.
Некои работи не се читаат од википедија, прашај доктор дали е паметно девојче од 18 години да се подложи на абортус, ќе видиш што ќе ти каже. Крај краева, нејзин ризик е. Уствари нивен, нели.

п.с. нема потреба од задебелени букви, лаиците може да веруваат само од еден извор на податоци, оние паметните проверуваат барем од 2-3.
 
A

AnFem

Гостин
Ама тие дегенерици што викаш живеат така ? Ако не им е мил животот нека си го одземат. Ама не го одземаат. Ете тие биле непосакувани ама не биле абортирани. И сега гледаш нејќат и сега да бидат, сакаат да живеат. Секој треба да добие шанса на живот ама секој. Не често непосакуваните деца се претвараат во исфрустрирани психопати има и доста обратни случаи.
Си го одземаат пријателе, голем дел од нив се осудени на пропаст, луѓе кои не осетиле топол дом, па станале наркомани, алкохоличари или си го одземаат животот. Чест е случајот таквите деца да ја пренесуваат истата „љубов“ и на нивните деца. Ама не мора и да значи, нели?

Другата половина... имаш исфрустрирани копилиња кои лечат фрустрации на останатите и не им се умира. Живеат пиејќи им ја крвта на другите и се хранат од тоа. Садисти од типот на: политичари, сериски убијци, нацисти... мада тоа ти е скоро едно исто...

Ќе престанам тука, многу одам оф топик.

Дали би сакал да се родиш во некоја пропадната фамилија, да гледаш постојано насилство, да немаш што да јадеш, да живееш во влага и мрак... ?

Еднаш видов случај каде мајката не сака да ја види ќерка и’. Дали, ако можеш, би избрал да го осетиш тоа по цена на живот?

Дали би сакал да осетиш како е твојата мајка да те мрази и да ја потсеќаш на немил настан - силување?

Нормално, ти давам само примери, секогаш постојат исклучоци.

Понекогаш не се работи само за неспособни мајки, се работи за избор, ако јас изберам да немам деца, да ми биде приоритет нешто друго, никој нема право да ме спречи, а најмалку да ме нарече убиец само поради тоа што сум одлучила што со моето тело. Лично јас не би абортирала, ама не ги осудувам оние кои би.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom