Девојката која немаше партиска книшка

Статус
Затворена за нови мислења.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Јас, сега за сега, ова го гледам како уште еден мидија стант, уште еден обид да се дискредитира УКИМ, оти и онака му се нафрлени и накострешени, од власт до орач...
Најверојатно професор, асистент или демонстратор си на тој УКИМ :icon_lol:.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
За ташак ќе и е Македонија. Не се праи трансфер од Реал Мадрид во Силекс.Нека си седи мадро и нека не бара посебен публицитет за ситуацијава.

Љубов жими газов,.
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
34
Поени од реакции
27
Зошто мислиш дека пост дипломскиот просек е поважен? Кај нас барем таа работа е само земање на пари.
На постдипломски е битна истражувачката работа. Со 12 објавени труда, девојката успеала.
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Патетичен низаеден другата да не е франузинка случајно ?
Не е, ама ти велиш штом студирала странство треба да крши глава странство и да не бара работа тука, или ако побара а биде одбиена да не се жали. Поправи ме ако ти ги пренесов зборовите погрешно, оти јас така те разбрав.
 
T

Tamora

Гостин
Не е, ама ти велиш штом студирала странство треба да крши глава странство и да не бара работа тука, или ако побара а биде одбиена да не се жали. Поправи ме ако ти ги пренесов зборовите погрешно, оти јас така те разбрав.
Нема потреба да се дообјаснувам ако те интересираше шо сакав да кажам ќе си ќе си прочиташе не планирам да се правдам го кажав то шо мислев да го кажам
 
A

andrea85

Гостин
Кој ѓавол ја терала при толку години поминати настрана да се враќа овде во беднава ни држава WTF, Зар немала кој да и ја каже реалноста??? Сите овде мака мачиме да избегаме од овде они се враќаат бре...Сега за сега и треба црвена легитмација и можда некое евро под неа, за некоја година може и сина...
 
С

Спасе супата

Гостин
Најголемиот проблем произлегува од државната сопственост и имањето монопол. Барем во голем број случаи е така.
Луѓето плаќаат даноци и следствено имаат право да бараат што поквалитетна работа, но колку и да бараат таквото нешто не е остварливо во државни фирми, школи, институции. Досега не се случило нешто што е државно на долг рок да биде ефективно или поквалитетно од приватното. Едноставно е. приватникот мора да троши и работи со свои пари и да се бори на пазарот, додека чиновникот троши туѓи пари добиени на готово и затоа не му е гајле колку ќе е ефективен.
Доколку би постоела конкуренција и силен приватен сектор верувам дека тој приватен сектор со сите сили би се борел за ваквите кадри. Ќе треба да помине уште долго време и ќе се изнаслушаме уште безброј трагедии додека ни текне што правиме.
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
34
Поени од реакции
27
За ташак ќе и е Македонија. Не се праи трансфер од Реал Мадрид во Силекс.Нека си седи мадро и нека не бара посебен публицитет за ситуацијава.

Љубов жими газов,.
Така ли? Наведната глава сабја не ја сече?
Треба да ја остави Македонија на раат да си пропадне?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.133
Поени од реакции
15.973
Додека си ќутиме, ќе си тера истиот принцип.
Без разлика што е една, битно е да направиш како единка нешто за неправдата, без разлика на резултатот, ако ништо друго ти ќе знаеш дека си пробала. Јас не ја прифаќам логиката сите одма да се откажеме. Еве може не те разбирам, како ти би го решила проблемов? (Да го оставиш како што си е, или да оставиш на следни генерации не е решавање на проблемот.)
Нема решение за проблемов. Џабе е сите да се кренат кога кај нас сите се борат за опстанок. Секој ќе ја прифати и најмизерната работа без разлика дали имал висок просек на факултет.
Една птица не ја прави пролетта, а и ова што го направила девојката, за себе, па и за некој друг, за два дена ќе се заборави. Зошто? Затоа што никој нема да ја поддржи. Дури ни вие што ја браните на форумов, не би го направиле истово ко неа. А сигурна сум дека има многу овде што не се вработени, бараат работа, исполнуваат критериуми, но не наоѓаат. Зошто сите не пишете по едно писмо? Нели и вас ви сметаат овие работи?

И не се откажувам, да беше така, немаше да студирам и да им бидам товар на моите, туку уште од средно ќе си најдев работа. Се надевам дека со факултетов ќе најдам работа, дека некој сепак ќе го цени мојот труд, и нема да си ја вработи внуката пред мене, оти јас немам врски кои би ги повлекла некаде. Но, со сите вакви ситуации, многу не гледам розево на работиве.

На местово на девојкава, више кажав, кога веќе излегла од државава, нема што да бара пак назад, кога гледа и знае дека нема да ја ценат. Да имам можност и јас би заминала и искрено, око не би ми трепнало. И не сум песимист, туку само реално гледам на работите.
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
34
Поени од реакции
27
Кој ѓавол ја терала при толку години поминати настрана да се враќа овде во беднава ни држава WTF, Зар немала кој да и ја каже реалноста??? Сите овде мака мачиме да избегаме од овде они се враќаат бре...Сега за сега и треба црвена легитмација и можда некое евро под неа, за некоја година може и сина...
Бедна е државава? Бори се да не биде! Ана може да ти биде пример.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не мислам, знам. Оти со таа диплома аплицира, нели, се потпишува м-р. Со магистериум се прокламира, па да видиме колку и вреди оценката на тој м-р лист.

И уште нешто, и онака погоре имаше напишано и ти самиот... девојкава, како што разбрав, аплицира за демонстратор, т.е. за соработник (демонстратори веќе нема). АКо е работата за поттрчковци, и за носење на бурек за професори кои дремат по штабови, што толку се потресе момава? (пак, напоменувам дека разбрав дека не е за асистенстко место, туку за нешто подолу).

И пак, уште нешто... при избор, трудовите и не се толку пресудни. Тие не значат колку е кандидатот кадарен за предавање. Сепак, се работи за наставна целина, првенствено.

Најбитно е искуството... кое, го има тој што носел бурек, т.е. послабиот кандидат.
Аплицира за помлад асистент по стручен предмет колку што разбрав, инаку навистина не би ја разбрал поената да поднесува во апликацијата научни трудови објавени во списанија со импакт фактор за работно место демонстратор.
Носење бурек го напишав фигуративно, во секоја смисла дури и во практична демостраторот и дел од асистентите ја работат најамалската работа во процесот на едукација на факсовите кај нас.

Претпоставувам кога ја оценувале на Кембриџ ги зеле во обзир и тие нејзини вештини.
Не верувам дека има некоја драстична разлика помеѓу додипломскиот и постдипломскиот труд.
--- надополнето: 8 мај 2013 во 18:20 ---
И веројатно фактот што дечкото имал поголемо искуство од нејзиното никакво во однос на држење вежби.
Во овој поглед, тој е поквалификуван од неа зашто пишување трудови =/= работа со студенти.
Немам апсолутно ништо против човекот и покрај тоа што се изразив за него како потрчко, повеќе ме револтираат професорите и објаснувањето од нив за што е одбиена девојката.
Логички да, најверојатно ќе се снајде многу подобро на почеток за разлика од девојката која што и не ги знае ходниците на факсот, работата е што девојката исто така најверојатно ќе донесе нови искуства во факултетот и ќе го доближи факсот многу поблиску до модерните текови.
Секако дека со самиот факт што имаш питомец од Кембриџ како кадар, репутацијата на самиот факултет би се зголемила повеќе.
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Нема потреба да се дообјаснувам ако те интересираше шо сакав да кажам ќе си ќе си прочиташе не планирам да се правдам го кажав то шо мислев да го кажам
Во тој случај губи твојата страна на аргументот што според мене претставува неоправдано држење на некаква грутка во грлото против луѓе кои успеале да се запишат и студираат во странство и по завршувањето сакале да се запишат тука и наишле на отпор и не можат да ја сфатат причината зошто.

Твоето и неколку мислења на темава од други членови ми делуваат во две насоки

Во стилот, што очекуваше бе од Македонија, овде има еден куп што завршиле, не се вработиле и не се жалат (или не им се слуша мислењето). Што мислеше што мислеше кад се онадеше?

Или во стилот хахаахаххах не најде работа во УК или УСА хахахаах епа ќе ти се ситам бе, оди помочај му се на факултетот што си го завршил, да даде Господ да не најдеш работа и во Македонија.

И двете за мене претставуваат деградирачки и невкусни сфаќања.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Така ли? Наведната глава сабја не ја сече?
Треба да ја остави Македонија на раат да си пропадне?
Да треба да ја остави! Дали мислиш дека нешто може да смени?Дали мислиш дека било кој да дојде ќе може да смени?

Ова што се случува со Македонија нема спас.Банди криминалци ја водат,ја воделе и ќе ја водат во иднина.Џабе е да им пуштиш еден паметен и нелицемерен човек,има да го изедат!

Не ја спасува државата ништо,незнам ти фернанда колку години имаш,ама мојата генерација(имам 24 години) иднината не ја гледа тука,90 и кусур посто од младите сакаат да избегаат,на кој ќе му успее секоја чест.Тој што ќе остане ќе гребе за да излезе од дупкава,ама залудно.

Нема спас,барем јас во догледно време не гледам.
 
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
Реакцијата на народот е иста како на малоумникот кој го предава Guevara за 3 пезоси.
Луѓе, разбудете се и конечно ослободете се од вашата малоумност, злорад, БЕСКОНЕЧНА љубомора.
Оваа девојка е ретко храбра и јас ѝ честитам.

Нашиот образовен систем е ужасен; ние не можеме да се споредуваме со никоја држава, освен МОЖЕБИ овие на Балкан.
Имаме систематски пропусти, погрешно поставени темели, слаби кадри, ужасна предност им се дава на извесни групи.
Не победува најдоброто. Повеќето се грижат за формалниот дел, а забораваат што е првенствено идејата на тие згради, личности кои предаваат, асистенти кои помагаат, ..итн. ЗНАЕЊЕ. ЕДИНСТВЕНО нешто што е важно е знаењето, другото треба да биде поткрепа за како полесно, подобро,
поефикасно го предадаме знаењето. Ние, како и за сѐ (колку што сум запознаен), обратно пристапуаме - запазуваме ненормални процедури на формалност, а знаењето е оставено на последно ниво на заинтересираност.

Неверојатно лудило во кое сите партиципираат.


Е д и н с т в е н начин е овој - земи им го знаењето, предај го тука, школувај наши кадри што ќе можат да се споредуваат (за рамнење, има време) со нивни.

Декларативно, вака и беше најавена оваа идеја од т.н. министер за образование.

Не разбирате ли во што е проблемот?

Никој не сака независни луѓе.

Голем број луѓе се мразат меѓусебно дел по дел заради различни причини; скоро сите луѓе, заеднички го мразат чесниот човек, на куп - кога се насочува таа омраза, сѐ меѓусебно забораваат и се фокусирани да го уништат. Затоа, ако сте чесен, тоа мора да го криете како најголем грев.
(Често е проследено со „наивен“, „будала“, итн. како да е потребен гениј да се препише на некој испит, потлаже нешто, поткраде нешто.., итн.)

За нив, тоа е најголем можен страв - самостоен, чесен и уште образован човек. (Не зборувам конретно за овој случај, туку поошто гледиште).
По тоа гледиште, најголемата иронија е што секоја критика до претпоставените е неоправдана. (Критикува човек постапка за која е убеден дека поинаку
не може да биде -- ова се заклучува, затоа што кога ќе проба некој поинаку, тој го попречува, омаловажува, итн.)

Јас не знам до кога ќе се трпи ова. Ако сите незадоволни се од овој тип (последниот), тогаш ова е идеалната состојба на општеството и не може да биде поинаку.
Но, ако повеќето се од типот на Ана (мисловен, не деловен), тогаш ќе мора евентуално да колапсира и почне поинаку.

Не гледам друго.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Аплицира за помлад асистент по стручен предмет колку што разбрав, инаку навистина не би ја разбрал поената да поднесува во апликацијата научни трудови објавени во списанија со импакт фактор за работно место демонстратор.
Носење бурек го напишав фигуративно, во секоја смисла дури и во практична демостраторот и дел од асистентите ја работат најамалската работа во процесот на едукација на факсовите кај нас.

Претпоставувам кога ја оценувале на Кембриџ ги зеле во обзир и тие нејзини вештини.
Не верувам дека има некоја драстична разлика помеѓу додипломскиот и постдипломскиот труд.
Помлад асистент = демонстратор

А за болдот, се согласувам, но и тоа беше поентата на (скоро целиот мој) муабет(от). Ајде, да видиме како ја оцениле од Кембриџ.

Инаку, секој може да објавува трудови со импакт фактор. Само треба да се има пари за тоа.

Гледајте малку од таа страна. Некој НЕ објавува, не оти не го бива, туку оти нема пари. И тн и тн.

***
Не знам зошто ја направивте светица оваа од Кембриџ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom