Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
- Член од
- 7 јуни 2008
- Мислења
- 16.676
- Поени од реакции
- 21.233
Причината број 2,437,204 зашто да се напушти Македонија.
Така де истото го зборам и јас веќе 5 страни поназад , таа е само еден од многуте случаеви за кој најмногу се крена прашинаЈасно, но тие го имаат истиот проблем како оваа девојка.
Омаловажувачко и цинично размислување. Наместо да се радуваш што кадар обучен во страанство не на било кој туку на еден од десетте најдобри универзитети во светот сакал да предава во Македонија на студенти кои што веројатно се уште студираат по комунистички систем, тебе ти дошло до тоа дали му "ја зема работата на Македончето". Патетично, патетично, патетично.Имаше случај на Битолскиот универзитет во Биотехнички ми се чини баш пред неколку месеци , исто така студент на генерацијата , ако ја најдам статијата ќе ја постирам тука. Се работеше исто за магистрант со долги години работно искуство во истоимениот факултет а потоа запиша и докторат за по извесно време откако докторира и требаше да и обезбедат соодветно место ја шутнаа . Се жалеше не по весници не по медиуми ама џабе е сега немојте да ми речите дека се работи за помалку квалитетна само затоа што запиша студии на наш универзитет , значи ги има еден куп такви случаи .не сакам да им давате предност на тие што имале можност да студираат надвор од државата , кога веќе си го одбрале тој пат нека си одат по него .
Ме мрзи пак да го читам текстот, може и грешка сум, ама како што го прочитав еднаш, мислам дека нејзиниот просек е напоменат од додипломските студии. Не е напоменато од постдипломски колку има.Не знам кој дел од текстот не го разбра дека девојката има просек од 9.76 на Кембриџ за да ја дискредитираш?
Не се важни причините поради кои се враќа, можеби е приврзана емотивно со Воинот на Коњ.
А како се оценува тоа дали има појма во животот? Да ги пуштиме во Круг на Знаење, па тој што ќе освои најмногу поени нека биди професор, пошто џабе се просеците од факултети и научни трудови.Кембриџ бла бла бла, уким дрн дрн дрн , ману се тресе у ладна вода.
Запомнете што е битно не е битна ни книшка ни чуда ни врагови битно е : Чичо, Вујче, Дедо,Баба, Тета,
Колку е спремен тоест колку го бива или не го бива поединецот ако си квалитет ок ке пројдеш секаде, ако не ќе лижеш гзови за да мрднеш од мртва точка ако и за тоа не те бива те чека некој СП маркет, тинекс или бутик.
Ма џабе ти се и факултети и просеци и 9,9 просек ако си нема појма од животот.
Просто и едноставно.
Се, се ама едно нешто ме чуди, ако била толку квалитет и мозок ШТО КОЈ МОЈ барала да се враќа овде ??
Точно така, не треба да се гледа кој каде завршил, туку дали ги исполнува критериумите за конкретното работно место. Во случајов, директно можеле да ја примат, пошто ги исполнувала критериумите, а наместо тоа, примиле некој што не ги исполнува. Значи да примеле друг што исто така ги исполнува критериумите, девојкава сигурно нема да го напишала писмово.ЈАс не ја нападнав дотичната само стојам на ставот дека истата не треба да се фаворизира зато затоа што имала можност да студира на таков престижен универзитет , еднинствено што сакав е да укажам дека и кај нас има кадри деца кој во никој случај не значи дека се помалку вредни од магистрите со странски дипломи
Зошто мислиш дека пост дипломскиот просек е поважен? Кај нас барем таа работа е само земање на пари.Ме мрзи пак да го читам текстот, може и грешка сум, ама како што го прочитав еднаш, мислам дека нејзиниот просек е напоменат од додипломските студии. Не е напоменато од постдипломски колку има.
Нека напомене колкав и е просекот од постдипломски (далеку побитниот) (ако нема, ако сум грешка, пардон), па ќе дискутираме.
Јас, сега за сега, ова го гледам како уште еден мидија стант, уште еден обид да се дискредитира УКИМ, оти и онака му се нафрлени и накострешени, од власт до орач...
Ете сега е јасно зашто типкава се вратила во МК: сака психолошки да не истражуваВсушност тажно е, државава страда од Стокхолм синдром(Во случај да не знаеш/те што е тоа, тоа е синдром кој кога затвореник ќе биде измачуван премногу од страна на "господар", и кога господарот ќе му пруже малце милост и некој надворешен ќе проба да му помогне затвореникот почнува да го брани господарот мислејќи дека се грижи за него со покажување на милост).
Си кркаме си чутиме, а моќта е во народот, Американците на пример му кажуваат како ќе биде тие не одат на работа ги блокираат патиштата, сите згради во кој се врши важна работа како на пример брезите и тн, и државата мора да ги слуша инаку нема ништо да чини, кај нас тука ќе се појават мал број на "револуционери" и со мали закани за отказ од работа и тн. сите се прибираат.
Не мислам, знам. Оти со таа диплома аплицира, нели, се потпишува м-р. Со магистериум се прокламира, па да видиме колку и вреди оценката на тој м-р лист.Зошто мислиш дека пост дипломскиот просек е поважен? Кај нас барем таа работа е само земање на пари.
Патетичен низаеден другата да не е франузинка случајно ?Омаловажувачко и цинично размислување. Наместо да се радуваш што кадар обучен во страанство не на било кој туку на еден од десетте најдобри универзитети во светот сакал да предава во Македонија на студенти кои што веројатно се уште студираат по комунистички систем, тебе ти дошло до тоа дали му "ја зема работата на Македончето". Патетично, патетично, патетично.
И веројатно фактот што дечкото имал поголемо искуство од нејзиното никакво во однос на држење вежби.А како се оценува тоа дали има појма во животот? Да ги пуштиме во Круг на Знаење, па тој што ќе освои најмногу поени нека биди професор, пошто џабе се просеците од факултети и научни трудови.
Мое мислење е дека типот кој ја добил работата бил долги години демонстратор на факултетот и кутриот ја работел работата на асистенти и професори кои висат по партиски состаноци.
Кога конечно се отворило работно место за него и да мрдне конечно од мртва точка аплицирала девојкава која што има за класа подобри квалификации.
И сега изборот на УКИМ бил следниот, да ја вработат неа која сигурно нема да има намера да му ги покрива часовите додека тие се отсутни на состаноци и купува бурек со сирење на утро додека тие го прават утринското кафе, или пак да го изгубат потрчкото кој му е "девојка за се.
Најверојатно овде биле доста рационални и во нивно добро се одлучиле да му го дадат работното место на потрчкото кој ќе му должи услуга на одредени професори и асистенти до крајот од пензијата, кој пак му се има закането дека ќе си замине од работното место како демонстрант ако не се вработи.