Девојката која немаше партиска книшка

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 февруари 2009
Мислења
34
Поени од реакции
27
Во науката владее правилото publish or perish. Да одбиеш некого со толкав број издадени трудови значи да ја унаказиш државата. Ако ни бегаат луѓето со таков потенцијал, ќе си останеме паланка. Ако сака да се врати во Македонија, треба да се врати. Деканот итно да даде изјава.
Јас завршив 'со просек', без врски бев во државна квота на тогаш селективна студиска програма, без врски земав студентска стипендија и без врски бев сместена во најдобриот студентски дом. На крај завршив во странство. Моментално сум во Македонија. Ситуацијата е страшна. Науката ни е во една длабока бездна. А кој е крив? Сите искомплексирани и љубоморни индивидуи. Кога слушнат како некој успеал, зборат како бил со врски. Кога некој сака да се врати, како сакал да го земе местото на сиротите наши деца со просек.
 
T

Tamora

Гостин
Јасно, но тие го имаат истиот проблем како оваа девојка.
Така де истото го зборам и јас веќе 5 страни поназад , таа е само еден од многуте случаеви за кој најмногу се крена прашина :)
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Имаше случај на Битолскиот универзитет во Биотехнички ми се чини баш пред неколку месеци , исто така студент на генерацијата , ако ја најдам статијата ќе ја постирам тука. Се работеше исто за магистрант со долги години работно искуство во истоимениот факултет а потоа запиша и докторат за по извесно време откако докторира и требаше да и обезбедат соодветно место ја шутнаа . Се жалеше не по весници не по медиуми ама џабе е сега немојте да ми речите дека се работи за помалку квалитетна само затоа што запиша студии на наш универзитет , значи ги има еден куп такви случаи .не сакам да им давате предност на тие што имале можност да студираат надвор од државата , кога веќе си го одбрале тој пат нека си одат по него .
Омаловажувачко и цинично размислување. Наместо да се радуваш што кадар обучен во страанство не на било кој туку на еден од десетте најдобри универзитети во светот сакал да предава во Македонија на студенти кои што веројатно се уште студираат по комунистички систем, тебе ти дошло до тоа дали му "ја зема работата на Македончето". Патетично, патетично, патетично.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Не знам кој дел од текстот не го разбра дека девојката има просек од 9.76 на Кембриџ за да ја дискредитираш?
Не се важни причините поради кои се враќа, можеби е приврзана емотивно со Воинот на Коњ.
Ме мрзи пак да го читам текстот, може и грешка сум, ама како што го прочитав еднаш, мислам дека нејзиниот просек е напоменат од додипломските студии. Не е напоменато од постдипломски колку има.

Нека напомене колкав и е просекот од постдипломски (далеку побитниот) (ако нема, ако сум грешка, пардон), па ќе дискутираме.

Јас, сега за сега, ова го гледам како уште еден мидија стант, уште еден обид да се дискредитира УКИМ, оти и онака му се нафрлени и накострешени, од власт до орач...
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Кембриџ бла бла бла, уким дрн дрн дрн , ману се тресе у ладна вода.
Запомнете што е битно не е битна ни книшка ни чуда ни врагови битно е : Чичо, Вујче, Дедо,Баба, Тета,
Колку е спремен тоест колку го бива или не го бива поединецот ако си квалитет ок ке пројдеш секаде, ако не ќе лижеш гзови за да мрднеш од мртва точка ако и за тоа не те бива те чека некој СП маркет, тинекс или бутик.
Ма џабе ти се и факултети и просеци и 9,9 просек ако си нема појма од животот.
Просто и едноставно.
Се, се ама едно нешто ме чуди, ако била толку квалитет и мозок ШТО КОЈ МОЈ барала да се враќа овде ??
А како се оценува тоа дали има појма во животот? Да ги пуштиме во Круг на Знаење, па тој што ќе освои најмногу поени нека биди професор, пошто џабе се просеците од факултети и научни трудови. :cautious:

Мое мислење е дека типот кој ја добил работата бил долги години демонстратор на факултетот и кутриот ја работел работата на асистенти и професори кои висат по партиски состаноци.
Кога конечно се отворило работно место за него и да мрдне конечно од мртва точка аплицирала девојкава која што има за класа подобри квалификации.
И сега изборот на УКИМ бил следниот, да ја вработат неа која сигурно нема да има намера да му ги покрива часовите додека тие се отсутни на состаноци и купува бурек со сирење на утро додека тие го прават утринското кафе, или пак да го изгубат потрчкото кој му е "девојка за се.
Најверојатно овде биле доста рационални и во нивно добро се одлучиле да му го дадат работното место на потрчкото кој ќе му должи услуга на одредени професори и асистенти до крајот од пензијата, кој пак му се има закането дека ќе си замине од работното место како демонстрант ако не се вработи.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
ЈАс не ја нападнав дотичната само стојам на ставот дека истата не треба да се фаворизира зато затоа што имала можност да студира на таков престижен универзитет , еднинствено што сакав е да укажам дека и кај нас има кадри деца кој во никој случај не значи дека се помалку вредни од магистрите со странски дипломи
Точно така, не треба да се гледа кој каде завршил, туку дали ги исполнува критериумите за конкретното работно место. Во случајов, директно можеле да ја примат, пошто ги исполнувала критериумите, а наместо тоа, примиле некој што не ги исполнува. Значи да примеле друг што исто така ги исполнува критериумите, девојкава сигурно нема да го напишала писмово.
Е сега, во право си дека од нашите деца има бааги вредни, и тие се соочиле со овој проблем, и сега или се во странство, или работат било што за да преживеат, баш заради опишаниов проблем. И кога ќе продолжи деградацијата на образованието наше, со примање на лојални кадри, ќе нема ама баш никаков квалитет на тие што ќе излегуваат од ваквите факултети.
Поентата ми е, не гледајте површно и тоа само конкретно на овој случај, овој проблем е болен и ако продолжи вака, ќе станеме едни од понеписмените нации во светов.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ме мрзи пак да го читам текстот, може и грешка сум, ама како што го прочитав еднаш, мислам дека нејзиниот просек е напоменат од додипломските студии. Не е напоменато од постдипломски колку има.

Нека напомене колкав и е просекот од постдипломски (далеку побитниот) (ако нема, ако сум грешка, пардон), па ќе дискутираме.

Јас, сега за сега, ова го гледам како уште еден мидија стант, уште еден обид да се дискредитира УКИМ, оти и онака му се нафрлени и накострешени, од власт до орач...
Зошто мислиш дека пост дипломскиот просек е поважен? Кај нас барем таа работа е само земање на пари.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.724
Поени од реакции
11.955
Тоа се вика негативна селекција...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Во некоја друга тема ќе се скапам читање од плукање по дијаспората од типот нејќат да помогнат, еднаш во две години идат...сега пак плукање за девојкава.Чуден менталитет сме.
Мене на пример очи ми ископа дека е девојка која сакаше да биде машко Screenshot_6.png
А писмото си е на место, од збор до збор.Таа уште е во позиција за пишење такво писмо, обраќање, за разлика од многумина овде.Оти утре ќе ти тропнат на врата или марш од работа некој близок.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Всушност тажно е, државава страда од Стокхолм синдром(Во случај да не знаеш/те што е тоа, тоа е синдром кој кога затвореник ќе биде измачуван премногу од страна на "господар", и кога господарот ќе му пруже малце милост и некој надворешен ќе проба да му помогне затвореникот почнува да го брани господарот мислејќи дека се грижи за него со покажување на милост).
Си кркаме си чутиме, а моќта е во народот, Американците на пример му кажуваат како ќе биде тие не одат на работа ги блокираат патиштата, сите згради во кој се врши важна работа како на пример брезите и тн, и државата мора да ги слуша инаку нема ништо да чини, кај нас тука ќе се појават мал број на "револуционери" и со мали закани за отказ од работа и тн. сите се прибираат.
Ете сега е јасно зашто типкава се вратила во МК: сака психолошки да не истражува :)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Зошто мислиш дека пост дипломскиот просек е поважен? Кај нас барем таа работа е само земање на пари.
Не мислам, знам. Оти со таа диплома аплицира, нели, се потпишува м-р. Со магистериум се прокламира, па да видиме колку и вреди оценката на тој м-р лист.

И уште нешто, и онака погоре имаше напишано и ти самиот... девојкава, како што разбрав, аплицира за демонстратор, т.е. за соработник (демонстратори веќе нема). АКо е работата за поттрчковци, и за носење на бурек за професори кои дремат по штабови, што толку се потресе момава? (пак, напоменувам дека разбрав дека не е за асистенстко место, туку за нешто подолу).

И пак, уште нешто... при избор, трудовите и не се толку пресудни. Тие не значат колку е кандидатот кадарен за предавање. Сепак, се работи за наставна целина, првенствено.

Најбитно е искуството... кое, го има тој што носел бурек, т.е. послабиот кандидат.
 
T

Tamora

Гостин
Омаловажувачко и цинично размислување. Наместо да се радуваш што кадар обучен во страанство не на било кој туку на еден од десетте најдобри универзитети во светот сакал да предава во Македонија на студенти кои што веројатно се уште студираат по комунистички систем, тебе ти дошло до тоа дали му "ја зема работата на Македончето". Патетично, патетично, патетично.
Патетичен низаеден другата да не е франузинка случајно ?
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
А како се оценува тоа дали има појма во животот? Да ги пуштиме во Круг на Знаење, па тој што ќе освои најмногу поени нека биди професор, пошто џабе се просеците од факултети и научни трудови. :cautious:

Мое мислење е дека типот кој ја добил работата бил долги години демонстратор на факултетот и кутриот ја работел работата на асистенти и професори кои висат по партиски состаноци.
Кога конечно се отворило работно место за него и да мрдне конечно од мртва точка аплицирала девојкава која што има за класа подобри квалификации.
И сега изборот на УКИМ бил следниот, да ја вработат неа која сигурно нема да има намера да му ги покрива часовите додека тие се отсутни на состаноци и купува бурек со сирење на утро додека тие го прават утринското кафе, или пак да го изгубат потрчкото кој му е "девојка за се.
Најверојатно овде биле доста рационални и во нивно добро се одлучиле да му го дадат работното место на потрчкото кој ќе му должи услуга на одредени професори и асистенти до крајот од пензијата, кој пак му се има закането дека ќе си замине од работното место како демонстрант ако не се вработи.
И веројатно фактот што дечкото имал поголемо искуство од нејзиното никакво во однос на држење вежби.
Во овој поглед, тој е поквалификуван од неа зашто пишување трудови =/= работа со студенти.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom