Реакцијата на народот е иста како на малоумникот кој го предава Guevara за 3 пезоси.
Луѓе, разбудете се и конечно ослободете се од вашата малоумност, злорад, БЕСКОНЕЧНА љубомора.
Оваа девојка е ретко храбра и јас ѝ честитам.
Нашиот образовен систем е ужасен; ние не можеме да се споредуваме со никоја држава, освен МОЖЕБИ овие на Балкан.
Имаме систематски пропусти, погрешно поставени темели, слаби кадри, ужасна предност им се дава на извесни групи.
Не победува најдоброто. Повеќето се грижат за формалниот дел, а забораваат што е првенствено идејата на тие згради, личности кои предаваат, асистенти кои помагаат, ..итн. ЗНАЕЊЕ. ЕДИНСТВЕНО нешто што е важно е знаењето, другото треба да биде поткрепа за како полесно, подобро,
поефикасно го предадаме знаењето. Ние, како и за сѐ (колку што сум запознаен), обратно пристапуаме - запазуваме ненормални процедури на формалност, а знаењето е оставено на последно ниво на заинтересираност.
Неверојатно лудило во кое сите партиципираат.
Е д и н с т в е н начин е овој - земи им го знаењето, предај го тука, школувај наши кадри што ќе можат да се споредуваат (за рамнење, има време) со нивни.
Декларативно, вака и беше најавена оваа идеја од т.н. министер за образование.
Не разбирате ли во што е проблемот?
Никој не сака независни луѓе.
Голем број луѓе се мразат меѓусебно дел по дел заради различни причини; скоро сите луѓе, заеднички го мразат чесниот човек, на куп - кога се насочува таа омраза, сѐ меѓусебно забораваат и се фокусирани да го уништат. Затоа, ако сте чесен, тоа мора да го криете како најголем грев.
(Често е проследено со „наивен“, „будала“, итн. како да е потребен гениј да се препише на некој испит, потлаже нешто, поткраде нешто.., итн.)
За нив, тоа е најголем можен страв - самостоен, чесен и уште образован човек. (Не зборувам конретно за овој случај, туку поошто гледиште).
По тоа гледиште, најголемата иронија е што секоја критика до претпоставените е неоправдана. (Критикува човек постапка за која е убеден дека поинаку
не може да биде -- ова се заклучува, затоа што кога ќе проба некој поинаку, тој го попречува, омаловажува, итн.)
Јас не знам до кога ќе се трпи ова. Ако сите незадоволни се од овој тип (последниот), тогаш ова е идеалната состојба на општеството и не може да биде поинаку.
Но, ако повеќето се од типот на Ана (мисловен, не деловен), тогаш ќе мора евентуално да колапсира и почне поинаку.
Не гледам друго.