Од ова што гледам испаѓа Халкбанка со најдобра каматна стапка (8.1 секој месец со 8.3 на крај на рочноста) а кај Еуро-Стандард убавото е што нонстоп располагаш со кешот ама помала е каматата.
Ама ме плаши што Уни банка на времето даваше 11% мислам и за некој месец ги акнаа на 7-8%, чисто колку да налепат штедачи а ако ги гледаме поголемиве банки што скоро сите ги намалија каматите испод 6% ништо чудно и овие да го направат истото одкако ќе си направат своја критична маса.
i jas imam primeteno konkretno za dve (verojatno ima i drugi) uni i alfa deka ke promoviraat paket 24 meseci ili 36 so visoka kamata8 ili 8,5% a veke za vtorata im paga, taka da nisto ne si karil, eurostandard (iako i ona gi ima namaleno, ama site gi namalia kamatatite za razlika od pred 4-5 godini) mi e ok i imam pozitivno iskustvo so niv. Normalno gilemite banki se serozni i napravat vakvi eftini stosovi ama tie davaat niski kamati.
--- надополнето: 16 август 2012 во 13:57 ---
ova e interesno, iako smetam deka sega zasega fiksniot kurs na denarot e najdobra opcija, zaradi malata produktivnost i zaradi nasata uvozna (ne samo izvozna) zavisnost ne samo izvozna, sepak vo posledno vreme se poveke se diskutira na ovaa tema. Jas smetam deka pozitivni efekti od devalvacija bi imalo samo na kratok rok, zatoa sto sme uvozna zavisna zemja od energensi koi pri poslab denar bi cinele poskapo i bi pottikanale inflacija preku rast na ceni, a so toa povtorno vrakjanje na nekonkurentnosta na nasite proizvodi kako i sega pred devalvacija bukvalno na isto nivo. No Belgrad veke nekolku godini ja koristi ovaa monetarna alatka, a znaete kako se odnesuva Skopje vo mnogu opstestveni segmenti i kolku obozava da kopira sto pravat ovie od sever
ДОГМИ И ЗАБЛУДИ
Петнаесет години фиксен курс
Заедно со догмата за странските инвестиции, фиксниот курс како панацеја за болната македонска економија е најголемата заблуда во Република Македонија. Денес ризикуваш да станеш најголем економски (и политички) еретик доколку воопшто помислиш да ја проблематизираш понатамошната примена на фиксниот курс. Моќното економско лоби, кое е подеднакво јако и во академската и во бизнис-средината, чека подготвено да го расчеречи секој оној што ќе се осмели да дебатира на оваа тема.
Власта во својот стил, без да дослуша, веднаш ве етикетира како поборник за девалвација на денарот и ви лепи етикета дека сте претставник на дел од извозничката олигархија.
Актуелната монетарна власт ве прогласува за поткопувач на монетарната стабилност која, освен што не „стабилизираше“ на ниво на континуирана стагнација, а годинава и рецесија, не може да ти објасни што позитивно носи таквата стабилност.
Но, како и да е. Свесен за целиот ризик, во оваа, а можеби и во наредната колумна, би сакал провокативно да ја проблематизирам монетарната стратегија на таргетирање на девизниот курс, односно фиксниот курс кој кај нас е издигнат на ниво на догма. При тоа, за да ја избегнам субјективноста, скоро целосно ќе користам констатации и тези на други автори кои го третирале истиов проблем. Истовремено, неспорен е фактот дека фиксниот курс не е единствениот проблем на македонската економија.
Најпрвин, што всушност се случува кога курсот ќе се фиксира? Во основа, централната банка го социјализира ризикот од промена на курсот. Kога курсот се менува на пазарот со странски пари, секој кој менува едни пари за други, сноси ризик, бидејќи курсот постојано се менува. Kога курсот ќе се фиксира, централната банка ги презема тие ризици на товар на девизните резерви. При тоа гувернерот секогаш ќе порачува дека се располага со доволни девизни резерви (кај нас дури и во постојан раст), па никој не мора да се грижи за курсот. При тоа се заборава дека тие ризици или, подобро кажано, нивните причинители и покрај тоа што курсот е фиксиран, нема да исчезнат. Единствено политиката на фиксен курс ќе доведе до тоа економските субјекти нив да ги занемарат при своето дејствување. Затоа што за нив се грижи централната банка (Глигоров, 2012).
Сега да видиме во што е најголемиот ризик од 15-годишната примена на режимот на де факто фиксниот курс и занемарувањето на ова погоре. Уште во далечната 2004 ексгувернерт проф. Љубе Трпевски ќе напише дека по одредено време на примена на стратегијата на таргетирање на девизниот курс, таа треба да се замени со некоја друга, поради опасноста, со долга примена на оваа стратегија, да се предизвика апресијација на реалниот девизен курс. Дали денес, 8 години по ова предупредување, ние с` уште не сме свесни дека тогашната опасност одамна е наша реалност.
Во периодот од 1997 до денес инфлацијата во Република Македонија изнесува околу 40%. (Она што во 1997 сте можеле да го купите за сто денари, денес за истото тоа треба да платите 140 денари). Во истиот период номинално денарот депресирал (изгубил на вредност) во однос на еврото за занемарливи 1,6% (во 1999 1 евро= 60,62 а денес 1 евро = 61,59 денари), а во однос на доларот тој дури и номинално апресирал (добил на вредност) за 4%. Сега тука може да измислувате различни филозофии, но овие бројки покажуваат дека свесно или несвесно, политиката на фиксниот курс довела до реална апресијација на денарот. Лаички кажано денарот е вештачки прејак во однос на еврото и доларот. Поради инфлацијата и истовремената примена на фиксниот курс домашните производи стануваат поскапи во евра што е појава позната како „раст на цените во евра на домашниот пазар“ (Д.Ш.).
Kога ова ќе им го кажете на економистите кои стојат зад догмата за фиксниот курс, а таквите се огромното мнозинство, тие вадат многу други аргументи со кои сакаат да докажуваат дека денарот не е преценет. Но добро, да речеме дека е така. Но тогаш ќе мораат и да одговорат зошто сме сведоци на различни движења во нашата економија, а кои по својата дефиниција се резултат на апрецијација на домашната валута.
Тие ќе мора да објаснат зошто македонските производи стануваат поскапи и на домашниот и на странскиот пазар. Зошто сме сведоци на инвестициона активност во правец - повеќе услуги и увоз, а помалку производство и извоз. Не треба да правите поголема анализа туку само да прошетате по македонските градови и села и да констатирате дека во последната деценија таму никнуваа илјадници кафеани, кафулиња, хотели, казина, обложувачници, трговски центри и банки, а многу малку или скоро воопшто не се појавуваа нови фабрики или модерни земјоделски претпријатија.
Основниот проблем (иако има и многу други) е фактот што денес во Македонија станува неисплатливо да инвестирате во производство бидејќи с` што произведувате тука станува релативно скапо и неконкурентно.
Увезуваме с` и сешто, при што голем дел од тоа би можеле да го произведуваме тука, но по дадениот девизен курс тоа на бизнисмените им изгледа неисплатливо. Исто така, и странските инвестиции се насочени кон едноставна и брза заработка која се темели на увоз или продажба на услуги, наместо производство и извоз заедно со отварање на нови работни места.
Се поставува прашањето, како е создадено огромното лоби кое така цврсто стои во одбрана на фиксниот курс и јакиот денар. Оваа состојба им одговара на сите други, освен на производителите-извозници кои и единствени можат да доведат до раст во економијата. Така, преценетиот денар и фиксниот курс им одговара на влијателните бизнисмени кои се нето-увозници и/или огромни должници. Јакиот денар им овозможува евтин увоз и евтино доаѓаат до девизи за отплата на кредитите.
Банките сакаат јак денар затоа што тој ја олеснува наплатата на кредитите, ги скрива високите камати и го забавува отпишувањето на ненаплатливите кредити.
Исто така, кога е јак денарот, тие евтино доаѓаат до девизи, по потреба повлекуваат пари од економијата и тивко ги враќаат кредитите на своите централи во странство.
Владата исто така сака јак денар бидејќи тоа ги прави граѓаните помалу незадоволни и создава илузија за поголеми плати искажани во евра. Со помош на фиксниот курс и јакиот денар фиктивно се зголемува БДП изразен во евра и фиктивно се подобрува сликата за јавниот долг. Армијата задолжени граѓани-гласачи сакаат јак денар бидејќи така им се олеснува исплатата на кредитите кои се најчесто со евроклаузула. (Н.K.)
Kонечно, централната банка, која и во време на рецесија има проблеми со контролирањето на инфлацијата, посакува јак денар бидејќи тоа го намалува притисокот на цените. Бидејќи сите моќни интереси конвергираат, сите оркестрирано ја поддржуваат политиката на фиксен курс и понатамошна апресијација на домашната валута.
Значи, мнозинството ја форсира оваа состојба во која се наградуваат должниците и увозниците, а се казнуваат производителите и извозниците. Ако некој мисли дека таквата состојба е одржлива и понатаму, тогаш дебатата е невозможна.
Kире НАУМОВ