Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Убава и голема држава, бар вака гледано на карта, но едноставно неможе во една држава да опстојат истовремено неколку национализми и Српски и Хрватски и Словенечки, Бошњачки, Албански и.т.н. Се додека бил жив Тито и воопшто таа постара социјалистичка гарда некако работите се држеле под контрола, но после смртта на ЈБ Тито... Титаник...
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Многу е напишано и кажано за распадот на СФРЈ и кој е виновен, кој не е, кој ја растури и што никна од урнатините, веќе овие неколку децении наназад. Дедото на Нацијата, покојниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кажува кој ја растури одвнатре кога на Југославија ѝ бил понуден аранжман сличен на оној што години подоцна бил даден на Романија и Бугарија од страна на ЕУ- финансиска помош плус статус придружна членка. Тогаш од претседателите на секоја република за возврат се барало да се воздржат од отцепувањето и останат во лабава југословенска федерација, со цел избегнување на граѓанската војна.
На маса биле 5,4 милијарди долари инстант финансиска помош за продолжување на реформите на Анте Марковиќ, од неколку проминентни извори на меѓународно финансирање (не од упуваниот Париски Клуб на Доверители, под чиј ултиматум во СФРЈ се случи мегаинфлацијата која понатаму го доведе Анте Марковиќ на власт и го испровоцира воведувањето на повеќепартизмот). Исто така, за да се обезбеди понатамошен раст на економско поле на таквата лабава југословенска федерација, понудено е на шесте “премудри“ водачи на тогашните југословенски републики придружно членство во ЕУ за новата верзија на Југославија доколку водачиве се согласат да останат во југословенската заедница во лабава форма.
После тишина од неколку минути, прв се огласил Фрањо Туѓман и одбил Хрватска да остане во Југославија во било која форма. Еве Глигоров сведочи кој точно одвнатре ја закопа Југославија, се покака врз судбината на милиони луѓе, одбра војна наместо мир и назадување наместо просперитет. Ако некој сака директно една личност да обвини што во критичен момент се одбрало војна наместо мир и скок во амбис наместо во вис, еве кого да обвини- Њофра ја утепа и последната шанса за мир во Југославија.

Член од
23 мај 2019
Мислења
4.415
Поени од реакции
5.126

Лага!
(која според принципот на 100 пати повторување 101 пат станува единствена вистина)

Има дестици изјави и уште повеќе аргументи дека се работи за лага, а потребата од истата е да се прикаже ЕУропска како некој миротворец кој правел се ама ете заостанатите балканци, кои види ги ти нив сите до еден се во групата на словенски народи, не сакале да им биде убаво ами сакале да војуваат.
Не знам на која возраст си но според горново би рекол дека си целосно брифиран од западниве ем слободарски медиуми и по потреба создадени гмо-НВО и...

Но денес веќе ништо не ме изненадува, денес 9-ти мај е ден на Европа, денес популацијата под 40 смета дека САД ја ослободиле ЕУропа од фашизмот, денес не постојат Македонци,... имаме целосно ретуширање на историјата
 
Член од
9 мај 2023
Мислења
162
Поени од реакции
469
Имам многу размислувано за ова, и во основа многу ми недостига Југославија. Само што е тешко да оделам дали ми недостига државата само по себе, или раната младост која ја поминав во неа. Јас искрено никако не можам да се пронајдам во македонизимот. Се родив како Југословен, младоста ја поминав во Југославија. И ден денес Србите, Хрватите, Босанците ги доживувам како свои, српскохрватскиот јазик го чуствувам како мајчин јазик. Повеќе книги и стрипови сум прочитал на тој јазик, отколку на македонски. Најголемиот дел од библиотеката која ја имам ми се книги на српскохрватски јазик.

Споредбата на Југославија со Македонија е едноставно нефер, се работи за различни категории. Менталитет она луѓето во Југославијабеше поинаков, победнички. Заедништвото кое го живееа е неспоредливо со ова што сега се живее. Не можам да ви објаснам во колку мизерно и несреќно оштество живеете сега.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Читајте те го ова мислење над мене. Е само и само заради ова нема да не биде никогаш. Не се криви ни еден од секојдневните луѓе и народи кои ги напаѓаме. Ништо лично кон членот, оправдано е можеби до некаде зошто и самиот имам до некаде позитивни мислења за таа држава и за цел еден концепт на анти западен свет. Но единствената причина е баш оваа, како што кажа и самиот никогаш не го почуствувал македонизмот, а без тој македонизам нема ни чисти улици и еколошка свест, нема ни среден систем и на крај ни национална свест за ваков распад систем кој ни се случува сега. Премногу "Македонци" се останати во турско и тоа југославенско време и како што кажа и самиот член не се пронајдени во македонизмот, затоа и ќе станеме Курди на Балканскиот(некогаш Македонски) полуостров
 
Член од
9 мај 2023
Мислења
162
Поени од реакции
469
Е само и само заради ова нема да не биде никогаш. Не се криви ни еден од секојдневните луѓе и народи кои ги напаѓаме. Ништо лично кон членот, оправдано е можеби до некаде зошто и самиот имам до некаде позитивни мислења за таа држава и за цел еден концепт на анти западен свет.
Не, се лажеш. Нема да не биде никогаш, затоа што никогаш не сме ни биле. Цела историја ни е полна со лаги и фалсификати, немаме државотворна свест, и никогаш нема да имаме.

Не до таквите како мене, не бива од секое племе држава.
 
Член од
9 мај 2023
Мислења
162
Поени од реакции
469
Како и што кажав сам пред малку, од вакви како членот над мене, не може да не биде никогаш.
Тоа ти е алиби. Еве, ваквите како мене што се родени во Југославија ,за 20-30 години ќе исчезнат. Нив ќе ги нема, а вас пак нема да ве бива.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Тоа ти е алиби. Еве, ваквите како мене што се родени во Југославија ,за 20-30 години ќе исчезнат. Нив ќе ги нема, а вас пак нема да ве бива.
Епа да бе друже ама додека ве снема вас, нас ни отиде државата. Едно е ти да си го почуствувал македонизмот и да не си дозволил да се случи рамковен договор, или да сте се мобилизирале 2001, како некои други народи кои ги спомна погоре, може ќе го имаше и за што да дискутираме.
 
Член од
9 мај 2023
Мислења
162
Поени од реакции
469
Епа да бе друже ама додека ве снема вас, нас ни отиде државата. Едно е ти да си го почуствувал македонизмот и да не си дозволил да се случи рамковен договор, или да сте се мобилизирале 2001, како некои други народи кои ги спомна погоре, може ќе го имаше и за што да дискутираме.
Колку години имаш ти, ако не е тајна?
 
Член од
20 април 2023
Мислења
988
Поени од реакции
2.430
Епа да бе друже ама додека ве снема вас, нас ни отиде државата. Едно е ти да си го почуствувал македонизмот и да не си дозволил да се случи рамковен договор, или да сте се мобилизирале 2001, како некои други народи кои ги спомна погоре, може ќе го имаше и за што да дискутираме.
kao bozem mobilizacija kje sprecheshe ramkoven :icon_lol:
isto vaka nekoj kje ti vika po 20 godini ako sme se mobilizirale za smena na imeto, nemalo da go smenat...
ili pa ako sme otishle na referendum i sme glasale protiv, nemalo da go smenat...
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.415
Поени од реакции
5.126
kao bozem mobilizacija kje sprecheshe ramkoven :icon_lol:
isto vaka nekoj kje ti vika po 20 godini ako sme se mobilizirale za smena na imeto, nemalo da go smenat...
ili pa ako sme otishle na referendum i sme glasale protiv, nemalo da go smenat...
Од ова би можело да се заклучи дека во некоја посериозна ситуација ти би имал чин Генерал Дезертер, или не е така?!?
Што ти е всушност намерата, сакаш да речеш дека тие работи не зависат од нас туку од некој друг, кој е тој друг?
Нашите македонски партизани во ВС2 ако размислувале според твоево никогаш ќе сме немале Македонска држава!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom